Octavia -> RE: Снаа (6.4.2012 17:30:24)
|
Еве јас да сменам малку насока, па да си зборам за снаите [sm=smiley1.gif]. Немам брат, значи немам снаа дома, ама имам многу братучеди со кои се дружам и си имам снаи. Горда сум си да кажам дека со сите снаи (-1) имам супер однос. Само со една потешко ни одеше, искрено, таа беше тип кој е прво, неначитан и непросветен, ама за се има свое мислење кое го кажува најгласно и најагресивно од сите и второ, често знаеше да се поднапие (да, да...) и така пивната да не пази што зборува. Сега веќе ми е бивша снаа, патем. За другите снаи си имам само пофални зборови. Прво, уште од прва средба со нив се поставувам фер и отворено. Значи, обично кога првпат доаѓаат на некој семеен настан, со нив сум си како со сите други во семејството. Нема скриени муабети, нема подмолни потпрашања, искрен и фер однос. И можам да кажам дека за моја среќа, тоа е прифатено. Не им се мешам во односот кон мажот (односно, братучедот, во случајов), не им солам памет за воспитување на децата, можеме со саати да си правиме муабет и искрено, најчесто за се ми се јавуваат снаите, не братучедите. Поблиска сум со нив, некако [sm=smiley1.gif]. Знам дека не е лесно да си нова во некое семејство и никогаш не би им го отежнала тоа. И знам дека им значи, затоа што кога имав прилика да се запознам со нивни мајки, ме знаеја која сум од муабет со ќерките [sm=smiley1.gif]. Искрено, и со зетовците имам ист однос. Малку на шала, малку сериозен, ама со почит. И пак ќе кажам, и тие ми возвраќаат. Е сега, може е полесно затоа што не живееме под ист кров, се гледаме со некои почесто, со некои ретко, ама гледам дека и со такво гледање има луѓе кои едноставно не се трпат меѓу себе. Јас сите снаи си ги почитувам, има 2 што ги чувствувам посебно блиски и кои баш си ги сакам [sm=smiley1.gif]. Како снаа сум просек, не сум најдобра ( во смисла да наведнувам глава, да молчам и за се да викам Амин), ама не сум ни [sm=hudicek1.gif].
|
|
|
|