mamicki -> RE: Односот на наставникот кон учениците (1.4.2012 13:18:39)
|
Искрено, длабоко сум разочарана што образованието, не, поточно, вработените во образование се мета на празнење на сите фрустрации поради општествените аномалии. Дури ниту очиглено криминализираните сегменти на истото тоа општество, батките со дебели вратови кои возат блиндирани џипови, т.н „бизМисмени“, не се толку анатемизирани, плукани и изложени на јавен презир како овие луѓе кои, со оградување од исклучоците, мачно и тешко си го вадат лебот. Ако погледнете кои се професии, според светските статистики, се најдуваат меѓу десетте најстресни, ќе ги сретнете таму наставниците на осмото место. Во училиштата, зборувам за јавните училишта, се вкрстуваат сите сегменти на општеството, деца и родители од сите општествени слоеви. А кога општеството покажува толку длабока и болна раслоеност по сите основи, речиси е невозможна мисијата сето тоа да се обедини и да функционира. Тоа што е препознатлив јазик и соодветно ниво на комуникација за едните, речиси е јапонски за другите... Би им дозволила, дури и би апелирала кон оние родители кои не можат да ја согледаат сложеноста на оваа професија во вакви околности, да поминат само еден работен ден со мене. Да видат како изгледа средбата со општеството од другата страна на катедрата. Оти децата се огледало на возрасните, она што возрасните вешто го сокриваат под килимчето на својата совест, нивните деца го манифестираат.
|
|
|
|