Felly RR -> RE: Тој ден... (1.2.2012 10:00:07)
|
Тој ден беше пред повеќе од 2 години, ама некако дури сега се решив да пишам. Терминот ми беше поминат веќе една недела, ама морав да одам на работа. Тој ден се спремив како и сите други претходно, само дојде и мм да ме испрати до местото каде што го чекав комбето. Кога го виде шоферот рече - па нека иди и мт, а јас си помислив - не, што ќе прави таму да ме чека толку саати, без да сетам дека и шоферот се исплашил да не нешто се случи тој ден. Како сите да претчувствуваа, освен јас. И колешката не сакаше да ме остави сама, па кога требаше шоферот да ме носи во другото село, дојде и таа со мене. Беше 9 часот. Уште тогаш ми почнаа болките, ама си помислив, ајде, точно во 12 завршувам, сигурно нема одма да се породам, подобро овде 3 саати ќе бидам, барем нема да мислам на болките - и не кажав на никого. Сега кога мислам на тоа - многу глупаво од моја страна, со оглед на тоа што селото беше на 30 минути оддалечено од градот, и тоа 15 минути додека да стигнеш до главниот пат со кола, а во местото каде што работев никој друг освен мене (и колешката тој ден). Болките стануваа се почести, и веќе во 11 не можев повеќе да издржам. Кога влегов во канцеларијата кај колешката, таа веднаш се сети, се јави кај шоферот, за да не земи, и во 12 бев дома. Во 13 веќе заминав на болница, знаев дека докторката ќе биде втора смена на работа, и некако ме фаќаше страв да седам дома. Додека чекав таму, некако сите се изгубија, не мислеа дека ќе се породам за брзо, а болките веќе стануваа неиздржливи. Ја барав докторката, а таа ми велеш рано е...ама кога легнав на боксот, кога ме виде, ми ставија систем, и за помалку од пола саат се породив. Еве поминаа повеќе од две години од тој ден. И на нејзиниот роденден сега, додека си ја гушкавме нашата принцезичка, се потсетувавме со мм како ни било на двајцата тој ден, додека јас бев во породилната сала, а тој чекаше надвор.
|
|
|
|