Snowhite RR -> RE: Тој ден... (8.2.2013 13:01:47)
|
Не најдов посоодветна тема да ви раскажам за пораѓајот Значи како што пишав во една тема на последниот преглед пред нова година некаде, плодот почна да заостанува, во 34 недела, одговараше за 32. Терминот ми беше 07.02, а некаде од кај 10ти Јануари влегував во 9ти месец и матичната рече дека тогаш ќе ми даде упат за на гинекологија, па така јас отидов да земам упат, се качив горе, ама докторката која ми ја препорача не беше на смена, наредниот ден син ми кашлаше па одев со него по доктори и така на 16ти Јануар среда решив пред да одам на работа да одам да се прегледам. Најпрво ми направија ЦТГ, во ред беше, а после на ехо ме гледаа 2 докторки и тие исто така утврдија дека плодот заостанува за три, три и пол недели, јас цела испаничив ги слушам што зборуваат, ама не ги разбирам, викаат што побрзо да се заврши ова, има некој проблем и викаат ајде утре нека дојде да ја прегледа анестезиолог и сите други прегледи и во петок да ја правиме царски. Петок??? Па тоа е за два дена, си мислам, што не очекував најмалку уште десетина дена да се породам. Завршија со ехото и докторката ми вели, На плодот не му е добро во тебе, подобро ќе му биде надвор, отколку внатре, почнав да плачам и освен ова ништо друго не се сеќавам што ми зборуваше. Од паника сто пати препрашав што треба да направам наредниот ден. Кога излегов оттаму, му се јавив на мм, му кажав и му реков да земи одмор 2 дена, дека во петок ќе ме породат, се разбира и тој се изненади. Се уште одев на работа, немав отворено боледување, на директорот му реков дека до крајот на неделава ќе идам секако, па кога отидов морав да му кажам дека од утре не идам повеќе. Го поминав некако тој ден на работа, морав да останам за да дозавршам некои почнати работи и да и пренесам на колешката работи кои требаше да ги превземи. Наредниот ден со мм отидовме. Докторката беше тука, ја прашав уште еднаш да ми објасни, зашто вчера реков испаничив не сфатив ништо. И така ми објасни дека заради некоја причина, бебето не напредува, најверојатно постелката не го храни, па ако чекаме уште може скроз да откаже постелката и работите да се искомплицираат, затоа подобро ќе му биде да го извадиме и надвор да си напредува, плус тоа рече дека сум била царски со првото, посекако ќе ме породеле во 38ма недела, а јас бев 37ма, што значи само 7 дена порано те породуваме, ништо страшно, кога плодот веќе е во 9ти месец се му е оформено, само е прашање на килажа, така да нема потреба да се плашиш, дека порано те породуваме. Така беше фина докторката, убаво ми објасни, и мм беше тука, па малку се потсмиривме. Мислев дека само ќе ме прегледаат и ќе ме пуштат, а другиот ден да се вратам пак, па таман ќе можам да се спремам и да купам се што ми треба за мене и за бебето, зашто ништо немав спремено, сметав дека е рано, само што влегов во 9ти, арно ама ме задржаа, па мм ми ги спремаше сите работи и купуваше се што треба за бебето. Ми ги направија сите крвни слики, преглед од анестезиолог, ЕКг и не знам веќе што. И дојде петок, требаше да ја почекаат да дојде докторката од Битола, која рече дека ќе дојде покасно, ама после тоа одлучија наместо неа да присуствува друг доктор, така да уште од 8.30 почнаа да ме спремаат со системи и други работи и ме внесоа во операциона сала и во 09.17 ја извадоа, бев со спинална анестезија, гледав, слушав се, па кога ја извадоа ми ја покажаа да ја видам. Цуца моја, цела во крв извалкана, плачеше, по 2 минути ми рекоа дека тежи 2.480гр и дека бебето е добро. Килажата беше добра јас се грижев, мислев дека ќе се роди уште помала, па ќе падне на тежина, па се плашев да не ја стават во инкубатор, па да ја чекаме да порасне и секој ден да бидам во неизвеснот итн. Ама немаше место за грижи
|
|
|
|