RE: РР тераса (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


kikicka -> RE: РР тераса (5.5.2012 10:09:07)

не ми испадна сликатаа

[img]http://www.duty-free-cigarettes.net/cache/1333299112.karelia-blue-slims-cigarett.jpg[/img]




Maca25 -> RE: РР тераса (5.5.2012 10:17:07)

ја има сликата...него мм излезе, отиде на аеромитинг и ми ги зема цигарите - да си имал..а сега јас што немам?!?!




kikicka -> RE: РР тераса (5.5.2012 10:31:10)

Да предходната што ја ставив ја немаше ,па ја заменив [sm=smiley36.gif]




temjana -> RE: РР тераса (5.5.2012 10:40:32)

Добро утро девојки, и јас ќе ве подружам за кафето само без цигарчето уште некое време. Инаку немам појма што им е на луѓево како едвај да чекаа да се поправам за на глава да ми се качат, аман веќе нормално дека сум поправена трудна сум[sm=smiley35.gif] Синоќа кошмари имав како сум била огромна и се изнаплакав во сон[sm=smiley19.gif] Толку да им е мерак значи ме гледаат и прво тоа ми кажуваат иии си се поправила, мислам алооооооо уффф ќе полудам. Знам дека сум мече ама па не мора сите да ми кажуваат[sm=smiley13.gif]




Џесика -> RE: РР тераса (5.5.2012 10:59:13)

Е ако де, шо дека си се поправила, нека не те оптоварува тоа, мене кога ми викаа дека сум поправена, викав „кажи, а? баш сум слатка ко крофничка“ тебе изгледа и моментот на поправање сам по себе те оптоварува, не се секирај, ќе се средиш со време... еве еден поздрав од мене http://www.youtube.com/watch?v=_dMWRT73GyQ




kikicka -> RE: РР тераса (5.5.2012 12:45:42)

Абе ти е гајле,ти ручкај бебо да си расте како што треба,нека ручка и тоа се , после ке му а мислиш.Јас па ич не се замарав ко камион бев па се си ручкав ,обавезно секоја вечер сникерс сладолед без него не заспивав[sm=smiley36.gif]




Ikana -> RE: РР тераса (5.5.2012 13:04:26)

Еве сум и јас домче за жал. Sверчо мој денес реши душата да ми ја извади. 3 неуспешни обиди за јадење и еве сега конечно ко да подзаспива, а ја у меѓувреме си чистев, си пиев кафе, се бањав, бебево абер нема од спиење. Уште еве ја гуга на играчките.
Како сте ми вие?
Темјанче уживај ја скоро 35 кила се поправив па што...еве уште 10 да симнам и готово, а 5 месеци како сум породена. Уживај си во тој период сега, нормално не ко мене, ама 10 или 15 кила за месец дена ќе ги скинеш.




vanessa30 -> RE: РР тераса (5.5.2012 13:26:48)

More ic ne se zamaraj so tezinata uzivaj si i kasnuvaj si se to ti se posaka, posle ke imas vreme za slabeenje, bito bebusot da ti e ziv zdrav i ubavo da si napreduva vo meseto.Jas tolku bev golema sto site mislea deka nosam bliznaci[sm=smiley36.gif], ama namesto 2*2kg jas 1*4 kg[sm=smiley36.gif], kaciv okolu 25 kg, pa sega imam uste 7-8 kg za slabeenje, ama ke bide doaga leto setanje, plivanje, na topoto nemas nekoj apetit, pa ke se simnat.

Jas zenski eve cmaam doma,[sm=duda.gif] spie, a maz mi zaglavi na rabota, a trebase zaedno da steame vo park i da odime da zakazime za restorant za krstevkata. I sega cekam da zavrsi so posledniov pacient i da zavrsime rabota so restoranot, oti slednata nedela ja zakazavme krstevkata (13 maj), im javivme na site, a restoran uste nemame bukirano (Cirkuzi)[sm=jezicek.gif],kako trgnalo izgleda ke im napravime piknik na kebence vo park[sm=jezicek.gif]




nadica -> RE: РР тераса (5.5.2012 13:43:26)

[image]http://www.carvel.com/images/pictures/HardPkVariety.gif[/image]

povelete uzivajte




Ikana -> RE: РР тераса (5.5.2012 13:59:06)

Луѓе успеххххххххх ја наранив и испи 200 мл ко ништо....ахххххх фала Богу!!!!




Tanjat7880 -> RE: РР тераса (5.5.2012 14:08:31)

Eve Nadica,eve me dojdov odma da uzivam,kako ti kazesh taka jas ke pravam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Ikana pa nazdravje da vi e ruckanjeto,krv da i se stori na cucka!
Jas sum doma,mazi moi "kud koj mili moj se" a jas sum ja grabnala spalnata da ja prereduvam,pa se sum izmknala od po shifoneri,lezai pa imam eden ton kebinja i postelnini i prekrivaci i shto li ushte ne,kebinjata ke gi nosam na hemisko da mi gi osvezat a za drugive stvari se mislev da zemam onie vakum kesi,
A za moeto  ama so niv nemam nikakvo iskustvo,dali se prakticni za vakvi raboti i od kade gi kupuvate i dali so obicen usisivac se vakumira[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
A za moeto pateshestvie so arhivar so diploma ke vi pisham drug pat,koga ke imam povekje vreme,zasluzuvate devojki,bash se potrudivte da mi objasnite kolku toa nekogash rodninite shto gi imame se "na svoe mesto"




Ikana -> RE: РР тераса (5.5.2012 14:11:24)

Fala Tanja, cel den se molevme[sm=smiley13.gif]
Од тие кесите имаш во топ шоп сигурно, и со обичен усисивач се вакуумираат.




kikicka -> RE: РР тераса (5.5.2012 15:48:01)

Тањаа зимај кеси вакум ептен се корисни,јас дури и со нив се селам,па ништо не собира во куферите без нив а со нив еден тон ствари си земам[sm=smiley36.gif].
Јас кога сум се раскувала у кујна брее без осет,се надевам мм ке биде задоволен.




Bogdancanka -> RE: РР тераса (5.5.2012 16:27:05)

mmmmmmm bas ubavo sladoledddddd hehehe sega samo za toa sme,ne fati potopol bran i mm me poluduva[sm=hudicek1.gif]neznam sto ke pravi ovaa leto nervozen e i samo mi vreska nemozel da izdrzi...a jas ne se zalam sakam toplicko super mi e[sm=smiley36.gif]
inaku da prasam da ne znaete nekoj gel(za lice) nesto za potenje? pomos za mazle da go zalazam inaku mislam kozata ke si ja odere,celiot se vcrvuva po liceto




Calypso -> RE: РР тераса (5.5.2012 16:33:02)

Hola ladies, еве ме и мене денес. Ние лека полека се спремаме за утрешната слава, па најдов малку време да ве ѕирнам. Како ми се одеше на Бебе Саем, ама ајде, здравје догодина. Малиов само што заспа, ручекот е во рерна - само да не го заборавам поради РР[sm=jezicek.gif] - па да ве поздравам.
Уживајте во викендот!

П.С. Икана, ајде ќе се опраи малата... сите си имаме периоди... овој мојов сега што прави, како се лигави деновиве, ужас. Ама белки наскоро ќе заборави на цицањето...

П.П.С Тања, земи вакуум ќеси, супер се. Ама не мора од Топ Шоп, еве јас ќе ти кажам. Во Тинекс има германски, Коронер се вика фирмата, некаде околу 250 ден парче се, ама се стварно супер, јас алиштата од малиов што не ги носи веќе ги вакумирав во такви. Инаку, има и кинески едни, исто ги има во Тинекс, ама и во кинеските продавници, со шарени точки се (црвено и зелено мислам), и тие се супер, а се само 100 ден парче. Кај нив се завртува затворачот и нема да ти пропуштат воздух како што се случува кај повеќето. Еве, ова ти е совет од паталец - немам што немам испробано[sm=smiley36.gif] и да, со обична правосмукалка може.




arh_diz -> RE: РР тераса (5.5.2012 17:08:45)

Nie sme cel den doma  duva veter , zbesna Ma imase i organizirano nesto vo parkot pred zgrada za deca ama deca nemase :)




mama26 -> RE: РР тераса (5.5.2012 17:17:34)

sto mi pravite devojcinja kako ste mi,,[sm=smiley1.gif]




Џесика -> RE: РР тераса (5.5.2012 17:56:35)

Немој од топ шоп мене скоро сите ми издишаа, не ми се погодени, треба да си купам други пошто еве којзнае која тура на складирани смалени алишта извадив, и све по кеси и пакети ми се, треба убаво да ги извакумирам...
А ајде денес частам торта ПАК на мм му е роденден, полни дури 33... сакате да ја фркнам пак истата со јагоди? Ми ја бендисавте пред некој ден[sm=smiley36.gif] ај еве нова, малку покалорична... навалииии
[img]http://bakedbree.com/wp-content/uploads/2010/05/flag-cake015.jpg[/img]




Ikana -> RE: РР тераса (5.5.2012 18:39:20)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
Среќен нека му е Џас!!!!! За многу убави години!!!
Ние сега се вративме од саем, супер си поминавме, не напунија со реклами и така[sm=smiley36.gif] Башка се сликавме за РР! Јеееее[sm=bravo.gif][sm=smiley36.gif]




Џесика -> RE: РР тераса (5.5.2012 19:22:44)

цццц среќен му е, таман отидов да му честитам во спална, и кога се вратив што да видам... базен во дневна!!! Божем растргнав маса столици, поројниот дожд све ми испрскал [sm=smiley36.gif] и више не чистам!!!




Calypso -> RE: РР тераса (5.5.2012 19:27:36)

Џес, нека му е среќен роденденот на мт! [sm=smiley1.gif]

Леле бре дождов, од нигде никаде... само утре да не врне!




Ikana -> RE: РР тераса (5.5.2012 19:51:48)

Calypso, те аднав на ФБ, мислам дека си ти!!!




Pepelaska * -> RE: РР тераса (5.5.2012 20:50:29)

Јас ви лајкнав на сите мамички ,незнам коај е која , сите се убави ххе, ние бевме по билки, за утре , така велат кај нас хих, М. се изнатрча во шумата, па на пазарење , сега ќе го бањаме и нано нано.




Beatris -> RE: РР тераса (5.5.2012 21:46:29)

Еве и ја да ве зирнам на тАрасава, па се спремам да пеглам, а не да не ми се пеглааа [sm=hudicek1.gif] А денес душата ми ја извади поштено, кој не верува нека праша по комшии [sm=smiley36.gif] Полуде на тоа бебе саемот, што и бидна незнам, не можев да ја препознаам, и нели после не ќе мења стил, си продужи цел ден така како напаст [sm=jezicek.gif]

Џес нека му е среќен роденденот на мт, голем да расте [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

Иначе кеси за вакумирање има во Џамбо, багатела се, мене ептен ми се погодија, мислам 2 или 3 за 200 ден, така нешто




Calypso -> RE: РР тераса (5.5.2012 21:46:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Calypso, те аднав на ФБ, мислам дека си ти!!!


Vraiment, c'est moi [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  35 36 [37] 38 39   Следна страница >   >>