Snowhite RR -> RE: РР тераса (21.5.2012 12:25:45)
|
Добро утро или добар ден за кого како. Си седиме еве со Михаил ние, има неколку брунчина на стомачето, чекаме да излезат уште за да потврдиме дека се сипаници. Да ви кажам право можеби не е убаво така да размислувам, ама барем дома си сум денеска со него, ем ќе одморам, ем ќе си поиграм со него. Инаку на одручек кога ќе си дојдам од работа, стално преморена, изнервирана. Туку дај кажете идеја за ручек, не знам што да правам, не е еден ден ова, јас не знам кој го измислил ова јадењево, па не еднаш, туку по трипати на ден. Инаку преку глава ми е од месо, од викендов, сакам нешто со зеленчук да правам, грашок извадив па ќе видиме што ќе биде. Инаку викендов на свадба бевме во ресторан Ханибал во Маџари и многу ми се бендиса ресторанчето, па и летна бавча со базен имаше, екстра
|
|
|
|