|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Приватна vs.Државна Болница
11.9.2012 15:31:34   
temjanuska75
Се породив во приватна болница само затоа што докорот беше во приватна болница, се двоумев многу (заради парите нормално), а сега знам и да не беше таму ќе се породев во приватна болница. Несакам ни да помислам што би му се случило на моетоuser posted image да се породев во државна болница. Се породив царски во 37+2 недела со спинална анестезија. Од како се породив ми кажаа дека бебето е во инкубатор( незнам како се вика точно, не е инкубатор бидејки немаат инкубатори), бидејки било вознемирено. Се изначудив што им значи тоа, но кога го видов сонцето мое сфатив. Во последниот месец од бременоста user posted image се спуштило ниско ( тоа го знаев и мирував), но со главата удирало во карличната коска. Кога се породив, после неколку часа на главчето се појавиле отоци и целото кожиче му беше потемнето и беше навистина видно вознемирено. Со направените снимања е откриено крварење во главата. Кога ми го кажаа оваа мислам дека цел свет ми се сруши, оваа бебе го чекавме со мм 9 годиниuser posted image . Не ми даваа да го дојам првите два дена, за да не се вознемири уште повеќе додека научи да цица. Се одмолзував, и третиот ден кога сакаа да му дадат од моето млеко ( одмолзено) педијатарот рече твоето млеко ми изгледа сомнително (жолтеникаво беше) и не му го даде го прати на испитување. Излезе дека имам стрептокока аурелис, од едната града, па примав антибиотик. Останавме 10 дена, додека можев да го дојам и додека user posted image не беше подобро. 11 ден заедно со педијаторот од приватната болница бевме на Детска клиника кај доктор невропедијатар, кој се насмеа и рече, што ќе видам јас на овие апарати од 60-те години, која на вашиот нов се гледа, но сепак како стручњак од таа област го прегледа и рече user posted image е во ред, има остатоци од крварење во главата кое е повлечено, понатаму треба следење на развојот.
Не можам ни да замислам што ќе се случеше да се породев во ГАК или Чаир, замислете на бебе со крварење во мозокот, да му дадев мајчино млеко со таква страшна бактерија. Уствари никој немаше ни да се знае за двете, па после уффф неможам ни да замислам што би било....
Моеото user posted image уште малку ќе полни две години, го носам кај Двојаков, и сега за сега супер се развива како ништо да не се случило.
Што да кажам освен Господ ми го чувал бебто, а уште повеќе совесните и добри доктори и педијатри, т.е. целиот тим на РЕМЕДИКА.
Тоа е мојата приказна, извинете на долгиот пост.

(Одговор на членот Calypso)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Приватна vs.Државна Болница
11.9.2012 18:02:04   
new york
te poddrzuvam i vo pravo si. ako mozam da biram sekako privatno ke biram, ako treba duri i kredit ke zemam. da ti e zdravo i zivo detenceto. koj doktor te poragase vo remedika, te molam pisi.razmisluvam tamu da odam

(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 9:26:44   
Mrs.Tinka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Сакав само да кажам дека во странство постои и приватно осигурување, кое си го плаќаш исто како државното само важи за приватни болници. Кај нас нема вакво нешто, зашто нема ни закон јасен со кој би се регулирало здравството. Наместо тоа, приватните ве стрижат, државниве исто, зависи само откај ќе искочиш жив и здрав, па да кажуваш.


Ikana i kaj nas skoro ke ima takvo nesto. Jas ke bidam prvata sto ke se osiguram :)). Imase predlog za izmena na zakonot, taka da neka mu ja mislat drzavnive. Duri togas ke se vidi koj e kvalitet.
Inaku posle poroduvanjeto imav nekoj problem pa morav na operacija vo drzavna. Razlikata od Remedika do Drzavna bese ogromna. Imav cuvstvo deka sum del od horor film. A operacionite sali da gi vidi Hickok, film ke snimi. Odnos na personalot- prostacki. Sestrite i bolnicarite si pravea shegi na smetka na pacientite, zivi gi nemase da pominat, ni denje ni nokje... Epten bev hiten slucaj, i zavrsiv na dezuren inaku nemase nikogas tamu da se operiram. Navistina mi se gadi koga ke mi tekne sto se se slucuvase.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 9:47:52   
mami2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mrs.Tinka

Sekoj sto se porodil vo privatna bolnica, ne pomisluva na druga opcija.

не се сложувам, јас првиот пат се породив во Систина, вториот во ГАК. Не беше проблем во парите туку одвратното искуство и загрозувањето на животот на бебето од страна на лекарите во приватната болница. И за да немаат последици ги лажираа податоците во отпусната листа, состојбата на бебето никаде не ја спомнаа... ова не е професионализам. И не се сите професионалци отидени во приватните, останати се врвни доктори, со потенцијал да изградат покрај практичната работа и наставна кариера, да останат како асистенти и професори на Мед. факултет.
А за условите и односот на персоналот, мислам дека во голема мера зависи од свесноста и културата на пациентите.

(Одговор на членот Mrs.Tinka)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 11:32:26   
Ikana
Мами не се сложувам до некаде со тебе. Прво зошто се зависи од докторот, без разлика во која болница си. Но кога имаш добар доктор, тогаш на ред доаѓаат условите и негата на останатиот персонал. А кои услови и нега во болница полна со инфекции и болничари кои волонтираат за 4000 денари месечно. Злато да си со нив, ако немаш врски џабе ти е, а богами и има разлика од тие со врските, најчесто кој има појака врска. Јас имав кабли врски, и пак молев ко просјак да дојде некоја сестра или болничарка да ме стане од кревет за да одам до вц, и кога никој не се појавуваше, жената до мене што беше природно породена ме крена, замисли! А кога се појави болничарката, знаеш како лом сум ја направила??? Едно добар пола саат и објаснував кои се нејзините обврски а на крај и на докторите ја кажав. А сега ова по учинок што им направија плата ....е тек сега како ќе ги зафркаваат пациентите не сте свесни...на 5 различни места ќе ги праќаат за една работа....шалтање до бескрај!!! Ако имате пари, одма приватно и уво да не ве боли!!!

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 11:56:44   
temjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mrs.Tinka

Sekoj sto se porodil vo privatna bolnica, ne pomisluva na druga opcija.

не се сложувам, јас првиот пат се породив во Систина, вториот во ГАК. Не беше проблем во парите туку одвратното искуство и загрозувањето на животот на бебето од страна на лекарите во приватната болница. И за да немаат последици ги лажираа податоците во отпусната листа, состојбата на бебето никаде не ја спомнаа... ова не е професионализам. И не се сите професионалци отидени во приватните, останати се врвни доктори, со потенцијал да изградат покрај практичната работа и наставна кариера, да останат како асистенти и професори на Мед. факултет.
А за условите и односот на персоналот, мислам дека во голема мера зависи од свесноста и културата на пациентите.



Потпис Мами2
Мислам во ред е да си го кажувате вашете искуство од приватните болници ( последите 12 год. се лекувам на приватно) но да обвинувате дека нема професиомалци останати во државните тоа е жива глупост. Особено што приватните клиники не сакаат ни да те погледнат доколку имаш ризична бременост или нешто кое што може да им ја загрози репутацијата. Вие Мрс. Тинка велите дека доколку сте биле на државно којзнае како ќе сте поминале, јас велам дека доколку ситуацијата била сериозна како што ви била прикажана со брзина на светлината ќе било вашето бебе префрлено на детската клиника. Исто така споменувате стрептокока ако не се лажам? Па не знам кој ви ја водел бременоста но затоа се прават брисеви, испитувања и тестови во 37-мата недела, значи некој од вашите доктори опасно ја зезнал работата. Што е најтрагично ваков случај сега и се повтори и на другарка ми која бременоста ја водеше во Ремедика па на крај едвај жива глава извлекоа со бебето благодарение на "нестручните" доктори од гак. И трето незнам во каква состојба била гак пред неколку години но сега со новата зграда и те како може да им парира на приватните болници а за услужливоста на персоналот очигледно зависи и од нас, нашите очекување и разбирања и претпоставувам дека сите оние што бараат 24 часовна достапност од персоналот со се фенирање педикир и маникир се растени во замоци и ранети со златни лажички, па она што го бараат од болницата го имаат и дома. Сите ние останати обични смртници ќе одиме на државно и наместо да му купувам на бебето после кинеско Џамбо радиоактивно ѓубре или пак да отплаќаме 3 год. рати за кредит ќе си одиме на еден фамилијарен фин одморuser posted image Мислам дајте олабавете со муабетиве кажете си го искуството но да давате заклучоци дека на државно шансите за недај боже се 99% немојте ве молам па ова е тема која ја читаат жени кои што треба да се породат секој момент, и само за вие да си ги оправдате парите што ( не ) потребно сте ги дале прикажувае една таква драма ситуација просто човек да посака дома да се породи. Се прашувам само зошто?user posted image

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 12:11:24   
temjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Мами не се сложувам до некаде со тебе. Прво зошто се зависи од докторот, без разлика во која болница си. Но кога имаш добар доктор, тогаш на ред доаѓаат условите и негата на останатиот персонал. А кои услови и нега во болница полна со инфекции и болничари кои волонтираат за 4000 денари месечно. Злато да си со нив, ако немаш врски џабе ти е, а богами и има разлика од тие со врските, најчесто кој има појака врска. Јас имав кабли врски, и пак молев ко просјак да дојде некоја сестра или болничарка да ме стане од кревет за да одам до вц, и кога никој не се појавуваше, жената до мене што беше природно породена ме крена, замисли! А кога се појави болничарката, знаеш како лом сум ја направила??? Едно добар пола саат и објаснував кои се нејзините обврски а на крај и на докторите ја кажав. А сега ова по учинок што им направија плата ....е тек сега како ќе ги зафркаваат пациентите не сте свесни...на 5 различни места ќе ги праќаат за една работа....шалтање до бескрај!!! Ако имате пари, одма приватно и уво да не ве боли!!!


Јас вчера вечерта бев во 20 часот на цтг мислејќи дека работат до 21часот. Значи буквално на врата ја фатив докторката а сите апарати им беа изгаснати и исчистени. Не ми ги уклучија за преглед? И цтг и ехо и се ми направија без никакви забелешки и примедби, да кажам дека немам апсолутно никакви врски ( ќе гледаме да фатиме за породување иако и тоа не ми е приблем и да нема ) Значи можеби било поинаку пред некое време но навистиа се сменети работите и односот на персоналот барем спрема мене до сега биле супер. Се чека тоа да, но јас и на приватно си чекам само што таму партали ги правам бидејки немаат толку работа ми наплаќаат дебело и уште да чекам нема шанси. Сакам да кажам избор сега имаме кој не му одговара државно си оди на приватно. Нормално на приватно и треба да не тинтраат прво зошто е многу пари и второ зошто наместо 40 пораѓаи во една вечер имаат едвај 10, што ќе рече немаат работа толку. Не е спорно дека услуга има подобра баш од тие причини но за професионалност не можам да кажам дека во едната има а во другата ситуацијата е ко преживи причаче како што ни кажуваат пријателките од приватнитеuser posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 12:20:11   
mami2
избегнував да го споменам името на докторот затоа што има репутација и е врвен стручњак.
Се работи за др. Дракулевски, тоа е еден од основачите на Систина, па и јас го одбрав поради неговиот минат труд а не затоа што е убав или со милозвучен глас.
Инаку на породувањето присуствуваа и Панчевски, Јовковски и уште еден не ми текнува името, сите се професионалци. Тука беа затоа што ја утнаа работата, конзилиум на породување не се собира ако за тоа нема потреба...

btw на др. Лазаревски му промакна аномалија на плод до 20 недела, нешто што може на најобично ехо најмалку способниот матичен гинеколог да го види во 12 недела....и тоа со следење на секои две недели. Ако забележеше навреме искуството ќе беше помалку трауматско, наместо индуцирано породување во родилна сала на ГАК нормално, затоа што во Систина не смеат да го прават, ќе беше абортус под анестезија... ама нејсе докторите се луѓе и не се имуни на грешки па работеле и во најдобрите услови.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 12:30:58   
Beatris
Потпис за постовите на Темјанка. И едно големо user posted image . Погорниве коментари можат само уште повеќе да ги истрауматизираат оние кои се и онака исплашени од самиот чин на раѓање. Вакви и онакви случаи има и ваму и таму. И време е веќе да се престане со такви муабети, да не бев во приватна кузнај што ќе беше. Мислам алоо!!! Нешто сите последниве години станаа лизни мазни, а поготово со нервирам кога некоја шупелка што до вчера живеела у шупа, па "добро" се омажила ми продава памет за живот на висока нога, и како она ни под разно не помислува било што да прави на државно, и те гледа од високо зошто она се породила у Сис(шмизл)тина, а ти у Гак.

Јас сум кажала и пак ќе кажам, јас се породив на ГАК после ДОООЛГО размислување, во нашиот случај не беа (фала богу) ни средствата толку проблематични, арно ама решив дека тие пари боље ќе ги дадам за одмор, него за хотелски престој во болница. Ма што и да правеле таму, и какви и да биле собите и не знам што сепак е тоа болница!

А за стручноста на докторите не сакам ни да коментирам, да беа толку стручни немаше да се оградуваат од се и сешто и да препраќаат пациенти на Гак или детска клиника.

А кој сака слободно нека си опрчи 1000 или 1500 евра за 3 дена, и нека си верува дека го направил вистинскиот избор, заошто ако малце подразмисли може и да се покае покасно, па тоа ќе му ствара тегобиuser posted image Затоа мозочето на пасење, парите на каса и убави фотографии пред Ремедика или Систина!

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:01:09   
belabela
Nemojte da gi favorizirate privatnite kliniki sekoj sam neka si odluci kade ke raga i jas od vakvite kometari imav fobija kon Gak megutoa iskoci sprotivnoto od celiot tretman od personalot bev prezadovolna jas se porodiv vo starata bolnica pa super si projdov a sega vo novata imam prijatelki rodnini sto rodija isti uslovi kako privatno, sekoj si ima pravo na izbor dali drzavno ili privatno ako se prasuvam jas i vtoro dete koga ke treba da ragam pak ke odam vo Gak,spored mene za 2 dena ne se isplati da se dadat 1000 eur

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:02:10   
Ikana
Еј како ме дирнавте у болна тачка не сте свесни...сега ќе ви кажам нешто за педијатрите на ГАК, а посебно за таа овцата што ја водеше М. Значи таков неспособец не сте виделе...се јавува мајка ми да праша како е бебето, она и вика супер! Иде таму да го види, бебево лом! Со инфекција, со температура, не му дале млеко 3 дена, фатило сепса и оваа идиоткава уште и вика на мајка ми, па добро бе секое дете сега има сепса..?!!?!? Алооооо!!!! Каде со тој памет!!!! Доктор ова ти кажува...нормално било сепса да се има!!!!
Значи мојов случај беше кај уште три други бебиња од кои тие што беа префрлени на Детска Клиника преживеаа, а едно остана на ГАК, и почина....И ви зборам од искуство, а не зашто сум се породила приватно, камо среќа да бев приватно, немаше да ми се случи ова. Цел живот трауми ќе носам.
За новата ГАК не сакам да зборувам бидејќи немам искуство....но за гинеколозите на ГАК, секоја чест, е за тоа не можам да се пожалам.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:18:53   
Gardenia
user posted image Темјана и Беатрис се сложувам со вашите коментари,Јас не сум родила и неможам да дадам коментар за тој чин,само можам да кажам дека во последно време во разговор со мои блиски другарки,роднини,пријателки,дека и во приватните се случуваат пропусти и не е се така сјајно.Конкретно за личност што ја знам и се случи во систина да добие сепса и едвај да извлече жива глава,ја вратија од смрт и после сакаа да и наплатат дебели пари,па она си ги тужеше и си доби да плати многу помала сума,друго почнаа да се жалат и од систина дека многу чекаат за преглед на закажано,си одиш во терминот а влегуваш на преглед после 45 минути,така да и таму се чека бидејќи премногу се искомерцијализира и докторите не обрнуваат веќе на преглед толку многу туку гледаат да те поминат побргу бидејќи чекаат и други.Во главно излегува како ќе ти се погоди,а дека нема стручни лекари на ГАК не се слагам
Каде и да раѓате ви посакувам на сите трудници да си поминете најлесно што може

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:21:28   
temjana
Иканке мила ја знам твојата ситуација и не најверојатно туку и јас би реагирала и коментирала исто како тебе. Мене ми беше муабетот дека на приватните клиники газињата им се чисти баш заради тоа што доколку се случи некоја недај боже ситуација се оградуваат и не праќаат на државно.Епа побогу зошто плаќам ако не ми гарантираат сигурност? А за твојата ситуација немам зборови јас бомба би им фрлила тоа знам со сигурност, а гуската би ја тужела до крај на животот па макар правдината никогаш да не излезе на виделина. Мими душичка на тета најубава си пропатило сонцето тетиноuser posted image user posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:24:22   
Ikana
Друга работа....секоја бременост е различна....не значи ако сте имале патолошка дека и пораѓајот ќе биде тежок, и обратно. Значи бременоста е коцка...секој со својата среќа па богами и за докторите ова важи...еве конкретно Дракулевски јас знам дека е одличен доктор, бидејќи и лично го познавам, ама ете се случило да утне работа. Знам неколку членки од форумов кои имаа патолошка бременост,е и на крај се беше во ред. Значи среќа е во прашање тоа е тоа. Ама не кажувајте на тие со лошо искуство како мене и некои други да си ќутиме, прво зашто не е убаво, второ зашто не е во ред. Секое искуство барем според мој кодекс е добредојдено, макар било и трагично! Таков е животот, полн со убави и неубави работи, ако не ви одговараат не ги читајте.
Темјанче, ти ич да не се плашиш, случаи како мојот за среќа се исклучоци. Глупи луѓе ко таа докторката има и ќе има, тоа е тоа! Те гушкам и едвај чекам да те видам!!!user posted image

< Поракaта ја уредил Ikana -- 12.9.2012 13:31:51 >

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:27:07   
Cipi Ripi
Jas imam iskustvo i od privatno i od drzavno. Bremenosta ja vodev privatno vo neuromedika pa doktorot ne mi obrati dovolno vnimanie i jas iskrvarev vo 4 mesec, me pratija hitno vo cair da lezam, tie tamu cekaa so denovi da go pobacam deteto i nisto ne prevzemaa, lezev kako trup so denovi (svedok e velena, koja mi e drugarka od bolnica,ona togas se poragase i ja izmacija i nea 4 dena, nikoj ne ne poglednuvase) i dvete vristevme i se macevme i dobivme edno golemo NISTO! Bremenosta ja iznosiv kako taka, sama so lezenje 6 meseci zaradi nestrucnosta na dr vo privatno i ne lekuvanjeto na drzavno vo cair, i koga dojde red da se poragam otidov vo GAK.Iako se izmaciv i na kraj me porodija carski, smetam deka treba malku i psihicka podgotovka na rodilkata, da znae sto ja ceka. Spored mene momentalno edinstvenata najdobra opcija za poraganje e GAK. Devojki sto treba da se poroduvate odete na GAK, nema feniranje kosi i nosenje na race ama nekade vo nekoja sobicka seuste ima nekoja fina sestra, samo i ti treba da si fin. Nema potreba od davanje grdi pari, cuvajte gi za deteto. Toa e mojata prikazna, me znaete povekete od fb i mi go gledate deteto zdravo pravo pupupu, samo radi GAK i normalno mojata jaka volja da go iznosam lezejki doma

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:37:08   
temjanuska75
Значи јас убаво си напишав, тоа е само моја приказна и тука си кажав што ми се случи, ниту оспорувам нечија стручност, ниту фаворизирам приватна или државна болница, секој си одлучува сам за последиците на изборот ( било каков во животот) си ги сноси сам.
А за бактеријата што ја имав ако прочитавте добро беше во млекото и јас бев зачудена како може да ја имам, а впрочем бактерија како бактерија, од секаде може да ја закачиш.
И темјана незнам каде прават брисеви од гради на трудиници и на мајчино млеко, само благодарение на тоа се избегна трагедија.
Секој со својот избор и приказна, несакав да те плашам, и јас ги читав истиве приказни пред да се породам и си направив избор за кој не зажалив.
И никого не гледам од високо ако се породил во државна, ниту ги делам луѓето по било кој основ.
Ти посакувам лесено и брзо породување и здраво и среќно бебенце.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 13:42:10   
Bjanka
neznam sto se nategate tolku, se znae kade e podobro, no ako nemas sredstva peki ke odis vo drzavna...ako sakas da trpis bolki, da umiras od strav i bol, vo prljavo i bez nekakva osnovna nega odis drzavno, user posted image

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 14:33:21   
Hunny
Мојата кума целата бременост ја водеше во Систина и кога дојде ред да се породи(предвреме во 7 месец) не сакаа да ја примат, па заврши на ГАК. Јас се породив во новата Гак пред 5 месеци и сум задоволна. Немав врски, нема потреба да лажам, но за време на породувањето една постара сестра ме држеше за рака и ми ја влажнеше устата со памукче, а јас искрено и името не и го знам. Многу би сакала да разберам која беше и да и се заблагодарам. Значи не е се така црно како што се прикажува. А да дадам 2000 евра за приватна болница, не планирам. Болките што ги чувствував сигурно немаше да ми ги ублажи „хотелското сместување“. Во тие моменти најмалку ми беше важно каква е собата. А дека на ГАК никој не те гледа не е точно. Постојано доаѓаа и педијатри и гинеколози и сестри, ни ставаа инекции против болки и според мене тоа е сосема доволно. Искрено, тогаш не би поднела некој да ми стои над глава и да ме носи до купатило и сл. Зборувам за нормални породувања, без компликации. Икана потполно ја разбирам зошто така размислува, но и по приватните има компликации. Затоа, не осудувам никого, секој има право на свое мислење и избор. Темјана и јас размислував како тебе позитивно и се помина супер. Со лесноuser posted image

(Одговор на членот Bjanka)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 14:41:12   
Beatris

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bjanka

neznam sto se nategate tolku, se znae kade e podobro, no ako nemas sredstva peki ke odis vo drzavna...ako sakas da trpis bolki, da umiras od strav i bol, vo prljavo i bez nekakva osnovna nega odis drzavno, user posted image


Мислам постов треба да се стави во постови за паметење!!! user posted image user posted image user posted image Не знам само на која основа е ова напишано, а баш ме интересира од каде потекнува мудроста на заклучоков

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Bjanka)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 15:21:51   
cleo
Jas da si kazam moe mislenje, temava me pottikna user posted image No nemam namera da plukam ili velicam nekogo, tuku ke kazam SAMO OD MOE LICNO ISKUSTVO. Uste 10 deca da treba da rodam, kje gi rodam vo Remedika! Iskreno, voopsto ne me interesira kako e na GAK ili Cair, jas taka si zamisliv deka treba tamu da se porodam i taka i bi. Personal, uslovi, ljubeznost, profesionalizam - se e cista 10ka. Isto taka ne me interesira dali e toa zaradi sumata koja se plakja ili zaradi nesto drugo, ednostavno mi e samo vazno deka jas i bebeto sme odlicno, bevme primeni i usluzeni maksimalno dobro kolku sto treba i toa e toa. Mene mi znacese mnogu da imam vakvi uslovi koga kje se poragjam i tolku user posted image

< Поракaта ја уредил cleo -- 12.9.2012 15:22:48 >

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 15:45:32   
Cipi Ripi
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bjanka

neznam sto se nategate tolku, se znae kade e podobro, no ako nemas sredstva peki ke odis vo drzavna...ako sakas da trpis bolki, da umiras od strav i bol, vo prljavo i bez nekakva osnovna nega odis drzavno,


Licno za mene, koga odlucuvav dali drzavno ili privatno, presuden bese faktot deka vo privatno ako nesto ne daj Boze se sluci odma te preprakaat na klinika. Toa za mene ja pobiva seta "strucnost" na doktorite. Ne bea parite, ova bese!!!
Od druga strana, novata GAK e super, ne znam kakva bila starata, sigurno bila vo ocajna sostojba ama ete zatoa napravija nova, nema lebarki, nema bubacki, mnogu e cisto.

(Одговор на членот cleo)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 18:02:06   
Ikana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Мојата кума целата бременост ја водеше во Систина и кога дојде ред да се породи(предвреме во 7 месец) не сакаа да ја примат, па заврши на ГАК. Јас се породив во новата Гак пред 5 месеци и сум задоволна. Немав врски, нема потреба да лажам, но за време на породувањето една постара сестра ме држеше за рака и ми ја влажнеше устата со памукче, а јас искрено и името не и го знам. Многу би сакала да разберам која беше и да и се заблагодарам. Значи не е се така црно како што се прикажува. А да дадам 2000 евра за приватна болница, не планирам. Болките што ги чувствував сигурно немаше да ми ги ублажи „хотелското сместување“. Во тие моменти најмалку ми беше важно каква е собата. А дека на ГАК никој не те гледа не е точно. Постојано доаѓаа и педијатри и гинеколози и сестри, ни ставаа инекции против болки и според мене тоа е сосема доволно. Искрено, тогаш не би поднела некој да ми стои над глава и да ме носи до купатило и сл. Зборувам за нормални породувања, без компликации. Икана потполно ја разбирам зошто така размислува, но и по приватните има компликации. Затоа, не осудувам никого, секој има право на свое мислење и избор. Темјана и јас размислував како тебе позитивно и се помина супер. Со лесноuser posted image


Женски за жал хотелското сместување кога ќе ти стават клизма, а нема кај да отидеш бидејќи не можеш чучавац со стомак до заби, и те како е релевантно. Можеби некој може и во када да си заврши работа, ама мене така ме воспитале од дома, па ми треба нормален услов за да завршам работа.
Јас бев со царски рез породена и затоа ми требаше помош за да станам првите два дена од кревет. Царскиот многу тешко го поднесов во смисла на закрепнување, ми требаа десет дена за убаво да се исправам и да одам нормално. Нејсе, ако убаво сте поминале во државна тогаш чувајте си го тој филинг и надевајте се на најдобро, и јас еднаш убаво поминав во државна, на операција, па тоа ми даде сила да го пребродам овој хорор.

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 21:42:43   
bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

А сега ова по учинок што им направија плата ....е тек сега како ќе ги зафркаваат пациентите не сте свесни...на 5 различни места ќе ги праќаат за една работа....шалтање до бескрај!!! Ако имате пари, одма приватно и уво да не ве боли!!!

Еве Икана, пример моја колешка секој ден е на клиника пошто цело време само нешто ја тераат да испитува.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 23:38:43   
bombica

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Мојата кума целата бременост ја водеше во Систина и кога дојде ред да се породи(предвреме во 7 месец) не сакаа да ја примат, па заврши на ГАК.

Предпоставувам дека твојата кума е породена пред мај 2010 зошто до тогаш Сиситна ( а и другите приватни болници) немаа интензивна туку само полуинтензивна за бебиња и сите што се пораѓаа пре 34нед. ги праќаа на ГАК.Јас бев таков случај со правата бременост и за жал бев препратена од Ремедика на ГАК.Е затоа вториов пат ја одбрав Систина и додека лежев таму имаше бебиња родени во 28-29 нед кои подоцна ги среќавав на контролиuser posted image Нормално дека излегоа здрави прави затоа што имаат страшно добри неонатолози предводени од Фидановски
За моето хорор искуство на ГАК имам пишувано не сакам да се повторувам така да здравје боже ако решам да родам второ дете поовторно ќе се пораѓам на приватно поточно Систина

(Одговор на членот Hunny)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Приватна vs.Државна Болница
12.9.2012 23:49:46   
Andriance
јас ништо нема да коментирам на темава, всушност мислам дека некаде наназад и го искажав мојот став....само ќе кажам 2 работи:

1. кога ќе дојде до ризик, приватните те препраќаат на ГАК не заради НЕСТРУЧНОСТА на докторите, туку само заради немање апаратура и инкубатори...( иако од пред 2 години тоа не е случај со новата Систина и Св.Лазар само е мнг скапо)...така да ве молам не зборете нешто ако не сте сигурни дека е така..пример уште еден...моја мноогу добра другарка, член на РР почна да се отвара уште во 6-ти месец...ја водеше Ефремовски од Ремедика..и и рече...издржи макар до 33 недела...ЈАС ПРЕВЗЕМАМ ОДГОВОРНОСТ да те породам!!!

2. Околу стручноста на докторите на ГАК...верувам дека се стручни...само не знам бре луѓе зашто не им се работи...со чест на ретки 1-2 исклучоци..башка за целокупен персонал треба под итно еден курс по етика...и немој да ми кажете дека тоа што нема тоалетна хартија е нормална работа????? мислам хелоууу..у 21 век?? тече крв ко река...нема хартија??? не фала???

ете толку user posted image

< Поракaта ја уредил Andriance -- 12.9.2012 23:57:33 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?