blue_blue -> RE: Вракање на работа после породилно (15.9.2010 10:01:09)
|
Весна, Не се разочарувај! Не им го приуштувај тоа задоволство на оние кои мислат дека требало да те уназадат само затоа што си родила дете! Работи си тоа што ти дале, другите што не знаат да работат нека се снаоѓаат исто онака како што се саноѓале пред да се вратиш и во секоја прилика кога ќе можеш збори дека сакаш да работиш нешто попаметно т.е. дека они не те користат доволно. Ќе дојдат и твоите 5 минути! Јас се вратив на работа кога децава имаа 6 месеци. Сменив работа сосема, од една работа (во невладин сектор кај што работев 7 ипол години со сите удобности) отидов во голема приватна компанија, на моја иницијатива зошто ми беше доста веќе од тоа невладините претурања од шупље у празно и од тресење дали ќе ти го продложат договорот или ќе го затвораат проектот....Ми беше многу тешко на почетокот, никого не знаев, сите у гужва, нема кој да ми покаже ништо, никој не ми праи муабет....сакав да си одам, макар и дома да седам, само тука да не работам...ама ете се средија работите сега, после година ипол ми е ОК. Добив сосема нови задолженија кои повеќе ги сакам, со колегите ми е ОК...Едино и јас како тебе сакам да работам поламку саати, ме убива ова темпо, нјарано што доаѓам дома е 5 саат, а многу често ме фаќа и 6... ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1 I jas trgnav na rabota i mnogu se razocarav. napravile nova sistematizacija, si se naredile a mene na porodilno koj me sisa. Me frlile na drugo rabotno mesto so drugi luge da izigruvam mlada nevesta i sto e najstrasno od seto toa tie sto se dojdeni na moe mesto pojma nemaat od rabotata pa sekojdnevno ja rabotam i nivnata rabota i im objasnuvam. Ne mi e jasno kako moze posle 12 godini rabota inzinjer so iskustvo da te premestat i stavat pilistari na tvoe mesto. Taka mi e koga ragam na stari godini(35). Inace mi fali sedenjeto doma mislam deka idealno bi bilo koga bi mozela da rabotam po 5 saati kolku da izlezam od doma i pak da si se vratam na bebuska. Mislam deka porodilnoto mi bese najubav period. Sega moram da plakam zena da ja cuva i kojznae kako ja cuva.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
|
|
|
|