Snowhite RR -> RE: Вракање на работа после породилно (24.11.2010 20:10:13)
|
Е и мене ми беше најубаво ем си седиш дома, ем си земаш пари Значи еве да го напишам и јас овде моето искуство, еве втора недела како одам на работа, дома седев 10 и пол месеци, односно го оставив син ми на 9 и пол месеци, се договорив со директорот да одам само втора смена од 14 до 21 часот, зошто од сабајле нема кој да го чува, првата недела го носев кај свекрва ми, а сега оваа, таа е втора смена, го носам кај мајка ми. Првиот ден не помина баш најдобро, зошто планирав на директорот да му речам да ми дава една пауза да одам дома да го надојам и да се вратам, арно ама, зборувавме нешто за смените, ми рече дека многу пребарувам, па не еве не можиш прва смена да идиш и дека сум претерала и така немав лице да го замолам за најбитното и затоа тој ден воопшто не се вратив дома, од цел ден заедно со син ми, тој ден се разделивме цели 8 часа и тоа беше траума и за бебето и за мене и за сите и така наредниот ден му реков дека мора да имам пауза од 1час и ми рече нема проблем и ми олесна. И така сега, кај 18, 18.30 си одам дома, односно кај што го вардат, па си одиме дома, го дојам, ако заспија во ред, ако не мм го варди додека се вратам од работа. Јас, за разлика од син ми, се уште не можам да се навикнам, тешко ми е и не ми се верува кога помина времето за повторно да се вратам на работа
|
|
|
|