RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Bethany -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (22.3.2014 22:52:20)

Е па тогаш во Зегин ќе барам и ќе купам.
Не знам никого во Кавадарци, ајде белким и овој во аптека не е лош. Ќе пробаме.

А за пиењето, прочитав погоре ТањаТ пишуваше дека може неограничено време, па и ако е природно и како што обичен мед може секој ден сигурно може и ово [sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (11.4.2014 11:28:47)

Женски да ве прашам,го има ли некоја пробано ова сирупче.Ми го фалеа многу бил добар и го зајакнувал имунитетот кај децата.па го зедов да го пробаме.Ете веќе го испија првото шишенце.Може и сега не е време за сирупчиња за имунитет ама моите деца баш и не јадат многу овошје па затоа сум приморана да им давам сирупчиња.Некое искуство со тој сируп?
[img]http://www.efarma.lt/media/catalog/product/cache/3/image/27a951fb938572975b41ff02234596f0/p/r/propolbaby_180ml_braskiu_01.jpg[/img]




Bububebe -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (7.5.2014 14:06:48)

Јас зедов јајца од потполошка за ќеркичката.На упатството пишува до 5 години по 3 јајца на ден [sm=zmeden.gif]
Искуства?




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (7.5.2014 19:17:56)

Бубубебе, јас немам до сега користено, ама мислам дека и 1 е доволно, а какво е тоа упатство? Има баш нешто пишано за зајакнување на имунитетот како би се користеле?




Bububebe -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (8.5.2014 13:32:57)

Начин на употреба: Јајцата се консумираат во сирова состојба,така што првите три дена се земаат по три јајца на ден,а наредните денови се земаат по пет јајца наутро
половина час пред јадење.
На деца во зависност од годините им се даваат:
-до 2 години по две јајца на ден
-до 5 години по три јајца на ден
-до 10 години по четири јајца на ден.
По завршувањето на терапијата ,два месеци се прави пауза,па потоа се продлжува со терапијата




Melanija RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (21.6.2014 0:19:04)

Мене ме интересира дали нешто од ова е за дете/ бебе под 1 година, превентивно јакнење на имунитетот.
Целта ми е од септември градинка па ете ме интересира што би можело.Секако ќе се консултирам со матичен педијатар но сакам да знам искуства.




Defne90 RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (21.6.2014 10:48:56)

Меланија обично се што се дава за зајакнување на имунитетот се препорачува да се дава на деца постари од годинка.Јас барем на моите порано од годинка не сум им давала ништо.Давај му многу овошје и зеленчук.Нема поубав начинза зајакнување на имунитетот од свежото овошје и зеленчук.Тоа е моето мислење но може некоја рингерајка знае и му има давано на детето нешто што може да се дава и на помала возраст од една година.




Snowhite RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (21.6.2014 17:09:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Меланија обично се што се дава за зајакнување на имунитетот се препорачува да се дава на деца постари од годинка.Јас барем на моите порано од годинка не сум им давала ништо.Давај му многу овошје и зеленчук.Нема поубав начинза зајакнување на имунитетот од свежото овошје и зеленчук.Тоа е моето мислење но може некоја рингерајка знае и му има давано на детето нешто што може да се дава и на помала возраст од една година.


Се согласувам со ова и јас, само здрава храна и многу овошје и зеленчук, житарки




mama_06 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (21.6.2014 23:36:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Мене ме интересира дали нешто од ова е за дете/ бебе под 1 година, превентивно јакнење на имунитетот.
Целта ми е од септември градинка па ете ме интересира што би можело.Секако ќе се консултирам со матичен педијатар но сакам да знам искуства.

Од лично искуство, Стефан на 8 месеци фати пневмонија, лежевме 8 дена на болница ама не го доизлечија. Главата партал од инфузии му беше па викнавме еден стар доктор да го види. По негова препорака му давав по една лажица мед од БАГРЕМ, значи исклучиво багрем имал помалку алергени и по едно витамин ц за деца. Не знам дали е до медот, ама од тогаш не ми е разболен. Докторот рече дека можело да се дава од 6 месеци нагоре. Исто така ми рече до 3 години да се пијат капки витамин д и во лето, по една капка. Испоштовав се што ми кажа и еве резултати. И на малово му давам мед и вит.ц па еве до сега не е разболено. Многу битна работа кај моиве деца се покажа редовното чистење на носињата. Секој ден со физиолошки, и ако има нешто тоа да се исчисти за да не му слезе на дробови.




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (22.6.2014 0:06:09)

Покрај свежо овошје и зеленчук што пишаа погоре другите рингерајки, и вит Ц, јас ќе додадам само некој витамински сируп што може дополнително да се дава. Пиковит на пр, иако е за од 1 год, може и од 9 месеци да се почне со тоа што се дава пола доза од препорачаната. А има и други витамиски препарати што се даваат на дечиња помали од година.




Melanija RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (17.7.2014 23:52:32)

Денеска бевме на педијатар и прашав (спомнав дека ќе оди во градинка) за витамински сируп ми рече не по година се даваат, а баш ќе има година кога ќе оди.Не заслушнав спомна некој но ми рече потоа.Не било на одмет 2 пати неделно да давам пробиотик како Пролаиф или НОрмиа и тоа го јакнело организмот.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama_06

Многу битна работа кај моиве деца се покажа редовното чистење на носињата. Секој ден со физиолошки, и ако има нешто тоа да се исчисти за да не му слезе на дробови.

Кога нема да се појави убаво малку надвор го чистиме 1 неделно со физиолошки и аспиратор.Така што ова ми држи вода засега[sm=smiley1.gif]




marchi -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (18.7.2014 13:57:40)

jas mu davam na stefan multivitamol od dr.theiss ima i vitamin D vo sostavot




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (15.9.2014 13:33:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Драги мајки, син ми од денеска тргна во градинка. Сакав да ве прашам , што превземавте во врска со имунитетот на децата кога тргнаа во градинка. Не прашувам од аспект на витамински сирупи, оти такви не планирам да давам, туку во врска со исхраната, или пак некои природни препарати за подобрување на имунитетот. Дали сабајле, пред да тргнете во градинка им давате нешто на вашите деца, свежо цеден сок или сл?





Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (15.9.2014 13:38:15)

Бидејќи те интересираат природни препарати, јас лани на М и давав по една лажичка мед наутро, пред одење во градинка, а свежи сокови секако во текот на денот, одкако ќе си дојдеше дома. Оваа година плус планирам да направам маџун, па да и давам и од тоа. Кога беше помала го пиеше маџунот во чај, но лани не го сакаше. Е сега ќе пробаме пак оваа година[sm=smiley1.gif] белки ќе биде успешно.




miana -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (16.9.2014 13:15:42)

Ми рекоа дека маџунот бил за прочистување на црниот дроб, а не за имунитет ( тоа моја свеки, знаете она се знае )
Кажете ми навистина кое е својството на маџунот и како им го давате на вашите деца? Мене ми рекоа да одам во тиквеш таму пордавале, било поефтино од зегин...




Mihaela 2010 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (16.9.2014 13:22:43)

Jas ne planiram koj znae kolku da preteruvam so preparati za imunitet osven toa sirupcetoo sto redovno i go davam, c vitamince i se razbira cedeni sokcinja i svezo ovosje..




AnnaMolly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (16.9.2014 13:37:18)

Јас му давам само лук двапати најмалку во неделата, природен мед што сум милијарда посто сигурна дека е природен и чист и цедени сокови и тоа не секој ден.
Ете го здрав прав, супер силен имунитет има.




Defne90 RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (16.9.2014 13:52:39)

Јас им зедеов оваа година по препорака на матичната Мulti Sanostol with Iron и еве веќе две недели им давам.Се надевам дека ќе имаме подобрување на имунитетот и дека оваа есен и зима ќе поминеме без температури и настинки.Барем не да бидат зачестени де.[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (16.9.2014 14:45:49)

Миана, маџун јас колку што имам читано, е за зајакнување на имунитетот, а исто и се препорачува при инфекции на дишни патишта. Може е добар и за прочистување на црниот дроб, но 100% помага и за ова што го пишав. Впрочем и црниот дроб, претставува лабораторија на човечкиот организам, ако е тој здрав и чист сигурно тоа значи дека и целиот организам ќе биде поздрав.




miana -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (16.9.2014 14:50:33)

Ке го земам.. Се пробав па ке пробам и со ова...Инаку јас им давам имунобор кидс сега за сега , а планирам и пиковит IQ како замена за д витамин и така...Фала за одговорот..Инаку за сите што сакате да земете маџун, го имало во тиквеш, карши Холидеј ин и бил поефтин од Зегин и бил многу добар.




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (17.9.2014 14:32:05)

И ние веќе почнавме со Имунобор кидс капсули, и сега еве ми текна да ве прашам. Од која возраст им давате на децата да ја голтаат капсулата така како што е, не отворена и растворена. Има поголем ефект ако се голтне така, зошто се растворала во тенкото црево, а вака ако ја отвориш, додека да дојде до тенкото црево, желудочната киселина веќе уништувала некој дел, па се намалувал ефектот. Искрено јас цело време и ги отварам, ис амо прашакот го растворам во вода, и навистина има ефект, затоа ги купив и оваа година.




Snowhite RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (19.9.2014 10:01:46)

И јас му ги растворав на Михаил кога беше помал, а после кога почна да пие апчиња со голтање со вода, ја прашав матичната дали може да му ги давам нерастворени, зашто може така да ги пие, таа ми рече да продолжам да му ги растворам во вода, дека така имало поголем ефект и јас и понатаму му ги растворав




Snowhite RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (19.9.2014 10:35:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ке го земам.. Се пробав па ке пробам и со ова...Инаку јас им давам имунобор кидс сега за сега , а планирам и пиковит IQ како замена за д витамин и така...Фала за одговорот..Инаку за сите што сакате да земете маџун, го имало во тиквеш, карши Холидеј ин и бил поефтин од Зегин и бил многу добар.


И јас имам од Тиквеш, на Јана и го давам во млеко по едно лажиче, а на Михаил во чај кога пие, зашто друго тој не пие, така што него не му давам секој ден, бидејќи се уште не е почната сезоната на чаеви, а инаку може да се става и во сок или во кашичка било која




Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (19.9.2014 10:48:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И јас му ги растворав на Михаил кога беше помал, а после кога почна да пие апчиња со голтање со вода, ја прашав матичната дали може да му ги давам нерастворени, зашто може така да ги пие, таа ми рече да продолжам да му ги растворам во вода, дека така имало поголем ефект и јас и понатаму му ги растворав

Фала ти , Сноу. Ќе продолжам и јас така, со растворање. Затоа пишав дека имаше ефект, а и претходно цело време така сум и ги давала, но малку ме збуни ова затоа прашав.




Mihaela 2010 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (2.10.2014 16:18:12)

jas po preporaka na komsikata koja vekje go koristi ova sirupce, i e mnogu zadovolna planiram denes da go kupam za M
vekje na ESI imame koristeno i bev zadovolna,ama ete sakam da go smenam,za imunitet i apetiti e,pa ke go koristime nekoe vreme,se nadevam deka ke ima efekt
eve na ova mislam

[img]http://www4.slikomat.com/13/1002/vvm-propol.jpg[/img]




Страница: <<   < Претходна страница  23 24 [25] 26 27   Следна страница >   >>