RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Felly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (7.4.2016 10:03:47)

Киндеримун и кај нас немаше ефект, го имаме користено кога беше помала М.

Е сега Бронховаксомот што го користевме оваа година, беше навистина ефикасен. Го почнавме ноември мислам и секогаш на почеток кога ја пиеше дозата од 10 капсули имаше затнат нос и бааги секрет, ама само на тоа остана зело зимо. Еднаш само температура крена, и со крвна слика типична за грип, ама многу лесно помина, само еден ден Т и одма се накрена. Навистина сум задоволна како го поминавме цело зимо.




aloevera -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (12.10.2016 12:27:08)

Majки за зајакнување имунитет кај 14 месечно девојче што предлагате?
Оди во градинка




Bethany -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (12.10.2016 20:32:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: aloevera

Majки за зајакнување имунитет кај 14 месечно девојче што предлагате?
Оди во градинка

Јас зедов Defendyl сируп. Во Зегин 800 и нешто денари.
Почнав да го давам на син ми (има 5 години), тој оди во градинка, а за некој ден планирам и на малата ( 16 месеци има). Таа не оди сеуште, ама покрај баткото исто како и да оди оти тој ни носи вируси дома.
Немам користено порано никакви сирупи за имунитет, ово ни е прв пат, затоа препораки немам ама слушнав дека го фалат навистина, па зедов да пробаме.




fetusce -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (6.12.2016 2:38:12)

jas na maliot mu davam pikovit, a sega mu kupiv i acerola 50 miligrami. Pa ke vidime. Sega za sega se razboluva na sekoj tri nedeli raka reci sekoj mesec sme doma po 10 dena. So acerolata ke vidime sega kako ke bide.




Neurotoxin RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (6.12.2016 8:40:01)

Јас почнав уште од август месец со планирана и контролирана појака исхрана, сокови разни дома цедени, овошје ни стана навика, од сабајле пред градинка една мандаринка или портокалче или откако ќе се врати ужинка ни е овошна салата. За да не ми носи дома вируси ради малото, од врата кога ќе си дојдат со татко и дува нос и и прска физиолошки во носето (прска, за одмивање, не капки) и обавезно раце мие секако, па после доаѓа кај нас во дневна. Искрено не само заради малото, ова и нејзе многу и помага, и да имало нешто дента да закачила некој вирус го одмиваме, со спрејчето се одмива и грлцето а и се влажни слузницата па условите за развој на некој вирус ги намалуваме. Не е тешко, станува една добра и здрава навика. Заради д витаминот и давам кидс омега перли и кога пие сокче во сокчето ставам вит ц, повеќе како средство да не оксидира овошјето ама ете и го внесува. До сега фала богу сме добри, се надевам така и ќе остане, инаку има 4 години.




lamajka -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете (7.12.2017 11:34:57)

Davam vitemin D3, Omega za dete od 4 i pol godinki doza preporacana od pedijatar, Acerola, Madzun i Organski Livadski Med od Bio Cosmos.




joki86 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (13.10.2018 21:39:07)

Здраво мајки !!!
Дали давате за јакнење на имунитет јајца од потполошка живо на дете од 1 година и еден месец и кажете нешто друго за имунитет што да му дадам. Фала ви [sm=smiley36.gif]




Vladymir -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (10.3.2020 8:25:50)

Site vie koi ste zainteresirani za zgolemuvanje na imunitetot na vasite deca kako i celata familija po priroden pat , javite se za naracka na DOMASEN MADZUN
Isporaka za Skopje besplatno !




Страница: <<   < Претходна страница  24 25 26 27 [28]