mother 29 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (12.1.2010 10:43:56)
|
маџунот го има во виталиа Гроздовиот слад - маџун е извонреден природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови виновa лоза од македонското поднебје. Содржи гроздов и овошен шеќер, хидросолубилни витамини (B1, B2, B3, B6 и C), минерали, (К, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини. Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, рековалесценти, возрасни како и спортисти. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при инфекции на дишните органи, при нарушена функција на хепар (жолтица, алкохолизам) при психички нарушувања и прекумерна тежина. Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Употреба: по една супена лажица 1-2 дневно растворена во вода, чај, млеко. ШТО Е МАЏУН? Едно од основните правила на здравата исхрана е замена на белиот шеќер со природен засладувач како што е медот, јачменовиот слад или кафеавиот нерафиниран шеќер Мусковадо. Но денес ќе ве запознаеме со уште еден извонреден природен засладувач од палетата на ВИТАЛИА. Станува збор за МАЏУНОТ природен засладувач од грозје подготвен според традиционален македонски рецепт. Маџунот или уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци како по својот оригинален вкус и арома така и по благотворното дејство врз човековото здравје. Маџунот се добива со изварување на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје. За гроздовиот сок се вели дека е хранлив како и мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди. Токму поради тоа Маџунот представува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогне да го сочувате и подобрите здравјето. Но Маџунот не е само тоа. Тој е одлично природно лековито средство за зајакнување на имунолошкиот систем, но помага и при настинки и инфекции на респираторниот тракт. Една лажичка Маџун во текот на денот е одлична превенција од овие заболувања и ќе ви помогне да ги одбегнете честите нарушувања на здравјето. Маџунот можете веднаш да го воведете во секојдневната исхрана и тоа пред се за засладување на напитоците, чајот, млекото, житните каши, муслите или пак како прелив на тортите и колачите. Научете ги своите најблиски на здрави прехранбени навики заменувајќи го белиот шеќер со Маџун. Со тоа не само што ќе го подобрите вкусот на тоа што го конзумирате туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на здравјето и психофизичката состојба.
|
|
|
|