RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


blue_blue -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (27.9.2010 11:10:47)

Ја прашав матичната за оние витамински сирупи. Ми рече да не давам тоа пошто секако имало конзерванс, колку и да пишува дека е природно, освен кога стварно мора за деца кои ептен се нон-стоп болни. И кажав дека им давам витамин Це и рибино масло (јекогал од галафарм) секој ден, преку еден ден по една лажичка маџун и една лажичка мед (еден ден маџун, еден ден мед) и дека пијат природни цедени сокови секој ден, еден ден портокал и црвен цитрон, друг ден мешавина од цвекло, морков, лимон и јаболко. Ми рече тоа се што им давам им е сосема доволно, ништо друго не им треба. Само  ми рече да не давам секој ден маџун зошто има многу шеќер (иако е природен сепак е шеќер), и да не давам секој ден голема количина цвекло дека има минерали многу па да не им се оптеретуваат бубрезите, односно да продолжам да правам како што веќе правам.




*miki mami* -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (25.12.2010 13:00:17)

маџун го има само во Виталија или во сите поснабдени аптеки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
ако некој знае нека пише




zodut -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (25.12.2010 19:33:17)

Во месеците кога времето е променливо, на синчето му давам една доза - 500 гр. мед со 2,5 гр матичен млеч. Цела зима немавме проблеми лани. правиме пауза месец дена и пак од почеток. Секое сабајле по едно лажиче ( пластично ) на гладно најмалку половина саат пред јадење. Испробано!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




baby mama -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (25.12.2010 21:14:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: *miki mami*

маџун го има само во Виталија или во сите поснабдени аптеки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
ако некој знае нека пише




Ako imas nekoj poznat od Kavadarci ili Negotino sigurno ke ti najde.Mene kumasinite mi nosat od tamu.Koga bev bremena mi bese slaba krvta,pa ginekologot mi preporaca da kupam od Skovin,cinam bese.I toa imalo samo vo barakite pozadi parkingot kaj Holiday Inn, koga vozis po ednonasocnata ulica kaj sto ima kocka.




lukas -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (25.12.2010 21:35:03)

od koga se davaat pikovit vitaminite lukas e 10 meseci,i vo apteka koga prasav mi rece deka ne smee na 10 mesecno bebe da mu se davaat pikovit
vie koga pocnavte?




nadica -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (25.12.2010 21:40:38)

со сирупи се почнува по наполнета 1год




baby mama -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (25.12.2010 21:41:57)

Jas neznam za ova Lukas, na kerka mi ne i davam nisto takvo.Koga ja prasav doktorkata dali treba da davam nesto vakvo ili vitamin C , ona mi rece deka krvta i e odlicna i nema potreba od nesto plus da i dodavam.




luna* -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 12:36:35)

со мултивитамински сирупи се почнува по навршена 1 година и на сирупите го пишува тоа, а и докторите така советуваат




ole2004 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 13:31:34)

Dali nekoj daval BabyVit kapki.Mene koga se porodiv pedijatarot od bolnica mi rece da i davam,bile mnogu dobri za[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image].Jas gi kupiv,no ne i gi davam,bidejki se konsultirav so drugi dr.i mi rekoa deka nema potreba od vitamini uste na mala vozrast.Eve sega imame 5i pol meseci i sme super[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] 




jovanka -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 14:48:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

od koga se davaat pikovit vitaminite lukas e 10 meseci,i vo apteka koga prasav mi rece deka ne smee na 10 mesecno bebe da mu se davaat pikovit
vie koga pocnavte?

Paletata na Pikovit proizvodite e nameneta  za decinja od 1+ - 7+,toa znaci deka od navrsena edna godinka moze da se koristi kako dodatok vo ishranata i toa ima Pikovit obicen i noviot Pikovit IQ a kako napreduvaat decata t.e. rastat paletata sodrzi i pastili koi se nameneti za decinja od 3+,5+ i 7+godini.Odlicen proizvod licno kaj dvete decinja go koristam Pikovit pogotovo vo ovoj zimski period kade sto na teloto mu se neophodni i vitaminsko-mineralni dodatoci.Samo pretpazlivo i so ovie dodatoci bidejki nesmee da se pie kontinuirano tuku eden mesec se koristat ovie dodatoci dali vo oblik na sirup ili pastili pa se pravi eden mesec pauza i toa period od noemvri do maj.




arh_diz -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 14:52:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: *miki mami*

маџун го има само во Виталија или во сите поснабдени аптеки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
ако некој знае нека пише


Sto e toa madzun




Палешка РР -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 14:56:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

od koga se davaat pikovit vitaminite lukas e 10 meseci,i vo apteka koga prasav mi rece deka ne smee na 10 mesecno bebe da mu se davaat pikovit
vie koga pocnavte?


Ние почнавме со полни 11 месеци, така не советуваше матичниот лекар. Прашај си лукас, сега дозволуваат и порано.




jovanka -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 15:04:08)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

od koga se davaat pikovit vitaminite lukas e 10 meseci,i vo apteka koga prasav mi rece deka ne smee na 10 mesecno bebe da mu se davaat pikovit
vie koga pocnavte?


Ние почнавме со полни 11 месеци, така не советуваше матичниот лекар. Прашај си лукас, сега дозволуваат и порано.

Ova zavisi od periodot koga e rodeno detenceto(kaj zimskite deca dozvoleno e i porano nekade pomegu 10-12 mesec.




luna* -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 23:13:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz


ИЗВОРНА ПОРАКА: *miki mami*

маџун го има само во Виталија или во сите поснабдени аптеки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
ако некој знае нека пише


Sto e toa madzun


Маџун е гроздов слад, природен засладувач. Би требало да го има секаде каде што се продава здрава храна. Мене ми рекоа дека го имало и по поголемите маркети (Тинекс, Веро, Рамстор), ама сеуште не сум отишла да проверам.




Maca25 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (30.1.2011 23:47:25)

На Нина наутро и давам по една лажичка PropolBaby, а попладне цедам половина лимон и ставам 2 лажички мед и на неколку пати тоа и го давам. Не го сака многу, ама мора да јаде. Почнав да и ставам по малце лукче во јадењето, нормално не во секое, кога и давам мевце, гледам да биде со лукче. Сака да јаде салата, па правам зелена салата со млад кромид и краставица и таа си го боцка само кромидот и краставицата. Мислам дека ова и е доволно. Имам купено и мултивитамински сируп, ама не и давам, исто и ацерола ама не ја сака, па така ни стои. 




Џесика -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (31.1.2011 0:41:28)

Јас секој ден киндер имун , во ручекот или супата секогаш варам и една главица кромид, лукче покрај другиот зеленчук...исто секој ден му цедам 1 портокал и 1 лимон малку растворени со вода. Пиковитот го прекинавме заради киндеримунот




mami2 -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (31.1.2011 1:00:01)

Нема универзално правило за давање на препарати за јакнење на имунитетот кај децата. Јас додека ги слушав матичните лекари и не му давав речиси ништо, затоа што имало доволно во храната, се` било вештачко и не знам ли какви не совети се разболуваше и често и со големи последици од обичните настинки: опструкции, пневмонии и сите тие ги лечевме болнички.
Наназад една година ја променив тактиката, во зимските месеци е под третман: лажиче маџун во млекото, вит Ц и Б6 заедно со Имунобор или Киндеримуно (по три месеци од двете) пред доручек, по едно лажиче рибино масло и Пиковит по јадење еднаш на ден. Од септември-ноември по шема пие и Бронхо-ваксом. Дали од сето ова или природно со растот го зајакна организмот незнам, ама да не го урочам:) имаме напредок.
На малата не и давам ништо вакво...




mama ance -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (31.1.2011 17:17:07)

jas sum nova na forumov pa da napisam nesto i na ovaa tema.mislam deka ishranata e mnogu biten segment vo rastot i razvojot na decata i jas osobeno vreme i vnimanie posvetuvam na toa.mozebi i premnogu. mojot sin ima tri i pol godini i ne sum mu dala vitaminski sirup dosega, tuku gledam da e ishranata zdrava i raznovidna, zitarici(integralni),mleko i mlecni proizvodi(kravjo domasno mleko, kiselo mleko(sama go pravam), kozjo sirenje, domasni jajca, ladno ceden maslinov zejtin,mnogu sveza riba(tuna,losos,skusa),ovosje,svezo cedeni sokovi(vo zima sok od cveklo,morkov,jabolka),zelencuk,caevi,med,mu davam i ponekogas jajca od prepelica,aronija(zime),i edinstveno vitamin c i ribino maslo preku zima.ova na kratko. i do sega cuk cuk dobri sme.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




anag -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (31.1.2011 17:42:29)

zdravo,moite deca se mnogu pribirlivi koga e vo prasnje jadenjeto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Na golemata 5 god.i davam SANOSTOL sirup,a na maliot 2 god pocnav da mu davam ribino maslo so vkus na banana[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] i sega za sega sme dobri-poz do site




Isabella -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (1.2.2011 0:07:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama ance

jas sum nova na forumov pa da napisam nesto i na ovaa tema.mislam deka ishranata e mnogu biten segment vo rastot i razvojot na decata i jas osobeno vreme i vnimanie posvetuvam na toa.mozebi i premnogu. mojot sin ima tri i pol godini i ne sum mu dala vitaminski sirup dosega, tuku gledam da e ishranata zdrava i raznovidna, zitarici(integralni),mleko i mlecni proizvodi(kravjo domasno mleko, kiselo mleko(sama go pravam), kozjo sirenje, domasni jajca, ladno ceden maslinov zejtin,mnogu sveza riba(tuna,losos,skusa),ovosje,svezo cedeni sokovi(vo zima sok od cveklo,morkov,jabolka),zelencuk,caevi,med,mu davam i ponekogas jajca od prepelica,aronija(zime),i edinstveno vitamin c i ribino maslo preku zima.ova na kratko. i do sega cuk cuk dobri sme.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] ... I jas sum pobornik za zdrava i raznovidna hrana, i preku hranata da dobiva sve sto e potrebno, bez hemiski dodatoci.





AnnaMolly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (3.2.2011 16:52:32)

Што е тоа киндеримун, таблетки или сируп? Гледам доста се користи и го фалат.
Колку пари е и дали може на 8 месечно бебе да се дава?
И да не случајно поттикнува апетит? Е тоа не ми треба [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Џесика -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (3.2.2011 17:00:02)

Киндеримун е прашок, се става во сок, млеко или во храната, не го менува вкусот и мирисот на храната, и е на база на колострум, само што е наменет за деца над 2 години, јас почнав да му го давам на Борјан кога имаше отприлика 1 год  и 9 месеци, и му давав пола доза... ама за Филип пошто има 8 месеци, мислам дека е премал за тоа...




AnnaMolly RR -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (3.2.2011 18:59:45)

А, тогаш ќе почекаме да порасне [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Ќе побарам низ форумов нешто соодветно за негова возраст.




mila mama -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (3.2.2011 19:36:16)

Ако е на базата на колострум мислам дека може да се даде и на помало дете, само се разбира помалку. Та колострумот е првата храна на сите цицачи, не е некаква хемикалија, освен се разбира ако нема и некаква друга состојка. Јас пијам чист колострум затоа што дојам, па [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] преку мене ги зема хранливите состојки. Ама сметам на 6 месеци да му давам и една капсула истурена во млекце секој ден.




mama ance -> RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете? (4.2.2011 1:05:33)

isabella bas mi e drago sto najdov nekoj sto go deli mojot stav okolu ishranata.prijatelite mi vikaat deka preteruvam no jas navistina sum uporna i veruvam deka pravilnata ishrana se isplati.jas skoro i da ne sum mu dala gotovi fabricki proizvodi od tipot kolaci,bonboni,cipsovi,gotovi sokovi,konzervirana hrana,gazirani pijaloci,mleko vo tetrapak itn da ne ti nabrojuvam. ama toa uzasno mi odzema vreme,samo se nadevam deka toj rezim na ishrana ke mu stane navika pa vo idnina i samiot ke se grizi okolu toa. ne ti objasniv mozebi najdobro a dolg post.pozdrav




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>