Viktori -> RE: Непријатна случка во маркет со мало дете (8.5.2012 9:21:03)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Popce Стварно страшно ме нервираат ваков тип тинејџери, кои се толку незрели во однесувањето а ги има во голем број. За нив и имам некое разбирање: дека се во пубертет и живеат во време без вистински норми па не ни имаат некој модел на однесување од кого ќе учат. Она што мене редовно ми се случува и ме вади од такт е следново: се шетаме со син ми (4,5 год) и од дома сме се договориле дека не купуваме ништо или ќе купиме нешто но однапрд се договараме што (пр. сладолед). И налетуваме на тезга со ЦДиња, тој застанува да види што има и да си одбере за следниот пат (таква му е шемата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]), и продавачот, паметен му вика: ако земи си го ЦДто, мајка ти ќе плати кога ќе има пари[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]. Демек да ме испровоцира да го купам. Патем, истото ЦД го имаме дома. Е сега тука почнуваат плачки и 1 саат убедување дека ќе му го купам утре или кога ќе се договориме а продавачот ми вика не го плачи детето дај му го. Ми иде да му се свртам и да му речам дека имам пари да го купам со се масичка и со се гаќи, но не е тоа поентата, не сакам да се расправам пред детето. И што значи дека ако имам пари да го купам и треба се што ќе сретнам по патот да му купам??? Како ќе разбере тоа дете од вредност и на што ќе се радува.? Иначе, минатиот пат кога се случи тоа и реков на продавачката дека не и го плаќам ЦДто и не купувам повеќе од кај нив. Ме интересира дали некоја мамичка има ваков проблем и како се справува со него [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]? Ај со цедиња, ама со играчки?? Отсекогаш има еден чичко што продава играчки на масиче за кампување на сред Лептокарија. А во лето врие деца. Е тој чичко онака ги лаже децата, да купат буквално. Ги гледа кое дете подѕирнива накај играчките и намерно фрла јојо накај нив, прави меурчиња, да ти се дигне коса у вис. ИЗВОРНА ПОРАКА: Popce Добро, затоа и пишав на темава и јас сум на граница да формирам мислење: дали е проблем или не... Значи мојата дилема е дали да се прими ЦД на подарок од продавачот само затоа што син ми бил шармантен и му рекол чувајте ми го утре мама ќе го купи кога ќе има пари. И утре да „питачи“ по тезги (од ова се плашам) или да останеме „тврди“ и да не го купиме и да разговараме со саати (јас го направив ова[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]) Попче, ќе купиш тоа што ти мислиш и кога ти мислиш. И кога ќе купиш нешто ќе му кажеш дека мама на него му купува само убави работи, а не ѓубренца. Сигурно му купуваш играчки, на секое купување ќе го повториш тоа. Нареден пат кога ќе застанете на тезга ќе му кажеш дека тоа е ѓубренце. Проверено! [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|