|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Органски германиум
30.9.2009 9:45:24   
kiki_riki
утринава гледав на канал5 за органски германиум, помага за сеuser posted image од бременост, па на бебиња, како превентива на здрави па се до лечење на рак, што знаете за ова

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.9.2014 19:53:14 >


_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: органски германиум
30.9.2009 10:10:14   
mis.
Органската форма на германиумот денес се смета за едно од најголемите откритија во нутритивната терапија кај малигните заболувања.Природни извори на германиумот се:
- Печурките(800-2000ррм)
- Лукот(800ррм)
- Жен-шен(700ррм)
- Алое(70ррм)
Механизми на дејство на германиум
1. Зголемена продукција на интерферон
2. Зголемена продукција на природните убијци Т-ќелиите
3. Зголемена макрофагна активност
4. Зголемена активност на лимфоцитите
Ge 132 влијае на подобрување на многу хронични процеси ккао што се:
- Реуматоиден артритис
- Срцева инсуфициенција,ангина пекторис,хипертензија,артерио-склероза
- Апоплексија,Дијабетис,Астма,Паркинсова болест
- Церебрална склероза
- Епилепсија
- Очни болести(глауком,катаракт,инфламација на мрежата и очниот нерв) и др.
Состав
20% 100 mg  Active Organic Germanium
16%  80 mg  Ehtract in:Rose  Bud Enrichment
6%  30 mg Twice Shark Protein
26%  130 mg Wild Royal Jelly
16%  80 mg Green Tea

Превземено од аптеката Зегин


< Поракaта ја уредил mis. -- 30.9.2009 10:15:29 >

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Органски германиум
30.9.2009 10:12:18   
mis.

Пакувањето е од 60 капсули со цена 3600 ден


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.9.2014 19:54:05 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: органски германиум
30.9.2009 10:22:40   
big_mama817
Германиумот е минерал чија употреба се смета дека е едно од најновите достигнувања во нутритивниот третман против канцерот. Во неорганска форма тој нема никаков бенефит, освен во електронската индустрија.
Меѓутоа, нас нѐ интересира органскиот германиум или попознат како Германиум 132. Долгогодишните истражувања покажаа дека овој германиум го штити телото од развој на канцерогени клетки и од појава на тумори, преку зајакнување на имунолошкиот систем. Освен на ова поле, делува корисно и на други болести поврзани со стареењето и дејствувањето на слободните радикали.
Многу растенија кои содржат позначајно количество германиум се користат во исхраната на пациенти. Женшен, лук и алое вера се некои од нив.
Според д-р. Казуко Асаи од Јапонија, кој прв успеал да синтетизира органски германиум, тој го стимулира создавањето на интерферон. Таа супстанција го стимулира производството на клетки-убијци, кои се борат против клетките на ракот. Германиумот 132 го зголемува и нивото на кислород во телото, што помага во забавување на растот на канцерогените клетки, па дури и нивно враќање во првобитна состојба. Тоа е поради откритието на д-р. Ото Варбург, за кое доби Нобелова награда, дека канцерогените клетки не можат да преживеат во окружување богато со кислород.
Некои од најновите студии велат дека овој елемент ја обнова функцијата на Т-клетките и на Б-лимфоцитите. Особено добро делува при третман и превенција на канцерот на бели дробови, уринарниот тракт, грлото и градите. Од другите болести, германиумот е корисен кај депресијата, астмата, артритисот, труење со тешки метали, инфекција на синуси, дијабетес, висок крвен притисок, леукемија, невралгија и цироза.
Германиумот може да го најдете во таблети и капсули. Постои и во форма на прав кој се меша со вода. Понекогаш е дел од комбинација на мултивитамини и минерали.
 
Преземено:gurman.mk



_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: органски германиум
30.9.2009 11:37:23   
mami
А добро го користел некој ова некогаш?
мислам се убаво за податоците, ама какви се ефектите? некој со искуство околу оваа работа? јас прв пат слушам искрено кажано

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Органски германиум
8.9.2014 19:51:21   
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

tea 88 mene dr.Tase mi prepisa 2x1, dve pakuvanja, mi rece deka bile dosta dobri za imunitetet, jas prethodno piev biobren i od niv imav mnogu efekt ama mi kaza ovie bile podobri. Pozdrav


ИЗВОРНА ПОРАКА: Anonimen

Milicka30 GE132 crveno ili zeleno pakuvanje pies? I koja cena gi zimas?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Crveni, 3600 den e edno pakuvanje


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Tie mnogu skapi be 3600 den I sto ima vo niv sto sodrzat jas tolku pari za vitaminI ne davam



< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.9.2014 19:52:58 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Органски германиум
8.9.2014 20:08:08   
Felly RR
Еве капина што содржат. Овие се на НУтривита, зелено пакување, не го најдов составот на црвеното, но најверојатно сличен е составот.

Состав:

Една капсула Ge 132 од 500мг содржи:
150мг активен органски германиум, 125мг матичен млеч, 75мг екстракт од семки од црвено грозје, 25мг двоен протеински комплекс од ајкула, 50мг екстракт од шипка и 75мг екстракт од зелен чај.

Матичниот млеч е пчелин производ. Во клиничката пракса е утврдено дека матичниот млеч освен што е ефикасен природен антиоксиданс, претставува „чудесна супстанца“ која е силен биостимулатор и регенератор на човековите клетки. Делува антибиотички и аналгетски, и е прогласен за најсилен природен антитуморен фактор.

Екстрактот од семки од црвено грозје, е исто така силен антиоксиданс, кој ги заштитува човековите клетки од прекумерните слободни радикали, ја подобрува циркулацијата на крвта заради присуството на ресвератролот кој ефикасно ги прочистува крвните садови од атеросклеротски наслаги.

Екстрактот од шипка содржи природен витамин Ц, кој во целост се искористува од човековиот организам, а воедно се потенцира антиоксидативното дејство на производот.

Зелениот чај се користел во источната медицина како антиоксиданс веќе 5.000 години. Утврдено е дека го заштитува мозокот од штетното дејство на слободните радикали, го заштитува респираторниот систем од инфекции, го блокира дејството на клетките на ракот, го заштитува организмот од последиците од зголемена радијација и го забавува процесот на стареење на организмот.

Двојниот протеински комплекс од ајкула е добиен со екстракција на `рскавицата и црниот дроб на ајкулата, која никогаш не заболува од рак. Тој го спречува растот на нови крвни садови кои го хранат туморот и на тој начин го оневозможува неговото ширење. Особено го заштитува црниот дроб од дејството на слободните радикали и му помага на организмот во процесот на детоксикација.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Органски германиум
8.9.2014 20:38:16   
kapina
Jas si imam. doma cist domasen maticen mlec znaci imam i sipki imam grozde. neprskano. prirodno si luk ne jadam no imam pijam omega 3. redovno. so l arginin za tenok endometrium. zelen caj nikogas nemam zemeno no crn indijski caj imam doma pijam ednas nedelno. E drug silen antioksidans e i selenot ednas bas koga prasav edna. farmacevtka poznankcka sto ke mi.dade za imunitet mi rece nisto ke jades prirodno svezo ovosje i nisto ne ti treba

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Органски германиум
8.9.2014 21:51:29   
kapina
A majka mi si ima sadeno aloe vera samo mi treba recept za nego imam I madzun pijam od denes domasen si madzun

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Органски германиум
9.9.2014 13:46:52   
miana
Јас ги имам пиено зелените ГЕ132 и можам да кажам дека од само една табла јас се опраив..Една табла е околу 1100 денари,.. После испиена трета табледа, јас веке вагинален секрет немав, што значи дека имунитетот веднаш зајакнува..Еве пробајте ке видите..Мене тиа ми беше најдобар показател.

< Поракaта ја уредил miana -- 9.9.2014 13:51:32 >


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Органски германиум
18.9.2014 9:12:04   
LoveableMe RR
Овие денови преслушувам емисии за ИВФ на интернет и го слушав др. Таше кој кажа дека извесен период веќе ги препишува црвените органски Г132 и дека има голем напредок во успехот при ИВФ, бидеќи го зајакнуваат имунитетот и ги зголемуваат шансите за успех при ИВФ.

Рече дека наскоро ќе направи студија и ќе ја презентира со која сака да докаже декја примањето Г132 во текот на ИВФ постапката покажало успех со забременување кај жените.

Останува да видиме!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Органски германиум
9.10.2014 18:27:40   
annaja
Meне ме интересира,колку дози се пијат и дали треба да се паузира или цел живот се пијатuser posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Органски германиум
29.10.2014 17:17:12   
SOLE
Veke go ima na reklama Dr Tase od Plodnost gi reklamira Ge132 crvenoto pakuvanje, kazuva deka mnogu pomagale za uspeh pri ivf postapka, dali I nekoja druga od vas ima sto gi zema? Eve Milicka30 gi ima primano I ivfto I e uspesno, I jas se mislam dali da gi kupam, user posted image skapecki se no ako stvarno ima efekt parite ne se bitni, pisete dokolku imate iskustvo so ovie. pozz

(Одговор на членот annaja)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Органски германиум
30.10.2014 10:16:09   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: annaja

Meне ме интересира,колку дози се пијат и дали треба да се паузира или цел живот се пијатuser posted image

Аннја, како и кај сите други додатоци, мислам дека треба да се направи пауза во користењето, но колку време и во колкава доза би требало да се користи најдобро е да се консултираш со лекар.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот annaja)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Органски германиум
30.10.2014 10:47:24   
Hopeful RR
Не се сомневам дека германиумот е добар и квалитетен, но од доктор знам муабет дека кога ќе почне да се внесува, им дава кислород на клетките (дека антиоксиданс), и клетките толку се навикнуваат што кога ќе престанеш, не создаваат доволно сами. Не сум сигурна, но да го споделам она што го знам user posted image
Др Таше нормално дека ќе го форсира, затоа што очигледно е врзан со производителите или дистрибутерите - не за џабе им е на реклама... Многу доктори препорачуваат разни суплементи и додатоци затоа што добиваат процент од секоја продажба. Прескапо е, но дај боже да помага.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?