niki -> RE: На колку години ја изгубивте невиноста? (24.10.2009 9:26:59)
|
Во животот ништо не е програмирано, за се имаме избор. Ако некој одлучи дека треба да чека до брак, зошто и да не го направи тоа, зошто е тоа глупо? Јас не се кајам за мојот избор, но баш поради тоа што сум избрала да не чекам до брак, никогаш нема да дознаам како е да чекаш толку долго и дали воопшто вреди да чекаш. Тоа што нелка толку чекала ми е во најмала рака романтично. Си ја живееле заљубеноста лугето, им посветиле многу внимание на скокоткањата во стомакот, на исчекувањето и планирањето да им се случи нешто убаво, дале акцент на многу поважни работи од што е подлегнувањето на страста. На 27 години јас имав 10 години сексуално искуство, но што со тоа, сигурно не го пишувам во биографија кога аплицирам за работа, ниту пак во било кој аспект на мојот живот тоа ми помага нешто. Тоа е исто како дете кое проодело на 9 месеци и друго на година и пол, кое од нив е во предност и како е во предност? И велиш поттиснување на чувствата за сметка на другиот, па тој другиот никој не го терал да чека можел фино лепо да се спакува и да замине и да најде на друго место секс, ако тоа му било приоритет. Зошто пак за негова сметка би требало некоја да се откаже од своите убедувања и традиција и да направи нешто што не сака. И уште испаѓа по твојот пост дека невиноста има рок на траење до 18-20 години, но што со тие кои ја губат пред рок, бидејќи овие после рокот се глупи?
|
|
|
|