Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Фала ви,горе доле ок е,ама ова лимонот на бебе од 9 месеци некако не ми иде,а и млеко кравјо не планирам до година да и давам,ама ај за еднаш во денот добро,само да не и прави нејзе некој проблем
Завчера бев да ја земам уплатницата и гледам поинакво мени.За деца до 24 м и од 24 м до 6 год ,од старт нелогично. Намаз од тука,кромид и уште нешто. Ќе треба да пишам тоа да не му даваат,како и пржено лепче и мед во чајот.Во група со деца од 18м до 2 год и 7 месеци ми нема логика туна и мед
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Во нашава градинка ми рекоа дека менито го прави медицинска сестра , сеуште не е истакнато и појма немам што им даваат на децава. Рекоа дека оваа недела ќе го истакнат. Не знам дали е исто на ниво на држава.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
Кај нас мислам дека е исто на ниво на општина, но имаме и само 4 градинки. А инаку во другите градови мислам дека секако се разликува. Сепак сите мора да се водат според некои препораки. Кај нас и има само една ужинка, но како што гледам, во др градинки и млеко/чај се води како ужинка, а кај нас тоа им го даваат заедно со појадокот.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Градинките се под општината а менито не е на ниво на РМ.Во Срничка градинките е поинакво.По обемно е , не дека е лошо.Во октомври кога ќе оди М ќе го сликнам.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Не сум задоволна од менито во градинката во која оди син ми. Порано беше подобро, сега се едно исто се врти: наутро лепче со крем, или мармелад, или маргарин, или павлака. Некогаш палента. Со појадокот чај, млеко (кое не добиваа преку лето, демек поради опасност од расипаноста на жешково, или јогурт) За ручек знам дека секој понеделник е гравче со пудинг, па еден ден имаат ориз, еден ден макарони со нешто, па зелка манџа и компир манџа. Ова е веќе неколку последни месеци, се надевам дека ќе се поправат малку наскоро, менито им е многу сиромашно
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
И кај нас ручекот е баш ист.Понеделник грав или леќа(преку една недела се менува),потоа ориз со мевце,грашок со мевце,зелка манџа и тестенини со сос и ќофте со пире.Обавезно придружувано со сезонска салата(колку и што јадат децата е друга тема).Првата ужинка е или сезонско овошје или сок,доручекот е ок,но втората ужинка е катастрофа(солени стапчиња,переци и сл.)
Пред некој ден имав прилика да видам бебешко мени во градинката позади универзална и морам да кажам дека сум разочарана, останав без зборови. Доручекот е катастрофа мелен ориз со млеко, пудинг со млеко варен морков со риба и лимон , сутлијаш, оризови снегулки со млеко ???? епа тоа ли е соодветен доручек за дете до 2 години. Ужинка овочен сок, чај со лимон, или некој ден овошна каша. За ручек ок, само миксот на намирници им е полн погодек за гасови и болки во меше кај деца, пример грав со јогурт, месо со скробови, месо со јогурт. Даваат и пилешко кое сигурно не е домашно. За втората ужинка не коментирам, пиа горе мами енгелс. Коментарот на мајка ми која работи во градинка, беше, за 1500 ден што сакаш
Во градинка храна од дома не смее да се носи. Замислете што ќе се случи ако сите 20 и кусур деца носат јадење од дома. Кој ќе се грижи истото соодветно да се чува и да внимава кое јадење чиво е. Градинка е колектив, како за сите така и за твоето. Ако е алергично на нешто треба да пријавиш и тоа нема да му го даваат а нема да има ни некоја соодветна замена. Нејќу повеќе да коментирам за храната оти кога ќе ви тргнат децата во градинка ќе сфатите дека таа е најмал прпблем таму. Што и да направите со киноа, амарант, цејлонски цимет, кокосово масло и авокадо нема да ги ранат. Целиот систем е дебело трул и верувајте нема шанса да измените ама баш ништо...едино решение ако толкуве грижи храната ви е да не идат во грдинка. Но, верувајте дека таму храната е најмал проблем...нек ви тргнат во градонка па ќе ме разберете што зборам
Сериозно, а што очекувате? Дома ќе си ги храниме како што сакаме, реално не може во градинка да очекуваме дека ќе ги хранат со нешто што бара повеќе време за подготовка. Они гледаат да е брзо и едноставно а некогаш и доста чудно. Како шпагети и супа за ручек, или леќа во комбинација со варено јајце Бидете среќни кога барем имаат овошна ужинка, кај нас нема тоа, т.е се случува еднаш во месец да донесе некое јаболко цело. А од зденка со леб мене ми е смачено веќе, мислам дека најредовни се со тоа за доручек. За кисело млеко и јогурт не сум слушнала дека даваат, палента имале ама не правеле дека децата не јаделе тоа. Ама ок, ние барем цело време ја зимаме во 12 пред спиење па одма јаде дома кога ќе дојде, таму каснува колку да не и е празно мешето па тераме некако. Само приметувам огромна разлика,кога оди во градинка почнува да ги јаде и дома манџите што не ги јадела претходно. Сигурно толку и се невкусни таму што дома после се и превкусно. И добро е!
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
кога оди во градинка почнува да ги јаде и дома манџите што не ги јадела претходно. Сигурно толку и се невкусни таму што дома после се и превкусно. И добро е!
e moeto mandza ne saka da vidi,od godinka ipol navamu ne jade. ocekuvam tamu pokraj decata da "nauci" da jade poraznovidna ishrana.doma prebira.