Мени во детските градинки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Snowhite RR -> Мени во детските градинки (15.5.2012 21:04:48)

Дали сте запознаени со менито во градинките? Дали знаете точно или од прилика што им даваат?
Мене чудно ми падна кога свекрва ми (нели работи во градинка) ми спомна дека му давале мајонез. Јас мајноез избегавам да давам дома, а ако таму даваат, не знам некако чудно ми е, на толку мали, мајонез[sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Мени во детските градинки (15.5.2012 22:47:45)

Па М прв пат во градинка проба мајонез. И тоа првиот ден, кога ја земавме, и воспитачката ја пофали што убаво си се најадила лепче и мајонез, а ние со мм само се погледнавме - дома и немавме дадено да проба.
Кај нас појадокот и ручекот се во ред мислам колку толку, ама ужинка мислам почесто треба да им биде овошје, отколку винчини, цица маца, белисимо и такви слични чоколатки.




Џесика -> RE: Мени во детските градинки (15.5.2012 23:14:05)

jas sum zadovolna od ishranata kaj sin mi vo gradinka, I nekako vo navika mi prejde sekoj den gledam sto ke ima toj den I da znam kolku ke e jaden. majonez, bog da cuva ne bi smeelo da davaat. najcesto imaat przeno lepce, kifla, leb so krem, namaz so jajce, sirenje za pojadok, za rucek sekogas mandza, zelka, oriz, lekja, grasok, jufki sekogas so junesko meleno meso, a za uzina, banana, kroasan, lenja pita, pizza kifla I sl. menito e objaveno na oglasna tabla, I mislam deka hranata e vkusna za decata, a pasteta, majonez, virsli do sega ne sum mu ni ponudila I ne bi sakala da jade vo gradinka.




Felly RR -> RE: Мени во детските градинки (15.5.2012 23:19:16)

Мене најмногу ми смета ужинката што не е усогласена. Некогаш им даваат макарони, кроасан... некогаш портокал, а некогаш тортица/чоколатце. И некогаш М си иди од градинка гладна, а некогаш па не сака да јаде, зошто убаво се најадила во градинка. На почетокот кога тргна, гледав дека и за ужинка им даваа млеко, ама сега одамна немам видено млеко да им дадат. Само со појадокот им даваат.




Maca25 -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 0:29:32)

Јас сум задоволна од менито во градинка. ДО сега немам слушнато, ни видено дека им даваат мајонез, а и Н. ќе си кажеше дома дека јадела нешто ново. За појадок имаат најчесто лепче со намаз (а не знам каков), јуфки, палента со сиренце, пржено лепче, ова со млеко или чај. За ужина во последно време јаболко или сок, ручекот им е супер, а ужина после спиење имаат секој ден различна и ќерка ми секогаш ја јаде. Неколку дена имаат некоја кифличка, 2 дена овошје.
А за тоа млеко што не им даваат Фели, млеко за ужина има само во јасли, во другите групи не. Ако им даваат млеко за ужина нема децата да јадат. А и мислам дека е доволно наутро и навечер да пијат.




Felly RR -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 8:29:06)

На почетокот знам дека им даваа, и затоа и мене ми беше чудно што одамна не сум видела да пијат млеко. Ама може им даваа на почетокот, додека уште не беа навикнати на храната таму. Ако не го изедат јадењето, па ќе им турат млеко. Знам дека и со ручекот дури им даваа. Воспитачката ми кажуваше дека ручекот го јадела цел, и после кога легнувале да спијат и давала млеко.
Е друго вчера што заборавив - за ужинка има и смоки. Значи стварно ужинката треба малку да ја сменат.




kopriva -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 8:50:59)

Менито во нашата градинка е секогаш достапно и видливо за нас родителите , стои на огасната табла и направено е по недели , така да секој ден и секоја недела во месецот знаеме што појадувале или ручале, ужинките им се различни некој ден овошје, кифли, сутлијаш, пудинг ,чоколатце и сл. но сепакк знаеме кој ден е што. Така да јас лично гледам да не се поклопувам со јадењето кои тие го имале тој ден и сум многу задоволна од исхраната. Менито го прави лекар и мед. сестра кои се одговорни за градинката и кои доагаат скоро секој петок. Се врши мини систематски :) . за млеко знам дека се дава на појадок со нутела или кога има или нешто сл. Мислам дека во секоја градинка треба да се знае менито и да е истакнато. На почеток на годината потполнуваме формулари дали некое дете има алергија од некоја храна , па за тие дечиња има и исклучоци во врска со менито. Можебви треба да и другите градинки да го истакнат менито , незнам како е, на нашата огласна табла има и многу поучни работи истакнато во врска со развојот на детето. Можам да кажам со еден збор браво за нашата градинка.




Lokica1 -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 12:45:21)

Da i kaj nas vo gradinka go ima menito, generalno e ok no mora da kazam deka im davaat i majonez i pasteta na decata, sto ne e bas za odobruvanje. Za pogolemkite e mozebi i ok, no kerkami lani bese vo jasli i se zacudiv koga mi kazaa deka za dorucek imale lebce so majonez i kaskaval [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image].
Sega sme vo I-va mala grupai dobiva mleko samo za spienje i toa samo na tie decinja koi zaspivaat so melko za drugite ne. Pogolemite grupi ne gi sleduva mleko, osven ako im e na menito toj den za dorucek.





JovanaJ -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 13:08:41)

I kaj sin mi vo gradinka ima meni istaknato, i gore-dole ok e.
Inaku znam so sigurnost deka im davaat majonez, tuna konzerva, prseni stapcinja od riba i sl..za pasteta ne mi spomnal...
Imaat duri nekoj kako namaz od majonez so tuna...nemam pojma sto e toa...




Maca25 -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 20:50:24)

Денес баш го гледав менито кај Н. во градинка и убаво си пишуваше се што им даваат, ама мајонез никаде не видов. Имаше некои намази млечни, еден ден паштета од туна, друг ден млечна паштета (не знам каква е оваа) и тоа.
Јас си го сликнувам менито за цел месец и гледам да не се поклопувам секој ден со јадењата.
Имам пријателка која работи како набавувач на храна во една скопска градинка и ми има кажано дека се купува квалитетна храна и се подготвува убаво и свежо секој ден. Дури рече дека они дома не се хранеле така, како што се хранат децата во градинка. Ај баш ќе ја прашам за мајонезов..да видам дали некој од овие намазиве е мајонез.




Natuska85 -> RE: Мени во детските градинки (16.5.2012 23:10:18)

И јас си правам таа паметна работа[sm=smiley36.gif],си сликам со моб. и си знам цела недела како им е менито, еве ќе ви го ставам и тука,ова правото е за децата од јасли,а ќе ви ставам и за поголемите деца од прошлата недела погрешка сум го сликнала и тоа да видите како отприлика е во нашата градинка.Јас сум задоволна од исхраната,со мали исклучоци[sm=smiley13.gif]

[img]http://www4.slikomat.com/11/0516/s77-DSCN03.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/11/0516/ud4-DSCN03.jpg[/img]




Snowhite RR -> RE: Мени во детските градинки (17.5.2012 8:32:26)

Е кај нас го нема менито на огласна и тоа е голем пропуст според мене, и затоа не знам што јадел таму дента и затоа често не знам дома што да му понудам. Знам од прилика од свекрва ми што ми кажува. Инаку за млекото, во јасли додека беше Михаил му даваа за појадок млеко или чоколино и за ужина чоколино ако немаше пудинг тој ден. Потоа кога го преместија во поголемата група млеко пред спиење му даваат, а јас еднаш ја прашав за чоколино и таа ми рече дека чоколино само во јасли даваат, ама ако јади ќе му даваат за ужина и така почнаа откако ќе стани да му даваат чоколино, макар што јас и реков дека ако пија млеко нема потреба да му дава чоколино, дека јас дома му давам зашто не ми пија млеко. Е сега понекогаш му дава, а понекогаш ми вели дека не му дала за да ја изеде ужината. Ова со млеково мене ми е најголем проблем, зашто дома тој не пија воопшто млеко, а таму еве се почнал да пија и сега јас сакам да знам колку внесува таму, за да знам дали дома да го нудам или е доволно




AnnaMolly RR -> RE: Мени во детските градинки (17.5.2012 8:35:36)

И кај Филип во градинка имаат супер мени. Истакнато е две недели унапред на огласната табла. Секој ден е разновидно. За појадок најчесто тарана, палента, некаков млечен крем... За првата ужина нешто овошно или сок. За ручек секој ден месо, зеленчук, најнормални манџички. За втората ужина кроасан, парче пица, овесни снегулки со кисело млеко, некогаш и овошје...

А една моја комшика работеше порано како воспитувачка во градинка и ми рече дека храната (барем во нејзината градинка) била одлична и дека сите восипитувачки јаделе од таа храна. До сега не сум видела мајонез или паштета на менито, барем не во јасли. Од септември во малата група ќе го префрлат, па може тогаш дури ќе им даваат. До сега мајонез не сум му дала, не ни планирам. А исто така и паштета до сега само еден единствен пат има пробано Аргета јуниор.




JovanaJ -> RE: Мени во детските градинки (17.5.2012 9:14:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR


Имам пријателка која работи како набавувач на храна во една скопска градинка и ми има кажано дека се купува квалитетна храна и се подготвува убаво и свежо секој ден. Дури рече дека они дома не се хранеле така, како што се хранат децата во градинка. Ај баш ќе ја прашам за мајонезов..да видам дали некој од овие намазиве е мајонез.

Cudno e toa sto ovie raboti gi nema vo menito , ama sin mi (a i drugi decinja) kazuvaat deka gi jadat. Golemi se i znaat da kazat sto jadat...mozebi se nekoi kombinacii...
Ama jas ne go kazav ova kako zamerka. Mene voopsto ne mi smeta toa sto nekogas ke im dadat majonez, pasteta ili nesto przeno...Nie toa doma mnogu retko go jademe pa ako jade malku vo gradinka ne e voopsto problem. Pa ne se otrovni tie [sm=jezicek.gif].
I doma ponekogas mu davam pasteta , retko ako nekogas ete jade, nisto strasno. Majonez ne jade bidejki ne mu se dopagal a nie go imame doma vo frizider sekogas, jas i mm sme ljubiteli na majonez....
Generalno ona sto go gledam na menito mi se dopaga i smetam deka e vo red. Nemam zamerki vo odnos na hranata...mene mi brckaat vo oci drugi raboti ...[sm=jezicek.gif]...ama za toa vo druga tema




Pregnant -> RE: Мени во детските градинки (17.5.2012 14:11:59)

И јас така за првата ќерка кога ја пуштив во градинка (имаше 1 година и 1 месец) и после некој ден ми викаат многу убаво си се најаде леќа и виршла, и јас исто така се запрепастив, инаку имав во план да не и давам такви работи барем до 2 години, ама со кој ќе се расправаш. Инаку и паштети им даваат, а од другото сум воглавно задоволна, е сега што поголемата ќерка не јаде и онака, не се тие криви.




Luci -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 8:26:10)

Еве го и нашето мени од градинка [img]http://www4.slikomat.com/11/0523/agi-DSC-01.jpg[/img] Го истакнуваат на почеток на месецот и јас сум задоволна. Негде погоре прочитав дека смоки им даваат за ужинка[sm=zmeden.gif]Кај нас такви работи нема и супер што нема бидејќи М. е алергичен на кикирики




Maca25 -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 8:59:43)

Кај Н. во градинка гледам дека почнале иста храна да им даваат I и II недела, а не како порано I и III, па друго II и IV недела. Значи, децава 2 недели по ред јадат исто, па после пак 2 недели нешто малце изменето. До сега не било вака. А и плус денес ми кажаа дека Н. ништо не јадела, да сме и давале дома да јаде повеќе, слаба била [sm=smiley13.gif]




Џесика -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 9:13:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Кај Н. во градинка гледам дека почнале иста храна да им даваат I и II недела, а не како порано I и III, па друго II и IV недела. Значи, децава 2 недели по ред јадат исто, па после пак 2 недели нешто малце изменето. До сега не било вака. А и плус денес ми кажаа дека Н. ништо не јадела, да сме и давале дома да јаде повеќе, слаба била [sm=smiley13.gif]

И кај нас има во менито 1 и 2 недела, ама Мацо, неделите им се 1-2-1-2 не им даваат 2 недели од првото мени, па 2 недели од второто, неко цик-цак ги мењаат, јас бар така сфатив...




Maca25 -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 9:20:06)

Не, порано стоеше: прва и трета недела од месецот, а на друго ливче втора и четврта. Ова сега е ново, или старо а јас да не сум го приметила.




sandriana RR -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 9:24:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

И јас си правам таа паметна работа[sm=smiley36.gif],си сликам со моб. и си знам цела недела како им е менито, еве ќе ви го ставам и тука,ова правото е за децата од јасли,а ќе ви ставам и за поголемите деца од прошлата недела погрешка сум го сликнала и тоа да видите како отприлика е во нашата градинка.Јас сум задоволна од исхраната,со мали исклучоци[sm=smiley13.gif]

[img]http://www4.slikomat.com/11/0516/s77-DSCN03.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/11/0516/ud4-DSCN03.jpg[/img]

Го читам мениво за јасли....од следната недела и Т ќе ја пуштам да оди, со 9 полни месеци..
Мене нешто не ми е јасно- ЈАЈЦА во јасли? Со се белка комплет? Нели до 1 година не се дава белка? И грав и леќа-нели се воведуваат покасно во исхрана?[sm=zmeden.gif]




Luci -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 10:12:43)

sandriana кај нас жолчка даваат само, белка во јасли сеуште немаат дадено и знам дека не даваат




sandriana RR -> RE: Мени во детските градинки (23.5.2012 13:34:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

sandriana кај нас жолчка даваат само, белка во јасли сеуште немаат дадено и знам дека не даваат


Of, aj ke odam vo petok da nosam dokumenti, pa ke proveram za nasata gradika shto spisok ima. Ovoj na web shto im e staven e od 2009 :)),moze smenile sea neshto [sm=smiley36.gif]. Sekako ke preprasham kaj upravitelkata.
Fala Luci na info[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Мени во детските градинки (24.5.2012 8:48:18)

Sandrina во градинка се на општа исхрана, немој да мислиш дека за јаслите готват посебно. И зачини викаат до година дека не се ставаат, а таму сигурно ставаат кај сите. Плус како што гледам во ова мени, му даваат и мед и лимон, а и смоки. А сето тоа јас на пример го давав после година. Јас затоа не сакав да го пуштам во градинка пред да направи година, ама ако немаш друго чаре, ќе мораш.




Yummy Mammy -> RE: Мени во детските градинки (6.6.2012 9:19:34)

Sabajlevo bas se zacudiv koga ja prasav S. sto imale vcera za dorucek mi rece:
- pa imase leb, margarin i jajce, ama jas im kazav deka ne sakam jajce i mi dadoa marmalad.
I vikam:
- kako taka? pa treba se da jadete sto ke vi dadat vo gradinka, a ne da birate.
- e pa taka, ako na nekoj ne mu se jade nesto, ke mu dadat drugo.

?! Bas me zacudi. Inace si odi vo drzavna gradinka, nemame ni prijateli, ni vrski, samo imavme sreka da se pogodime kaj super ucitelki. Sepak, ova so hranava me zacudi, do tolku da se popustlivi. Pa jas ja prakam vo gradinka za da se uci da jade raznovrsno, ne da izvoljeva ko po doma.




*Elena* -> RE: Мени во детските градинки (8.8.2012 13:19:02)

Aj i tuka da si prasam [sm=smiley36.gif]

Go gledav menito za jadenje za jasli vo gradinkata kaj sto treba da pocne od septemvri (Buba Mara) i mnogu od rabotite toj uste gi nema ni probano...a voedno ne mi e jasno kakvo e toa sirenje sto im go davaat so pasirani spageti, tarana i palenta, i od koga moze da se dava riba i kakva, bidejki za rucek im davaat i riba Aj ako znae nekoj ne pise pls...

ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Еве го и нашето мени од градинка [img]http://www4.slikomat.com/11/0523/agi-DSC-01.jpg[/img] Го истакнуваат на почеток на месецот и јас сум задоволна. Негде погоре прочитав дека смоки им даваат за ужинка[sm=zmeden.gif]Кај нас такви работи нема и супер што нема бидејќи М. е алергичен на кикирики





Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>