RE: Топлинки (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


lukajana RR -> RE: Топлинки (12.10.2015 19:04:53)

Веќе некое време сум во потрага по топлинки за децата ,барав во Мат стар ама немаат ништо посебно ,или јас многу барам [sm=smiley36.gif].
Некако класичните топлинки ми имаат многу тврд ѓон па се мислам за оние како чорапчиња со кожна подлога ,тие плетените ги имам многу ама дома ми е паркет и се лизгаат така да тие отпаѓаат.
Вие какви топлинки купувате и сакаат ли дечињата да ги носат ?




TeaM -> RE: Топлинки (12.10.2015 22:53:49)

Мојата има едни од Ciciban и едни од Jumbo, и тие и тие си ги сака и носи.
Jas povekje gi sakam od Ciciban :)




Snowhite RR -> RE: Топлинки (13.10.2015 8:20:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Веќе некое време сум во потрага по топлинки за децата ,барав во Мат стар ама немаат ништо посебно ,или јас многу барам [sm=smiley36.gif].
Некако класичните топлинки ми имаат многу тврд ѓон па се мислам за оние како чорапчиња со кожна подлога ,тие плетените ги имам многу ама дома ми е паркет и се лизгаат така да тие отпаѓаат.
Вие какви топлинки купувате и сакаат ли дечињата да ги носат ?

Тие со кожна подлога (кожинчина, јас ги викам) за мене беа најпрактични додека беа помали, сега за М имам влечки купено, а за Јана и купив едни со лепенки, ништо посебно ни марка ништо, т.е. мислам дека беа Гезер, за Михаил сум купувала и од цицибан и од Дос и мислам дека сите беа исти, ниту едни не издржаа цела зима, така да некако џабе фрлање пари за поскапи




sandriana RR -> RE: Топлинки (13.10.2015 11:19:44)

lukajana, не ти се допаѓаат топликите на doss? Тина со такви топлинки протера 3 зими во градинка и дома. Баш немам забелешка дека ѓонот е тврд - напротив, свитлива беше гумата.
Оваа година се уште не сме купиле класични топлинки, има неколку пара платнети еспадрилчиња со мек ѓон, па едни се во градинка, други дома,а дома носи и класични папучки.
За бебето, бидејки е во фаза на проодување, користам баш од тие чорапчиња со кожичка од долу.




lukajana RR -> RE: Топлинки (13.10.2015 13:57:45)

Sandriana rr не сум сретнала на doss во Мат стар немаше рекоа чекаат нови модели овие што ми ги покажаа беа како тврди патики.
Ке побарам деновиве пак може ке добијат ако не ке бараме во друга продавница [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Топлинки (13.10.2015 15:15:15)

Во петокот му купив на Досс, првпат ги купувам. Многу добро ми изгледаа, меки, еластични, со анатомска кожна влошка. Цената пристапна, 600 денари. Денес првпат е со нив во градинка, се надевам ќе му се погодат.




Gardenia -> RE: Топлинки (13.10.2015 15:33:49)

И јас за Б користам такви чорапи со кожичка,со оглед на тоа дека се што видов ми се виде потврдо доле,а и уште не е проодена ,понатаму ќе и купам такви.А каде ги има тие на дос?




Melanija RR -> RE: Топлинки (14.10.2015 0:18:38)

Да во Матстар на градска лани земавме на Дос,а деновиве ќе одиме по нови се надевам има.Инаку имаше и во продавничка на влез на зелен пазар од кај оптика Ицо,и мислам спроти пазарот во Аеродром под скалите до влезот на зградата во едно мало продавниче




sandriana RR -> RE: Топлинки (14.10.2015 10:21:10)

Топлинките на doss ги има речеси во сите поснабдени продавници за чевли.
Како што рече Меланија, во Аеродром ги има до млечниот ресторан Мето, карши Тинексот позади Бисер.
Ги има и во трговскиот во нас. Лисиче, а истата продавница ја има и во Ново Лисиче, карши поштата.




lukajana RR -> RE: Топлинки (14.10.2015 23:15:43)

Денес купивме досс топлинки во Мат стар во Ченто .
Многу се убави Ј не ги соблече а баткото ги носеше 15 минути како што и очекував [sm=smiley1.gif] .
Удобни се и мекички и нема да згрешите ако ги купите ( звучи како реклама [sm=smiley1.gif])




marchi -> RE: Топлинки (23.10.2015 10:58:53)

Nie imame ama sme golemi i ne nosime, kako pomal nosese od jumbo preubavi, normalno mal e sto ke mu obleces ke nosi sega pokazuva "rogovi" a znam ke zanosi koga ke zavrsi sezonata za toplinki, kako sto pocna da nosi vlecki ko pomina letoto




MamaKiki -> RE: Топлинки (30.10.2015 21:22:14)

и јас пред некој ден зедов топлинки од мат стар читајки дека сте задоволни со лепенче ама не ми текнуваше таму да речам досс па зедов и на нив никаде сега не можам да најадам која фирма се ама се тврди девојки [sm=zmeden.gif]ај некако се превиткуваат не е проблем ама кај што гази детето мн е тврдо како на камен да гази... околу 500 денари беа...
јас искрено од кога ги зедовме не баш најзадоволна... и малово некако ги одбегнува па мислам дека му е тврдо ги нејки [sm=zmeden.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]