|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Бебиситерка
30.9.2009 17:11:02   
mis.
Има ли некој кој ангажирал жена-бебиситерка да им го чува детето?Како ја нашле?Колку пари ја плаќаат и за колку време дневно,неделно,месечно се тие пари?Дали освен чување дете прави и други работи по дома ручек,миење садови,одржавање на хигена во домот?Дали ги чува кај неа дома или кај вас?Колку сте задоволни?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Бебиситерка
30.9.2009 17:21:46   
ostoun
Јас имам работено пред 5 години платата беше 10 000 и ништо друго не работев освен што се грижев за детето. Евентуално ако треба несто за доручек за него да направам ама и тоа многу ретко. Платата беше месечно од помеделник до петок од 7-15 без празници. Сега како се движат цените не знам ама мислам дека многу е тешко да ти се погоди user posted image човекот 

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Бебиситерка
30.9.2009 23:50:38   
daniel
pa mislam deka treba deteto sami da si go vospituvame

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Бебиситерка
1.10.2009 0:03:08   
Еца
Значи јас баш се распрашував за бебиситерка и од она што го дознав е 6000 ден. ако го чуваат детето 6 часа дневно, 7000 за 7 часа дневно итн. Доколку има плус обврски низ дома, тоа се дополнителни пари, еве една жена знам што чува дете 8 часа, плус им готви, понекогаш и чисти, пере пегла ја плаќаат 12 000 што кај нас ретко кој може да си го дозволи, но ете постојат и луѓе кои имаат можности.

Инаку многу внимателно со бебиситерките и изборот на кого ке му го дадете своеот дете да го чува некој, бидејќи пред некое време слушнав за некоја жена која чувала детенце од 2 год, кое било пшрилично плачливо. Родителите еднаш и се јавиле да и кажат дека ќе одат да испазарат и ќе задоцнат. Но сплет околности се вратиле дури и порано. Кога мајката отишла во собата на детето мирисало ужасно на ракија. Дотичната што го чувала му ставала памук со ракија за да спие дететоuser posted image user posted image user posted image Нормално ја пријавиле во полиција, признала дека неколку пати така го заспивала.user posted image Искрено баш со мм за ова зборевме, јас би ја фрлила од деветти, мјислам, страшно...user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Бебиситерка
1.10.2009 7:32:53   
profesorica
Леле елена читам и се чудам, како на филмовине....леле ужас...па и јас би ја фрлила од 9ти надоле, дали е таа нормална????леле не ми се верува...user posted image user posted image user posted image сешто ќе чуеш.

Инаку Дамјан го чува комшивка на свекрва ми ама кај свекор ми дома и заедно со него, бидејќи е пензионер, тој готви и заедно го чуваат.и плаќаме 6000 месечно, и тоа свекрва ми ја одреди цената а женава и било незгодно одвај прифатила, ептен добро стојат со свекрва ми, на кафе се една кај друга секој ден но ете сепак 8 часа да чуваш дете не се малку башка жената остана без работа.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Бебиситерка
1.10.2009 7:36:40   
Палешка РР
Јас имав бебиситерка кога Марио тргна на училиште. Ќерка на пријатели од моите родители. Марио толку многу ја засака...го чуваше до четврто одделение и јас бев презадоволна. Ништо не работеше дома, му беше посветена само него.
Сеуште зборува за Тања. Мислам дека е реткост и среќа да се најде бебиситерка која толку многу ќе му се посвети на вашето дете.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Бебиситерка
1.10.2009 9:37:05   
mis.
Леле Елена читајќи те се потресов што се има во овој наш свет.user posted image Не од 9 ти кат ма од 100 ти кат ќе ја фрлам.Една комшивка чува две девојчиња.Едното е 3 год а другото оди во целодневна за 10.000 ден и кај неа дома се.Не готви не чисти ништо.Значи има обврска само со помалата а големата да ја земе од школо и некое време додека да дојдат родителите.Ако ги чува повеќе од предвиденото време бидејќи знаат да одат на пат па многу често остануваат и за спиење жената плаќа плус.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Бебиситерка
1.10.2009 9:58:57   
niki
Секогаш постојат монструозни работи, насекаде, но тоа не значи дека нема добри бебиситерки.
Лани една бебиситерка едногодишно бебе го беше фрлила од 3 спрат и побегнала го беа нашле случајни минувачи и го однеле во болница, се бореше за живот кутрото и не се спаси неа ја затворија. Ноќна мора...
Но има многу жени кои навистина со љубов ги гледаат децата. Бебиситерката на керка ми, која баш поради тој однос ни стана и пријателка, керка ми ја обожава и само кај неа сака да оди без проблем ни плачење ни потресување.
Еве сега јас во недостаток на работа си чувам едно детенце, со мајката се познававме од претходно. Со керка ми се како сестрички, има моменти на несогласување, ама си се навикнаа заедно и сега многу си се сакаат. Си читаме заедно, си играме, се храниме заедно,  се пресоблекуваме заедно и се караме заедно, неможе секогаш се да е погодено. На почеток беше потешко, додека се навикнеме, но сега ни е супер.
Кој има пари да си дозволи, топло препорачувам, бидејки многу повеке време и внимание може да посвети бебиситерката на детето, отколку во градинка, но и едното и другото имаат предности и мани, впрочем како и се во животот.
Единствено треба да се внимава на препораки и на карактерот на личноста која ке ја најмите, со тотален странец дете не се остава.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Бебиситерка
1.10.2009 10:07:01   
big_mama817
јас познавам многу луѓе чии деца ги чуват бебиситерки и навистина се задоволни но, човек секогаш треба да биде претпазлив user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Бебиситерка
17.10.2009 14:16:47   
Mila na mama
Имав неверојтна среќа што ја најдов жената што ми ја чува МИла. Многу сум задоволна. Плаќам 5000 6 часа дневно од понеделник до петок и една сабота во месецот. Дополнителен ангажман( попладне, навечер, во недела) и го плаќам плус. Ја чува како да и е родена баба. Мила многу а сака и ја вика бабо. Не и давам никакви обврски по дома тоа за мене е безвезе. Да чуваш дете е огромна одговорност и сакам очите да и бидат цело време во Мила не сакам ништо друго да прави јас и маж ми си ги завршуваме работите по дома. Додуша она самоиницијативно ми собира суви алишта средува постелнина кога не сум стигнала наутро. Вели и било здодевно да седи додека Мила спие. Мислам дека кога ангажирате дадилка најбитно е да најдете чесна жена и отворено да и кажувате се што очекувате од неа и што не ви се допаѓа како прави.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Бебиситерка
17.10.2009 14:58:43   
mis.
Се радувам на сите ваши добри искуства со бебиситерки но како успеавте да најдете таква личност на која ќе го доверите вашето дете.Преку пријатели,комшивка,преку оглас или.....

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Бебиситерка
17.10.2009 15:08:36   
Mila na mama
Јас ја најдов на оглас. Да не ви раскажувам какви се пациенти ми се јавувааuser posted image  ама можам да се пофалам со добра проценка на луѓето (така го одбрав мм user posted image ) Се распрашав кај што работела претходно и беа задоволни. Ама на прв поглед ми се допадна жената, а Мила веднаш отиде кај неа.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Бебиситерка
30.12.2009 21:47:25   
mis.
Еца бидејќи ќе почнеш со работа а мила ќе ти ја чува жена ме интересира како ја најде и како се договори со неа?Ме интересира дека и јас ќе треба да барам чаре ако планирам да почнам со работа.user posted image

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Бебиситерка
30.12.2009 21:50:40   
Еца
жената е мајата на нашиот старосват, ја знам многу добро и затоа се решив за неа, ќе ја чува 4 часа, 4 дена и ќе ја плаќам 4000 ден.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Бебиситерка
30.12.2009 21:56:53   
pacuvce
Super cena,iskreno kazano...I mislam deka e najdobro koga ke najdes nekoj covek koj ti e relativno blizok...A mnogu e bitno i da ja biva so deca...Ne vo smisla sega nesto da baras od nea da ja uci uste na dve godini da cita,ami da znae da go prifati deteto na vistinski nacin...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Бебиситерка
30.12.2009 22:00:54   
Еца
па да, кај нас тука во маало зборев со една жена која многу години наназад чува деца и сега во моментот жените кои чуваат деца имаат цена според часовите, значи ако го чува детето 8 часа, 6 дена во неделата (слободен ден само недела) ги плаќаат 8000 денари, за 6 часа неделно- 6000 денари, но јас сум среќна што мојата тетка Вики се нафати да ја чува Мила и знам дека ми е во сигурни раце.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Бебиситерка
31.12.2009 8:37:55   
profesorica
ние ја плаќаме нашата 6000 денари за 8 часа.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Бебиситерка
31.12.2009 8:41:47   
caci20
Ептен ефтино плакате, јас кога се распрашував не можев да најдам под 9000-10000

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Бебиситерка
31.12.2009 8:50:44   
profesorica
некои па ми викаат скапо е user posted image user posted image user posted image   а и јас сум слушала муабети дека е околу 9000 меѓутоа оваа е комшивка и другарка на свекрва ми.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот caci20)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Бебиситерка
20.7.2010 14:11:23   
vesna1
E luge, jas so mojata bebisiterka si imam problemi. Marta ja saka no taa mi tera inat. I vikam bebeto ke se seta sabajle od 8-10 visok e UV indeksot a taa pak po staro izlaga okolu 11 casot i do 14 casot si pie so prijatelkite kafe i se seta vo Biser. Vcera edna koleska mi rece ja vidov pred Tediko vo 13 casot bebeto bez kapce, bez cadorce na toa sonce, izmrcvareno a taa i rekla da trknam do doma da sprzam nesto nabrzina za rucek i da ja nosam Marta doma pred da dojde majka i. Mi se krena kosa na glava.
Deneska sabajle i vikam izleguvanje samo od 8-10 i taa pak mi se javuva vo 11 morav da idam na notar nesto da svrsam i ja setala Marta do Biser na sonceto.
Resiv deka definitivno e kraj, ja zapisav Marta vo gradinka od septemvri pa ke vidime. Jas ke se maltretiram poveke ama znam deteto mi e zgrizeno. Ako se razboluva mnogu togas ke baram druga zena.user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Бебиситерка
20.7.2010 15:36:09   
Тања РР
Паметна ти е одлуката Весна1. Не разбирам зошто женава не сакала да те послуша кога си побарала од неа нешто толку разумно. Па и возрасен не треба да излегува на сонцево после 11 а не пак мало дете.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Бебиситерка
23.7.2010 15:01:53   
vesna1
Mamicki, ima li nekoj da mi preporaca zena za cuvanje bebe. Obavezno mora da e od Novo Lisice ili Aerodrom i da ima iskustvo vo cuvanje deca. Predhodno procitavte sto mi pravi segasnata bebisiterka i stvarno mi treba nekoja koja ima ljubov sprema deca i gi gleda kako luge a ne izvor na pari.
Do sega preturav po oglasite i mi se javuvaat zeni koj mi vikaat jas cuvav moi vnuci pred 5-10 godini, mene mi treba nekoj so iskustvo.
Cesto pati koga ke prasam nekoj dali znae da mi preporaca  zena mi vikaat pa imam jas tetka ili  strina koja ne raboti i trebaat pari i moze da ti cuva. Normalno sekoj raboti za pari no baraat po 12000 samo za cuvanje dete i nisto drugo duri ni cinija da ne zamijat. Pa jas rabotam kako inzinjer i zemam 18000 den plata.
Znaci baram nekoj koj bi prifatil da raboti za 9000 den. i da go cuva deteto spored moi pravila.
Najubavo bi bilo ako nekoja od vas planira da otkaze i e zadovolna od nekoja zena pa da mi ja preporaca.
Fala vi mnogu.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Бебиситерка
13.1.2012 16:24:12   
kikicka
денес гледав вознемирувачко видео ,па даја видам вака даму прави абе ке ја отепам од ќотек па ке ја пријавам


клик

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Бебиситерка
31.1.2012 20:34:57   
Melanija RR
vesna1 прилично касно го читам твојот пост user posted image
Но како и да е здравје кога ќе имаме дете ,ако треба би си ја ангажирала свекрвами.Јас не дека ми е свекрва ама алал да и е како ги чува децата.Со играње грижа,гледање цртани,буквално игра на земја ,им прави на децата за јадење,шетање ...ама баш се.Последното што го чуваше го исчува 4 години од 6 месеци и сега е голем оди во градинка.Има и препораки во секое време.Живее во Аеродром па доколку некои има потреба нека ми пише пп.Јас гарантирам за свекрвами user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Бебиситерка
1.2.2012 13:36:38   
Andriance

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija

vesna1 прилично касно го читам твојот пост user posted image
Но како и да е здравје кога ќе имаме дете ,ако треба би си ја ангажирала свекрвами.Јас не дека ми е свекрва ама алал да и е како ги чува децата.Со играње грижа,гледање цртани,буквално игра на земја ,им прави на децата за јадење,шетање ...ама баш се.Последното што го чуваше го исчува 4 години од 6 месеци и сега е голем оди во градинка.Има и препораки во секое време.Живее во Аеродром па доколку некои има потреба нека ми пише пп.Јас гарантирам за свекрвами user posted image



Llelelellele mene kje mi treba ama ne sega....duri na leto...a da ja kaparisam??? user posted image user posted image



_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?