niki -> RE: Бебиситерка (1.10.2009 9:58:57)
|
Секогаш постојат монструозни работи, насекаде, но тоа не значи дека нема добри бебиситерки. Лани една бебиситерка едногодишно бебе го беше фрлила од 3 спрат и побегнала го беа нашле случајни минувачи и го однеле во болница, се бореше за живот кутрото и не се спаси неа ја затворија. Ноќна мора... Но има многу жени кои навистина со љубов ги гледаат децата. Бебиситерката на керка ми, која баш поради тој однос ни стана и пријателка, керка ми ја обожава и само кај неа сака да оди без проблем ни плачење ни потресување. Еве сега јас во недостаток на работа си чувам едно детенце, со мајката се познававме од претходно. Со керка ми се како сестрички, има моменти на несогласување, ама си се навикнаа заедно и сега многу си се сакаат. Си читаме заедно, си играме, се храниме заедно, се пресоблекуваме заедно и се караме заедно, неможе секогаш се да е погодено. На почеток беше потешко, додека се навикнеме, но сега ни е супер. Кој има пари да си дозволи, топло препорачувам, бидејки многу повеке време и внимание може да посвети бебиситерката на детето, отколку во градинка, но и едното и другото имаат предности и мани, впрочем како и се во животот. Единствено треба да се внимава на препораки и на карактерот на личноста која ке ја најмите, со тотален странец дете не се остава.
|
|
|
|