Одбивање од шишенце (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


mis. -> Одбивање од шишенце (1.10.2009 13:21:05)

Какво е вашето мислење во врска со одбовањето на детето од шишенце?Кога е вистинското време?На која возраст вие го тргнавте шишето и престанавте да го користите?




Iva -> RE: Одбивање од шишенце (1.10.2009 13:23:29)

Леле не знам ни јас во врска со ова прашање. Еве Михајло 3,5год и уште навечер пред спиење пие млеко од шише, си легнува и си ужива. Не знам како ќе го одвикнам. А друго се пие од чаша, уште од 1,5год.




kiki_riki -> RE: Одбивање од шишенце (1.10.2009 20:08:15)

aj kazete taktika kako da se odbie od cuclata moite deca se zavisni od nea i neznam sto da pravam???




mis. -> RE: Одбивање од шишенце (1.10.2009 21:05:50)

Кики рики има начин да го одвикнеш но ако тоа биде на сметка да не пие повеќе млеко не знам баш.Ако со шишето се одвикне и од млекото што тогаш?




mami -> RE: Одбивање од шишенце (2.10.2009 13:54:46)

ние само млеко пиеме од шише со цуцла, вода и сок пие од оние Исо стар, што се, како со цуцка горе што се подига кога сака да пие...

инаку и братучетками си имаше таков проблем со внукот (3г) се пие од чаша а млеко или сок од шише со цуцла и тоа цела нок да му е при рака, и многу немирно спиеше дека цело време се труди во сон да си го најде каде му е низ кревет шишето. Беа во македонија 2,5 месеци и дома кога дошле(во Швајцарија) малиов го побарал шишето и му рекла дека го заборавиле во Македонија кај Лука[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]два дена го барал шишето и цело време исто му викале и кога ке побарал да одат да купат го лажеле дека продавниците се затворени- еве го веке неколку месеци се дома, тој спие мирно, не бара шише, млеко пие пред спиење од чаша




big_mama817 -> RE: Одбивање од шишенце (2.10.2009 14:53:06)

и ние мака мачиме со цуцлата




big_mama817 -> RE: Одбивање од шишенце (2.10.2009 14:54:27)

а познавам деца кој имат наполнето и по 7  години кој не се одвикнуват од шише тешко на родителите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




niki -> RE: Одбивање од шишенце (10.10.2009 21:35:22)

Просто и се чудам на ќерка ми и многу сум горда на неа. Ние шишето со цуцла го користевме отприлика 2-3 месеци, преодот од него на чаша со клунче беше толку лесен, полесен здравје. Едноставно еден ден јас одлучив дека треба да пробаме со чаша со клунче и отидовме во продавница за да купиме, додека јас ги разгледував и се мислев која да ја земам, таа си одбра една и несакаше да се одвои од неа, па така таа ја купивме. Во кола накај дома се во раце си ја држеше и вечерта и ставив млекце си го испи и толку беше, тогаш имаше околу 13-14 месеци. Утредента сите цуцли ги фрлив да не се потсети и до вчера се дружевме со чашите со клунче.
Кога наполни 2 години почнавме со шоља да вежбаме, демек кога пие мама кафе и таа пие и за неколку дена го совладавме пиењето од чаша ама чашите со клун не и се напуштаа и така од нормална чаша пиеше сок и вода, а млеко од чаша со клунче.
Вчера и велам види колку се валкани капачињава на чашкиве, грозни, не се мијат  и и предложив да се напие млеко од обична чаша на која има сликички од Паја Патак, прифати иако малку се убедувавме. Утрово бевме во продавница и си одбра сама зелена шољичка и сега постојано пие млеко од неа. На чашките со клунче им рековме збогум, ги фрлив и многу сум си среќна што по ова прашање никогаш не сме имале проблем.
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за мојата мала принцеска.




mis. -> RE: Одбивање од шишенце (11.10.2009 15:42:39)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]ники па тоа е голем успех како мама на прво дете.А со што и даваше вода,сокче додека да почне да пие од клунче.Колку што разбрав на 13-14 месеци веќе почнала да пие од клунче а претходно само 2-3 месеци од шише а пред шишето кога имала 10 тинамесеци со што и даваше тогаш?Стефан има 11 месеци па сакам да пробам со клунче.




niki -> RE: Одбивање од шишенце (11.10.2009 15:55:13)

Епа кај нас отприлика работите одеа така што додека цицаше многу малку пиеше вода и сок, до 9-10 месеци скоро ич, посебно вода ич не сакаше да пие, а ако пивнеше малку  ги пиеше од цуцла.




niki -> RE: Одбивање од шишенце (11.10.2009 15:59:40)

Мис можеш веднаш да почнеш со чаша со клунче на 11 месеци без проблем, јас си се чудев самата на себе зошто воопшто и дадов цуцли кога многу ги мразам и ми се одбивни и веројатно затоа ни ќерка ми не се врза за нив.




barbi -> RE: Одбивање од шишенце (11.10.2009 17:47:47)

Ni nie so Angela nemavme probleb so lazovnata sama si ja frli na godinata i nie prosto se cudevme, kako ne placese po nea.A sise ne koristese nikogas slabo piese sokovi a mleko pak nikako, ja doev godina i pol. A sega e golema 4god i pie i od casa obicna i so klunce ama mleko slabo.




profesorica -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 9:50:21)

Дамјан пие од шише и млеко и чај и сок.

сок и чај пие и од чашка со клунче а вода и јогурт од обична чаша.

се прашувам кога треба да почнам да го одбивам од шише со цуцла[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image].3 недели пие млеко од шише и ми е страв да не му пореметам нешто ако пробам да му дадам со чашка со клунче. а за обична чаша е мал за да му дадам ноќе млеко.ќе направиме лом.тој спие и бара млеко.не можам да замислам како е кога нема повеќе да бара млеко навечер и ќе преспие цела ноќ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Mila na mama -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 9:56:23)

Професорица ноќе нее гладен пробај една две вечери да му даваш вода место млеко, па потоа ни вода само да го погалиш кога ќе се разбуди без  дигање без светло и мислам дека најмногу една недела ќе се помачите ама потоа нема да се буди.
Мила пие шише млеко пред спиење во 10 и потоа сабајле во 6-7 и продолжува да спие уште саат -два а првиот оброк и е околу 9:30. Сакам да ти кажам  не се гладни ноќе тоа е навика на будење а и не проверуваат дали сме тука.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 9:59:36)

Светло не палиме воопшто ноќе, јас сум навикната и без светло да му ставам ново млеко во шише, ама ако не го дигнеш се дере на цел глас, нема шанси да го смириш само со галење.

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

така ми викаа и кога го доев, демек не го држи мајчиното млеко а кравјото ќе го држи и ќе спие цела ноќ.ама не испадна така.пред спиење пие цело шише и пак се буди уште 2-3 пати до сабајле.со плачење [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




srekna mama -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 10:13:14)

ееее,и кај мене Илија се буди 2-3 пати и тоа секогаш точно како саат е,и на крај станува во 6.00.Сеуште само цица.леле ако биде и натаму така[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image],ама најтрагично што воопшто несака шише,сок пие со лажиче[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image].Професорица, мајка ми мене и на сестра ми кога сме биле мали ни ставала малку мелени бисквити во млекото ,нели сеппак да може да пие ,и така сме спиеле до сабајле,Пробај така...




profesorica -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 10:19:06)

Ќе пробам и со мелени бисквити а ќе пробам и вода да му нудам наместо млеко, чисто сумљам дека ќе прифати вода ама фала ви на советите.




jovanka -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 10:25:50)

Sekoe dete e individua za sebe.So prvoto ja doev 15 meseci i plus kravjo mleko so sise piese ama noke nemase budenje sega so vtoroto poinaku i pokraj toa sto si vecera noknoto cicanje mu ostana,ne pieme od sise se sto vnesuvame tecnost e preku lazicka i vo posledno vreme i od caska dve do tri goltki iako napravivme 12,5 meseci.Ne mislite deka e gladno noke samo si ja bara toplinata i dopirot od mama.




mother 29 -> RE: Одбивање од шишенце (24.11.2009 10:56:07)

Марко се буди еднаш-два пати,ама така само  ке викне мамо,јас ке му кажам тука сум маме ,спиј!и си продолжува!не пие ништо,во текот на нокта,ниту сака цуцла!




mis. -> RE: Одбивање од шишенце (3.12.2009 20:28:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ние му даваме фора уште зимово со шише, после сме на чашка, иако и сега јогурт и сок пие од чашка




bambi -> RE: Одбивање од шишенце (10.1.2010 21:44:11)

Eve vaka, nie imame 1,1 godina i dosega ne sme upotrebuvale sise so cucla, od casa pieme jogurt i voda i po malku sok, a caj ne pieme, e sega me interesira dali treba da probam da i dadam sise so cucla za da pie mleko, caj i dr. bidejki imame casa so silikonsko klunce i toa go dzvaka ama ispi malku sokce, sto obicno ne go pie, inaku casata ja imame od sedum meseci ama ne ja upotrebuvame bidejki ja dzvaka i dzabe e nepropustliva ako se zavrti koga od dzvakanje tece od stranite.
sto mislite? malku e glupavo bidejki obicno sega se zamenuva siseto so casa ama neznam ajde sovet.




Еца -> RE: Одбивање од шишенце (10.1.2010 21:48:32)

и Мартина ништо не пиеше од шише и докторката ми велеше дека треба да се радувам поради тоа. Мој совет: само од чашка.




BEBICA -> RE: Одбивање од шишенце (10.1.2010 21:59:31)

I mene Monika ne mi prifati sise, imame samo taa caskata so klunce ponekogas od nea pie voda no retko.Se pieme na casa.No imam drug problem, posto jas seuste ja dojam t.e. ja dojam samo navecer pred spienje, ne znam sto da pravam koga ke ja odbijam logicno ke bara cice za da se uspie, a namesto cice logicno e sisence da i dadam so mleko.
Inace i mene doktorkata mi rece deka treba da bidam srekna sto Monika ne saka sise.
Aj sega dajte mi sovet sto da pravam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Maria -> RE: Одбивање од шишенце (10.1.2010 22:13:28)

Ilija ima 2 godini i 8 meseci i pred spienje uste pie mleko vo sise.Go probav,vsusnost i samiot barase vo caska pred nekolku meseci,no ke se napie nekolku goltki i tolku.I zatoa pak pocnav vo sise,barem znam deka go dopiva do kraj.A do krajot na letoto se budese navecer i zamislete piese po 250-300 grama sok i toa stanuvase po tripati..Edvaj go odviknav.Zivi maki.Sega poveke ne se budi navecer,no za nekoe vreme ke pocneme pak odponovo so neprespienite, noki so novoto[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image].[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




BEBICA -> RE: Одбивање од шишенце (10.1.2010 22:18:56)

E maria taman ti zavrsilo dezurstvoto so prvovo a sega ke dezuras so novoto bebce.Toa ti e.mene Monika ne mi se budi naveser veke 3 meseci i mozam da kazam deka se naspav ovie tri meseci za celata prethodna godina, a sega inaku Monika ima 15 meseci.
jas stvarno ne znam dali da i dadam sisence so mleko ili taa caskata so klunce silikonsko, za da ja odbijam skroz?
Doktorkata mi rece kao ke se navikne i bez sise no ke bide problem edno nedela dena,a i moze da i go poremetam cel metabolizzam.
Ili da i dadam sisence pa postepeno posle nekolku mesecu i od nego da ja odbijam.Neznam sto da pravam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>