|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Стерилитет кај мажот?
21.9.2009 12:47:38   
Anonimen
user posted image kaj nas dijagnozata e teratozoospermia ima li nekoj so slicen problem koi opcii gi imama za dobivanje bebe kaj mene ima problemi so ovulacija

(Одговор на членот daniel)
  Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Стерилитет кај мажот?
21.9.2009 13:02:02   
Bogdancanka
zdr Anonimen jas sum 6 god vo brak i nie imame problem so namalen broj spermatozoidi mm piese sekakvi terapii od nesto ima rezultat ali ne dovolno ali najmnogu vlijae psihata kolku sto svativ ove godini sega cekam da mi stignat apcijnata Maca i tie se za podobruvanje na spermogramot.Sega zdravje sakam da se prijavime i za invitro i taka eve vo ovoj link pisuva nesto za tvojot problem http://www.drmalpani.com/teratozoospermia.htm

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Стерилитет кај мажот?
3.10.2009 15:54:36   
mother 29
user posted image
Според зборовите на еминентна хрватска докторка и нутриционист, киселата зелка е природна замена за вијаграта. Др. Лејла Казиниќ во својата книга „Нутриционизмот на 21-от век“ вели дека зеленчукот може да помогне во елиминирање на проблемите со ерекцијата.
Според неа, киселата зелка е еден од најмоќните природни афродизијаци. Доколку се консумира двапати на ден, ќе се забележи промена во потенцијата. Инаку, Казиниќ била студент на Лондонскиот кралски колеџ, на отсекот за биомедицина и нејзините истражувања започнале уште во тој временски период. ●

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Стерилитет кај мажот?
3.10.2009 17:28:21   
daniel
interesno

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Стерилитет кај мажот?
3.10.2009 21:01:56   
mila81
zdravo na site. jas sum nova na forumov i ke se druzime. kaj mazmotmi spermogramot pokaza azospermija. ke napravime i dr spermogram, se nadevame deka prviot ke go zaseni. ve molam za nekakva pomos.
sakame user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Стерилитет кај мажот?
2.11.2009 15:35:55   
ni23
Здраво јас сум нов член...до сега само читав, истражував и не најдов одговор за мојот проблем сакам да знам дали се лекува Тератоспермија ... дали некој знае, има искуство ..... и верувам и  сакам бебеuser posted image  поздрав

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Стерилитет кај мажот?
18.11.2009 13:15:44   
mother 29
Машки стерилитет

Стерилитетот се дефинира како неможност за гравидитет после период од една година на сексуални односи без заштита  меѓу партнерите. Во просек 15% од брачните двојки се опфатени во оваа категорија. Машкиот фактор како причинител учествува со околу 40%, исто толку отпаѓа и на женскиот фактор, а во остатокот од случаевите опфатени се двајцата партнери заеднички.

Физиологија на репродуктивниот процес кај мажите

Главна улога припаѓа на т.н. жлездена оска меѓу хипоталамус – хипофиза – тестиси - фенотипски развој на полот за време на ембриогенезата, сексуално созревање за време на пубертет, ендокрина (хормонална) функција на тестисите - лачење на тестостерон, егзокрина функција на тестисите - улога во формирањето на сперма. Нормалната репродукција зависи од взаемното дејство на повеќе хормони, чија секреција е добро контролирана. Т.н. стимулирачки хормони - ФСХ (фоликуло-стимулирачки хормон кој ја стимулира сперматогенезата - формирањето на сперматозоиди), ЛХ (лутеинизирачки хормон), како и самиот тестостерон. Сперматогенезата е комплексен процес, каде од примитивните мултипотентни клетки, преку повеќе фази на делба на клетките се формираат зрели сперматозоиди. Времетраењето на еден циклус во тестисот е во просек околу 60 дена. Целокупното морфолошко созревање на сперматозоидите се случува во т.н. епидидим(околу 10-15 дена), кој го поврзува тестисот со семениот канал, преку кој патуваат сперматозоидите до уретрата, попатно со останатите компоненти на ејакулатот-сперма , кои се формираат во одводниот канал, семиналните везикули, простатата како жлезда и сокот од уретралните жлезди. На крајот за време на ејакулација семената течност комплетно е формирана и освен сперматозоиди содржи и други компоненти - јаглени хидрати, масти, ензими.

Причини за стерилитет

Медицинска историја - трески,  системски заболувања - дијабетес, малигни заболувања, инфекции; генетскти пореметувања - Клинефелтеров синдром, цистична фиброза. Хируршка историја - интервенции на тестисите - хируршко спуштање - орхидопексија, хируршки третман на кила, трансуретрална ресекција на простатата, ретроперитонеална хирургија, траума и увртување на тестисот. Фамилијарна и сексуална историја - неспуштен тестис, хипоспадии, други поретки вродени синдроми, еректилна дисфункција, проблеми со ејакулација. Историја за лекови и социјална историја - несакани ефекти од прекумерната употребата на некои лекови, дрога, пушење, анаболни стероиди, како и експозиција на јонизирачки зрачења, пестициди и тешки метали.
Глобално, причините се поделени на предтестикуларни- проблеми асоцирани со хипоталамусот и хипофизата - ендокрини фактори; тестикуларни - хромозомски синдроми, воспаленија и повреди на тестисот, неспуштен тестис, проширени вени на тестисот; идиопатски - непознати причини. Послетестикуларни - опструкции на репродуктивниот систем - вродени, вроден недостаток на семениот канал, фармаколошки и функционални блокади, фунционални промени и промени во подвижноста на сперматозоидите, импотенција, проблеми со ејакулација. 

Дијагностика

Базични се физикалниот преглед - т.н. локален статус на гениталиите- преглед на нивната морфологија и физиологија, лабораториски испитувања и микробиолошки испитувања, комплетна лабораториска анлиза, спемограм - семена анализа, хормонски статус - концентрација на поедините хормони во крвта. Значајни се хромозомските студии - за откривање на генетските абнормалности, ултразвук на тестисите, по потреба трансректален ултразвук, како и биопсија на тестисите.

Третман

Конзервативниот - со лекови, се однесува на хормоналната терапија, специфична терапија, третман за подобрување на коиталните пореметувања, антиоксиданси и посебен акцент на клиничкото позитивно искуство со кломифен цитрат.
Хируршки третман - микрохируршките интервенции - со користење на специфична апаратура - микроскоп и микро хируршки инструменти се облигаторни во третманот на вродените и стекнати опструкции на семените патиште, во креирањето на нов спој меѓу спидидимот и семената врвца и во третманот на проширените тестикуларни вени.
Асистирани репродуктивни техники - интраутерина инсеминација и ин-витро фертилизација (ИВФ) се нашироко применети методи, за постигнивање на бременост, со висок процент на успех и во нашата секојдневната пракса. Денес, оваа одлична хируршка техника е водечка во успехот на оплодување на јајната клетка, не само кај случаевите со изразито неквалитетен спермограм, каде постојат мал број на подвижни сперматозоиди, туку и кај оние каде потполно отсуствуваат сперматозоиди во ејакулатот. Со ИВФ се надминуваат многу природни бариери во нормалната фертилизација, се разбира со посебен респект кон етичките импликации, особено кон генетските заболувања.
Д-р Марјан Кузманоски
Хирург - Уролог

(Одговор на членот ni23)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Стерилитет кај мажот?
18.11.2009 14:30:25   
mother 29
 
ICSI 
ICSI е метода со која се лечи машката неплодност ( олиго-, астено- и олигоастенозооспермија ). Можи да се случи оплодување дури и бременост во случаи и кога бројот на сперматозоиди е помал и од 100 во ејакулат. Кај мажи со азооспермија ( без сперматозоиди во ејакулатот ) или аспермија ( без ејакулат ) со методите на MESA или  TESA  се земаат сперматозоиди директно од тестиси или епидидимис. Така добиените сперматозоиди подлежат на посебна обработка, а потоа на ICSI метода. Оваа метода се користи и кај добар спермограм, но со претходните IVF постапки не дошло до оплодување на јајце клетките. 

ICSI е микрохируршка постапка на фертилизација, при што стручната опрема за нејзино изведување мора да  исполнува високи технолошки принципи. Неопходен е инвертен микроскоп со фазен контраст, опремен со составен микроманипулатор кој овозможува микроскопски движења на двете стаклени микропипети - микропипета за држење на јајце клетката и микропипета за иницирање на сперматозоиди во јајце клетката. 

ICSI методата се состои во внесување на еден сперматозоид во цитоплазмата на јајце клетката.
За оваа постапка неопходни се низа припреми заради што поуспешна фертилизација ( оплодување ) :
  • припрема и обработка на спермата, т.е. одредување на точната концентрација на сперматозоиди  содржани во капка од 5ml медиум
  • постапка на чистење на ооцитите
  • анализа на така исчистените јајце клетки под инвертен микроскоп со зголемување од 200х. Битно е да се идентификуваат ооцитите кај кои дошло до “ исфрлање “ на првото поларно тело. Таквите клетки се преовулациски тие се со одлична зрелост. Останатите ооцити се оставаат во инкубатор заради понатамошна матурација (зреење )
  • во Петрива чашка се поставуваат капки ( 5ml ) на хранлив медиум со контрасно одржување на pH. Во тие капки се оставаат ооцитите. Системот од капки се прекрива со минерално масло кое го спречува медиумот од испарување.
  • поставување на пипетите
После припремата следи самата постапка која може да се подели во 5 дела:

  1. ИМОБИЛИЗАЦИЈА НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ СО ICSI ПИПЕТА. Тоа се постигнува со притискање со врвот на пипетата на репот на сперматозоидот. Потоа следи аспирација на еден сперматозоид (прво репот, а потоа главата на сперматозоидот ) во пипетета.
  2. ФИКСИРАЊЕ НА ЈАЈЦЕ КЛЕТКАТА. - со микропипета за придржување.
  3. ИНИЦИРАЊЕ НА СПЕРМИИ - со микроинекциска пипета се внесува сперматозоидот низ зона пелуцида и оолемата во цитоплазмата. Влезот мора да биде на 3 или 9 сатот во однос на поларното телце.
user posted image
   4.  После испуштање на сперматозоидот, ICSI пипетата полека се извлекува од јајце клетката, а потоа се
       испушта и ооцитот.
  5.  Така третирана јајце клетката, се остава во чист медиум, а потоа во инкубатор, каде стои следните 16 -
       20 часа после кои се утврдува дали дошло до оплодување . Постапките кои следат покасно исти се како
       при IVF.
Тоа е денес најуспешна и најчесто користена метода на микроманипулација со гаметите.  Останатите методи како PGD и SUZI , се поретко се употребуваат заради послабата успешност. Со нив микрохируршки се третира зона пелуцида на ооцитите и со тоа се олеснува влезот на сперматозоидот. 

ICSI е метода која се користи при IVF постапки кога е:
  • инфертилно семето
  • во претходните IVF постапки не дошло до оплодување со други лабораториски постапки ( микродроп и сл. )
  • во актуелната IVF постапка не настанало оплодување ( 24 часа после инсеминацијата )
  • после постапките на MESAи TESA
Принцип : Се користат поединечни сперматозоиди ( и непокретни ) и се микроинекцираат во цитоплазмата на јајце клетката. Може да се користат и одмрзнати сперматозоиди.

Степенот на оплодување е понизок отколку кај ИВФ постапката со фертилно семе.

Успешноста на ICSI методата кај IVF постапките е 15 -  68 %  бремени после ЕТ.

Минимална дозволена успешност е 10 % после ЕТ.

Со оваа метода се оштетуваат само10 % од третираните јајце клетки. Пренос на ембрионите се прави во 80 - 90 % циклуси.

Децата родени после ICSI, немаат поголема зачестеност на конгенитални малформации нити хромозомски аномалии. Сепак најчесто се препорачува рана ACZ кај жени кои забремениле после оваа метода.

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Стерилитет кај мажот?
19.11.2009 14:06:13   
big_mama817
ИСПИТУВАЊЕ НА НЕПЛОДНОСТА КАЈ МАЖИТЕОсновни испитувања за да се утврди дали станува за неплодност кај мажите се:
  • Спермограм. Со спермограмот се прави анализа на бројноста, концентрацијата, морфологијата, подвижноста на сперматозоидите, ликвефакцијата ит.н.
  • Спермокултура. Со правење на спермокултура се дознава дали има присуство на патогени микро организми во ејакулатот.
Доколку спермограмот укаже на проблеми со плодноста, понатаму се продолжува со испитувањата за да се утврди причината за проблемот. Дополнително се прават:
  • Мануелно испитување на тестисите. Со овој преглед урологот може да утврди многу работи. Може да види дали се работи за варикочела (проширени вени во тестисите).
    Доколку тестисите се помали и меки, а бројноста на сперматозоидите е мала, најчесто укажува на проблем во создавањето на сперматозоидите.
    Ако пак тесисите се со нормален изглед, а бројноста на сперматозоидите е мала, тоа укажува дека веројатно постои некоја физичка блокада.
    При прегледот лекарот проверува и дали има некои абнормалности на простатата.
  • Ултразвучно испитување на тестисите. Може да се забележат проширени вени, кои не може да се утврдат при мануелниот преглед.
  • Испитување на хормоните.
  • Генетско испитување. Се прави во случај кога со другите испитувања не се пронашла причината за проблемот. Понекогаш причината за неплодноста може да биде од генетска природа. Таков е Клинефертеровиот синдром. Кај овој синдром наместо 2 полови хромозоми (X,Y) има три (X,X,Y). Тоа го оневозможува создавањето на сперматозоиди.
ПОДГОТОВКА НА МАЖОТ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СПЕРМОГРАМЗа да се направи спермограм потребно е мажот да даде примерок од ејакулатот. Се препорачува воздржување од сексуални односи 3-4 дена пред испитувањето, но апстиненцијата да не биде подолга од 5 дена. Неколкудневното воздржување пред испитувањето ќе овозможи поголем број на сперматозоиди во ејакулатот. Доколку апстиненцијата е подолга од 5 дена, во ејакулатот ќе бидат присутни повеќе мртви сперматозоиди.
Испитувањето мора да се направи во рок од еден саат откако ќе биде земен ејакулатот, а за тоа време не смее да се дозволи ејакулатот да се олади.
Ејакулатот се добива со мастурбација и директно се става во чист сад. Не смее да се употребува кондом, затоа што кондомите најчесто се премчкани со спермицидни средства и резултатот од испитувањето би бил погрешен.
Треба да се внимава да се стави целиот ејакулат, затоа што концентрацијата на сперматозоидите не е иста на почетокот и крајот. Почетните капки вообичаено се поконцентрирани. Исто така тоа ќе овозможи точно утврдување на неговиот волумен.
Доколку заради грешка се испушти дел од ејакулатот, ќе биде потребно испитувањето да се направи друг ден.
Доколку резултатот укажува на неплодност, испитувањето се повторува барем уште 2 пати, за да потврди дека навистина станува збор за неплодност. Понекогаш и кај плодните мажи заради разни причини може да се добие слаб спермограм. Токму заради тоа се прават неколку испитувања во рок од неколку месеци.

НОРМАЛНИ ВРЕДНОСТИ НА СПЕРМОГРАМОТ
  • Волуменот треба да биде поголем од 2 мл. Нормалните вредности за волуменот се од 2-6 мл.
  • Нормалната вредност на pH е од 7.2 до 8. Ејакулатот е со базична pH вредност за да ги заштити сперматозоидите од киселата средина во вагината на жената.
  • Концентрацијата на сперматозоидите треба да биде поголема од 20 000 000 во 1 мл. Иако овие вредности по препорака на СЗО во последно време се покачени на 40 000 000, сепак и кај мажи со помалку од 20 000 000 милиони сперматозоиди во 1 мл ејакулат може да дојде до природно зачнување. Врз ова секако влијае дали се добри другите фактори, односно морфологијата, подвижноста и сл. Мажите со концентрација на сперматозоидите од 10-20 000 000 се смета дека се со намалена плодност, а оние со помалку од 5 000 000 се сметаат за неплодни.
  • Подвижноста на сперматозоидите треба да биде поголема од 50%.
  • Виталитетот исто така треба да биде поголем од 50%.
  • Морфологијата: треба да има над 60% сперматозоиди со нормална градба.
  • Ликвефакција треба да настапи за 10-30 минути. Кога спермата ќе се најде на собна температура се згустува. Времето на ликвефакцијата е времето што поминува додека спермата повторно не дојде во течна состојба. Ако времето е продолжено може да ја намали плодноста.
  • Прусуството на леукоците треба да биде помало од 1 000 000. Зголемениот број на леукоцити укажуваат на некоја инфекција.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА ВРЗ ОСНОВА НА СПЕРМОГРАМОТ
Asthenozoospermia
Kaj астенозооспермијата има помалку од 50% подвижни сперматозоиди. Во случај на слаба подвижност најчесто се работи за некоја инфекција и се прават бактериолошки испитувања. Понекогаш причина може да биде и варикочела.
Варикочелата се смета дека е причина за неплодноста кај околку 40% од неплодните мажи. Кај ова заболување вените кои ја враќаат крвта од тестисите се проширени. Се претпоставува дека заради проблемот со циркулацијата, во тестисте се покачува температурата и со тоа го спречува нормалното создавање и созревање на сперматозоидите. Најчесто се јавува на левиот тестис. Се лекува со мал хируршки зафат. Околу половина од мажите во рок од една година успеваат да зачнат дете. Сепак кај еден дел од мажите варикочелата потворно се враќа.
Oligoospermia
Кај олигоспермијата концентрацијата на сперматозоиди во ејакулатот е помала од 20 000 000 во 1 мл. Ова е само ориентациона вредност. До бременост може да дојде и со концентрација помала од 10 000 000. Многу поважен е вкупниот број на сперматозоиди во ејакулатот и нивната подвижност и способност да ја оплодат јајце клетката. Ако вкупниот броја на сперматозоиди е поголем, можно е природно зачнување.
Ако концентрацијата е помеѓу 5 и 20 000 000 задолжително треба како причина да се исклучи варикочела. Во случај да се работи за варикочела се прави хируршка интервенција.
Исто за појава на олигоспермија може да придонесе неспуштен тестис или крипторхизам. Во таков случај со хируршка интервенција се спуштаат тестисите. Сепак се смета дека зачувувањето на функцијата на тестисот е можна доколку операцијата се изврши до втората година од животот.
Кај крипторхизмот може да не биде спуштен само едниот или двата тестиса. Ако се работи за само еден неспуштен тестис, а мажот е постар од 30 години, се препорачува отстранување на неспуштениот тестис. Оваа препорака иде од претпоставката дека неговата функција е неповратно оштетена. Оштетеноста на функцијата на тестисот е можно да се прогнозира преку испитување на фоликуло-стимулирачкиот хормон. Кај крипторхизмот овој хормон е често пати повишен и тоа може да биде индикација за степенот на оштетеноста на тестисот. Проценката може да помогне во изборот на операцијата.
Доколку се работи за помала концентрација од 5 000 000 сперматозоиди на 1 мл ејакулат, се прават хормонални и генетски испитувања.
Azoospermia
Во случај на Азооспермија во ејакулатот воопшто не е присутни сперматозоиди.
Задолжително се прават хормонални испитувања, а по потреба и генетски. Отсуството на сперматозоиди може да се должи на непостоење на сперматогенеза, но може да се работи и за постоење на сперматогенеза и некоја блокада.
Доколку се работи за блокада, можна опција е нејзино хируршко отстранување. Сепак често пати оваквите хируршки зафати не се многу успешни. Друга алтернатива е посебна метода на ИВФ, при која со пункција се земаат сперматозоиди директно од тестисите на мажот и вонтелесно се оплодува јајце клетката на жената.
Teratozoospermia
Има помалку од 15% сперматозоиди со нормален облик.
Necrozoospermia
Во ејакулатот нема живи сперматозоиди.
Polyzoospermia
Кај полизооспермијата се работи за превисока концентрација на сперматозоиди, над 250 000 000 во 1 мл. Многу од овие сперматозоидите се со неправилна градба или неподвижни. Но и во случај кога се здрави сперматозоидите, спротивно на очекувањата, плодноста е намалена. Често пати успешно забременување се постигнува со инсеминација на жената, со преработена сперма.
Hypospermia
Волуменот на ејакулатот е помал од 2 мл. Ако волуменот е премногу мал сперматозоидите нема да можат да стасаат до грлото на матката.
Hyperspermia
Волуменот на ејакулатот е поголем од 6 мл. Спротивно на очекувањата и ова може да предизвика неплодност.
Aspermia
Во случај на аспермија воопшто нема ејакулат.

ФАКТОРИ КОИ МОЖЕ ДА ДОВЕДАТ ДО НЕПЛОДНОСТНекои веќе ги спомнавме:
  • Варикочела
  • Болести: болест на бубрезите, цистична фиброза, висока треска, инфекции, сексуално преносливи болести ит.н.
  • Вродени нарушувања, нп.р. крипторхизам (неспуштени тестиси) или некое генетско нарушување.
  • Повреда во пределот на теситсите. Може да дојде до повреда на крвните садови, а со тоа се спречува доводот на кислород и нормалната сперматогенеза. Во случај на повреда можна е потреба од итен хируршки зафат.
  • Тумур на хипоталамусот, хипофизата или тестисите.
  • Хемотерапија.
  • Изложеност на зрачење или отровни супстанции.


КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ СПЕРМОГРАМОТДоколку Ви била препишана терапија земајте ја редовно.
Има и некои многу едноставни работи кои можете да ги смените во начинот на живеење, а можат многу да придонесат за подобрување на состојбата:
  • Престанете со пиење алкохол. Алкохолот влијае многу штетно врз создавањето на сперматозоидите.
  • Престанете со пушењето. Дејството на никотинот е исто така многу токсично.
  • Престанете со носење на тесен веш и почнете да носите боксерки. На тој начин температурата во тестисите ќе се намали, а тоа многу влијае врз плодноста.
  • Немојте да се туширате со жешка вода.
  • Редовно вежбајте.
  • Воведете здрава, балансирана исхрана богата со цинк, селен, Ц витамин и Е витамин. Консултирајте се со Вашиот лекар за дополнително земање на овие елемени.

Кај мажи кои се придржуваат на овие препораки, за само 3 месеци може да има големо подобрување. Секако тоа многу зависи од причината за неплодноста.

извор:твое бебе

< Поракaта ја уредил Еца -- 29.11.2009 17:23:50 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Стерилитет кај мажот?
28.11.2009 9:53:52   
Палешка РР
Неплодност кај мажи
Можноста за имање деца е право од Бога дадено, но за жал голем број на  парови се борат со проблемот на неплодност. Тоа може да доведе до разни непријатни финансиски, емотивни, физички и други непланирани ситуации.
Еве неколку од  позначајните причини за појава на неплодност кај мажите:
Блокирани канали
- причините за неплодност кај мажите најчесто тешко се откриваат. Блокирањето на каналите низ кои што минува спермата е најчестата причина, Обично оваа блокада се создава од сексуално преносливи болести. Најлесно за идентификување на блокада на каналите е вазектомија, која всушност претставува доброволна операција преку која се врши преградување на каналите поради контрацепциски причини.  Понекогаш после извршената вазектомија возможно е повторно спојување на каналите, но доколку поминале веќе10 години од извршената операција тие остануваат неплодни бидејќи нивното тело создава имуна рекција врз сперматозоидите и би ги регистрирал како непријателски тела со што воедно и ги уништува.
Варикоза
- друга причина за неплодност кај мажите е и варикозата која всушност претставува проширување на вените во пределот на тестисите и ја спречува финкцијата на спермата преку зголемување на температурата во скротумот.  Со цел тестисите да произведат здрава сперма, температурата во скротумот треба да биде пониска од телесната температурата.
Абнормалности кај тестисите
- природно, после раѓањето тестисите треба да се спуштат во скротумот, но во некои случаи дури ниту после неколку години тие не се спуштаат во скротумот. Во вакви околности неопходное да се направи хируршки зафат што порано со цел да се заштитат тестисите од сериозни оштетувања кои би резултирале со неплодност. Во ретки случаи абнормално развивање на тестисите може да биде резултат на повреда, болест или наследна абнормалност.
Хормонална стимулација
- кај некои мажи се јавува недостаток на адекватна хормонална стимулација која е  потребна за соодветно производство на сперма.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Стерилитет кај мажот?
28.11.2009 11:39:27   
profesorica
НОРМАЛНИ ВРЕДНОСТИ НА СПЕРМОГРАМОТ
*Волуменот треба да биде поголем од 2 мл. Нормалните вредности за волуменот се од 2-6 мл.
*Нормалната вредност на pH е од 7.2 до 8. Ејакулатот е со базична pH вредност за да ги заштити сперматозоидите од киселата средина во вагината на жената.
*Концентрацијата на сперматозоидите треба да биде поголема од 20 000 000 во 1 мл. Иако овие вредности по препорака на СЗО во последно време се покачени на 40 000 000, сепак и кај мажи со помалку од 20 000 000 милиони сперматозоиди во 1 мл ејакулат може да дојде до природно зачнување. Врз ова секако влијае дали се добри другите фактори, односно морфологијата, подвижноста и сл. Мажите со концентрација на сперматозоидите од 10-20 000 000 се смета дека се со намалена плодност, а оние со помалку од 5 000 000 се сметаат за неплодни.
*Подвижноста на сперматозоидите треба да биде поголема од 50%.
*Виталитетот исто така треба да биде поголем од 50%.
*Морфологијата: треба да има над 60% сперматозоиди со нормална градба.
*Ликвефакција треба да настапи за 10-30 минути. Кога спермата ќе се најде на собна температура се згустува. Времето на ликвефакцијата е времето што поминува додека спермата повторно не дојде во течна состојба. Ако времето е продолжено може да ја намали плодноста.
*Прусуството на леукоците треба да биде помало од 1 000 000. Зголемениот број на леукоцити укажуваат на некоја инфекција.

< Поракaта ја уредил Еца -- 11.1.2010 0:42:38 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Стерилитет кај мажот?
29.11.2009 17:09:41   
profesorica
Витамини и минерали потребни за подобрување на спермограм:
-Вит. Е ( дневно 400 мг)
-Вит. Ц (дневно 1000 мг)
-Вит. Б12 (дневно до 300 мг)
-Фолна киселина ( до 800 мг)
-Селен (100-800 мг)
-Цинк (60 мг)
-Л-карнитин( 2гр. )
-Ацетил Л-карнитин ( 1 гр)
-Л-аргинин( 4 гр.)

< Поракaта ја уредил profesorica -- 29.11.2009 17:11:04 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Стерилитет кај мажот?
29.11.2009 17:11:49   
profesorica
подобрување на спермограмот на природна база


мед-пола кило
лешник-мелен-100 грама
бадем-мелен-100 грама
ораси-мелени-100 грама
лимон-сок од 1 лимон
сусам-200 грама
Сето ова се меша.
На крај се вари чај од камилица(цвет)цело пакетче а водата да изврие и да остане 1 филџан.Се додава на смесата и се става во тегла,па се срка по 1 голема лажица насабајле на гладно.

Богданчанка еве го рецептот што го бараше-мислам дека е оваuser posted image


< Поракaта ја уредил profesorica -- 29.11.2009 17:14:00 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Стерилитет кај мажот?
29.11.2009 17:53:52   
Bogdancanka
Profesirca izgleda ne e toj eve go receptot sto go imam i go napraviv eve sto se stava;
1kg med
100gr orevi
100gr bademi
100gr kikiritki(nesoleni)
100gr lesnici
100gr kokos
100gr susam
100 gr semki od tikva (nesoleni)
100gr soncogel (nesolen)
100gr suvo grozje
100gr suvi smokvi
100gr suvi slivi
100gr suvi kajsii

se jade po edna lazica nautro i navecer.Nemozam da se setam na koj forum go prepisav ali ovoj e i neznaev dali da gi melam i jas gi drobev i jas si apnuvam od nego i e mmmmmmmm


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Стерилитет кај мажот?
29.11.2009 19:16:04   
arh_diz

Longidaza - еден чекор напред во лечењето на болести кои вклучуваат прекумерна раст на сврзното ткиво. Резултатите од клиничките студии уверливо  демонстрираa  високa  терапевтска ефикасност и безбедноста на лековите.

Longidaza е алатка на прв избор за третман: во Пулмонологија, урологија, гинекологија, ортопедија, хирургија, козметика, дерматологија

Конкретно, во лекување на неплодност ефектот е   од 70% од пациентите кои користиле Longdaza добиле дете


< Поракaта ја уредил arh_diz -- 29.11.2009 19:17:03 >

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Стерилитет кај мажот?
5.12.2009 12:43:32   
arh_diz
Како да дознаате дали сте се обратиле кај вистинскиот уролог

Постојат некои општи совети. Прво, мора задолжително да ви казе да направите  опста спермограма , како и други анализи. Второ, лекарот мора внимателно да  погледне во вашиот животен стил,  да испита историја на зивеење  (историја на болести ). Ако тоа не се случи, а тој  веднаш назначи хормонска терапија треба веднас да го промените докторот .

Денес можеме да потврдиме  да  се открие вистинската причина за машката неплодност во медицината не е проблем. Освен тоа, модерните методи на лечење се значително поголеми можности да им помогне на овие пациенти. Доколку  спермата е  (14 до 20% од случаите на неплодност се јавуваат поради оваа причина),  можно да се понуди  (PECA) или биопсија (TECE) .

Pesa, TESE, MESA ...
Пред овие операции пожелно е да се пред-испитува  мажот  и да осигура докторот  дека се добри сперматозоидите и дека може да се оплодат .

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Стерилитет кај мажот?
5.12.2009 22:30:28   
Miss36
Maшки стерилитет најдобро се испитува и лечи во клиниката на ендокринологија. Проф. Чедо Димитровски е стручњак за машки стерилитет.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Стерилитет кај мажот?
6.12.2009 0:12:44   
Bogdancanka
Мисс а кај е тоа во државна или?ајде мила пиши поззззз


(Одговор на членот Miss36)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Стерилитет кај мажот?
6.12.2009 18:56:40   
Miss36
Да Богданчанка. Во државна болница. Но ќе мора да закажете прво,ќе барате да ви закажат преглед кај проф. Чедо Димитровски. Тој е познат ендокринолог ,и го сметаат за експерт за машки стерилитет. Можеби ќе треба да почекате месец или повеќе но трпението нека не ве напушти никогаш. Само бидете упорни.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Стерилитет кај мажот?
12.12.2009 15:19:42   
arh_diz
дебелината ја оштетува спермата
Ако дебелковците сакаат да станат татковци еден ден, пред тоа не би било лошо да ослабат малку. Вишокот килограми може да биде фатален за милионската потенцијална популација во нивното меѓуножје.
Вишокот на килограми кај мажот ја подигнува температурата во подрачјето околу тестисите, што резултира со оштетување на спермата, а тоа може да доведе до проблеми со плодноста.
Научниците сметаат дека тие оштетувања може да доведат и до различни карциноми во детството и проблеми со плодноста во наредната генерација.
Добрата вест е дека не мора да биде баш така. Научниците тврдат дека мажите кои сакаат да станат татковци најпрво би требало да ослабат.
Меѓутоа, др. Рикардо Бертола кој работеше на ова истражување вели дека проблемот е поголем кај оние мажи кои започнале да се дебелат во периодот на пубертетот под дејство на хормоните. Кај нив постапката на враќање на спермата во нормала би можела да биде нешто посложена.
Минатите истражувања покажаа дека дебелината може да предизвика неплодност, но ова е прво кое покажува дека ситуацијата може да се корегира со слабеење.

(Одговор на членот Miss36)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Стерилитет кај мажот?
12.12.2009 15:23:10   
arh_diz
Иронијата на супер -спермата
Познато е дека мажите кои имаат премалку сперма тешко стануваат татковци. Меѓутоа, дали знаевте дека некои мажи имаат слични проблеми затоа што имаат пребрзо и исклучително моќно семе
Процесот кој е познат под името полиспермија ги уништува јајцеклетките и шансите за оплодување. Денес исклучително голем број парови имаат проблеми со зачнувањето токму поради овој процес.
Биологот Орен Хасон верува дека причината за ова може да се најде во стресниот начин на живот, инфекциите, загадената околина, но и еволуцијата. Имено, Хасон смета дека суперспермата е резултат на еволуцијата како и дека машките и женските тела минуваат низ промени за да се подобри плодноста. Ако кај двете личности промената се случи во исто време, оплодувањето ќе биде успешно.
Познатиот биолог уште вели дека со текот на еволуцијата женското тело развило посебен „одбрамбен систем“ за да ја присили спермата да стане поцврства, посилна и подобра и на тој начин успешно да ја оплоди јајцеклетката.
Мажите на овие промени реагирале со создавање на агресивна суперсперма. Кога сперматозоидот ќе ја оплоди клетката, женското тело испушта биохемиска одбрана за да го спречи доаѓањето на другите сперматозоиди. Звучи забавно, нели? :)
И за да има успех оплодувањето, овој процес треба да се случи синхронизирано.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Стерилитет кај мажот?
16.12.2009 23:58:35   
Еца
Неплодноста кај мажите станува се почест проблем. Главната причина за тоа е животот исполнет со стрес и куп обврски. Но ако зборуваме за квалитетна сперма, тогаш и дебелината има голема улога. Дали вашето момче внимава на својата линија? Ако не, тогаш кажете му дека спортот не е добар само за неговото тело туку и за неговите сперматозоиди. Вишокот килограми влијае на покачувањето на температурата околу тестисите, а тоа негативно се одразува на спермата.
Блокада на семеноводите
канали низ кои поминува спермата. Главната причина за појава на блокада се сексуално преносливите болести или инфекции.
Проблематична сперма или отсуство на сперма,  мал број сперматозоиди, слаб квалитет на сперматозоидите или нивна деформација.
Имунолошки причини
- ова може да биде како последица на имунолошкиот состав на било кој феномен. Автоантитела можат да се најдат по вирусна инфекција или операција во делот на тестисите. Кај мажите ова често се јавува по вазектомија, метод на контрацепција.
Останати оштетувања на половите жлезди
- постојат многу причини кои доведуваат до оштетување на половите жлезди, како зрачење, делување на најразлични лекови, отрови, контакт со несакани хемикалии, пушење, алкохол и слично.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Стерилитет кај мажот?
23.12.2009 20:16:15   
marija2009
здраво на сите,
имаме дијагноза азооспермија, па ме интересира дали некој се има лечено со чаеви и дали имало резултати.
Исто така, за време на спермограмот е направена и спермокултура и најдена е бактерија ентерокока. Дали ова може да има влијание и дали да очекуваме некакво подобрување после пиењето антибиотици. Нас ни препорачаа одма биопсија на тестиси, ама не знам дали треба одма да се прави или да пробаме прво со витамини, чаеви и некои други препарати.
Дали некој од вас има правено биопсија на тестиси и дали има негативни ефекти?

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Стерилитет кај мажот?
30.12.2009 8:28:24   
arh_diz
marija2009 mislam deka lecenje so caevi ne bi mozelo da pomogne vo azospermija.Podobro da se obratite na urolog i androlog. Ti posakuvam sreka mila i sto pobrzo da se ostvari vasata cel bebence

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот marija2009)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Стерилитет кај мажот?
30.12.2009 9:54:21   
biljana16
MM pred da ostanam bremena piese nekoi vitamini od Kalifornia Fitnes i jadese sekoj den po edna lazicka med so mlec. Inaku brojot na spermatozoidite bese mnogu mal a i golem del od niv bea nepodvizni.
Inaku nasiot urolog rece deka posle primanje na antibiotici spermogramot sekogas se podobruva .


(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?