Боцко -> RE: Стерилитет кај мажот? (28.6.2009 10:24:46)
|
сите ние имаме свои мали и големи борги кои ги водиме во животот. со нив мораме да се соочиме храбро и со многу позитивна енергија. ако сме истајни во намерата, тие ќе исчезнат. што се однесува до стерилитетот, кај мене првиот спермограм беше послаб од обично. со помош на витамин е и трибестан (tribulus terrestris) попзнат како балканска вијагра (расте само во бугарија) вториот резултат беше одличен, но не знам после колку време. мислам беше 1-2 месеци. за бројот на сперматозоидите, големо влијание има исхраната, стресот, носењето тесна слип долна облека, предолго седење во возило, премногу топли бањи, работење со лаптоп в скут. знам само дека ние долго време немавме во план да имаме деца. кога посакавме одеше тешко. колку повеќе се трудиш и мислиш на тоа, се оптоваруваш, мериш базални температури, правиш графикони, се сексаш во определен ден и час, целта е се подалеку. откако слушнавме една мисла (повеќе за ова во некоја друга објава) која оди вака: „сакајте се и водете љубов - немојте да правите деца“ се се промени. станавме поопуштени, сексот беше страсен и резултатите си дојдоа по 2-3 месеци нормален живот. поздрав
|
|
|
|