LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (4.12.2013 13:42:44)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoya Гледам дека спомнувате тератозооспермија па ве молам за повеќе информации за евентуална успешност за бременост. И ние го имаме тој проблем. Со мене се надевам дека се средивме (отстранет полип, среден септум, регулирана вредност на тироидната и на пролактинот) Постов може не е за овде но прилично сум нова на форумов. Нас ни препорачаа да пробаме со инсеминации и до сега имаме направено 2 кои за жал беа неуспешни. Ве молам кажете ми има ли успешни инсеминации со тератозооспермија или само напразно се надеваме? Фала на сите Zoya, сопругот имаше тератозооспермија, па отидовме направивме спермокултура и се виде дека има бактерија. Пиеше антибиотик, потоа му препорачаа да пие цинк, селен, Б витамини, витамин Ц и јадеше многу јаткасто овошје, му правев дози со орев, лешник, бадем, фстак секој ден. Исто така го терав почесто да се движи, малку беше поправен и никако не го доближуваше лап-топот, мобилниот до себе неколку месеци. Потоа кога отидовме да правиме нов спермограм, му беше супер. Пробајте и вие, сигурна сум дека ќе има резултат. A, да, со тератозооспермија не само што може да има успешна инсеминација, туку може и природно да се забремени. Позз
|
|
|
|