RE: Стерилитет кај мажот? (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (4.12.2013 14:42:07)

Досега што прочитав еден куп девојки, кај многу во Систина има тератозооспермија, така беше и кај сопругот, но дефинитивно бактерија може да направи проблем. Мене напротив, докторот во Систина ми рече дека на Институтот е најточен спермограмот што го прават на Државна. Вториот спермограм по некој месец го направивме на Институт супер беше, еве и сега за ИВФ-то ни рекоа дека спермограмот му е супер.

Позз




Zoya -> RE: Стерилитет кај мажот? (4.12.2013 15:05:34)

LovebleMe фала на одоговорот. И јас имам впечаток дека во Систина кај многумина се појавува дијагноза тератозооспермија. Меѓутоа навистина се сосема спротивни резултатите. Ќе бараме трета лабораторија за споредба [sm=smiley1.gif] Здравје, ќе видиме како ќе излезе следната инсеминација. Фала уште еднаш.

Позз.




Milicka 30 -> RE: Стерилитет кај мажот? (4.12.2013 15:10:48)

И јас исто како што имам читано сите од систина излегуваат со тератозооспермија.
ЛовеаблеМе вие убаво сте направиле што сте провериле на две места.
И јас планирам да провериме и на друго место, којзнае што ке излезе.




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (4.12.2013 16:00:47)

Zoya токму морфологија е всушносѕ проблемот, видете со некоја медицинска терапија,сепак е предност ако има бројност.Проверете на две места спермокултура




Zoya -> RE: Стерилитет кај мажот? (4.12.2013 17:21:20)

Да, да, ја проверивме спермокултурата во ред е. Докторот ни рече дека се додека со обработка има соодветен материјал имаме шанси со инсеминација, дури рече дека има случаи каде и природно успевале да останат бремени. Па ќе видиме. И уште едно прашање. Има некој правено спермограм во Адриалаб? Какво искуство имате таму? Фала [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (5.12.2013 10:44:06)

Јас имам правено во Авицена, но сепак најмеродавен во Фондот им е од Клиника.




srgan -> RE: Стерилитет кај мажот? (8.12.2013 13:05:56)

zdravo NIe bevme so zenami kaj doktor Adamoska, ja prati zenami na nekoi ispituvanj za hormoni, mene mi rece deka spermogramot mi e super, ja vide samo dijagnozata normozoospermija i rece deka e super, jas i napomenav za toa deka so pravilen oblik nekako na granica mi se i taa mi veli " nema vrska toa taka deluva samo, cim e nad 35 posto e dobro" malko me zacudi ova zasto na internet sekade pisuva deka nad 50-60 posto se smeta za ok [sm=hudicek1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (8.12.2013 15:24:48)

Срѓан, докторката може мислела акоправите инсеминација или ИВФ, не знам, макар што и со тој процент може да бидне нешто. Те чекаме со нови вести, пиши резултати од сопругата. Позз




Kvisko -> RE: Стерилитет кај мажот? (9.12.2013 19:04:03)

Срѓан ова е веќе второ мислење од лекар каде што викаат дека е се во ред. Така колку што се сеќавам ви кажаа и на хистологија. Значи опушти се ОК е резултатот. Некогаш и ние сами правиме повеќе збрка читајќи премногу по интернет.
Нас и за наод олигоспермија ни рекоа добар е наодот брзо се поправа и не е проблем.




Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (10.12.2013 15:42:21)

Девојки и дечки [sm=smiley1.gif], дали некој го знае точно оној рецептот за подобрување на сперма - со мед, бадеми, лешници и слично?

Фала ви [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (10.12.2013 15:54:22)

Повели Хопефул, па на работа, празници се ближат[sm=smiley8.gif][sm=smiley8.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

подобрување на спермограмот на природна база

мед-пола кило
лешник-мелен-100 грама
бадем-мелен-100 грама
ораси-мелени-100 грама
лимон-сок од 1 лимон
сусам-200 грама
Сето ова се меша.
На крај се вари чај од камилица(цвет)цело пакетче а водата да изврие и да остане 1 филџан.Се додава на смесата и се става во тегла,па се срка по 1 голема лажица насабајле на гладно.







Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (10.12.2013 16:26:05)

Фала ти LoveableMe, 2014 да ни донесе повеќе среќа! [sm=smiley36.gif]




pepapa -> RE: Стерилитет кај мажот? (25.12.2013 19:37:29)

Zdravo na site, jas sum nova na forumot i vednas so prasanja :) dali znaete da mi kazete kolku se ceka na histologija za spermogram, i nie imame problem so spermogramot i treba da pravime nov pa sakame na histologija da go pravime citavme po forumov deka najdobro gi ispitivale tamu




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (25.12.2013 20:40:54)

pepapa добре дојде на Рингераја [sm=smiley1.gif]

Незнам колку се чека за закажување на хистологија ,најдобро јави се кај матичниот гинеколог да види кога има прв слободен термин и не би требало да се чека многу.




pepapa -> RE: Стерилитет кај мажот? (25.12.2013 23:14:17)

Dobro ve najdov :)
A mora preku mat. ginekolog da se zakaze, jas pa mislev preku maticen opst lekar




andrijance90 -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.12.2013 2:00:22)

Pepapa na Histologija seuste ne rabotat so moj termin, jas direktno zakazav tamu zapisuvaat vo tefterce edno, cekav okolu 2 nedeli, upat treba od opst maticen takov baraat a ne od ginekolog :) Ova bese pred eden mesec [sm=smiley1.gif] i obavezno hiv test :)




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.12.2013 12:04:11)

andrijance90 фала за информацијата од прва рака[sm=smiley1.gif]




pepapa -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.12.2013 12:18:01)

Znaci da pojdam vo ponedelnik da zakazam, a baraat nesto dokumenti, i kaj tocno e histologija?




Melanija RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.12.2013 12:33:26)

Хистологија е во зградата спроти министерство за здравство(од задниот влез на Државна од кај кафаната Хипократ одна прво улице десно).На самиот влез има табла и пишува на кој кат е кој Институт, овој е на прв кат.За закажување веројатно нетреба документи а за денот кога ќе правите како што ти пиша andrijance90 треба ХИВ тест за маж ти не постар од 6 месеци




pepapa -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.12.2013 13:05:47)

Fala vi devojki, ke probam da zakazam, pa ke ve izvestam sto sum napravila..pozz :)




Stefanija Stefi -> RE: Стерилитет кај мажот? (17.1.2014 17:45:28)

А дали некој знае за Битола за спермограм што треба од документи (од матичен или гинеколог) и каде се прави?

Знаеме дека во Плодност е најдобро да се прави но ете на сестра ми бившиот таму работи, па сега и е непријатно да оди таму со сопругот... ме разбирате нели?




nataly86 -> RE: Стерилитет кај мажот? (17.1.2014 19:40:37)

Во АдриаЛаб може да оди мислам дека и немора упат бидејќи е на приватно, резултатите се готови за некој ден, но мора да си договорен со докторот таму точно во колку часот да се однесе.. најдобро на телефон ке ви објаснат

Поздрав се надевам дека помогнаввв

Ако немате број пиши ми во ПП ке ти го пратам




Stefanija Stefi -> RE: Стерилитет кај мажот? (18.1.2014 13:54:09)

Фала на информацијата, уште ако знаеш цена да ми кажеш?




lidija \\ -> RE: Стерилитет кај мажот? (21.1.2014 10:39:11)

на мене ми се случија два спонтани абортуси поради лошиот спермограм на сопругот.Имено му бесе дијагностицирана asthenoterazoospermija.Кажете ми кој уролог го сметате како најдобар за решавање на оваа проблематика и дали некој има искуство со поликлиника Букурешт и со кој доктор во неа бидејки од декември 2013 како што знам почнаа да работат со упут за лекување на машки серилитет.Многу би ми значела вашата помош да би знаела каде да се обратам.




LoveableMe RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (21.1.2014 14:08:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lidija \\

на мене ми се случија два спонтани абортуси поради лошиот спермограм на сопругот.Имено му бесе дијагностицирана asthenoterazoospermija.Кажете ми кој уролог го сметате како најдобар за решавање на оваа проблематика и дали некој има искуство со поликлиника Букурешт и со кој доктор во неа бидејки од декември 2013 како што знам почнаа да работат со упут за лекување на машки серилитет.Многу би ми значела вашата помош да би знаела каде да се обратам.


Lidija \\, добредојде. Спонтани абортуси не се случуваат поради астенозооспермијата, туку веројатно поради некоја бактерија/инфекција, која него му го нарушува спермограмот, а тебе ти прави спонтани. Најдобро е да се направи спермокултура (со упат од матичен), за да се види дали има бактерија, а дефинитивно одете на Институтот за хистологија на клиника да направите спермограм, тој сепак е најточен. Не знам во Букурешт, имаат нова апаратура, но не знам подетално за таму како стојат работите.

За третирање на таа состојба, покрај антибиотска терапија (доколку се утврди бактерија/инфекција) помага движење и следниве состојки (кои можат да се најдат во храна или во лекови): ACETYL-L-CARNITINE, COENZYME Q-10, EURYCOMA LONGIFOLIA, FOLIC ACID и L-CARNITINE. Позз




Страница: <<   < Претходна страница  33 34 [35] 36 37   Следна страница >   >>