машки_стерилитет -> RE: Стерилитет кај мажот? (16.1.2015 18:43:43)
|
Здраво на сите, форумов почнав да го следам зашто и јас имав проблем со квалитетот на спермата па еве, да дадам еден придонес и коментар од машка гледна точка. Со сопругата пробувавме да направиме детенце 4-5 месеца и мене ми стана јасно дека има некој проблем и решив да се испитам. Не сакав да ја малтретирам сопругата зашто спермограмот е неинвазивен и побезболен од сите други испитувања што се прават кај жените. Првиот спермограм го направив во Адријалаб и дијагнозата беше астеноспермија. Таму не прават морфолошка анализа и јас не ја сфатив тежината на проблемот. Вториот спермограм беше во Систина и резултатите беа застрашувачки : тератозооспермија со 4% нормални сперматозоиди и само 10 % брзо подвижни и неподвижни 45% . Се разбира, ги прочитав и ги чув лично од неколку лекари коментарите дека на речиси сите пациенти во Систина им се поставува истата дијагноза. Јас нема да коментирам на таа тема. Веднаш почнав со терапија, пиев Спемен, Проксид , Витамин Е, Омега 3, Магнезиум, Калциум и се разбира, смесата со јаткасти овошја и мед. Исто така, почнав да носам широки пантолони и шорцеви, а кога бев дома и комплетно без долна облека односно со широки ѕиври. Сето тоа помага да се намали температурата во и околу тестисите зашто за нормална сперматогенеза е потребна температура под 37 Ц. После 1 месец направив спермограм на Институтот по хистологија при Медицински факултет и резултатите беа изненадувачки добри: вкупен број од над 500 милиони, од кои подвижни над 50%, неподвижни 40% ама најголемиот напредок беше во морфологијата што се искачи на нормални 62 %. Терапијата ја пиев 2-3 месеца и направив нов спермограм во Авицена и резултатите беа уште подобри: нормална морфологија кај високи 75% сперматозоиди. Цел живот се трудам да се хранам правилно и верувам дека сум ги внесувал сите витамини и минерали така што мој впечаток е дека кај мене најголем ефект имаше носењето широки пантолони. Мојата терапија изгледа вака: Витамини и минерали: Spemen- 2-3 месеца 3 пати на ден по 2, а потоа постепено ги намалив и сега пијам 2 пати по една Proxeed - 2 по една кесичка пред јадење Vitamin E 400 IE еднаш на ден Mg околу 400 мг на ден поделен во неколку дози (пиев Mg од Bios Line од Виола) Ca околу 750 мг на ден поделен во неколку дози (исто од Bios Line од Виола) - минераливе ги пиев заедно 3 пати на ден за полесно дозирање Omega 3 1000мг еднаш на ден Во Proxeed ги има речиси сите потребни витамини и минерали за подобрување на спермата. Начин на внесување: Наутро- пред јадење 1 кесичка Proxeed, па една лажица смеса со мед, Spemen 2 таблети и по една таблета Ca и Mg. Пладне - 2 таблети Spemen и по една таблета Ca и Mg Навечер – пред јадење 1 кесичка Proxeed, 2 таблети Spemen, по една таблета Ca и Mg, Vitamin E 400 IE и Omega 3. Вкупна цена за еден месец е околу 10 000 ден. Знам дека е многу ама бебе си е бебе [sm=smiley1.gif] Се надевам дека ви помогнав, ви посакувам среќа и носете широка облека [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|