Hopeful RR -> RE: Стерилитет кај мажот? (15.2.2015 20:16:07)
|
Работата е во тоа што човек, кога гледа дека не функционира едно, ќе проба и друго, и трето, а пушењето и пиењето се докажано едни од најголемите непријатели на сперматозоидите. Тоа што кај многу луѓе тоа не прави никаква разлика не е причина да се толерира и кај другите, посебно во ситуација на слаб спермограм, посебно пак пред ивф постапка. Не ме сфаќајте погрешно, не сакам да солам памет и да мудрувам, секој си одлучува за себе, но мислам дека не е голем баук да се откаже човек од пушење, посебно пак кога е во таква ситуација. Избегавав да го искоментирам ова и да се мешам во вакви работи, но еве, си кажав. И мм пушеше, и тоа многу, па успеа да ги откаже и сам тврди дека не било толку голем проблем колку што се прави дека е. Не е лесно, апсолутно, но кога човек си ги знае приоритетите во животот, се постигнува. Јасно, секој одлучува за себе, но имам чувство дека со суплементи и додатоци решаваме само мал дел од проблемот, а замижуваме пред поголемиот. Муабетов ми е како да сакам да ослабам, а јадам хамбургери секој ден и пијам апчиња за слабеење, па после зошто не помага...
|
|
|
|