машки_стерилитет -> RE: Стерилитет кај мажот? (26.3.2015 5:31:09)
|
Драги дами, каде ви се мажите да дебатираат на овие теми? Излегува дека само вие сакате потомство :) Сите што имате проблеми со хормони одете кај Д-р Чедо зашто тој е единствен специјалист андролог во Македонија. Секоја инфекција во урогенитален систем мора да се излечи зашто ја засега плодноста на еден или друг начин. Докажано е дека хламидија и ентерококите прават тератоспермија, а ешерихија коли може да предизвика намалена подвижност на сперматозоидите. Ешерихијата лесно преоѓа од акутна во хронична инфекција и мноогу тешко се лекува. Хроничните инфекции се лекуваат со антибиотска терапија(најдобро флуорокинолони) во времетрање од 4 до 12 недели. Се разбира дека помагаат и други додатоци како што се увин чај, чај од брусница, масло од диво оригано ама главниот ефект се очекува од антибиотиците. Бактериите се вселуваат во простатата и антибиотиците многу тешко продираат во ткивото и затоа е потребна долготрајна терапија. Сепак, за СЕКОЈА терапија треба да се консултирате со уролог, а не да пробувате се што ќе прочитате овде :) иако јас знам што зборувам и имам искуство со овие работи. Најдобри анализи се прават на Институтот по микробиологија на Медицински факултет и ве советувам да одите таму. Повторна спермокултура се прави после 3-5 дена од последната таблета, а не по 2 дена. Мора да се остави време за да се исфрли антибиотикот и да престане неговото дејство и дури после тоа да се види дали бактеријата е присутна. Јас би им советувал на вашите мажи да прават анализи после една недела зашто и онака тие работат само од понеделник до петок. Не би сакал да прејудицирам нешто ама ако се појавуваат различни бактерии при секоја контрола, тоа многу веројатно значи само едно, нели? Повторна инфекција што не мора да дојде од друг сексуален партнер ама сепак, треба да се внимава на сето тоа. Повторно ќе ве советувам да не се потпирате на се што ќе прочитате овде туку да одите на редовни прегледи и да ги прашувате лекарите за најдобрата терапија за вас.Знам дека многу од нив не се ни заинтересирани нити добри во тоа што го прават ама сепак, има по некој стручњак во државава. Голем поздрав до вас и со среќа
|
|
|
|