baby_bump -> RE: Кога да се пробушат ушињата за обетки? (5.4.2011 13:35:18)
|
Се размислуваме со мм дали на Благовец да ги дупнеме ушите на ќерка ни, и да ви кажам во голема дилема сум. Таа спие секогаш со главата на страна, страв ми е да не ја глоѓаат? Плус скоро и заби ќе вадиме, целата долна жлебина е потечена и има ситни плуски, нервозна е, плаче за се и сешто, ако не ја земам во моментот, ако не и дадам некоја играчка, абе главата ми е надувана од плачки и сега уште обечките ни фалат. Не знам што да правам, знам дека полесно ќе биде сега отколку за 1 година кога се ќе разбира..... а и јас обечки ич не носам од саклет, ми сметаат кога спијам, ме чешаат, ако не се златни имам алергии, а знам дека првите од кај златарот не се златни? или јас сум грешка. Колку ќе ги носи тие првите т.н медицински? од каков материјал се?
|
|
|
|