|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.1.2014 13:46:49   
Petra7
Zdravo majki i pred se Srekna nova godina i srekni praznici.
Mojata kerkicka ima skoro 6 meseci
pocnav veke pred pola mesec da i davam sokcinja no ne gi saka
pred 10 dena pocnav i so kasicki. I da dadov po eden obrok od jabolka, morkov, kompir i oriz .
Site gi sakase i gledam deka mnogu saka da jade
sega pocnav da idavam po cela kasicka na den prepolovena po dva obroka
sakam popoleka da ja naucam da ima dva obroka na den
imam nekolku prasanja
1: Dali postapuvam pravilno i so da pravam ponataka?
2: Dali da pocnam da i davam i drugi kasicki so se nad 4 meseci
3:imam kupeno Rizolino na koe pisuva deka se dava so mleko, dali moze da i go pravam so voda posto dojam
4:Nekolku soveti poveke ako moze poradi toa so nekako mnogu mi ee strav neznaev deka ke bide tolku tezok pocetokot so dohranuvanje

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 651
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.1.2014 16:00:23   
Felly RR
Среќни празници и тебе Петра, и успех во новото искуство. Добро сте почнале штом ги сака кашичките е супер, прво нека се навикне на еден цел оброк, па потоа ќе и воведеш и втор. Еден овошен, па еден зеленчуков и потоа и трет млечен оброк пред спиење (како на пр. тоа што го спомна рижилиното, исто и фрутолино - тоа се прави со вода, и од Хип има доста млечни кашички кои содржат Ад млеко и се раствараат со вода).
Освен овие што ги спомна, со полни 6 месеци може да даваш и јогурт, круша, банана, но секој нов вкус гледај наутро воведувај го и во текот на наредните три дена не давај ништо ново, заради евентуална појава на алергии.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Petra7)
Непосредна врска до пораките: 652
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.1.2014 19:11:57   
Melanija RR
Пробавме сок од јаболко,сок од круша, па кашичка од јаболко 2 дена по 2пати во ден.Правевме 4 дена пауза па од денес кашичка од јаболко и морко.Засега се ни е вкусно user posted image
После мислам пак некој ден пауза па кашичка од јаболко и таман ќе имаме 5 месеци.user posted image
Е после кажувајте како е редот, да имаме секој ден по еден оброк,кога,како ,што?user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 653
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.1.2014 19:23:53   
Felly RR
Мислам дека нема потреба да правите пауза. Продолжи со овие два вкуса кои му се познати, и постепено со зголемување на количината. И мислам може по еден оброк секој ден, и тоа пред ручек. После морковот може да продолжите со банана, круша, мелен ориз мислам дека исто од 5 месеци може. Ајде нека ме надополни некој, сепак поминаа 4 години од нашите први кашички. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 654
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.1.2014 19:32:18   
Melanija RR
Јас му давам два пати попладне и приквечер,односно 1 саат после млеко,значи цел оброк да речеме попладне,така?
Едно глупо прашање,обичен ориз?Читам има и други,да го сварам па мелам,или може сварем па со нешто изблендиран?

Felly RR редно е да се потсетиш user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 655
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.1.2014 19:50:05   
Felly RR
Мелениот ориз се продава во пакетчиња како и гризот. А исто и спремањето им е слично, да не речам исто. Мислам дека во розево паковање имаше од Сончева долина. Може со вода да го спремаш, за со АД млеко не знам, тоа некој друг ќе каже.
Меланија, гледам да одржувам кондицијаuser posted image па за брзо време се надевам дека и јас ќе барам совети од вас за нови кашички и нови рецепти. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 656
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.1.2014 8:48:24   
sandriana RR
Melanija, сега е сезона на тиква, па подобро наместо банана, да си јадете тиква.
Штом наполни 5 месеци, се воведува и компир, ориз, тиквица и сите комбинации од нив.
И се согласувам со Фели, нема потреба од пауза меѓу воведување на намирниците.
А што се однесува до ориз, јас пак никогаш не користев мелен ориз, туку обичен, па блендиран.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 657
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.1.2014 14:55:56   
Melanija RR
Фала на советите user posted image што би јас без вас

Кажите ми а да заменам едно пиење млеко со овошна кашичка или да продолжам со меѓу оброк, и плус со пробување на зеленчук?
Сакам прашам незнам кажам user posted image ваљда ме разбравте

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 658
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.1.2014 17:12:06   
Felly RR
Меланија РР, кога user posted image ќе почне да си јаде поголема количина, ќе видиш самото ќе си прави поголема пауза меѓу оброците. Јас мислам кога ќе почне да јаде барем една цела тегличка 120 мл, тогаш да му воведеш и зеленчук. Овошјето наутро, зеленчукот за ручек.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 659
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.1.2014 0:28:59   
Big mamy
zdravo mamicki user posted image podolgo ne sum bila na forumov a na ovaa tema za prv pat se javuvam user posted image
srekni praznici i se najdobro user posted image
moeto malecko veke e 6 meseci i 1 nedela.... veke od 4 mes. postepeno, so preporaka na pedijata,\r voveduvame po nesto od ovosje, zelencuk i od zitarici (jabolka, krusa, banana, tikva, sliva, kompir, oriz, spanak, brokula, morkov, patlidzan, kiselo mleko, griz, palenta, pa i pilesko meso...) seto si go jadime i dobro podnesuvame user posted image ...
ve molam kazete mi sto drugo od ovaa vozrast smee da se vovede vo ishranata... me interesira kromidot, lukot, cvekloto od koga se davaat?? user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 660
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.1.2014 9:10:56   
sandriana RR
user posted image ...
ve molam kazete mi sto drugo od ovaa vozrast smee da se vovede vo ishranata... me interesira kromidot, lukot, cvekloto od koga se davaat?? user posted image user posted image


Big mamy, кромид и лук може постепено да ставаш во кашичките, за цвекло би почекала уште малку ( 2-3 месеци). И телешко мевце може, штом јадете пилешко - посоодветно е за бебиња.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Big mamy)
Непосредна врска до пораките: 661
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.1.2014 4:18:08   
mamamimi
Zdravo majki :). Nemav vreme da gi citam site stranici od ovaa tema, se izvinuvam ako veke e spomnato. Gledam deka kaj nas prvo se preporacuva da se pocne so ovosje pa zelencuk pa zitarici a srpskite sajtovi i nivnite doktori velat po obraten redosled zitarici-zelencuk-ovosje. Dali znaete koja e pricinata? Dali e toa samo zaradi podobro prifakanje na vkusot na zelencukot bidejki ovosjeto e blago pa bebeto dobro ke go prifati i podocna. Inaku mozete kasickite bez razlika kakvi se da gi podgotvuvate so majcino mleko ili za onie cii deca se na adaptirano moze i takvo da se dodava.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 662
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.1.2014 9:28:03   
sandriana RR
mamamimi, јас не би се согласила дека прво се воведуваат житарки во исхраната.
Во однос на овошје и зеленчук - да, има поделени ставови, и во принцип прво се воведува некое овошје (јаболко, слива, банана, тиква ) заради полесно прифаќање на благ вкус, па се преминува на заланчук - морков, компир, тиквица, подоцна ориз, а житарки со глутен после 6от месец.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mamamimi)
Непосредна врска до пораките: 663
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.1.2014 9:49:44   
princessa
vo sekoja zemja e razlicnouser posted image . Vo Germanija pedijatrite preporacuvaat da se zapocne so zelencuk i toa so morkov, pa posle so paskanat, kompir, pa kombinacii izmegu. Dokazano e deka morkovot e najfin zasto i toj e blag, moze podocna da se mesa i so ovosje i zelencuk i decata se najmalku alergicni na nego. Posle zelencukot se voveduva ovosje od tipot na jabolce, kruvce, banance itn. Nakraj doagaat zitaricite pa podocna i mesoto. Sokce treba da se izbegnuva posebno ako se doi bebeto, a koga se voveduvaat pomegu 2 i 3 obroci dnevno treba da mu se ponudi voda i toa e toa.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 664
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.1.2014 16:01:23   
mimi 27
Мајки кога почнавте со јогурт и павлака?

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 665
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.1.2014 8:34:17   
sandriana RR
Јогурт и павлака се воведуваат после 7от-8от месец. Дури, според некои педијатри, павлака се препорачува и подоцна.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mimi 27)
Непосредна врска до пораките: 666
   RE: Прва нова храна на бебето II
25.1.2014 9:38:33   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Crnokosaaa

Dobro ve najdov ! Znam deka se pocnuva edno po edno. No me interesira so mlecnive koi se pocnuva i koga za da znam dali smeam da gi pravam kasite so toa ili voda, i testeninite, znam drugarka mi od 8 mes mu pravese tarana so jogurt i malku feta sirenje .




_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 667
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.2.2014 9:31:54   
sandriana RR
Прашањето на Кромитче, и одговорите ги префрлам во Кога да се почне со дохрана

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 11.2.2014 9:36:17 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 668
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.2.2014 17:10:16   
Lacrymosa
Е сега вака.. од кога ги подув на форумот Бременост сеа овде ќе ве подујам...
по препорака на педијатарот почнав да ја дохранувам.. уште не почнав ама тргнав натаму. На 25ти ќе полниме 4 месеци и јас од пред два три дена почнав да и воведувам сокче од јаболче.. прво една лажичка разредено, па еден ден пауза правевме па денеска 2 лажички со ептен малкуцка водичка е сега незнам како да продолжам понатака.. до крајов на неделава планирам да бидеме на сокче од јаболче ако во меѓувреме не ме изеде бебево мое. колку мл им давате на бебчињата дневно, дали да прејдам на сокче од крушка или на кашичка од јаболко.
како им го давате сокчето од јаболко? од свежо? од варено? разблажено? чисто?
и како се прават кашичките дали од свежо овошје или од варено/печено? колку количински се дава?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 669
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.2.2014 19:45:28   
Felly RR
Сокчето може од свежо јаболко, рендано, па цедено, а кашичките треба да бидат од термички обработено овошје, и тоа најдобро на почеток варено. Јас мислам штом сте пробале сокче, може и кашичка од јаболко да пробате. Првите денови по некоја лажичка, па постепено ќе зголемувате. Може потоа да продолжите со морков, без разлика дали сокче или кашичка. Јас сум повеќе за кашичка, не знам другите може друго ќе ти препорачаат.user posted image И баш ни недостасуваше, одамна те немаше. user posted image Уживајте во кашичките!

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 670
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.2.2014 10:02:09   
sandriana RR
Лакримоса, јас ќе се согласам со Фели, дека од сокчињата немаш многу ќар,туку директно да си почнете со кашички.
Како најмалку алергено овошје ја сметаат и крушата, па ете можеш да направиш кашичка и од обарена крушка.
Што се однесува на количината, не очекувај премногу, сега учите вкусови, така да и 3-5 лажички се сосем доволни.
Имаме и тема Колку е доволно, па читни и таму.
Со среќа нека Ви е почетокот со дохрана user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 671
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.2.2014 10:05:07   
vezilka RR
Па што знам да ти кажам, хм. Ние почнавме со дохрана од 6 месеци и никогаш не му дадов термички обработено овоштие, и морковот прво свеж му го дадов. Почнав со сокчиња, воведов јаболко, круша и морков, и потоа истите како каша. Мене со кашите подобро ми одеше, оти сокчињата не ги сакаше. Ќе видиш што подобро ќе ти прифати.Ова со варење на овошјето, ако така ти препорачале оти порано почнуваш, тогаш така терај.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 20.2.2014 10:06:33 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 672
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.2.2014 13:55:19   
AnnaMolly RR
Јас од 4 месеци почнав со сокчиња, од 4,5 со кашички. Ниеднаш не сум варела овошје за кашички, никогаш. Се му правев од свежо овожје, и како Везилка и јас дури и морковот свеж го давав. Единствено термички обработено овошје јадеше кога му печев јаболко и толку.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 673
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.2.2014 13:58:57   
Melanija RR
Ние како релативно нови со почеток на дохрана user posted image почнавме 2-3 дена со сокче но неразредено бидејќи беше 4 месеци и нето.На 4и пол месеци со каши купечни, јаболки, јаболко и морков, банана,јаболко и круша.
Токму по овој редослед по 2-3 лажички и стигнавме до пола тегличе на јадење.
Сега сме на зеленчук па затоа не давам повеќе количина овошни.
6 месеци сме и редоследот ни е овој ,компир и морков,па ориз и морков.Од понеделник додаваме спанаќ,блитва и брокула.
Мака имам со темпераментот на тие 2-3 лажички се со претање во рацеuser posted image

Едит:AnnaMolly RR совет за свежа овошна кашичка, да се ренда па блендира овошјето.Сакав да правам но мислев прво да го сварам.Мисле јаболко и круша,сега има многу убави круши

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 20.2.2014 14:01:09 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 674
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.2.2014 14:25:33   
Defne90 RR
И ние почнавме од 4 месеци со дохрана најпрво со јаболко,морков и круша.На почетокот му ги варев но после почнав свежи.Инаку така цедени бистри сокшиња може да се даваат од јаболко и круша,јас додуше и не му давав сокчиња затоа што и не ги сакаше,ние си бевме на кашички.Инаку за количината секако дека на почетокот тоа ќе бидат две три лажички па пстепено ќе се зголемува.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 675
Страница:   <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?