|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.12.2014 14:33:07   
vezilka RR
Дечки, на една недела пред 7 месеци што можеме да воведеме друго? Грашок, боранија, пашкнат, целер. И за грав и леќа до годинка ли се чека? Домат и пиперка од осум ли или од девет? Исто ме интересира за кромидче и лукце, босилек и рузмарин?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 776
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.12.2014 14:52:51   
Malecka23
Borajnija,grasok,piperce,kromid i luk mozes slobodno da dades.Za domat vidi posle osum posto znae da dade osipce t.s crveno gaze.I celerot mozes da go dades ama vnimatelno prvo vo mandzickata neka se povari da pusti voda pa izvadi go vidi dali ke ima reakcija posto i toj znae da dade.A za gravceto jas bi pocekala posto sepak e tesko nekako za varenje.Leka isto mozes da dades ama od taa crvenata polesna e od drugata

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 777
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.12.2014 17:46:41   
sandriana RR
А мевце воведовте? Веќе може да проба и пилешко/мисиркино мевце.
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Дечки, на една недела пред 7 месеци што можеме да воведеме друго? Грашок, боранија, пашкнат, целер. И за грав и леќа до годинка ли се чека? Домат и пиперка од осум ли или од девет? Исто ме интересира за кромидче и лукце, босилек и рузмарин?



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 778
   RE: Прва нова храна на бебето II
17.12.2014 8:39:38   
Dilina
Мамички денеес трети ден ќе пробаме јаболче (прво апнување ни е) user posted image
Само што Илина ја плука и прави фаци како да е кисело :D А не е :D хехехе... како лимун да јаде. Да инсистирам ли додека не голта или така само да и давам? 15 мин се ттрудам да голтне и не сака.... да ја форсирам ли или сама ќе си почне?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 779
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.12.2014 15:54:11   
Melanija RR
Dilina незнам дали те разбрав,вкусува со јазиче и плука,не голта?Ако е купечко може да не е благо,па пробај со златен делишец дома изблендај.Треба да се навикне и на лажичето,сочекај па дади ..треба трпение.user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 780
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.12.2014 16:12:59   
Cvekelencule
Dilina да пробаш да го обариш јаболкото па да го испасираш во блендер јас на моиве му давав и по една плазма бисквита и турав од водичката од јаболчето за да се стопи поубаво и стварно е поубаво од чисто јаболко.Или па земи мешај круша јаболко банана и така се многу убави заедно

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 781
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.12.2014 0:11:02   
Felly RR
Плазма бисквити содржат глутен, и исто и мед, а user posted image од Дилина е мало, така што овој рецепт нека почека за понатаму. Исто и мешање на вкусови откако ќе ги проба сите, и тоа секој нов вкус 3 дена да се види дали ќе има некаква реакција.
Ако јаболче не сака пробај со морков, може па зеленчук ќе сака.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Cvekelencule)
Непосредна врска до пораките: 782
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.12.2014 8:57:53   
Dilina
Oooo па мали сме за плазма :D сега ни е 5ти ден како пробуваме, вчера пробавме крушка ама ништо..... го вкусува и плука ама прави фаци како лимон да јаде user posted image од зеленчук што може да се даде? Морков, тиквица.... друго? Банана несакам да и дадам уште затоа што кака еднаш дневно, а знам дека бананата ја стврднува столицата.... па ми е страв сџеуште да не направам некоја грешка....

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 783
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.12.2014 9:42:21   
Malecka23
Probaj kruvceto ili jabolceto da go pomesas malku so mlekce mislam taka polesno ke prifati.OD zelencuk mozes da dades kompirce isto so mlekce malku da ne bide bljantavo,orivce,brokula,tikvica,morkov ama vnimavaj so morkovot moze zapek da napravi.A i da ne saka ne s eotkazuvaj nudi ja postepeno posleka ke go prifati vkusot pa ke se navikne

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 784
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.12.2014 20:10:57   
tincule
Ние денес првпат пробавме јаболко user posted image user posted image Си лапнавме дури 3 лажици, ама многу ми беше смешна. Утре пак, инаку јас прво го варев да омекне малце, го изблендирав со малку од водата што се вареше и така и го дадов и си го прифати супер.

< Поракaта ја уредил tincule -- 20.12.2014 20:12:23 >

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 785
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.12.2014 10:34:51   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Ние денес првпат пробавме јаболко user posted image user posted image Си лапнавме дури 3 лажици, ама многу ми беше смешна. Утре пак, инаку јас прво го варев да омекне малце, го изблендирав со малку од водата што се вареше и така и го дадов и си го прифати супер.



Тинчуле вие имате исто колку нас тука некаде сте 5-6 месеци? Да знам да се консултирам почесто хехе :D
Ние вчера пробавме со банана и млеко од мене, ама ништо... пак плука . Па денес ќе пробаме ориз...

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 786
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.12.2014 12:19:28   
tincule

ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina


ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Ние денес првпат пробавме јаболко user posted image user posted image Си лапнавме дури 3 лажици, ама многу ми беше смешна. Утре пак, инаку јас прво го варев да омекне малце, го изблендирав со малку од водата што се вареше и така и го дадов и си го прифати супер.



Тинчуле вие имате исто колку нас тука некаде сте 5-6 месеци? Да знам да се консултирам почесто хехе :D
Ние вчера пробавме со банана и млеко од мене, ама ништо... пак плука . Па денес ќе пробаме ориз...

Да, направивме 5 месеци пред 4 дена user posted image Ме советуваа порано за дохрана ама јас сега си почнав, немаше потреба да ја форсирам порано. Инаку за банана јас сега не би и давала малку покасно пошто запек ствара, ама секоја мама различно user posted image Следно на список ми е крушка за некој ден, морков ама тоа може само 2 пати во неделата и тиква исто можеш ако сакаш а не сте пробале.Мами само упорно и полека ќе си се навикне user posted image Ориз се мислам мајка ми ме запињаuser posted image user posted image па може и јас ќе пробам ориз да и дадам. Инаку оризова вода била убава за стомачето.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 787
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.12.2014 12:21:47   
tincule
А заборавив што сакав да прашам, јас и давам одсабајле накај 9 саатот така ми кажа педијатарката за да може да го свари убаво стомачето, па сакав да прашам и за натака еве оризот на пример во исто време или малку покасно со саатот идете?

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 788
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.12.2014 13:19:33   
vezilka RR
Ете јас житарки уште не сум почнала. Јас пак оризот некако ептен го избегнувам, не знам зошто, може оти мененеми е убав тој белиот мелениот. Сега неделава планирам да почнам со некоја житарка, ама се мислам дали просо или хељда. За просото знам, а кажете ми за хењдата како се спрема? Исто два спрема еден и се вари 20тина минутки?
И зошто морков само два пати неделно? Јас го давам почесто по малку во кашичките, по некое кругче, за вкус. Иначе некни прв пат дадов и кромидче и ептен се поубави така кашичкиве.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 789
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.12.2014 15:32:54   
tincule
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

И зошто морков само два пати неделно? Јас го давам почесто по малку во кашичките, по некое кругче, за вкус. Иначе некни прв пат дадов и кромидче и ептен се поубави така кашичкиве.

Па педијатарката така ми кажа, ама тоа е ако и давам само морков дали сок или кашичка, сега за почеток. Што знам сите различно веќе не знам што да мислам user posted image user posted image Едни ваа други онака, бабиве по нивно абе ....

< Поракaта ја уредил tincule -- 22.12.2014 15:34:54 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 790
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.12.2014 11:28:33   
June
Majki, bebe ima 6 meseci, pocnati sme so dohrana: jabolce, banana, kruska, morkov. Gi davam na 4-5 dena rastojanie. Me interesira na ovaa vozrast sto dugo moze da se dade? Isto kolicinski kolku davate? Kolku pati na den? Nie jademe ednas dnevno najmnogu do 5 lazicki.

_____________________________

"In the end, it's not going to matter how many breaths you took, but how many moments took your breath away "

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 791
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.12.2014 13:05:47   
sandriana RR
June, веќе можете и зеленчук-компир, ориз, тиквица, брокула, карфиол, житарки - хељда, просо....а, ако немате историја во семејството со целијакија, може и глутен да воведете - гриз, палента.
Од овошје - слива, тиква(мада не е овошје user posted image ), авокадо...

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот June)
Непосредна врска до пораките: 792
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.12.2014 13:24:49   
lukajana RR
June тоа што ти кажа Sandriana можеш слободно да дадеш ,јас давав и палента.Пробај ги прво одделно па почни да мешаш ,ако јаде од 5 месеци можеш да воведеш и втор оброк и труди се малку повеке да јаде 5 лажички е малку.Ако нешто не ти прифаќа мешај со нешто што сака додека да се навикне на вкусот.На крајот на шестио месец можеш да дадеш и жолчка и бело месо. Ние сме седум месеци имаме по три оброка цврста храна од прилика колку мала теглика купечка каша по оброк.Поздрав

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 793
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.12.2014 21:45:48   
Dilina
Од оризот ја фати пролив, од јаболкото прв пат немаше реакција, вчера и дадов пак и имаше осип по мешето, денес пак и дадов цела се осипа.... а и блјуцна жолто ко слуз.... нормално ли е ова? Не јадеме мн количински, 2 лажици едвај некако ќе ги лапне. Пробавме круша банана јаболко ориз..... и тоа пасирано, не и го блендирам, со измолзено млеко од мене. Од утре планирам да и дадам блендирано, само незнам што ќе размислам....

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 794
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.12.2014 22:49:43   
lukajana RR
Dilina a kolku meseci imate?Ako nema 6 jas bi te sovetuvala da pocekas malku da ne forsiras napravi pauza nekolku dena,pa pak probaj jabolce ama ne bi trebalo da ja nafrli se smeta za najmalku alergeno,a oriz jas davam ako ima prolivce takasto ne bi trebalo da sozdade prolivce.Ama sepak neznam decata se razlicni voveduvaj poleka po malku I so razmak megu razlicni vkusovi pa ke vidis.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 795
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.12.2014 22:49:58   
Melanija RR
Dilina od oriz da ima proliv?Знам ориз и компир се дава против пролив.За јаболко ме чуди, варено го даде?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 796
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.12.2014 7:35:22   
Dilina
Јаболкото и го давав свежо, не го приготвував никако. Можно ли е да е од водата во која се варел оризот? Превриена сепак...изгледа најдобро со флаширана да и го варам? И тоа проливот беше како жолт слуз, едното ноџе утоп мокро. Баш се погоди да имаме гости, и пријателкава ја зема и ми вика абе детево е мочкано, протопено му е. А јас се зачудив зашо од мочкано никогаш не пропуштило, кога да видам едната ногавица утоп.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 797
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.12.2014 9:23:36   
Felly RR
Дилина, совет од мојата педијатарка беше до 6 месеци кашичките да ги правам од термички преработено овошје и зеленчук, а само сокче од свежо овошје да давам. Почекај некој ден, па потоа пробај пак јаболко но варено и блендирано.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 798
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.12.2014 13:37:44   
Melanija RR
Dilina таман работа да се вари храна во флаширана вода,па кога се вари доаѓа превриена така што не е од тоа.Може реакција на нова храна ама алергија ако било само еднаш не е .Како што пиша Felly RR термички обработи го јаболкото,круша немора.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 799
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.12.2014 20:00:16   
Dilina
Ништо, бевме на педијатар денес, и др рече дкека не било од храната туку од атопичниот дерматит user posted image алергија на некој прашок поконкретно да сум го сменела прашокот ама ај тоа у друга тема...

инаку по многу мислење си отидов у аптека и купив кашички хип. Слушнав и читав по форуми дека биле мн безбедни. Не дека верувам, ама на јаболкава и крушиве од пазар па ич не им верувам, покрај тоа што ние немаме никаква контрола што се сади ид од каде се носат корења итн од институт за земјоделие... инаку денес си лапна 3 лажички ко ништо од хип прва кашичка од јаболко.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 800
Страница:   <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?