|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.6.2014 23:55:18   
Felly RR
РИнгишпил, јас ете аа другиот дел од прашањето - кисело млеко и маслиново масло, ДА, со полни 6 месеци. Е сега ништо страшно и една ндела порано да пробате, не менува ништо за некој ден, а може да го подобрат вкусот на зеленчукот, така да - пробај. Исто може и со АБЦ крем сир (баш за тоа имаме погоре пишувано) да пробате за подобрување на вкусот, или со путер. Се тоа можеш со 6 месеци да даваш.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 726
   RE: Прва нова храна на бебето II
27.6.2014 12:51:01   
sandriana RR
Ilina87, твоето прашање го префрлив во темата Житарици

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 727
   RE: Прва нова храна на бебето II
28.6.2014 10:52:21   
sandriana RR
Девојки, муабетот околу палентата е префрлен во темата Житарици.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 728
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.7.2014 1:31:18   
Melanija RR
Кое овошје е помалку алергено за до 1 година?Од банани преку глава,јаболка нема,круши слабо,на праска реакција, сега план за проба купечка кашичка од кајсија.Предлог???Диња,авокадо.....?Незнам што а цитрус не,и што ми останува?user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 729
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.7.2014 9:43:36   
sandriana RR
И на праска има реакција?
Останува бостан да пробате - диња и лубеница, за авокадо не знам, не сум дала никогаш, ете, сливи има сега свежи, пробајте....

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 730
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.7.2014 11:40:06   
Ilina87
Јас му давам купечка кашичка од кајсија од HIPP уште од 6 месеци и ја обожава. Може да пробате лубеница и диња, јас му дадов овие дена, но не е многу воодушевен. Лубеницата малку е потвдра и не можеше да ја џвака бидејќи имаме само 2 запчиња.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 731
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.7.2014 12:39:44   
Felly RR
Меланија, ќе се согласам со предлозите на Сандриана. А за авокадо не би ти препорачала, бидејќи има покажано рекација на повеќе нешта, повеќе гледајте да конзумира овошја кои се карактеристични на нашето подрачје, и на кои сега им е сезона. Реакцијата на праската може била на хемикалиите со кои се прскани, а не на самата праска. М така на 2 год покажуваше реакција на патлиџан купен од пазар додека на органски патлиџан - не. Баш сега најдов еден текст за правилно миење на овошјето и зеленчукот. Ќе го постирам во соодветна тема.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 732
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.7.2014 22:24:04   
Melanija RR
Праската беше купечка кашичка, од уплав кашичка купечка од кајсија со круша дадов беше ок па сега земам и само од кајсија user posted image Веќе незнам што да дадам од овошје тоа па тоа user posted image среќа од бабанана нема проблеми со нужда user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 733
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.7.2014 12:34:48   
Ilina87
И цреши ние пробавме, ама сега не знам дали има на пазарите user posted image . Исто од HIPP му давам цреша и банана и многу ја сака.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 734
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.7.2014 16:19:59   
Melanija RR
Со кајсијата помина ок сега останува и свежа во домашка каша да ја проба user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 735
   RE: Прва нова храна на бебето II
1.8.2014 20:18:21   
Рингишпил
Малку со задоцнување, но ви благодарам многу и на двете! Одкога почнав со маслиново масло и по една мала лажичка кисело млеко немаме мака со зеленчукот. user posted image

Да ве прашам дали имате давано авокадо и од кој месец? И ако да со што да го комбинирам?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 736
   RE: Прва нова храна на бебето II
1.8.2014 21:58:39   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: jasmina81

ми треба совет од вас околу хранењето на синко
до сега јадеме праска,кајсија,банана,јаболко,круша денес пробавме.ориз компир. блитва ,морков,тиквичка ,сега сакам да му воведам на сабајле овесни снегулки со овошјето дали може и што можам уште да давам?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin
Се што има на пазарот во македонија и што е на наше поднебје давај, за новите вкусови знаеш, ќе следиш само реакција да не даде, пред да дадеш било што што ќе ти текне, само побарај информација дали е алергено или не и слободно прави комбинација. Од житарките сега давај од оние кои не содржат глутен, како пченицата (гриз), овесот може да има траги од глутен ама можеш да го воведеш постепено и оризот. од месо смее телешко, риба во мали количини и исклучиво бела, зајачко, мисиркино и бело пилешко. Во ручекот можеш да воведеш и четвртина тврдо сварена жолчка. Потоа можеш да даваш леќа, грашок. Помеѓу оброците давај сок, днево 90-120 мл, чист не разреден, само од грозје се разредува. Еден трик, ако си правиш сокчиња дома, стави три капки вит.ц да спречиш оксидација user posted image

Еве што не смееш да даваш сол, шеќер, мед, големи морски риби, сирови јајца, јаткасто овошје


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ana7
Јасмина и мој совет ти е со глутенот да почекаш до полни 8 месеци. Сега засега можеш ориз, просо,хељда и амарант да додаваш во кашичките.
Распоредот ти е добар и ние така почнавме и сеуште така ни се оброците, за количината самото бебенце ќе ти каже колку може да изеде.



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 737
   RE: Прва нова храна на бебето II
2.8.2014 10:39:49   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Рингишпил

Малку со задоцнување, но ви благодарам многу и на двете! Одкога почнав со маслиново масло и по една мала лажичка кисело млеко немаме мака со зеленчукот. user posted image

Да ве прашам дали имате давано авокадо и од кој месец? И ако да со што да го комбинирам?

user posted image за ваш Рингишпил. Е сега за авокадото, тоа не е алергено, и има неутрален вкус така што може да се дава и на помало бебе, но сепак бидејќи го нема на нашето поднебје, јас би почекала барем со полни 8 месеци. Можеш да го комбинираш со банана.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 738
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.8.2014 11:24:45   
Ilina87
Денес првпат пробавме палента со ABC сирење и кисело млеко. Ја правев според упатството ама ми дојде доста густа паuser posted image не можеше да ја голта, се давеше, а изгледа му се допадна. Ај Ве молам совет како ја приготвувате?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 739
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.8.2014 12:18:43   
sandriana RR
Палента секогаш од око правам- ставам околу 250-300 мл вода со малку сол и масло/путерче да зоврие, па додавам палента, со постојано мешање, од око, до саканата густина. Оставам 1-2 минути да проврие и тргам од оган. Потоа во чинија ја мешам дали со абц крем, дали павлака или рендано сирење и рендан домат.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 740
   RE: Прва нова храна на бебето II
18.9.2014 16:33:54   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Doris D

Bebenceto ima 5 meseci i edna nedela.Pocnav so dopolnitelna ishrana i toa so jabolko nekolku dena pa so krusa.Ve molam kazete sto da dadam sledno i sledno kako za pocetok.Inaku pocnav so 3-4 lazicki pa do 10 no bebevo golta kolku ke mu dadam:-) a go ranam edna nedela taka da nezna m kolku da prodolzam da mu davam.Ve molam pisete ve cekam
user posted image



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 741
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.9.2014 23:10:12   
Melanija RR
Doris D можеш да даваш купечки и домашни,и токму така денес 3 лажичиња,утре 6 ,задутре 10.Оновошје јаболко,круша,банана,праска,кајсија. Од кога ќе проба чист влус може да мешаш две овошја.Нема потреба да брзаш се постепено.Па од 6 месеци ориз,компир,морков,тиквица..

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 742
   RE: Прва нова храна на бебето II
19.9.2014 23:20:05   
Felly RR
Дорис, наредно сега може да пробате морков, прво 3 дена само тоа, па после може и со јаболко да му мешаш. Потоа може банана, па искористи ја и праската дури не им поминала сезона, а исто и слива па и зеленчукот што ти го спомна Меланија РР. За количината, јас сметам дека штом веќе една недела си ручкате може и поголема количина, на пр. пола тегличка.
Битно е секој нов вкус да се воведува полека и постепено, три дена истата нова храна, па потоа друга со цел да се забележи доколку има реакција.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 743
   RE: Прва нова храна на бебето II
26.10.2014 19:21:02   
Maja Peovski
луѓе како ја правите оризовата вода како замена за млеко, има некој размер? скоро 4 месеци имаме и сме на адаптирано млеко

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 744
   RE: Прва нова храна на бебето II
26.10.2014 20:29:55   
Melanija RR
Незнам за сооднос но 1:3 ,или од око да згусне ако ти изгледа ретка водата вари го уште оризот ако е густа додади вода и уште вари.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Maja Peovski)
Непосредна врска до пораките: 745
   RE: Прва нова храна на бебето II
27.10.2014 10:53:57   
kate18
Uste edna nedela ke bideme 5 meseci, pred nekolku dena pocnavme so jabolce i mnogu go saka, e sega pedijatarot rece naizmenicno ovosje pa zelencuk, denes probavme edno lazice morkov i za sega e ok, gledam ne mnogu go davaat morkovot tolku brzo ama jas ne znaev sto zelencuk da dadam za pocetok samostojno. Kompirot so sto go pravite, se stava malku ad mleko ? da ne bide suv bez nisto? ako moze nekoj da napise iskustvo...

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 746
   RE: Прва нова храна на бебето II
27.10.2014 12:22:59   
Ilina87
Kate18,на твое место би почекала уште малку за воведување на зеленчук, барем 5 и пол месеци да има.
Можеш компирот со ад млеко да го правиш да дојди како пире. Потоа можеш комбинација на компир и морков, исто во почетокот може и ориз, па потоа тиквица.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 747
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.10.2014 10:38:00   
kate18
Fala ilina87, ke terame ovosje sega ovaa nedela do vakcina pa ke vidam sto ke kaze pedijatarot. ona ne sovetuvase taka so zelencuk navodno bil bljantav,bez sol i nema da go jadel ako mu davam na pocetok samo ovosje. ke isterame sega krusa nekolku dena pa banana,pa ke pravam kombinacii od probanite...

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 748
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.10.2014 11:39:43   
vezilka RR
И ние почнавме со дохрана. Сега сме пет ипол месеци а почнавме пред четери недели. Досега воведовме јаболче, банана, круша и морков. Со овој редослед воведував и кај првото,со тоа што сега ми секнаа овошки нели. За Никола прво ги воведов скоро сите овошки, ама почнавме во мај, па после продолжив со зеленчук, кога требаше да му воведам втор оброк. А сега што да правам. За наредна недела во план ми е тиквата да му ја воведам и за после не знам ич. Некако многу рано ми изгледа за зеленчук, па немаме ни 6 месеци. ЈАс додуше морков воведов, ама тој го комбинирам со овошје, тоест со јаболче.

И апропо муабетот од погоре. Од секогаш сум се нервирала за изјавите за бљунтавоста на зеленчукот. Па бебињата не знаат што е сол, па да прават разлика. И башка тоа, мене зеленчукот не ми бљантав. И јас јадам морков, компир, карфиол, брокула без сол. А ко веќе се инсистира на сол, земете химелајска розева сол, таа може да се воведе од осум месеци.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот kate18)
Непосредна врска до пораките: 749
   RE: Прва нова храна на бебето II
29.10.2014 12:12:37   
vezilka RR
И уште едно прашање..како иде замената на млечните со немлечните оброци?. Првото цицаше, и кога почнав да го дохранувам, тој и понатаму си цицаше кога сакаше, хихи, а колку нели не знам, така да немам поим кога му се случи замена на подој со храна. Е сега пошто малово не цица, кога му ја воведовме цврстата храна, тоест овие неколку дена кога веќе јаде по околу 100-110 грама од кашата едниот млечен оброк сам си го исфрли. Иначе сме пет ипол месеци сега. Во едно деноноќие успеваме сега 4 да испиеме млечни. Вака ли ќе изгледа намалувањето на млечните, за сметка на цврстите? И кога втор оброк?

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 750
Страница:   <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?