|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.4.2015 19:29:33   
Felly RR
Мислам дека не е рано, јас како што паметам и порано и давав. Дека летото М во август имаше 8 месеци - сигурно сум и давала. И ја рендав на ситно, и заедно со кисело млеко како таратур и давав.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 826
   RE: Прва нова храна на бебето II
21.4.2015 23:12:49   
lukajana RR
Фала Felly RR и јас како таратур мислев да и давам како ужинка,ајде сега ке почне да има повеќе избор на овошје и зеленчук веке немам идеја со ова зимсково мени

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 827
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.4.2015 9:51:25   
nataly86
За рано мислам дека не е, но јас не би давава оранжериски мислам дека нема да има никаков бенефит. полни се пестициди..за кратко време ке биде сезона во полн ек па тогаш да..но изборот е твој

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 828
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.4.2015 10:22:12   
Neurotoxin RR
Се согласувам со натали, за рано ич не е рано, ама зашто да брзаш кога и онака немаат некоја хранлива вредност, освен што ќе внесе големи количини вода, ама во овие сега, што вика натали, има пестициди. И мој совет, почекај сезона, таман ќе се хидрира со краставичка, па ќе можеш и така во раче да му дадеш да си грицка.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 829
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.4.2015 10:52:06   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Фала Felly RR и јас како таратур мислев да и давам како ужинка,ајде сега ке почне да има повеќе избор на овошје и зеленчук веке немам идеја со ова зимсково мени


Знам дека постов не ми е за тука, ама сакав да ти одговорам во однос на ова со зимското мени, па слободно префрлете го во поссодветна тема. При разговор со повеќе нутриционисти, при вакви преопдни периоди, кога нема свежа храна, ензимите се заменуваат со ферментирани млечни производи, јогурт, кисело млеко, павлака, урда, кефир... кефирот сега јас во домашни услови си го спремам и планирам да го заменам јогуртот со него. Летото е за витамини и вода, есента повторно за млечните производи и есенските овошја со цел да се исчисти органзимот за пречек на маснотиите кои се оставени за во зима. Има логика, така практикувам колку што можам, ако не за нас бар за малата. Се надевам е од помош мојот одговор

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 830
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.4.2015 9:31:07   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Фала Felly RR и јас како таратур мислев да и давам како ужинка,ајде сега ке почне да има повеќе избор на овошје и зеленчук веке немам идеја со ова зимсково мени

Навистина краставицата нема хранлива вредност и не мора да брзаш да и ја воведуваш, јас и давав исто од кај 6-7 месеци, ама ние си имавме наши си одгледувавме и од нив и давав и да грицка и како таратур

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 831
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.10.2015 18:22:38   
Hopeful RR
Одамна не е активна темава, па еве таман мене ми дојде редот user posted image

Моите дечки наполнија 5 месеци и почнувам да планирам воведување храна. Од се што читам и зборувам со луѓе, првото треба да биде зготвено јаболко (печено, сварено или на пареа) па избленирано во кашичка. Педијатарката вчера ме збуни и ми рече да им дадам сок и кашичка од свежо јаболко!!! Ја препрашав да не не сум чула, ама дури и арогантно ми повтори дека да, свежо јаболко, измешано со морков и банана. И исто така, ми рече да го разводенам, пола - пола со вода, па потоа се помалку и помалку. Искрено, јас не би давала сокови - зошто? Подобро кашичка, а вака што само вода со шеќер ќе пијат...

Кои се вашите искуства? Некако ми е шубе со живо јаболко, првпат слушам вакво нешто. И што мислите за сок или кашичка?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 832
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.10.2015 18:37:15   
lolla RR
Houpful, мене педијатарот ме советуваше првиото воведување да е обарено (јас на пареа во сип ги правев), а потоа свежо заради полесно варење на храната. И јас се согласувам со него, ние почнавме накај 6 месеци со праска, тоа имаше свежо тогаш, па круша, па јаболко, слива, морков итн... Првите проби да се од единешно овошје треба и тоа по три дена од сабајле. Дури откако ке проба неколку вида може миксови од свежо. Исто е убаво батат, тиква, сува кајсија, тиквица итн.... Ајде со убаво да си папаат батковците, спреми се на најслатки фацки.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 833
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.10.2015 18:40:45   
lolla RR
Да допишсм, не мора јаболко, нема правило, ако сакаш почни со банана, авокадо, или просо, ориз интегрален, цвекло, киноа, амарант... мајката си одлучува

А за сок, уште не сум дала, 8+ месеци е, имам давано водичка каде стоело суво овошје.

И јаболкото е на листа на 15 најпрскани овошја, ако можеш најди им домашно ко за први проби. Не претерувај со морков заради присуство на нитрити. И ако можеш земи им од зегин safe feeders со мрежа да учат и да ропкаат свежо.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 834
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.10.2015 19:21:39   
tincule
Јас првин почнав со варено јаболко, пошто уште немав блендер и го испасирав ситно и и додадов малку од водата што се варело. Морков се дава два пати неделно на почеток со овошјето нели после кога ќе почнете и со зеленчукови и во тие можеш и почесто. Со сокчиња и јас почнав покасно од причина што кога го цедиме овошјето некако ми е безвезе пола овошје во ѓубре и дете пак гладно, за мене сок не е замена за јадење (пошто некои педијатри велат или кашичка или сок исто е)за мене не е, сок ми е како ужина или наместо вода ако нејќе вода и нудам сокче. Со банана почнав после 6 тиот месец најискрено поради калиумот (и уште практикувам ако јадела неколку дена по ред правам пауза неколку дена па пак зашто калиумот може и да наштети ако се претера)и плус ствара запек. Најбољи лек за пролиф е бананаuser posted image одма ја стврднува столицата.
Значи почнав на почеток со јаболко, крушка, морков, кајсија, праска и после комбинирав. Ако немаше свежо пошто нас не фати зима баш тогаш купував и готови кашички и од тоа и давав.
А ако неможе да ти кака дај слива и решен проблем за кратко времеuser posted image . Бар кај нас така беше и уште е user posted image Сливата многу ги прочистува цревата. Само на почеток глеј одсабајле до кај 10 саат да им даваш немој навечер ај поради алергијата да видиш да не имаат реакција ама и поради варењето на храната.
Епа толку ми текнува сега поздрав и да си ручкате со сласт user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 835
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.10.2015 20:51:33   
Hopeful RR
Фала девојки, значи тука негде сме со мислењето за сок. Ќе почнам со јаболко, банана сакам подоцна за да не се навикнат од одма на толку благ вкус па да ги одбиваат и другите. Авокадо секако ми е опција, да. Житарки после 6 месеци, сега колку да видиме како ќе реагираат на овошје.
Инаку во очекување сум на хард кор селски непрскани јаболки, ми ветија од неколку сорти, па ќе видиме. Сезонава е ок, има и круши, сливи, па ќе комбинирам.

lolla, какви се тие safe feeders? Не сум чула за тоа...

Инаку, малку ме фаќа и трема, а и паника за тоа како ќе се снајдам... Башка кога поминаа 5 месеци? user posted image Сега веќе нема да бидат толку зависни од млекце, шмрц...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 836
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.10.2015 21:28:35   
lolla RR
Знам дека не смее линкови ама во интерес на прашањето, еве ги глодалките со мрежичка, закон се

user posted image
Не брзај, малечки сте уште, желудничето уште им се привикнува, и за тоа дека не се веќе зависни од млекце, аххх, растат, тоа е , нека се живи и здрави само. И рачунај дека некои денови ке изедат се'' па ке си викаш да не им е многу, некои денови нема да отвараат уста па ке се нервираш за тоА. Главно е дека основната храна уште им е млекце до 1 година а се друго е дохрана и навикнување на вкусови за од 1 година да си јадат кажи речи се. Наоружај се со трпение, спреми се за многу дамки, кивнувања со полна уста user posted image , сметај на 1-2 часа во денот на хранење и 1 час спремање и после миење зш ретко што оди во машина до крај. И уживајте, многу убави моменти се тоа.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 8.10.2015 10:32:51 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 837
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 6:05:31   
blue_blue
Јас исто не разбирав зошто треба сок да пијат и никогаш не им дадов па еве до ден денешен едини сок им е вода и кока кола де user posted image кога одат на родендени. Јаболко на пареа ми е супер за почеток и тоа како целосна замена за еден подој. Јас освен јаболко други овошја и давав зошто беше зима и немаше избор на свежо овошје па после јаболкото се префрлив на мешано јаболко и морков и почнав со воведување на ориз и други зеленчуци. Не следев некоја табела стриктно туку по моја логика. Јас почнав од 4.5 месеци дека морав да се вратам на работа кога они наполнија 6 м. До тогаш веќе јадеа две каши дневно, една зеленчук, една овошје (банана или јаболко) и кај 6 ипол или 7 месеци за вечера редовно имаа домашно направено кисело млеко со интегрален леб и лук...фала богу никогаш немале сериозни проблеми со здравје. На овој начин на исхрана беа до 2 години кога тргнаа во градинка па открија и тортици и крем банани и пица и смоки по родендени и кај баба им во двор...

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 838
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 11:22:52   
Mihaela 2010
Aj da se prijavam i jas.na pragot a 6 mesec sme a ekje od 5 ti pocnav so dohrana od pricina sto ne i bese dovolno cicanje pa posledniot mesec imase mn malku staeno.kompotcinja i pravam sekoj den so sliva, jabolko, krusa bidejki povekje i polesno mi se iskakuva, imavme problem so toa pa zatoa i davam.pocnav so jabolko, krusa, sliva, banana, morkov..pa kompirce, tikvicka, tikva,oriz i malku brokula.fala bogu se ubavo si prifati i si lapka.edino mislam deka se zeznav so praska pa mi se nafrla po obravcinjata pa ja bataliv.

Kupiv orizov krem na Lo bello mn e ubavo pa vo prilog imase i bebi recepti pa vcera i pravev sutlijas:)))..imav neotpakuvano ad mleko i dete se iznajade.
Pred nekoj den kupiv dunja ama ene ja stoi sto mislite moze da i dadam?? Nikade ne procitav za dunjata od koga moze da se dade
Inaku imame dva obroka.sabajle cica pa spie pa nakaj 10 ovosna kasa a okolu 3 zelencukova

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 839
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 11:26:43   
Mihaela 2010
Inaku zamrznav slivi, spanakj, blitva, brokula bidejki ide zima pa nema da gi ima..a bas naredniov period ke treba da probuvame spanakj..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 840
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 11:38:14   
Hopeful RR
Ние планираме да ги запишеме во градинка/јасли кога ќе тргнам на работа, со тоа што имам година дена породилно, и затоа ќе морам поинтензивно со храната и разновидните вкусови, за да се поднавикнат на тоа мени. Плус, ај Ј е покрупен, цица повеќе и пие поголеми количини АД па го држат и до 3-4 часа, но приметувам дека М веќе не се заситува, сака да цица или да пие АД дури и на саат, саат и пол, па иако планирав на полни 6, ќе почнам пред 6 месеци, само да стигнат јаболките.

Инаку, овес од кога може да се дава, и во каква форма? Знам дека нутритивно е многу добар, па да си планирам...

Дефинитивно нема да давам сок, сакам да ги навикнам на вода посебно, и овошје посебно. Планирав да замрзнам разни работи, ама бидејќи секое излегување од дома ми е проект, некако ништо од тоа. Сва среќа па ок е сезонава, има за јадење.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 841
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 11:41:50   
Mihaela 2010
Oves jas kupiv na Hipp ama posle duri doma procitav deka sodri gluten i ne i dadov..a celo vreme citam deka oves moze megju prvite da se vovede...bas me cudi

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 842
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 12:25:05   
lolla RR
Jas kolku znam i primeniv taka ovesot e od 7 polni meseci ako ste pocnale na 6. Ovesot nema gluten sam po sebe no lesno se kontaminira ako e vo kontakt so nego. Zatoa se pazi na deklafacijata da pise deka nema gluten. Na davert ima... zatoa mm od zegin najde na markal ovesni snegulki od bio poteklo.. francuski i nie so niv terame. Mebe isto mi bese vazno za orizot i ovesot da se od celo zrno. Semki i zitarki dosega zemame od biokult. Mislam deka pred ovesot da proba treba oriz proso kinoa kako pomalku alergeni i polesni. A davert ima i orizovi integralni snegulki.
A ovosjeto ako se svari gubi mnogu vitamini zatoa e podobro zvezo otkako ke se vovede.
A uzina od koga davate i sto? L e 8 m i uste e so dva obroka. Vecera znam posle se dava nakaj 9 meseci a za nedela dve mislev da mu vovedam nesto mlecno za uzinka megu obroci.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 843
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 12:49:58   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Со банана почнав после 6 тиот месец најискрено поради калиумот (и уште практикувам ако јадела неколку дена по ред правам пауза неколку дена па пак зашто калиумот може и да наштети ако се претера)и плус ствара запек. Најбољи лек за пролиф е бананаuser posted image одма ја стврднува столицата.


Бананата регулира не стврднува и се дава умерено.Но ете кај некој бебиња и дечиња потешко им вари мешето. Моето има 25м и колку банани има изедено па сигурно еден тонuser posted image ќе видите дека ако не сака кисели комбинации бананата ќе ја додавате во се.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

.edino mislam deka se zeznav so praska pa mi se nafrla po obravcinjata pa ja bataliv.


Незнам зошто ја ставаат во табели за 5-6-7- месеци праската.Значи сите овошки кои се со влакна иритираат и се јавуваа кожна алергија.Најчесто , па и кај моето кое имаше кожна реакција на 10 месеци, дадов варена па гола, за потоа над 1 год немаше веќе реакција

lolla ужина како таква освен овошје друго нема што.Единстено овошно јогурче домашно.За вечера вовдеување зависи од детето.Но твоето си цица па може не е гладно:ПОчнав со дохрана на 5,5,м а вече на 8-9 јадеше 3 оброка но количински и на 3 часа па и немаше простор за ужива. Сатнината и количината е од сласта на бебето user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 8.10.2015 12:50:33 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 844
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.10.2015 13:48:13   
Gardenia
За сокови и мојата не ги сака,а вода си пие константно уште од летото.
Михаела дуњата мислам дека може меѓу првите месеци,ама не сум сигурна имав една табела ќе видам баш точно пишува,а инаку листовите од дуња за информација исушете си ги помагале за пролив кај децата.Михаела а како го правиш сутлијачот ,може ли рецепт?
Лола јас за ужина и давам или кисело млекце со малку лепче,или овошје обично после градинка кога се враќа како втора ужина и доаѓа,а може и домашно овошно јогуртче,или пудингче,а најчесто и млекото или ти ако ја доеш цицањето и иде како ужина.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 845
   RE: Прва нова храна на бебето II
30.10.2015 21:37:06   
Hopeful RR
Ете, почнавме со човечка храна! user posted image
Немав нет некое време па тек сега стигам да пишам и да споделам - пред околу недела дена, на скоро 6 месеци, почнав да им давам овошје. Непрсканите јаболки ми доцнеа, и почнав со банана, разредена со мое млекце или АД, па следно беа круши, и еве вчера и денес јаболки.

Не знам што си мислев, дека од одма ќе почнат да јадат без проблем, ама неее, башка реакциите беа priceless - Ј, како голем цицач и млекопијач, ич не сака да јаде, а М, кој скромно цица, излезе дека сака да јаде. Дури и кога му е кисело, кутро дете се скиселува, ама јаде, ме гледа и отвара уста за пак user posted image Си се смеев сама по дома на глас! Разочарана сум со јаболките, мислев ќе ги обожаваат и ќе им бидат основна храна (како што ми се мене), ама нее - овие се погодија киселки и ич, ама ич не ги сакаат, ни разредени ни бутур. Ќе пробам утре печено јаболко, бидејќи отпушта други шеќери како што знам, па ќе видам.

Што можам да дадам следно? Мислев авокадо, морков, тиква, благ компир, тиквичка... Сезонава е чудна, и има, и нема...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 846
   RE: Прва нова храна на бебето II
30.10.2015 23:51:22   
lukajana RR
Hopefull rr ме изнасмеа ,ама така е да си мајка и тоа што е лесно и просто како за инает станува најсложената работа на светот user posted image и тоа се повторува секогаш кога се соочуваме со нешто ново user posted image .
За храната давај тоа што има сега јаболка блага user posted image ,крушка ,слива ,банана ,морков ,тиква за сега ти е доста ,после ке почнеш зеленчук а авокадо нека ме поправи некој ама мислам дека покасно се даваше ,ми се чини после осмиот месец.
И кога ке пробаат еден вкус го даваш три дена ,па преминуваш на друг ,после можеш да мешаш нешто што сакаат до нешто што не сакаат за да пробаат се .



_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 847
   RE: Прва нова храна на бебето II
31.10.2015 9:19:53   
lolla RR
Авокадо може од одма, слободно давај. Нас ни беше меѓу првите. Може и батат, сува слива, сува кајсија, компир, морков, тиквица, тиква, кромид по малку за шмек, маслиново масло по 1-2 капки во зеленчукот, просо, киноа, амарант, ориз, палента има мнофу избор. Моево па не сака благи каши, бљантавите ги јаде, а банан штом има се мршти. Нема нзс кај бебињава.

Инаку пробав фингер фуд, и се околу вклучително и зидовите се најадоа сецкано овошје ама ништо не заврши во уста кај Л. И сега му давам така да јас држам во рака а тој ропка или јаболко по трошка или парченца авокадо или рендана јаболка/круша.

Ние сме полни 9 месеци и полека сакам по трошка вечера да му давам ама заспива меѓу 7 и 8 навечер па се мсилев вака: сабајле овошје, па некоја житарка со малку овошје, па ручек/вечера истото да му е. Тоест да му дадам некоја лажичка од ручекот и за вечера. Финтата е што нема пробано глутен и млечни по препорака на педијатарот и нема што да папа з вечера освен истото за ручек. Засега така ке терам.

Дуња според мојава табела е од 8 месеци ама моево не ја обожава.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 848
   RE: Прва нова храна на бебето II
31.10.2015 20:29:44   
Hopeful RR
lolla, како го даваш сувото овошје? Ај може со тоа ќе имам повеќе среќа, бидејќи денес ни печено јаболко не сакаа, поточно Ј отвори уста да проба и крај, а М си лапна неколку лажички. Утре планирам морков, може бојата ќе ги залаже.

Може кај М ќе помине и фингер фуд, денес ми седеше во скут додека јас јадев јаболко и ми го грабна од рака и го бутна во уста, пробуваше да го гризне. Смешки.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 849
   RE: Прва нова храна на бебето II
1.11.2015 22:57:21   
Melanija RR
lolla и јас дадов глутен на 8,5 месеци.Несакав да брзам но велат и доцна да не се даде ако нема посебна историја.
Така што глутенот и прилично застапен и без него е малку потешко посебно ако дете јаде.На 10м М јадеше по полни тањири незнаев веќе што да му дадам едно те исто.Тогаш првпат дадов на Хумана и навистина беа слатки.
По мене време е за глутен user posted image барем по малку

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 850
Страница:   <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  32 33 [34] 35 36   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?