|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  39 40 [41] 42 43   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.3.2016 2:01:08   
nadez vera ljubov
Мамички кажете палента без глутен. Таа со детето на опаковката пишува содржи глутен. За 5 дена ќе полниме 7 месеци се уште фураме без глутен. Во дм пред 2 побарав палента немаше. Каква палента користите вие за вашите бебушки??

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1001
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.3.2016 11:36:20   
sandriana RR
Во принцип комерцијалните производи Палента сите содржат трагови на глутен.
Лично јас, на двете деца им воведов и гриз и палента со полни 6 месеци.
Конкретно палента користам во последно време на Кибела.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1002
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.3.2016 13:19:54   
Hopeful RR
Убава органска палента има во ДМ, и во продавниците за здрава храна, јас од таа им давам.
Но ако уште не сте пробале глутен, не се брзај со палента, ионака не е нешто посебно хранлива, обична пченка е во прашање. Јадете просо, киноа, ...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1003
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.3.2016 18:08:45   
nadez vera ljubov
Кога бев пред некој ден во дм немаја во моментот палента баш прашав а киноа просо видов ама незнам како се спрема?љ ја прашав докторката од ремедика за сол ми рече не имало во поголемите маркети вегета без сол од тоа да и ставам во зеленчуковите кашички. Ако може нека ми пише некоја мамичка како се вари просо, киноа

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1004
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.3.2016 21:33:57   
gina
nie probavme dva tri pati griz a sega prosoto ne go blendiram taka mu davam bananata so vuljuska e gmecam a pak si gjvaka palentata e pasirav pa sega ne ama nekako kako tesko da mu odi pa mi e strav

e sega samo k.mleko probavme jogurt uste ne jogurt vo sto stavate se prasuvam mozno lie reakcija da se javi na gaze gazeto ni e crveno zar pocna i kako ranicki pocnav pudra da stavam se zasusi ama moevo mnogi kaka po 6 pati na den vo eden sat tri pati se kaka nekogas i taman se zasusi jadevme k.mleko pa mi pojde pameto od tao da ne e eve nekolku dena mu nemam dadeno ama gazeto posmireno e ama vi vikam nonstop kaka i pak mu se pravi

nadez vera ljubov prosoto se vari 1:3(edna solja voda edna proso)se vari 15-20 min jas na primer stavam dve lazici proso 200ml voda i edna banana a sega nemeram od prilika stavam i kinoa se vari 15-20min (1:2)
jas gi pokisnuvam odvecer i koga ce gi svaram gi ostavam uste 10min vo vodata
a kakva e taa vegeta

lele Hopeful sto si preziveala super koga se dobro se zavrsilo i mene kako mie strav pa sega i plisani mecina mu gi trgam imat ocinja i nose plasticni mie strav
a kakva tarana mozam da davam kakva da kupam i oves kakov od hipp


(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1005
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.3.2016 23:25:33   
nadez vera ljubov
Gina nemam poim kakva e ce odam Utre vo Vero ce pobaram. Jas ja prašav dali moze nekoe zrno sol vo zelencukot ona mi rece ne nekako stradaa bubrezite a moze ovaa vegeta bez sol ja imalo vo pogolemite marketi i maslinovo malku

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1006
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.3.2016 9:26:43   
sandriana RR
Девојки, простете, ама како може било кој вештачки зачин од типот на Вегета да биде помалку штетен од обична сол?!
Во таквите зачини не е штетна солта, туку адитивите - засилувачи на вкусот!
Подобро ако веќе сакате да ставите нешто зачинско во храната, нека биде динстано кромидче, морковче, лукче, маалку путерче и некое зрно сол - кое 100% нема да ги оштети бубрежињата, отколку било кој комерцијален мешан зачин.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1007
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.3.2016 16:26:28   
Hopeful RR
Леле немојте вегета да ставате, преполна е со презерванси и што се не! Јас ни сол не планирам да дадам, а не па вегета... Вкусот на бебето му е убав, навикнато е на блуткави вкусови и се му е таман. Од зачини, смее само цимет, и евентуално после 10-11 месец нане, босилек, ама ова треба да се провери, не сум сигурна. Сол ни под разно. Комбинирајте со самите зеленчуци, како што вика и Сандриана - со целер, пашканат, кромид и лук може секакви комбинации. Додавам и јас путер - домашен несолен, или маслиново. Ептен ако не го јадат, додавам кисело млеко или јогурт.

Во однос на варењето на житарките - јас сите ги варам со повеќе вода и ги чекам да се разварат и да впијат се убаво, па ги цедам. Не сакам да остане нешто недоварено.

Гина, какањето може да е од храна, но не би требало од кисело млеко, тоа е пробиотик. Нека се среди се, па пробај елиминирај намирници.
Тоа што го поминав е хорор, пола глава ми е побелена од тој ден, ама важно нека се здрави и живи, не ми се ризикува ништо. Се уште блендирам се, но еве интегралниот ориз не го блендирам до крај и генерално гледам да ги правам погусти кашичките, не течни, па да им дојде погуста текстура за џвакање.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 8.3.2016 16:28:34 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1008
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.3.2016 21:19:32   
gina
za kakanjeto ne mislam deka e od k.mleko mislev gazeto da ne mu e crveno od k.mleko da ne javi nekoja reakcija
sol ne upotrebuvam iako kupiv himalajska deka ne jadese ic si rekov ce stavam po nekolku zrna ama nestaviv maslinovo maslo stavam za vegeta ne ni pomisliv jas za nas slabo koristam doma postoe samo sol

Gospod neka gi cuva site zdravi zivi i togas treba da si spreten da reagiras a jas ic ne sum panika me faka


mene od zitarkive me buni amarantot iako dolgo go varam se mi se cini kako nesvaren da e i sat vreme go varam i pak kako da mi krcka koga ce go probamuser posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1009
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.3.2016 8:44:13   
nadez vera ljubov
Може пашканат, целер, кромид, лукче на 7 месеци??

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1010
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.3.2016 9:45:49   
lolla RR
Се освен целерот може. Тој е малку подоцна, после 10 м.

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1011
   RE: Прва нова храна на бебето II
9.3.2016 12:06:36   
Hopeful RR
Ооо, па јас дадов целер одамна... се надевам не му е егземата на Ј од тоа...

Амарантот и мене ми е сомнителен, не за друго, него го наоѓам во пелена непроменет, па се прашувам дали воопшто го варат, дали се искористува нешто од него или само така проаѓа... Од тогаш го намалив, и сега претежно давам просо, киноа, а од пред некој ден и микс од 5 житарки од Дм, потопени во врела вода, баш како мусли. Супер проаѓаат во комбинација со овошје.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1012
   RE: Прва нова храна на бебето II
10.3.2016 21:49:49   
nadez vera ljubov
Од кога може цимет во овошни кашички? Дали е тој цимет што го користиме ние или има некој посебен??

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1013
   RE: Прва нова храна на бебето II
10.3.2016 22:28:00   
lukajana RR
Цимет јас сум ставала во овошна каша од седум месеци ,од тој што го користиме ние најчесто на Алкалоид ама сите се исти можеш кој сакаш да го даваш

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1014
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.3.2016 18:11:49   
lolla RR
Женски, јас последниве два може и три месеци амарантот го давам исклучиво ко пуканки, побрзо се прави и е многу вкусен. Го блендирам па никогаш не сум го нашла во пелена. Многу е здрав, не се откажувајте од него.

За цимет, викаат цејлонски за почеток на дохрана, оној обичниот имал некоја состојка не се сеќавам која. Давајте го ретко зш прави запек.

Ние кажи речи скоро се пробавме, ни останува уште зачини, боровинка, јагода, кива, рибизла, краставичка....


(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1015
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.3.2016 21:14:28   
Hopeful RR
Ќе пробам со пуканки, некој ден кога ќе имам повеќе време user posted image

Цимет може од 6 месеци, но се препорачува цејлонски заради кумаринот во обичниот цимет. Овој го има во ДМ, малце е поскап но големо е пакувањето. Јас го ставам прилично често и приметив дека ептен го сакаат, им прави разлика во јадењето.

Ние допрва ќе пробаме јајце, ни останува риба да пробаме, но планирам после година да ја дадам, сепак, зачини исто подоцна, и овие другиве што ги пиша Лола. Минативе недели беа болни па немаа ни апетит и поминуваа со млеко и тек тук по некоја кашичка од гриз или палента, па имав пауза во готвење, ама еве се оправаат па продолжуваме user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1016
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.3.2016 22:50:33   
gina
i jas go naogam amarantot vo pelena i sakav da go prekinam a cimet jas upotrebuvam obicen od zdrava hrana ama stavam mnogu malku i na podaleku da ne stavam od ovaj

zolcka probavme na dvapati

a kakva tarana koristite i jufki ovie patronaznite mi rekoa doma napravisi bez jajca samo so zolcka kaj imam vreme da pravam ni pak znam da napravam
i kakvo sirenje
kaj nas i nema nekoj golem izbor na marketi toa stoe toa ubavo sto imate kade da gi kupite nekoi raboti
a ima li i pcenkaren griz jas kopristam pcenicen eve denej jadevme griz so jabolko i cimet

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1017
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.3.2016 11:45:03   
lolla RR
гина, тарана и јуфки не сум давала. Неколку пати макарони му имам дадено ама цели да ги гриза и жвака, ако ги изблендираш не знам на што ке личат. Кус кус и булгур исто имам правено, без блендирање. Да правам дома тестенини не ми иде на памет, едвај имам време за се друго.

Е неколку пати имам правено дебели палачинки и погачки, ако сакаш рецепт да пишам во бебе рецепти.

За јајце, на Л воведував во десеттиот месец, нели цел месец се воведува, а сега цело јајце крка (не деека го дојадува цело).

За зачини, додуша му имам дадено да проба ким и нане, и тоа во гравче заради гасови и дефинитивно има врска, немаше никаква мака.

Јас сум на мисла до кога доруќекот да му е мешано овошје со житарка, дали на 13 м скоро 14 е време појадокот да е како нашиот житарка со млечно, а ужина овошје. Со тоа што ако касне за ужинка нешто после ручекот не ми го јаде, и така уште немаме некој ред...

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1018
   RE: Прва нова храна на бебето II
12.3.2016 11:46:34   
lolla RR
Сиренце мислам можеш ако најдеш младо несолено, моцарела можеш, подобро урда исто несолена.

Пченкарен гриз ти е уствари палента. Ако јадете жолчка, можеш и кнедли да му правиш во супа со зеленчук.

< Поракaта ја уредил lolla RR -- 12.3.2016 11:47:15 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1019
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.3.2016 19:54:57   
gina
lolla ako davaj recept
jas sum vo misla da vovedam vecera ama sto davate za vecera sto treba da vecerat nie sme 8 +

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1020
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.3.2016 21:29:59   
Hopeful RR
Јуфки и тарана ни јас немам дадено, додуша тестенини класични не, само кус кус.
Лола, зошто да не му остане доручекот овошје со житарка, мислам подобро таква навика да има отколку житарка со млечно - нашата возрасна варијанта на пециво со јогурт баш и не е многу здрава... Јас јадам овес и овошје секое сабајле, пецива ми се претешки. А во однос на ужината, дај му нешто ситно, на пример банана со кисело млеко, или банана со палента, ама малце, и после ќе јаде и ручек. Моите доручкуваат во 9, имаат ужина околу 12 и во 14 имаат ручек. Понекогаш им ја скокам ужината и ако не се прегладни, одат на ручек директно.

Гина, за вечера јас обично правам палента со банана или некое друго овошје, гриз со овошје, мешавина од житарки со овошје и кисело млеко, просо и кисело млеко, сутлијаш... според некои анализи, пред спиење треба храна која го подига триптофанот за подобар сон, и една од најдобрите комбинации е овес со банана.

Него, јас пред недела дена почнав со жолчка, и прашањето ми е - колкава пауза се прави помеѓу фазата со 1/8 и 1/4 жолчка?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1021
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.3.2016 22:35:28   
Milicka 30
Hopeful нас педијатарот не советува жолчката да се воведува цел месец. Значи со пауза од 4-5дена. И најубаво ако не ја изедуваат цела каша да се стави жолчката во половина каша за да бидеш сигурна дека ке ја изедат. Ние наполнивме 9месеци, ама се мислам да почекам уште некоја недела.
Инаку цела недела имаме вечера, давам просо, овес, амарант со јогурт и малку овошје, како овошен јогурт. Готовите инстант каши никако не ги сака, пробавме неколку. А дали сте давале од овие ноќни каши на хип , имам неколку..ама се со некои ванили..бурбон..бисквити...незнам дали да ги дадам.

< Поракaта ја уредил Milicka 30 -- 22.3.2016 22:37:08 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1022
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.3.2016 22:43:32   
Hopeful RR
Milicka, јас за жолчка чекав цели 10 месеци, на 10 и пол почнав. Некако шубе ми беше, и матичната ни рече да не брзаме, па ете, првиот обид помина ок, правам пауза па продолжувам.

Тие ноќните каши ги земав за секој случај, ако немам време да готвам, и досега сум им дала од таа од овес со јаболко, скроз е обична, и ја јадат. Понекогаш ја мешам со банана или друго овошје. Од blue_blue применувам една финта за појачано АД - во млекцето пред спиење ззменувам две дози Аптамил со иста толкава количина кашичка. Некако како да ги држи посити и поубаво спијат...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1023
   RE: Прва нова храна на бебето II
22.3.2016 23:26:16   
gina
ova vecerava bi trebalo nekako da e ko dorucekot

jas zolcka vovedov pri krajot na 7mesec i toa po preporaka od pedijatarot i kako sto mi kaza da voveduvam postepeno dur stignam do cela zolcka deka mozam da davam dvapati nedelno ama jas davam ednas nedelno i dosega eve imam zapisano sum mu dala 4 pati 1\8, 1\4, 1\2 i pak 1\2 i mie strav da zgolemuvam eve vas vi rekle pokasno a mene nekako mnogu rano mi rece da vovedam pa ne zgolemuvam poveke ce terame po pola a jas imam dadeno so banana i griz a odvojuvav od kasickata vo tegle i tuka ja stavav zolckata prvo toa mu go davav da go izede pa posle drugiot del


a posle vecerata davate li pak mleko pred spienjeuser posted image

< Поракaта ја уредил gina -- 22.3.2016 23:31:52 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1024
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.3.2016 10:38:49   
Neurotoxin RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

lolla ako davaj recept
jas sum vo misla da vovedam vecera ama sto davate za vecera sto treba da vecerat nie sme 8 +



За вечера одат житни каши, јас не практикував овошје навечер, во денот овошјето го давав до 16 часот најкасно, псоле се одеше на полесна храна. Овошјето е наменето да даде енергија и да го забрза метаболизмот, навечер не им треба енергија, а и плус потешко се вари навечер заради забавената работа на системот за варење, па останува во желудник, црева, таму ферментира, па кај некои дечиња се јавува проблем со столицата. Јас на таа возраст давав мешани житни каши, посебно приготвував 3-4 жита, ориз, јачмен, овес гриз... ги варев со вода, по едно две лажички во вода, и дотурав млекце. Се разбира ги мешав. Можеби е помачно од готовите каши, ама незнам, не ми беше тешко си фатив некоја навика и варев, правев, помош имав само од сопругот и одев на работа, така да не е затоа што сум немала друга работа user posted image . За доручек може истото со плус овошје. Е сега, за вечера може овошје како банана, тиква од страна зеленчук, црешите исто се ок за навечер...значи со житата може и ова да се меша.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1025
Страница:   <<   < Претходна страница  39 40 [41] 42 43   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  39 40 [41] 42 43   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?