|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  41 42 [43] 44 45   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.4.2016 11:58:05   
sandriana RR
Прво, не е задолжително секој ден во оброкот- ручекот да биде месо или жолчка, може е ден ден и поснен да биде user posted image .
Жолчката може да ја комбинирате и во појадок, како намаз , или за вечера.
За зеленчуковата каша со месо - зеленчукот го варам секогаш во истата вода со месото, откако месото е сварено.
Кога блендирате, се бленира сето заедно - месо со зеленчук, и зависно од саканата густина додавате од течноста.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1051
   RE: Прва нова храна на бебето II
14.4.2016 9:16:36   
lolla RR
nadez vera ljubov, би те советувала да не мешаш жолчка со кисело млеко, тешко е за стомачето и не се искористува железото од јајцето. Јас месо му давам најчесто два пати неделно, јајце 2-3 пати, претежно е на посни ручеци кои се богати со растителни протеини и железо. Се затерав со 3 -4 пати неделно месо но не го сака. Значи оброкот со месо е со лажење, терање, плачки. Ке продолжам да нудам но не форсирам.
За начинот на чување месо, отвори во темата Месо, имам пишано како го спремам и чувам.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1052
   RE: Прва нова храна на бебето II
14.4.2016 16:29:37   
nadez vera ljubov
Пробавме месо. Изгледа мојата ќе биде месарка. Го сварив месото додадов компир морков малку кромид. Тогаш заспа кога се разбуди тоа се подоладило млакичко во блендер. Прво и беше чудно ама го бендиса сама отвара уста може изеде едно тегличе од малите. Многу малку незнам ама тоа е. И кисело млеко и е чудно ама и тоа бендиса.. Денеска за ручек ориз брокула и малку кисело млеко.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1053
   RE: Прва нова храна на бебето II
15.4.2016 11:42:55   
Hopeful RR
И јас ретко им давам месо, еднаш до два пати неделно. Претежно се на зеленчук, житарки, а кисело млеко давам само кога ручекот е ептен без вкус и ми го одбиваат, што сега веќе ретко се случува.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1054
   RE: Прва нова храна на бебето II
25.4.2016 13:54:26   
nadez vera ljubov
Од кога почнавте да им давате млечен намаз abc, зденка, читам некој им даваат од колку месеци. Има неколку дена ништо нејаде леб сув ете тоа јаде

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1055
   RE: Прва нова храна на бебето II
26.4.2016 10:41:10   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nadez vera ljubov

Од кога почнавте да им давате млечен намаз abc, зденка, читам некој им даваат од колку месеци. Има неколку дена ништо нејаде леб сув ете тоа јаде

Во принцип, со полни 7 месеци може да се даде несолено сирење или абц намаз, или малку кисело млеко.
Јас на им ставав по пола кафена лажичка абц или кисело млеко во житните или зеленчуковите каши.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1056
   RE: Прва нова храна на бебето II
6.5.2016 9:34:08   
gina
rr sakam da ve prasam so sto kombinirate zolcka kako ja davate jas davam samo so banana pa si rekov da smenam

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1057
   RE: Прва нова храна на бебето II
6.5.2016 11:52:18   
sandriana RR
Ако јадете гриз и палента, можеш да ја измешаш во нив - дур се варат гризот или палентата, се вмешува жива жолчка, да се доварат заедно, или ако сакаш веќе сварена можеш да ја изблендираш со веќе готов гриз/палента.
Сварена жолча, измешана со некој млечен намаз (меко сирење) и намачкано на лепче.
Ќе споделат и другите РРајки свој начин или идеја.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1058
   RE: Прва нова храна на бебето II
6.5.2016 13:28:47   
lolla RR
gina, те мислев пред некој ден како ви оди со јадењето (ова додека и јас го молев моето user posted image )

За жолчката ја правам и како што пиша сандриана. Но ја давам и рендана (сега цело јајце) врз обарен на пареа нескробен зеленчук, на пример тиквица, модар домат, брокула, пченка, карфиол,кромид.... блитва. Можеш и блитва сожолчка само. Во принцип сеуште не ја комбинирај со скроб и животински протеини заради варење, железо и сл. Кога ке сте поголеми оди и во пецива, палачинки и сл заедно со житарици. Можеш и само жолчка испасирана....

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1059
   RE: Прва нова храна на бебето II
6.5.2016 23:15:28   
gina
taka ziva li da ja dodam varejki griz,jas ja davam so griz i banana denes se mislev so avokado ama ne bev sugurna dali odi
utre pravime polni 10 meseci sto mozam da vovedam sega probavme, riba, cveklo, grasak, leka
pa Lolla vovedov veceraama neznam sto da davam od kiselo mleko i jogurt imame reakcija na gazeto i preponi ni se pravat crveni probav na bitolski,sutas, dukat,ideal sipka praveve pauza i pak probavme pak ista reakcija pa sega od jogur ce pauziram
jas se mislam deka sum monotona so jadenjeto se edno isto vrtime a uzinka sto davate
nemozam duser posted image a vi pisam slabo imam vreme turbo sum ovaj moj mali e zivec i ne mi spie nemozam da prestasam

a sakav i da ve prasam za oves celo zrno kako go davate go kisneteli blendirate kako go davateuser posted image

< Поракaта ја уредил gina -- 6.5.2016 23:27:55 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1060
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.5.2016 23:19:12   
nadez vera ljubov
Сакам на малава да и дадам палента ај ве молам пишете како ја правите колку вода колку палента колку се вари?? До сега немам дадено палента. Имаше негде пишано неможам да го најдам

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1061
   RE: Прва нова храна на бебето II
7.5.2016 23:56:57   
Hopeful RR
За палента, јас не мерам - ставам вода отприлика, по неколку правења видов која количина ја јадат, и кога ќе зоврие додавам еднба по една лажица, се додека не згусне, но не премногу затоа што уште се стврднува со ладење. Кај мене доволни се 4 до 5 супени лажици, за 2 бебиња, така што пробај со две и малку вода.

Гина, овесот во зрно е подобро да се кисне преку ноќ и потоа се вари од 40-60 мин. Го блендирам затоа што и сварен знае да е тврд, а снегулките не ги блендирам. А за жолчка, јас ја давам измешана со гриз, палента, со овес сум ја дала, со зеленчук... За ужинка давам банана со кисело млеко, или само банана, или со авокадо, нешто ситно колку да ги држи до ручек. Пробај јаболко, морков, круша... Втора ужинка не давам уште, дека рано легнуваат и нема кога. А за монотонијата, комбинирај со целер, пашканат, моркови, брокула, пченка, тиквичка, боранија, еве сега има и млад грашок.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1062
   RE: Прва нова храна на бебето II
8.5.2016 6:22:07   
nadez vera ljubov
А колку време ја вариш??

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1063
   RE: Прва нова храна на бебето II
11.5.2016 12:29:48   
Hopeful RR
Ако мислиш на палентата, чекам водата да проврие, ја ставам палентата и варам уште кратко, со мешање, затоа што одма се згуснува и почнува да прска. Кога ќе ми е ок густината, исклучувам, а многу често и порано, затоа што се згуснува со самото ладење.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 1064
   RE: Прва нова храна на бебето II
13.5.2016 12:31:33   
gina
a boranija kako davate kupiv zamrznata pa se dumam kolku treba da se vari
a bulgur kako se vari so sto se davauser posted image

jas palenta na 230ml voda turam tri lazici prvo vodata da zovrie i so fungjalce poleka turam i mesam a porana varev dve lazici so pomalku voda

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1065
   RE: Прва нова храна на бебето II
15.6.2016 10:32:38   
Kvisko
Еве ме и мене ма оваа тема. Ј почна со малку цврста храна од минатата недела помпрепорака на педијатарот. Сега за сега не му давам повеќе од 50 грама за да не му биде оброк тукј пробување вкусови. Смеам да му давам јаболко, банана, круша и праска. До сега само праска нема пробано. Се мислам дали откако ќе ги проба сите по ред ќе можам да му ги мешам за да не биде се едно исто.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1066
   RE: Прва нова храна на бебето II
15.6.2016 11:07:41   
sandriana RR
Kvisko. слободно после пробани чисти вкусови почнете со комбинации од по 2 овошки.
Јаболко и банана, јаболко и круша, праска и јаболко се екстра комбинации.
Кога ќе проба ориз, праска со ориз е една од највкусните и омилени комбинации на бебињата user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1067
   RE: Прва нова храна на бебето II
15.6.2016 11:11:37   
Hopeful RR
квиско, можеш и авокадо, благ компир - батат, тиквичка. Сите се совршени за прва храна, суперхранливи и вкусни. Ајде убаво папање user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1068
   RE: Прва нова храна на бебето II
20.6.2016 13:58:08   
Kvisko
Фала на советите.
За авокади се мислев некни кога правев за нас гвакамоли да му оставам за него авокадо ама не оставив. Денес купувам па кога ќе омекне ќе проба и бебе. Во меѓувреме имам бел батат по дома па може тоа да проба.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1069
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.6.2016 11:14:39   
Sofi1
Zdravo mamicki

Sakam da davam sokce na bebeto 4+. Kupiv hpp od jabolko samo ne znam kako da mu go davam dali samo sokce ili da mesam so voda?

Ve molam za pomos

Pozdrav

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 1070
   RE: Прва нова храна на бебето II
23.6.2016 12:40:36   
sandriana RR
Sofi1,
претпоставувам дека сега започнувате со пробивање на вкусови.
Лично мој став и мое искуство е да не запчнуваш со сокчиња, особено не купечки. Сметам дека е подобро да дадеш свежо, домашно приготвено, во форма на кашичка.
Ако сепак остануваш на ставот да дадеш сокче, тогаш се препорачува за почеток сооднос 50:50 сок:вода.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Sofi1)
Непосредна врска до пораките: 1071
   RE: Прва нова храна на бебето II
24.6.2016 14:55:32   
Kvisko
Sofi1 ако си одлучула да почнеш со сокче давај разредено пола сок пола вода и никако повеќе од 60 милилитри вкупна течност.
Нас педијатарот ни рече ако сакате може неколку дена да почнете со сокчињ некои бебиња така полесно прифаќаат. Советот за разредување и количина е од неа.
Јас пробав да му дадам сокче ама нејќеше да пие полесно прифати кашичка. Кашичката исто сега за сега е само до 60 грама максимум чисто за проба. Кашичката ни е овошје варено на пареа и пасирано со адаптирано млекце. Имам до сега дадено и тиква од хип и таа ја јадеше без проблем.
И за кашичка и за сокче важи правилото минимум три дена една намирница па после друга.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1072
   RE: Прва нова храна на бебето II
26.6.2016 0:56:43   
Sofi1
Fala mnogu pocnavme so 50-50 sokce i go pie deneska probavme malce i kasicka jabolko

Fala sepak

Pozdrav

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1073
   RE: Прва нова храна на бебето II
28.6.2016 1:34:52   
simpaticna
Zdravo mamicki i nie pocnavme so dohranuvanje sinceto ima 5 ipol meseci mu davam varen kompir i morkov potoa blendiram no posto e mnogu gusta smesata stavam malku vodicka od sto se varele kompirot i morkovot i se dobiva smesa edna teglicka od tie malite na hip ja saka kasickata vcera mu dadov banana no nesakase da ja jade morkovot i kompirot poveke mu se dopagaat mu davam i vodicka no nesaka mi ja odbiva kako da go nateram da ja pie inaku sme samo na doenje posto pocnav so dohrana mislam deka e vreme i za vodicka i kazete mi sto drugo mozam da mu dadam za ovaa vozrast sum zaboravila so kerkami kako idea tie raboti Toa bese nekogas pred 4 godini user posted image user posted image e stvarno covek zaborava godinkite minuvaat izvinete mnogu za golemiot post falla odnapreduser posted image user posted image

(Одговор на членот Sofi1)
Непосредна врска до пораките: 1074
   RE: Прва нова храна на бебето II
28.6.2016 10:09:07   
sandriana RR
simpaticna, штом е на доење, не мора да форсираш со вода, ќе си покаже само кога сака.
Од овошје може јаболче, слива, крушка, праска, авокадо...полека да ги проба вкусовите, па ќе ги комбинирате.
Од зеленчук тамам е сезона на тиквица.
На здравје ручкање :)

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот simpaticna)
Непосредна врска до пораките: 1075
Страница:   <<   < Претходна страница  41 42 [43] 44 45   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  41 42 [43] 44 45   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?