RE: РР Плажа (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Палешка РР -> RE: РР Плажа (19.7.2012 15:50:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

И јас сум за едно лано нескафе под сенка, М спие а богами и јас ке заспијам ако не се расонам



Убаво вели Ана Моли погоре, ајде кај мене, Миа ќе си игра со Мартин и Филип, јас вас ќе ве забавувам и сите задоволни [sm=smiley36.gif]




Natuska85 -> RE: РР Плажа (19.7.2012 17:00:39)

Женски видете шо кафенца ви направив пред да си одам од работа[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Бирајте[sm=smiley36.gif]

[img]http://a4.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/529445_404772072920759_388367941_n.jpg[/img]




Viktori -> RE: РР Плажа (19.7.2012 19:44:28)

Нато, мори што стори со кафињава, да не знае човек кое да го избере. [sm=smiley36.gif]




stela -> RE: РР Плажа (20.7.2012 8:43:09)

Dobro utro RRajki! Gledam deka nema nikoj, ili ste epten razraboteni od sabajle, pobrzo da zavrssite petocno, ili pak dremuckate ne mozete da sse osvestite...[sm=smiley36.gif] I jas sabajle edvaj stanav, ubavo sum pospala nokeska, koga se razdenuvase duri i mi pristudi malce...pak fakaat zestini ama deneska fakame patot za ohrid nekolku dena. Treba da se fatam za rabota da gi spremam mazinjava moi [sm=jezicek.gif]
Ubav den na site, pa i ubav vikend![sm=smiley2.gif]




Andriance -> RE: РР Плажа (20.7.2012 9:53:19)

Петааааааак дан за метак...уф едвај чекам да се излежавам викендов...кафенце земам, и денес решив да се почастам еден фин доручок у скала...МеланијаРР ајде ако си за...Бетарис, Ната...исто..

Ќе се шета ли некаде викендов? ајде давјате некоја идеја







Beatris -> RE: РР Плажа (20.7.2012 9:59:05)

Ајде да видам како ќе биде после, можам да скокнам тука во близина негде зошто треба да ми дојдат едни странци за состанок а веројатно ќе им касни летот, па да ме викнат одма во канцеларија ако стигнат во меѓувреме. Мислам некаде околу 11.30 -12 ако ви одговара




Melanija RR -> RE: РР Плажа (20.7.2012 11:36:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance

Петааааааак дан за метак...уф едвај чекам да се излежавам викендов...кафенце земам, и денес решив да се почастам еден фин доручок у скала...МеланијаРР ајде ако си за...Бетарис, Ната...исто..

Ќе се шета ли некаде викендов? ајде давјате некоја идеја



Јас не сум веќе таму со работа [sm=smiley36.gif] ја сонувам Скала, ај сега накај моја населба сум Аеродром па таму најмногу ми одговара [sm=smiley1.gif]





Ikana -> RE: РР Плажа (20.7.2012 14:58:12)

Decki konecno se popravi netov pa da vi pisam!!! Kako ste, sto ima? Nie super, bebco po plazi go setame, se banjame soncame, milina e tuka!! Bidete mi dobri i se citkame!!! Backi za site!!!




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (20.7.2012 15:01:37)

Блазе си ви Икана уживајте,јас еве одмарам со главоболки и мешоболки изгледа ке иде теткицата црвена , а и ние сакавме викендов да одиме Охрид и ако отидеме нема даможам да си се искапам[sm=smiley13.gif] ама нема врска битно ке биде М срекен.
После може ке одиме до Битола да ја земиме сестра ми и зет ми не може да патува таа и се лоши , незнам дали сум се пофалила ама чекам внучеееееееееее , [sm=smiley1.gif]




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (21.7.2012 8:47:19)

Ај Добро ви утро, никој на плажава, сите му ја дувнале некаде.
Кај мене стандард викенд , комшиите од 7 саат цепат дрва, стариве пуштиле машина од сабајле и тв.Е ми дојде преку глава станав и ја треснав вратата да знаат дека некому му смета галама, особено за викенд, одма го намалија тв[sm=hudicek1.gif]

Ми се пие кафе ама кујната е зафатена а не ми се прават старски муабети од сабајле, ќе полудав веќе, кога ќе дојде денот да живеам во тишина




Felly RR -> RE: РР Плажа (21.7.2012 10:08:46)

Добро утро и од мене, ајде кој е за кафенце и појадоче.Јас моментално си пијам кафенце.[img]http://s1.favim.com/orig/201109/17/breakfast-butter-coffee-food-hearts-Favim.com-146107.jpg[/img]
Пепелашка, не се секирај, ќе дојде и тоа време, нели бевте при крај со работата?




Annet -> RE: РР Плажа (22.7.2012 8:31:49)

Dobro utro zenski,jas mnogu sakam da ve pocastam ama neli ima nekoi problemi so slikomat;-((
da se pofalam sinoka dobivme vnuce od zolva, sakav so vas da ja spodelam mojata radost I stana dada;-))))) go cekavme i docekavme mazeto golemo[sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: РР Плажа (22.7.2012 10:02:04)

АНет, еве во твое име [img]http://gotvarski.net/wp-content/uploads/2010/03/%D0%BC%D0%B5%D0%BA%D0%B8%D1%86%D0%B8.jpg[/img] Нека е здраво и живо [sm=duda.gif]
А ако има некој и за кафе, повелете.
[img]http://hitportal.com.mk/wp-content/uploads/2012/05/kafe.jpg[/img]




Ikana -> RE: РР Плажа (22.7.2012 10:23:11)

Женски дбро утро, честито на сите што имаат за славење!
Ние добри, бебето прв пат проба телешко вчера, месарче и тоа ќе биде, го искрка за две секунди кашичето.....јас сум се разготвила каши увелико, не знам ич што ми стана[sm=smiley36.gif]
Тука временцето е милина, навечер дури и ладничко е! Среќна недела на сите!!!




Annet -> RE: РР Плажа (23.7.2012 9:09:08)

dobro utro zenski,kako ste ,nekako se izgubivme,po odmori ,nataka,navaka,a??? ako
tuku kazuvajte sto da pravam,kerka mi ja ostaviv kaj majka mi prv pat,i nemozele da ja uspijat sinoka,tazela po nas,ne barala i ne viknaa da si ja zememe ,aiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii so ke pravam ami ponataka....im padnalo zal na baba i dedo oti ne barala,nikako ne mozele da ja uspijat,placela,leleeeeee
ama ja pak ke im ja ostavam ,nemoze taka neli?
aj se razladi vremeto sea moze da se dise malku;-)))




Natuska85 -> RE: РР Плажа (23.7.2012 9:52:54)

Анет а преку ден седи со друг?Може да ја успие некој друг,преку ден мислам?Мој були па нема мака,10 дена седеше сам во Гевг. единствено мене што ми беше тешко,инаку он си уживкаше.Сега и со жената што го чува се научи абе ептен.
Инаку јас еве на раб.сама во канцеларија,едната кол. на одмор,другата на боледување,третата излезена,шефицата ја нема..мераци[sm=smiley36.gif].Времево залади малку,се дише..И јадам мусли со јогурт додека ви пишувам и се искапав упм[sm=hudicek1.gif].Ај чао сеа,тука ќе сум денес ќе ве дружам[sm=smiley36.gif]

___________________

Аааа сакав да ви покажам каков замок ви направив викендов на плажава[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif],ќе ме биде а[sm=smiley36.gif]

[img]http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/378172_477650905579425_1847609276_n.jpg[/img]




Calypso -> RE: РР Плажа (23.7.2012 10:41:11)

Ааа Нато, те бива дефинитивно за градење замоци[sm=smiley36.gif]
Добар ден од мене, ај да ставам едно кафенце, гарант сите ќе дотрчаат на плажава кога ќе го намирисаат
[img]http://www.kamayi.com/blog/wp-content/uploads/2010/10/07.-Ice-Coffee-Mocca-2.jpg[/img]




kikicka -> RE: РР Плажа (23.7.2012 11:07:02)

Мирисаа на кафеее.................ммммммммммм мераци!

Абе Анет,јас кога ја учев да спие кај баба бев и јас таму ама мајка ми ја успиваше а јас само кажував како што.Ке треба време ако до сега не сте ја оставале,ама ке се научи.

Ние сенаспавме,тука и врнело синока,па сега да фаќам врата малку да се прошетам.Ме мрзи денес да работам дома [sm=smiley36.gif]




Тања РР -> RE: РР Плажа (23.7.2012 11:12:37)

Јас прв ден на Рингераја после одморот и веднаш на плажа. Гледам додека ме немало плажичка сте си уредиле, чадорчиња, чиста водичка....мераци.... е ај сеа оди фати се за работа де.

Туку, добар ви ден од мене. Како сте ми? Има ли некоја присутна да испиеме едно кафенце и да ми раскаже накратко што е ново, што е старо на РР?




Natuska85 -> RE: РР Плажа (23.7.2012 11:46:32)

Тања наздравје одмор.Кај бевте,како поминавте....Тука на Рр ништо ново,сите по одмори раштракани..Јас пијам цедевита во моментов,сака некој?[sm=smiley36.gif]




Тања РР -> RE: РР Плажа (23.7.2012 11:58:25)

Фала Натушка. Бев јас во Виена накратко па кога се вратив со мм и Јана бевме кај нашиот јужен сосед. [sm=smiley36.gif]
Одмор ко одмор, одиш да си ги фрлиш парите за штетните УВ зраци да ти ја горат кожата. Му кажав на мм дека ова е последен одмор од таков тип. Јас не сум човек кој може да лежи по цел дена и да се пече. Уште третиот ден ми стана досадно.[sm=smiley36.gif]

Инаку дај малку од таа цедевитата, појадокот/ручекот бајаги солен ми се погоди.




maki1 -> RE: РР Плажа (23.7.2012 13:09:05)

Helooo i od nas,ovde denes e svezicko vikaaat do cetvrtok vaka ke bide duri i vrne,meraci se dise.Inaku sum se udrila na trosenje pari na igracki ko luda stanav,jas sum bila pogolemo dete i od detevo.dene go teram mm da odime da i kupime kukicka za vo dvor,ama skapi bre izgor.najdov edna 100 evra mi se gleda najsoodvetna,pa me interesira dali nekoj skoro bil vo Jumbo i kolku pari se tamu?Pozdravce do site.




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (23.7.2012 13:52:29)

Ај добар ден и од мене, како сте ?
Тања наздравје одмор.Натушке фрли од цедевитата навака и јас сакам , решив сега малку да бидам на витамини [sm=smiley1.gif].
Неи вчера до Охрид бевме, ама наместо да се одморам се изморов,М цело време сакаше во вода, не преспа ич цеееел ден, ме полуде скроз.Прв пат и мене ми се здосади на плажа па заминавме да шетаме низ Охрид барем в количка поседа малку додека не посака сам да ја туркал.Абе скроз е збеснат.Се надевам сега ке се смири , баба му почна на работа вака сите дома му одеа по кеф и збесна.
И тука е свежо денес, дувка ветер и се дише, а вчера се изнаврнало.




vezilka RR -> RE: РР Плажа (23.7.2012 14:19:50)

Здраво-живо жени, како сте ми? Арни, одморени, натокмени? [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Леле Пепелашка ние вчера со мажле тоа си правевме муабет како ќе го прогураме одморов годинава оти и ова нашево не седнува на газот ни 2 минути. Едно шетање до парк од два саати и ние душа немаме од трчање по него, па можам да замислам што ќе прави по плажи и слично..хе,хе. Ај барем ќе ослабам некое килце трчајќи по него.




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (23.7.2012 14:36:57)

Ке се снајдите [sm=smiley1.gif].
Минатиот пат кога беме седевме подалеку од брегот и не ја гледаше водата не бараше , а сега бевме одма до езеро и пискаше да се капел, големиот [sm=smiley36.gif]
Ке се излаже ајде , ние се лажевме со камчињата,си носевме трактор и го товаравме , мирен ооколу 10 минути[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>