RE: РР Плажа (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


kikicka -> RE: РР Плажа (26.9.2012 16:29:14)

[img]http://moirecepti.mk/wp-content/uploads/2012/03/pileski-kopani-rizoto-tikvicki-8707-1024x681.jpg[/img]

Повелеле Ручек,ние за денес имаме вакво само наместо со тиквички направив зелена боранија со оризот.[sm=smiley36.gif]. Зелено е нели?!
Ајдее бе дружба јас сум секогаш ЗА,само нешто сите многу разработени,немате време оваона. Инаку Темјана и јас како Ана Моли одма ке летнам да ја видам пуфката мала,леле срцка бе ја слушнав како се буни уште сега[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Јас ручек еве а некој друг КАФЕСИТОО!




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (26.9.2012 16:54:48)

[img]http://www.starokatolici.cz/wp-content/uploads/2012/01/kafe.jpg[/img]

еве повели кафенце мора за трудниците Ч)




Maca25 -> RE: РР Плажа (26.9.2012 20:07:08)

Каде се бе жени?!? Ладно надвор па сите мажињата по дома си ги гушнавте а?!
Јас и мм денес како сме се искомирале после работа, и двајцата сме заспале а Нина лом направила со играчки по дома. Ама важно не чувала она [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Наредила мечиња околу нас, да не гледаат, ни се смееле гарант [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Ikana -> RE: РР Плажа (27.9.2012 8:18:29)

Добро утро женски како сте?
Ние станати сме уште од 6, госпоѓицата сакаше да се гушка, како да и одолееш?
Еве јас ќе ставам кафенце, па бујрум, ко воли нек изволи!!!
Прекрасен ден да си имате!!!
[img]http://www.arizonacoffee.com/wp-content/uploads/2010/12/echo-coffee-photos.jpg[/img]




Luci -> RE: РР Плажа (27.9.2012 8:57:20)

Леле Икана кафево топ ми дојде, и ние вчера и денес уште во 6 стануваме[sm=smiley18.gif]




Calypso -> RE: РР Плажа (27.9.2012 9:15:58)

Добро утро и од мене... и ние од 6 саат сме станати, па сега јас [sm=zaspan.gif] а малиов нема гајле... кафенце добро би ми дошло, ама вистинско [sm=smiley36.gif] уште да ми го свареше некој[sm=jezicek.gif]
Иначе како сме? Арни?[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: РР Плажа (27.9.2012 9:27:07)

Добро утро, девојки! Јас од сабајле сум полна со енергија. Последниве три недели секој ден од дома до работа одам пешки, ми требаат околу 50-60 минути. Со количка со Филип си одиме до градинка, па јас продолжувам до работа. На враќање исто, значи 2 часа дневно пешачење. И за три недели сум ослабела 6 кила само со пешачење, без никаква диета [sm=jezicek.gif]

Туку, ајде попладне ако е некој расположен за шеткање. Кикичка, ти знам дека си за :) Ајде кој може накај 5 на плоштад, па ќе му ја дувнеме некаде. Има кандидати?




Felly RR -> RE: РР Плажа (27.9.2012 9:33:52)

Добро утро и од мене! Еве и јас да се пријавам, одамна не сум пишала на плажава. Ние малку поткашлуваме, па си седиме дома.




arh_diz -> RE: РР Плажа (27.9.2012 12:29:54)

Dobar den , nie go koristime posledniot den od odmorot utre se vrakame ubavo se odmorivme steta sto M na kraj pocna da povraka




Andriance -> RE: РР Плажа (28.9.2012 9:57:03)

абе стварно кај сте??? ц ц ц еве пак се затоплува се надевам ќе се дружиме...
инале ја вчера А за прв пат го однесов на претстава, Волшебната флејта, викам ај колку издржи толку...поготово што не беше бас спиен...луѓе...со око не трепна 45 мин....абе само браво и толку....ептен уживаше...се мислам нареден четврток да го однесам пак




Calypso -> RE: РР Плажа (28.9.2012 11:27:25)

Здраво жени, како сте ми?
Браво за Андреј, како успеал на претстава да издржи, еј, дури 45 минути мојов да седи на едно место, рекорд ќе е тоа. А го носиш во Театарот за деца и младинци?




temjana -> RE: РР Плажа (28.9.2012 12:45:16)

Жени бе кај сте? Јас само набрзака да ве поздравам и да ве изгушкам[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] Се надевам набрзо ќе се видиме на некое кафенце дур е вакво времево, бидејќи нешто наслушнав дека од кај 15-ти октомври ќе фателе големи студови па дури и снег се најавува[sm=smiley13.gif]




Andriance -> RE: РР Плажа (28.9.2012 14:26:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso

Здраво жени, како сте ми?
Браво за Андреј, како успеал на претстава да издржи, еј, дури 45 минути мојов да седи на едно место, рекорд ќе е тоа. А го носиш во Театарот за деца и младинци?


сите што го знаат А ќе ти кажат дека он 5 секунди а не 5 мин, не седи на исто место...ама за ова дури и мене ме зачуди.
абе маѓепсан...ианку да, го однесов во театарот за деца и младинци кај рекорд, има претстава секој четврток.




kikicka -> RE: РР Плажа (2.10.2012 9:29:37)

хелоууу жени? како е? јас немам нет дома еве си крадам од комшии [sm=smiley36.gif] требаше да средат вчера ама празни зборови . Роденденот го поминавме супер, децата се изнаиграа во игротека, а слики од тортата наскоро .....




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (2.10.2012 12:17:36)

ај добар ви ден, мене ме боли мешето, а дома ми е хаос , незнам кој ќе му среди, си добив поклон за роденден ( менструација) , [sm=smiley36.gif]
раат да се немало таман грипот помина сега ова дојде, ама че помине
ај дајте кафенце




Melanija RR -> RE: РР Плажа (3.10.2012 20:28:12)

Леле останав без работа, пола ден на РР и нема никој [sm=zmeden.gif] ете се јавувам за кафекуварка или слично [sm=smiley36.gif]

[img]http://www.kafepauza.mk/wp-content/uploads/2010/11/1-Tropsko-kafe-www.kafepauza.mk_.jpg[/img]




vezilka RR -> RE: РР Плажа (4.10.2012 9:23:27)

Добро уитро жени, као сте ми? ЈАс се збрлавев, глава не можам да кренам од работа, се остаив тука.. Ајде повелете нешто за доручек од мене..како се разбудив сабајле ми текна на ајварче и не можам од глава да го извадам..мњам,мњам..

[img]http://sphotos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash3/523797_462568400432681_120113880_n.jpg[/img]




Gardenia -> RE: РР Плажа (4.10.2012 9:38:21)

[img]http://www.kulinar.mk/gallery/2010/09/statii/leb-najzdrav-produkt1.jpg[/img]
Еве ви и лебче ,ах везилке ма ми отвори апетит како што сум гладна сега,а и мене ми се јаде ајварче ммм

Ај убав ден на сите




kikicka -> RE: РР Плажа (4.10.2012 9:51:53)

Ајд Добро Утро! Гледам ајвар,леб ама сирење не сте ставиле....ај еве јас ке ставам.
[img]http://www.iranian.com/Quiz/2006/July/Images/cheese.jpg[/img]




mama toci -> RE: РР Плажа (4.10.2012 11:31:10)

Кај сте бре жени????? Сите на шопинг во City Mall, нигде ве нема [sm=smiley36.gif]...Ај писете како е ако била некоја...Имајте убав ден




penelopa -> RE: РР Плажа (4.10.2012 12:23:39)

Добар ден- ммм што убав доручек сте ставиле[sm=bravo.gif]
Зарем се отвори тој City Mall ајде да чуеме како сте задоволни. Јас сум 3 дена затворена дома пошто син ми е болен се надевам до до Сабота ќе биде подобро[sm=smiley13.gif]




Pepelaska * -> RE: РР Плажа (4.10.2012 18:10:08)

Каај сте бе ќени сите во тоа молот а, а ние шо не сме од Ск љубоморни сме[sm=smiley36.gif].

Да ви се пофалам вчера ми се породи другарка ми со втор дете има ќеркичка, а првото синче,.

Времево служи уште за на плажава, супер е




blond -> RE: РР Плажа (5.10.2012 11:37:07)

Здраво и од мене. Одамна не сум пишала (иако редовно ве читкам).
Еве конечно малку од малку да здивнам, ја завршив дипломската, C++ програмите готови, терминот закажан. КОНЕЧНО!
Дај бе фалете се како во тоа молот? Морееее ви љубомориме ние од периферијата [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]

Баш фала за јадењето, ќе се погрижам ручекот да е од мене [sm=smiley1.gif]
П.С Има некоја низ Штип да пиеме кафенце??? :))))




mmbucko -> RE: РР Плажа (8.10.2012 12:32:30)

kade ste cucki, nigde ve nema. Toa od ajvarot site se prejadovte a? Kaj nas doma raspad na sistem. Ne navasa stomacen virus (ne ke da e od ajvarot, ne sme tolku ksmetlii nekoj da ni napravi). Crknav 2 dena a sea mi go fati i devojcenceto, toa srednoto. Samo go cuvame bebco i nego da ne go fati.....
Aj ima namera nekoj kafe da stavi ili jas vaka kilava da varam :) ?




Felly RR -> RE: РР Плажа (9.10.2012 7:56:40)

Еве кафе за добро утро.
[img]http://image.shutterstock.com/display_pic_with_logo/161170/111929252/stock-photo-cup-of-coffee-and-fresh-croissant-111929252.jpg[/img]
Леле ммбуцко, пазете го бебето, да не фати и него. А стварно никој нема на плажава. Кај сте бре, луѓе?
P.S. Од што не сум расонета ќе ја пуштев пораката без кафе, па после чудете се кој го испи. [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  34 35 [36] 37 38   Следна страница >   >>