|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Опрема за новороденче
9.6.2014 17:36:39   
nataly86
Список на потребни работи

Креветче + душек за креветче
Непропуслива подлога за
креветче
Музичка вртелешка за
креветче
Мушама за пресоблекување
Ќебенце (памучно или волне.)
1-2 постелнини
Кадичка
Лежалка за бањање
(беби купко)
Термометар за вода и соба
Пластичен бокал за испирање
на бебето
Неутрален бебешки сапун
Купка или шампон за бебе
Подлога за пресоблекување
Крема за нега на кожата
Крема против црвенило
10 шведски пелени
30 тетра пелени
Хартиени пелени
3-4 подебели бенкици (боди)
10 потенки бенкици (боди)
1-2 капчиња
3-5 пара чорапи
Беби влажни марамчиња
Стерилни гази за папочната
рана
Свилен или хартиен фластер
Физиолошки раствор
А + Д капки - воден раствор
или Вигантол капки
Беби стапчиња за нос и уши
Ножички за нокти
Четка и чешле за коса
Топломер за мерење на
телесна температура
Гардероба за шетање
(дводелни комплетче,
шпихозни, тренерки, маици)
Стерилизатор за шишиња
Силиконско лажиче
2 шишиња
2 лажалки
Кутивче за лажалка
Четка за перење шишиња и
цуцли
Чај против грчеви
(ако затреба)
Адаптирано млеко
(за секој случај)
Беби дневник

Е сега мајки кажувајте дали ова е се неопходно или има нешто попрактично од ова...некако списокот долг ми се гледа а голем дел од работите треба да ги купам *2 user posted image
Чекам искуства!!!

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 776
   RE: Опрема за новороденче
9.6.2014 17:57:36   
princessa
натали86 долг ти е списокот богами. Сега јас од искуство мое ова купив и највеќе употребував

количка
креветче
релаксатор
седиште за автомобил(транспортер)
кадичка за капење
комода за пресоблекување
шпикозни, бемкички, панталони со ногавици, чорапчиња, тетра пелени, капчиња, шпилхозни, бодиња на кратки и долги (е сега зависи од сезоната) итн
памперси, влажни марамици и др.прибор за лична хигиена како купки за бањање, пудра, лосиони..
бебешка постелнина, тенко памучно ќебе
бебифон
кенгур(не го користев многу како и вртелешката над креветче)

можеби сум заборавила уште нешто но во суштина ова го имав пред да се роди бебчо


_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 777
   RE: Опрема за новороденче
9.6.2014 20:19:04   
Felly RR
E Nataly86, стварно ти е долг списокот.
Јас ќе пишам она што забележав дека не ти е баш неопходно, а некоја друга рингерајка ќе ме надополни.
1. Боди/бенкичиња мислам нема потреба различни дебелини, туку само различни бројки. на пр. од тие 10 + 3 што се пишани, мислам доволно е да имаш 4-5 најмалечки(54 големина мислам беа, сум заборавилаuser posted image ), и 3-4 поголеми. Тоа за едно бебеuser posted image
2. мушама за преслекување и подлога за преслекување мислам дека е исто, така да и тука списокот ти се намалува.
3. четка и чешле за коса на почеток нема да ти треба, колку и да има долга коса некое бебе, чешле/четка сигурно нема да користиш.
4. лежалка за бањање - барем мене не ми беше нешто најпрактично, и дефинитивно се може и беа неа

Друго што немаш пишано, за папочето ќе ти треба алкохол, или 3%хидроген, но тие работи ќе ти ги кажат и на болница - што да ставате и дали да користите и некаков прашак. Така да не се секирај, нешто и да немаш набавено, ќе докупите отпосле.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 778
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 8:43:11   
nataly86
Благодарам РР нешто скативме user posted image и јас незнам колку од работите се практични и би ги користела...пример лежалка за бањање..гледам низ продавници и едни мрежи што се ставаат на кадичките тие некако попрактични ми личат па ќе видиме понеделник вторник сакам да излезам на шопинг па ќе видам што ќе одлучам...

Ако некој има да го надоплни списокот или скарти слободно user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 779
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 10:04:15   
princessa
Јас ставав пелена на коритцето а и така и така набрзина се капевме а за чистење на папокот и во двата случаеви само обична бебешка пудра сум користала никаков алкохол. Така ми кажа педијатерот и немав никакви проблеми, папочето падна без проблем.
Многу работи че си видиш откако ќе се родат, само не купувај многу туку она најнеопходното за почеток. Па ќе се шеткате после породување и ќе се докупи а и ќе ти донесатuser posted image .

И што имав заборавено да пишам е вреќичка за спиењеuser posted image

< Поракaта ја уредил princessa -- 10.6.2014 10:05:31 >


_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 780
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 11:13:53   
Dilina
И едно 600-700 еки за ситнурајките, 1500 за креветче и количка и таман сме :D

Јас веќе збудалев,, изгледа се преоптеретив, купив се што ми треба, ама додека купував се пошандрцав. Не вакво, не онакво, ваму поефтино ваму послкапо...

Јас можам да ви дадам еден совет (иако не сум родила уште, уште 3 недели ми остануваат)
Не купувајте скапа гардероба, ако се пораѓате во лето повеќе бодиња земете за да немора да го облакате цело (умирачка жешко е)...

И дали некој може да ми каже што е подобро.. ноктарче или ножичка за ноктињата? со шо полесно се сечат?

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 781
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 11:18:39   
princessa
со ножички дефинитивно, тие се заоблени на крајот и лесно се сече.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 782
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 11:31:43   
Bethany
Дилина, во почетокот кога беше бебе му сечев со ножички, а сега веќе со ноктарица.
Моето дете ужива во сечење нокти, откога беше бебе добив совет секогаш да му сечам кога е буден, за да се навикне, така правев, додуша вероватно се зависи од бебе до бебе, ама ете мојот беше концентриран и мирен и се уште ужива во третмани user posted image

Натали86, не заприметив на списокот, јас би додала уште аспиратор за нос, не тие со пумпица, туку најдобро тие со цевче што влечеш со устата, мене ми е многу практичен. Мада исто би ти кажала дека не мора да се оптеретуваш се да имаш, во случај на потреба ќе докупиш user posted image Ехх, колку пати го праќав мм за нешто во аптека, па не било такво, било поинакво, па пак да оди... што да се прави, така е најпрактично user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany -- 10.6.2014 11:38:17 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 783
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 12:08:43   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

E Nataly86, стварно ти е долг списокот.
Јас ќе пишам она што забележав дека не ти е баш неопходно, а некоја друга рингерајка ќе ме надополни.
1. Боди/бенкичиња мислам нема потреба различни дебелини, туку само различни бројки. на пр. од тие 10 + 3 што се пишани, мислам доволно е да имаш 4-5 најмалечки(54 големина мислам беа, сум заборавилаuser posted image ), и 3-4 поголеми. Тоа за едно бебеuser posted image
2. мушама за преслекување и подлога за преслекување мислам дека е исто, така да и тука списокот ти се намалува.
3. четка и чешле за коса на почеток нема да ти треба, колку и да има долга коса некое бебе, чешле/четка сигурно нема да користиш.
4. лежалка за бањање - барем мене не ми беше нешто најпрактично, и дефинитивно се може и беа неа

Друго што немаш пишано, за папочето ќе ти треба алкохол, или 3%хидроген, но тие работи ќе ти ги кажат и на болница - што да ставате и дали да користите и некаков прашак. Така да не се секирај, нешто и да немаш набавено, ќе докупите отпосле.

Исто и стерилизатор ми е малку комерцијализиран апарат, доволно е да се попаруваат шишиња/цуцли со врела вода, тертра и другите пелени - за повој - личен избор, но за мене не се неопходни (псвен неколку тетра за покривање, постилање, потпирање на рамо на бебињата).

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 784
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 14:09:54   
Melanija RR
Еве и јас како по тазе мајка user posted image
Технички работи не се неопходни на почеток како стерилизатор, аспиратор што спомна Bethany е изум го имаме но првпат на 3 мсеци и дури сега на 9мес ни затреба, најважно количка ,а ако сте со кола и седиште/транспортер

=Тетри јас само со 10 поминав наводно требаат повеќе ако доиш за хигиена,
=шведски 10
=точно најмногу треба боди со кратки ,и некое боди и шпикозни со долги, некои шорц со бенкица
=Подлога за пресоблекување мислите на они за на кревет /секој различно јас сакав но добро што не земав на спална си го преповива,а мушами за препсоблекување за лето се доволни 2 ,песи и суши
=2 шишиња, ако не се дои ќе докупите и доволно е 1 лажливка со ланче зошто нема осет да ќе ја плука
=Кадичка за бањање и некое пластично јас користам мала пластична мерилка за потурување, козметика 2 во 1, пелени, за папоче ќе ви каѓат во болница, чешел може и немора, и нешто што ќе решите за бришење при менување на пелени (на почеток се избегнуват влажните марамчиња)

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 785
   RE: Опрема за новороденче
10.6.2014 20:53:59   
Dilina
епа за бришење, јас си купив еднократни крпчиња, дебелки се и ми изгледаат доста практично, во DM ги има околу 60 д. незнам колку има внатре, веројатно околу 20.....
За преповивање не земавме подлога оти на спална сакам да си го преповивам. Преповивална ми е повеќе за во соба ако има веќе посебна уште од почеток па да нема кај да се преповива.

А каква е таа мушама за преповивање? тоа не сум сретнала до сега и незнам како изгледа.

Аии да ве прашам ова... дали некој купувал од оние бодињата од џамбо. Убав е памукот се гледа дека се квалитетни а и беа мн ефтини, само проблемот е шо јас изнакупував многу од кои на повеќето пишува 0м.... :) како шо тераме др рече 3500 ќе биде, па шо знам дали е ок шо изнакупував за 0...

Сте купувале ли од нив? И како одговараат за величината? Нулата се носи некој период или ја џабе купував толку :D (едно 10тина имам земено сосе оние од 3 и од др продавници) user posted image
И кажувајте на колку ги перете алиштенцата, да знам сега кај и да е ќе треба да ги исперам по прв пат. Едвај чекам ама се си викам ќе ги убиеш од фаќае почекај уште малце :) ама време е кај и да е мора...

< Поракaта ја уредил Dilina -- 10.6.2014 21:02:20 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 786
   RE: Опрема за новороденче
11.6.2014 0:21:32   
Melanija RR
За крпчиња user posted image еве мој изум во Џамбо има вата од 150гр за 59 ден и тоа врши работа.На почеток знаат бебињата често да какаат па може ќе ти треба многу крпчиња но најдобро замивање во лето
Мушама или престилка за преповивање за да неа да го легнеш бебето за преповивање,и како најлонски да кажам и како памучни.Има најлонски во Анжи.
Јас од Џамбо што имам земено 3ка до кај 4-5 месеци ги носеше,така што 0 би требало до кај 2 месеци но и таму од различен модел не е ист бројот.Неможе со сигурност да се знае тежината па затоа е подобро да се купат само по неколку парчиња.
Боди од Зара пишување за 1 месец и точно до 40 дена ги носеше.Пери со време зошто додека се испеглаш ќе помине време (ќе бидеш уморна)user posted image на 40 од старт е доволно.Има тема Посебен прашок за алишта за бебе

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 787
   RE: Опрема за новороденче
11.6.2014 9:38:29   
princessa
Леле луѓе уште ли се користат шведски пелени? Јас никогаш не сум користела, само една тетра пелена ставав 40 дена врз памперсот за да му се раширени ноџињата и да можат да се развијат колковите. И на 40дена правевме ултразвук на колкови и ги исфрливме од употреба и тоа со двете мои деца.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 788
   RE: Опрема за новороденче
11.6.2014 9:42:14   
Dilina
Меланија Фала ти ептен, јас имам земено скоро се, па за месец најкасно ќе ви кажувам искуства :)

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 789
   RE: Опрема за новороденче
17.6.2014 16:09:23   
sonc90
jas mislam namesto da zimas podloga za presoblekuvanje,da si gi baras onie torbici bebeski sto idat zaedno so musama,taka nema da pravis 2 trosoci,bluzi ne ti trebaat koj znae kolku zaso ako imas bodi,benkici i spikozni, bluzicki ti se dovolni 2-3 i toa cisto radi merak(ne zaradi potreba).mislam eventualno ako go nosis na modna revija pa togas da ti treba poveke obleka...sepak toa e mn malo bebe a ne dete!podloga za banjanje mn imaat kazano deka ne im e prakticna a i od sekavanje koga ja banjav bratucedka mi ke ti kazam deka vo race mi bilo najsigurno i najprakticno...pod carsavot na duseceto pak ne mora da ima podloga-mozes da si stavis najlon,razlika nema osven sto izgleda poestetski ali pod carsav nikoj ne ti gleda,krema za crvenilo ke kupis samo ako treba,ne kupuvaj predvreme,svedski dovolno ti se 6-7 kako i 20 tetra duri i ako sakas i bez pampers da bide dovolno ti e tolku,a ako stavas pampers i toa e mnogu,AD ili Vigantol duri otkako ke se rodi ke kupis,cetka i cesle ne ti trebaat... inace nadvor od temata ama mn mi e bitno KAJ DA NAJDAM RADOSNICA?

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 790
   RE: Опрема за новороденче
17.6.2014 16:47:34   
Melanija RR
sonc90 радосница имаш во Џамбо, Веро маркетот ( Џамбо), Матица .За овие сум сигурна мислам беа докај 500ден user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 791
   RE: Опрема за новороденче
17.6.2014 18:51:14   
Dilina
user posted image user posted image user posted image user posted image

Напишав огромен пост за да ви кажам шо се изнакупувавме последниве месеци и ми се направи некој ерор и не ми го пушти и сега сакам да си пукнам .......
!!!!!!!!!!!!

нема шанси се да ми текне сега одново... но сепак најбитното ќе ви го повторам

Не слушајте свекрви, баби и т н да не купувате предвреме и дека на нероден петко капа не му се крои, туку почнете уште од почеток затоа што трошокот е огромен и многу ќе си олесните ако почнете што порано. Ова освен ако имате кој да ви купи од игла до локомотива што ви треба...

Јас немав тетки стрини, сестри или братучетки, золви што ќе ми помогнат или ќе ми донираат количка, креветче затоа што немаме бебиња во фамилија, а свеки ми викаше да не купувам и сега последниве 3 месеца се исцедивме од трошење. Но се за нашите сонциња. Јас се зафркнав што бев послушна снаа и сега си гризам од г**т user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 792
   RE: Опрема за новороденче
18.6.2014 1:25:44   
sonc90
lele kuti i so mojot slucaj bese taka...baba mi i svekrva mi me umrea so toa deka ne trebalo predvreme da mu se kupuva na bebeto...i jas sekogas si vikav vo sebe "e da be,ako ne kupam predvreme ti da ne mi kupis dodeka sum u bolnica se sto treba za bebeto" (a i da kupi ke zezne rabota zaso imame razlicen vkus i znam deka nema da mi se svigja toa sto ke go zeme) a i tocno e deka e ogromen trosok zs jas si imav trgnato 100 eu samo za obleka i ne mi stignaa pa moravme sekoj mesec od plata da dokupuvame a pa ne daj Boze da cekavme i sega na kraj da kupuvame i ako ne ni stignea pari sto ke pravevme?vaka bar ostanavme bez pari pa si kupuvame sekoj mesec so parite od plata izminatiov period...taka da i moj sovet e ako nemate koj i ako ne ste finanski rokfeleri togas da ne gi slusate starkite sto vi zborat zs e ogromen trosok i udrete na soping sto porano...

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 793
   RE: Опрема за новороденче
18.6.2014 9:22:02   
princessa
И јас не слушав никој и си терав по свое. Почнував да купувам уште кога го дознав полот и од облека имав се кога се роди малата цуца. Благодарна сум до бескрај на една пријателка чија што ќерка беше постара од мојата година дена и ми даде многу работи. И м се најдоа секако, затоа и јас сега давам на кого стигнамuser posted image . Имав и комода за пресоблекување и на почеток само ја користев, некаде до 4от месец, после ни стана кратка. Се спасив од грбобол. Мушама имав една од 100 денuser posted image , од горната страна беше памучна ама ми се виде непректична зашто ако се помочкаше бебушка додека ја пресоблекував морав да ја перам одма. А од тие ташните за бебе од џамбо има мушама и одозгора може пеленка да се стави или хартија од поголемите ролни и попрактично е. Трошок е опремата за после има работи што се едвај искористени ама тоа е. Се залетуваме како телиња кога ќе влеземе во продавница за бебешка опрема и се изгледа неодоливоuser posted image
А радосницата е многу убава работа. За ќерка ми ја пополнував ама за синко уште не сум стигнала да купам, а се ќе заборавам од информацииuser posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 794
   RE: Опрема за новороденче
18.6.2014 11:38:24   
nataly86
Еве ме и мене вчера бев во "мини" шопинг...мисе чини многу пари а нипто значајно не купено..

Ова имам купено Ве молам пишете уште што ми фали

количка, креветче, корито, комода за пресоблекување,транспортери, термометар за соба, боди со кратки и долги ракави, 8 шпихозни ( од кои има и дводелни ама повеќето се едноделни, големини претежно се сите како за 3 месеци..некако 0 ми беа многу мали и неисплатнливи за купување) крпа, подлога за пресоблекување, ракавичиња, капчиња, чорапчиња, четка и чешел, лигавчиња, кутија за цуцли, патики за украс на ноџиња user posted image
Ова е се *2 бидејќи се user posted image user posted image user posted image

Планирам да купам уште постелнина со оградици, тетра пелени 30, осмици 10, комплет кутии што одат како за вадење од болница (шпихозни пелена памучна и што ли има внатре) козметика ( пелени, павловичева, купка за капење и шампон, чепкалки за уши, пумпица за нос, шишиња,

Е сега пишете дали нешто имам заборавено во мојот бесконечен список user posted image

Инаку за финансии user posted image user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 795
   RE: Опрема за новороденче
18.6.2014 14:06:47   
Dilina
Јас купував последните два месеца и еве ај сега да ви набројам што се....


*7 боди по крат
*7 боди со ракавчиња
*5 боди по ракави
*5 шпикознички
*3 комплета ги земавме од една прод. во бисер по 300д и мн е убав памукот
*3 ракавички
*3 капчиња
*4/5 чорапчиња
*10 тетра пелен
*4 шведски

*постелнина со оградици (идеше со креветчето)
*две поларни ќебенца од тие тенките а топлат
*две памучни тенки кебенца (малце подебело од пелена ама мн е убаво во џамбо го има)
*две памучни постелнини
*два фротирски непропустливи чаршави

*бањарки две
*едно поголемо крпче
*мали крпчиња 30x30 за миење/бришење од џамбо исто по 30д.

*душек (меме ни иде со креветчето)
*креветче
*преповивална (исто иде со кревечето)
*мрежа (исто со креветчето)

*едно плико мало за од болница
*една вреќичка за спиење, таа е поголема ама мм ја купи за некој месец ќе ја користиме

*млеко
*крема
*павловичева
*сапунче
*меко сунѓерче
*канче за вода (јас имам од ариел онојден гратис добив user posted image )
*пенливо за бањање
*топломерче за вода
*цуцла со топломер
*обична цуцла
* синџирче за цуцли
*четка за шишиња
*две шишенца со цуцла
*бавацин
*хартиена лента
*газа

*мрежичка за на количка
*количка 3/1

*за мене прслици за доење
*две бањарки за во болница
*влошки вир
*влошки за гради
* крпчиња мали 30x30 за измолзување (не планирам да купувам машинка за измолзување мн ми е језиво тоа...)

не ми текнува уште ако ми текне ќе допишам во списоков
user posted image

Се надевам од помош бев user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 796
   RE: Опрема за новороденче
18.6.2014 15:28:46   
sonc90
od obleka i jas imam gore-dole kako dilina samo 20 tetra i 6 svedski,imam benkici po dolgi i zatoa ne zemav bodi po dolgi,od oprema najosnovnite-kolicka,transporter,krevetce i korito,postelnina 2 kompleta (carsav,jastucnica i tenko kebence),obicno kebence,imam od majka mi i uste edno obicno kebence i jorgan,2 pernici,vrekja za spienje...potoa banjarka i peskir,od kozmetika imam maslo,kupka,jekoderm,pavlovikeva(t.e. go prativ mm da kupi i mi dojde so pavloderm),bivacin i alkohol...ostanato:gazi,kance za voda,rakavica za banjanje,toplomer si imam od prethodno,cucli 2(taka idea u pak.),sise,kutija za cucla,cetka za sisinja imam od prethodno,vloski VIR80,vlazni za u bolnica i za mene i za bebeto,pampers za u bolnica,vloski za gradi,prsluci mi e strav da kupam zs nz dali ke mi se zgolemat gradite pa da ne se istrcam da kupam pomali i da ne gi oblecam ni ednas...a da,i zaboraviv od obleka deka imam i eden od golemite kompleti(tie poskapite) za iskacanje od bolnica...isto taka da napomenam deka oblekata mi e mesana,imam i 0 megjutoa i 3,zaso mi bese strav da ne bidat mali 0 pa da si imam i pogolema obleka...

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 797
   RE: Опрема за новороденче
23.6.2014 16:23:53   
Dilina
Јас како преплатена на темава - дали некој знае кај има поквалитетни и помеки пелени од тие белите на алкалоид или сите се така груби? Ем ги исправ ем се собраа ем се мн груби..... сакам некои по мекички и барем малце по дебелки овие ептен се како газа......

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 798
   RE: Опрема за новороденче
23.6.2014 20:42:40   
nataly86
Дилина мислиш на тетра пелените така??
Тие мислам дека се сите исти само имаш бели и со некој шарки...и како што ми кажувале дека тие треба да се потврди за да ги држат колкчињата нели се за широк повој тие...

на интернет гледав во бебе супер маркет имаат од српска фирма исто тетра пелени види провери тие какви се а и предходно распрашај се да не треба да се такви по груби...ајде ќе кажи и некој искусна РРuser posted image

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 799
   RE: Опрема за новороденче
23.6.2014 20:59:02   
princessa
Па и јас ги користев оние на алкалоид и супер се, мекички и дебелки. Супер задоволна бев и ете и до ден денес ми се наоѓаат. Незнам, можеби го влошиле квалитетот. Ги имам од пред повеќе од 3 години и ги купив од Берово а мислам дека и таму ги правеа.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 800
Страница:   <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?