Hopeful RR
|
Еве ние како се снаоѓаме, се уште ни е тазе, ама некои работи од одма се гледаат. Имаме купено хард кор седишта за од 0-18кг, но ортопедот ни рече дека транспортер е неопходен затоа што нема како да се донесе детето од точка А до точка Б без него, освен ако не сакаме да се изложиме на сериозни ризици и опасности. Па така, купивме и два транспортери, најобични, и сега за сега тој дел ни е ок. Големите седишта ќе почекаат. Да имаше опција близначка количка со транспортери, секако ќе се одлучевме за тоа, но бидејќи нема, купивме вакви седишта, но нејсе. Мислам дека комбинација 2 во 1 за единечна количка е таман, корпа ич не е потребна, за тоа е транспортерот, кој држи стабилно и цврсто. Во однос на креветче, бидејќи сме луѓе што сакаат патувања, се одлучивме за две монтажни креветчиња. Сега мора да спијат во едно, но кога ќе снемаат место ќе ги одвоиме. Испитував и анализирав многу, и бидејќи секако ни требаат такви, не гледам потреба зошто да дуплирам и да купам плус обично, класично креветче, посебно па две. Но сепак, купивме супер душек за класично креветче, не за монтажно (душекот е од Федербау) и мислам дека оваа комбинација е супер. Ем не фрлам пари за куп креветчиња, ем не трупам предмети. А за парите, монтажните и не се баш евтини - нашето е 90е, што е поскапо од просечно дрвено креветче, но секако е попрактично, бар за нас. Плус момент е и тоа што ова креветче е за до кај 3 години, па после кога ќе треба голем кревет, има поента да се инвестира во тоа. Во однос на облека, дефинитивно најдобра опција се шпилхозни. Имам и комбинации со пантолончиња, и тоа е ок, но шпилхозни се наједноставни. чиста работа. Одоздола боди без ракави или со кратки ракави и толку. Е сега ми доаѓа скапо, пошто ми треба дупло повеќе, но пробувам да комбинирам, сва среќа времето е ок па брзо се сушат. Ако најдете негде евтини шпилхозни, одма известете ме
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
(Одговор на членот miana)
|