penelopa -> RE: Опрема за новороденче (20.10.2010 14:46:32)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia Знам дека меракот е преголем, ама купувајте само тоа што ќе ви треба за почеток. Верувајте, толку подароци ќе добиете за [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] што половина работи ќе ви останат неискористени (посебно облека). Е сега, работите за [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] се толку слатки, му иде на човек се да купи кога ќе влезе во продавница, знам. Ние најмногу го користиме релаксаторот (искрена и вечна благодарност до тој што го измислил), нормално количката (колку е полесна за носење и поедноставна за склопување, толку повеќе ќе се искористи, бидејќи, мамички, нема тато секогаш да е до вас да ја носи и да ја склопува/расклопува), играчки што висат (не оние што се вртат) што може [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] да ги фаќа, да развива координација со нив, тропалки (лесни, оти се удираат со нив, многу се слатки)... Октавиа како кај кого....ние немаме толку многу пријатели па скоро се што треба за бебето сами купуваме, со исклучок на родителите се разбира...сепак некако мислам дека за прво бебе повеќе се троши - меракот е голем...а за тоа што ќе биде искористено зависи и од самото бебе.
|
|
|
|