Octavia -> RE: Опрема за новороденче (1.11.2010 9:25:48)
|
Milicka85, со здравје да си ги користите работичките [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Според моето искуство, чаршавчето со мушама не го искористив баш, ми се „плетка“ кога ја преоблекувам, некако непрактично ми е. Ќе ти требаат и бебешки ножички (оние со заоблен врв), нема да ти се верува колку брзо им растат ноктињата и како гребат со нив (а и самите се гребат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]). Бидејќи сте купиле скоро се [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image], кога ќе си дојдете со бебушот ќе ви треба и алкохол, газичка, вата за нега на папокот на [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]. Ќе ти објаснат и во болница, на тоа мора многу да внимаваш и ти треба уште од првиот ден. Од козметика, најдобро е некоја со најмалку хемикалии. Гледај во составот да пишува дека нема парабени, штетни се многу. Инаку, има толку многу избор, а лекарите обично препорачуваат од онаа фирма со која соработуваат (за жал, така е), па разгледај си и сама одлучи си. Нас во Св. Лазар ни препорачаа "Bubchen" за новороденчиња, на пр. Јас користам Bubchen и Chicco купки, слушам дека и Мустелата е добра, а исто и Olivella (направени врз база на маслиново масло).
|
|
|
|