однесувањето на децата на гости (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


big_mama817 -> однесувањето на децата на гости (5.10.2009 10:15:51)

Како се однесувата вашите деца кога сте на гости дали се мирни или бесни?
Каков е вашиот однос на тоа гледате рамнодушно или внимавате на нив?
Фала богу досега син ми е доста мирен кога идеме негде значи не фаќа она што е поставено на маса,не трча, ако сака некоја играчка ќе ја побара, значи досега во тој поглед не сме имале проблем сепак и јас внимавам кога ќе отидеме негде на него.
Ајде пишете какво е вашето искуство по ова прашање




profesorica -> RE: однесувањето на децата на гости (5.10.2009 10:19:17)

Дамјан првите пола саат е мирен а потоа збеснува, им оди на децата од позади да ги гушне, растура играчки и фаќа се што е поставено на маса.Таков е и кога ќе ни дојдат гости хахахаха, темперамент!!!




niki -> RE: однесувањето на децата на гости (5.10.2009 10:33:23)

Се зависи каде сме на гости и колку слободно се чувствува таму  и колку луѓе има присутни. Знае да биде мирна бубачка, знае и да излезе од контрола. Секако дека не седам на страна рамнодушна, ја контролирам што прави и предупредувам пред да направи некоја глупост. Не секогаш успевам превентивно да делувам, но ако гледам дека работите ќе излезат од контрола тогаш ја тргам на страна и и зборувам. Ме нервираат родители кои децата ги оставаат да прават хаос кога се отидени кај некого, тоа повеќе зборува за невоспитаност на родителите, отколку за децата.




kiki_riki -> RE: однесувањето на децата на гости (5.10.2009 12:15:36)

koga sme na gosti se super, duri mi e nezgodno kolku se mirni i fini, abe glas ne im se slusa, ama koga ce ni dojdat gosti, kako da ne se istite deca, se sakaat da pokazat, pa za 10 min gi vadat site igracki koi so teska maka gi sobiram pred da dojdat gostite[image]http://smileys.smileycentral.com/cat/36/36_3_4.gif[/image]




mother 29 -> RE: однесувањето на децата на гости (5.10.2009 12:16:26)

мојот е мирен на почетокот ама после треба се по него да одам!
срамота така да им се растура на лугето,ај дома друго ,ама на друго место.
никогаш не сум сакала такви работи,кога ми идеа со мали деца на гости,а еве сега и ние сме такви.јас разбирам дека се деца,ама кога ми текнува какви мирни деца има ,бре бубацки,а овој мојот леллелелел




profesorica -> RE: однесувањето на децата на гости (5.10.2009 12:16:59)

Јас и мм цело време пазиме да не направи некоја беља кога сме на гости бидејќи е многу жив и темпераментен и нормално дека го учиме дека така не треба да прави.




Snowhite RR -> RE: однесувањето на децата на гости (5.5.2010 1:23:28)

Сакав да отворам тема за ова, но после ја најдов, значи пред извесно време ни дојдоа пријатели на гости и нивното девојче е 3 години и буквално се лом ни направи дома, земаше нешто да јади го оставаше па земаше друго, мачкаше по стаклото со крем, дури и чашите ги измачка со павлодерм, се што можеше растури по теписон, а тие ни збор не и рекоа, ја оставија да прави што сака, меѓутоа она што сакав да го кажам е дека не ми е тоа проблем, затоа што јас во секој случај ќе морам да исчистам, но зарем не останува тоа навика за понатаму, зарем така не станува детето несмасно и негрижливо за тоа како ќе се однесува понатаму во животот? Јас мислам дека никогаш нема да можам да го оставам така да прави на гости, па и дома




Bitolcanka -> RE: однесувањето на децата на гости (5.5.2010 1:31:39)

Сосема се согласувам со тебе Snowhite. Детето од мало се воспитува и стекнува некои животни навики. Кога тоа време ќе се пропушти, на позрели години се' е залудно.




profesorica -> RE: однесувањето на децата на гости (5.5.2010 12:33:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

мојот е мирен на почетокот ама после треба се по него да одам!
срамота така да им се растура на лугето,ај дома друго ,ама на друго место.
никогаш не сум сакала такви работи,кога ми идеа со мали деца на гости,а еве сега и ние сме такви.јас разбирам дека се деца,ама кога ми текнува какви мирни деца има ,бре бубацки,а овој мојот леллелелел


да не се повторувам- ама ова исто ко јас да сум го напишала[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




matushka -> RE: однесувањето на децата на гости (5.5.2010 12:40:51)

Мateja koga odime na gosti, prvite 2 min stoi na vrata i se srami da vleze, pa aj nekako ke se namolime. E posle e druga prikazna... saka da ispita ama bukvalno se, vlaga od soba vo soba i faka bukvalano se . Epten mi stanuva nezgodno i zatoa i prekinav da go nosam na gosti,osven kaj baba mu, celo vreme ili shetame, ili sednuvame so nego na kafe ili vikam gosti kaj nas[sm=smiley36.gif]




sinolicka -> RE: однесувањето на децата на гости (6.5.2010 23:01:27)

nie koga odime  na gosti na matej mu trebaat 10 -ina min. da se adaptira da se prestrami, ama sepak e miren ne mu dozvoluvam da besnee.ako saka nesto za jadenje od masa mora da mi kaze pa da mu dademe jas ili mm,ili ako videl nesto ne odi sam da pipka nesmee, me vika mene i mi pokazuva sto sakada mu dadam. isto se odnesuva i koga imame gosti




Snowhite RR -> RE: однесувањето на децата на гости (12.12.2010 8:50:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pregnant

Не знам дали на оваа тема се има некаде расправано, ама ме интересира дали Ви се случило да Ви се најави некој на гости и да си помислиш: ЛЕЛЕ оние со лошото дете! што чепка секаде, фрла што ќе му дојде, а мајка му се прави како да тоа не е ништо страшно, демек ДЕТЕ Е! Знаеме дека се деца, но сепак треба да се има граница. На крај за да не ги навредиш, дури и твоето дете ќе го искараш, иако ни криво ни дужно. Можеби пак и за нас така мислат кога ќе се најавиме некаде  Кажете некое Ваше искуство на оваа тема. 


ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto

jas i ne mozam mnogu da komentiram bideki moeto e uzas loso dete no ako sme nekade non-stop go opomenuvam i karam iako toa ne vredi no mu vikam sepak.....jas ne vikam deka sekogas decata se krivi, tie se deca ne znaat, no ima roditeli koi ne ni zabelezuvaat deka decata im se nemirni,imam takva prijatelka koga ke dojde na gosti bas gostinka prava e, decata nejzini kako da se moj ama ic ne mu e sekira sto pravat decata...



ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

jas sum imala takvo iskustvo  i tie sto imat takvi deca gi izbegnuvam ednas im kazavvo oci ma kakvo dete  ima deca koi koga ke dojdat na gosti ke si sednat ke si gledat crtani filmovi ke si zaigraat tvoeto nee takvo ne razbira so ke mu se kaze si tera po negovo mi rastura po doma mi cepka sekade mi pravi belji no zatoa nee vinovno deteto vinovni se roditelite oni treba da mu kazat sto e dobro a sto loso na toa dete decata se ogledalo na roditelite


ИЗВОРНА ПОРАКА: veckasr

majka mi posto sestra mi bese nemirna si sedese doma ne odese so nea nikade na gosti 


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pregnant

Па и моето не е цвеќе за мирисање, ама нон-стоп викам по него (не дека ме слуша многу, ама сепак). Но баш тоа има мајки што се баш кул. Скоро имав на гости братучеда и детенцето нејзино зема кифличка да јаде, па по сите соби се прошета, насекаде ронки остави, каде плукни, каде залепи, јас само гледам и траам. Но тоа и дома е така научено, а јас не дозволувам така. Или украси што имам наредено, абе сите ги фати и сака да ги фрла. Така што цело време одев по него. А башка што ќерка ми цика-вика ако и земе нешто. Повеќе ми беше измачување отколку што се видов со луѓето.


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

nezz sto ke docekam od lukas,ama nikogas nema da dozvolam da odam na gosti da pijam kafe,a domakinot da mi go vardi deteto,taka ic ne odam,a imam bracedi so besni deca,i pred da idi so retko idi ukrasite gi krevam pogore i im isturam eden kup igracki na zemja pa si igraat i nemam maka,site sto idat so deca kaj mene sedat na noze i stalno ocite im se vo decata,i nikogas ne dozvolile da trcam jas po niv..a pak bev na gosti kaj edna drugarka braceda mu na mazot mu i bese na kafe a be covece mi idese da i ja aknam edna..deteto giba vo akvariumot muva ne ja lazzi,deteto pie od kafeto talog,jas mu vikam ne ne cini to,mislejki deka ne go videla,taja a taka i doma pravi,tap,kapna na tepih,ah vidi so napraj sega?mu veli,aj nema gajle ke se isperi... aloooo ne si doma...posle to i od mojot filgan i od na drugarka mi...a be gospod da cuva..ama deteto si e dete ,kako so veli braceda mi ako go ostavam doma da pravi nekoi ludorii ke praj i na gosti,a ne ajde doma sme pa praj sto sakas...nekogas ne se ni roditelite krivi,no nekogas se i mnogu krivi.
eve primer za devericata moja ne pamtam da piela kaj mene kafe sednata,celo vreme na noze i po kerka i,i ednas lukas kako so bese kon malata so grbot svrten v dubak vo sekundata go zede cakmakot i frli po lukas,lele ovaj ko spiska,ama nemase nisto za sreka,ete dete e vo sekundata ...koj da go krivis sega?






mama26 -> RE: однесувањето на децата на гости (12.12.2010 10:37:49)

moevo sega na 4 god,,e taman za na gosti...bara po dve tanjircinja za da mezi bara viluska ,saka od dve casi sok da pie,,pa makar i ist da e sokot....saka da im kreva slusalkite od telefonot staticen...abe bogdacuva..detska rabota..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: однесувањето на децата на гости (12.12.2010 11:03:02)

a што мислите, дека децата ќе седат на маса како возрасни, ќе станат само за мочкање или ќе играат баш вие како што очекувате?

Јас не одев никаде со децата, баш заради тоа што немаше да ги исполнат очекувањата на домаќините. Сега децата пораснаа, они имаат мали деца, и јас ги дружам топло и срдечно безразлика дали сок истуриле или трошки оставиле. И не им е сеедно!
Инаку моите деца јадат од тањирот за возрасните, затоа што јас не мислам дека децата се шугави, смеат да побараат втора чаша сок, затоа што дома возрасни ми пиеле по 5 пива или 6 чашки ракоја и искрено многу ми е гајле дали некој мисли поинаку!
Во некои куќи кај сум била имаа друга соба спремено за децата, што е во ред ако има и некој да ги занимава таму. Ама така напикани ко во логор, друг пат не идам бе!

а воспитани се доволно -  не фрлаат, не отвараат шкафчиња, регали и не се шетаат по соби.




mama26 -> RE: однесувањето на децата на гости (12.12.2010 11:08:57)

taka e.jas kade sto odam ne mu zabranuvaat ,zatoa pak i nivnite deca koga se kaj mene pominuvaat kako deca a ne kako roboti.a koj zameruva na deca togas toj e pogolemo dete od niv.pa decata se za toa da rasturat da se kacat aj sto ne rasturam jas.ako mju odgovara nekoj dibro ako ne neka nmi gi praka nejziniute kaj mene [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]

koga ke prestanat da pijat od dve casi.koga ke prestanat da se galat kako sega i da pravat detski belji togas ke gi barame nazad




Pepelaska * -> RE: однесувањето на децата на гости (12.12.2010 12:47:37)

Баш вчера имав другарка на гости со дете од година и пол. Детето си беше мирно и играше се додека не го донесов Мартин и го легнав да спие.Детето збесна мислеше дека му спие во неговото креветче ( исто имало) и никако не сакаше и Мартин да седи со нас. Мајка му сама си кажа дека е љубоморнпошто го чуваат баба и дедо и навикнато е само тоа да е мало. Таа го караше, се гледа дека не му дозволува да прави белји ама на крај го испрати дома со татко му да поседи раат. Рече дека мора да го носи во градинка за да се научи и со деца да си игра не само со возрасни.

Исто пред една недела бевме на гости кај едни друагари. Нивното дете беше скороз збеснато. Ги истураше тањирите од маса, телефоните ги фрлаше на земја, чаршафот го фрли со сите тањири и чаши, се качуваше по кревети и воопшто не го искараа. И тоа седи со баба му нон стоп па мајка му ми вика е кога да го кара, го гледам по два сата во денот.

Незнам каков ќе биде Мартин ама не дозволувам да беснее на гости и дома кога има гости.




mosa -> RE: однесувањето на децата на гости (13.12.2010 14:07:04)

koga odime na gosti tino prvo se srami  bez razlika za kogo se raboti i9 kade sme pa duri i koga odime kaj mojte prvin mu treba nekoe vreme da se pusti pa posle,no do sega ne mi pravel nekoj problemi mozebi ke cepka po masa no seuste e mnogu mal ama jas go ucam uste sega deka ne smee da pravi taka,isto i koga ke ni dojde nekoj t6oj prvo e povlecen a posle pocnuva da se opusta i da is igra mu dozvoluvam da si igra so igrackite odnosno da gi rastura bidejki vo spotivno ke mu bode dosadno i ke pocne da dosaga  pa sepak nemoze da sedi so nas i da pie kafe.no i koga sme na gosti ne mu dozvoluvam da pipka iako go karam iako nego se go interesira.zavisi sto e .




Џесика -> RE: однесувањето на децата на гости (13.12.2010 14:24:45)

Јас немам проблем со фаќање, растурање,никогаш не ми смета кога ми доаѓаат со дечиња, нека фаќаат нека растураат... пред извесно време ни дојдоа 2 пара со децата... едното си сакаше да ги нареди сите смоки и грицки на маса, паднатите на земја ги газеше, мајката се уби од собирање, незгодно и било... абе и викам, остај нек уживаат децата...  се дур не се дојде до стаклени предмети, вредни ствари и штекери, другото не ми смета... па на се ако му викам НЕ, ќе треба фикус да биде... нешто што се поправа, нема потреба да се забранува...




Палешка РР -> RE: однесувањето на децата на гости (13.12.2010 14:45:28)

Мене ми смета и ме нервира растурање на гости. Марио беше многу разбран по таа тема, за Миа ќе видиме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Инаку сношти внука ми ни беше на гости и ме извади од такт [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




anedespo -> RE: однесувањето на децата на гости (14.12.2010 9:44:00)

Е не ме нервира растурање. Па они се деца и треба да си играат. и така играчкине на моите деца по стопати на ден ги собирам. Ме нервира кога трчаат одозгора по креветите само од една причина(можат да се утепаат).




strelec 8 -> RE: однесувањето на децата на гости (14.12.2010 12:28:30)

i taka site ukrasi mi se krenati pa nema sto da skrsat.skekovite mi se pokrieni i tamu nema opasnost.neka isturaat ,neka gazat po zemjata samo da ne mackaat po zidot.e me nervira nekoja majka sto koga ke dojde na gosti a nejzinoto deta e kako na struja sekade otvara,se kacuva a nea muva ne ja lazi.mislam deka tie majki doagaat na gosti za da se odmorat,znaat deka druga zena ke trca po niv




vezilka RR -> RE: однесувањето на децата на гости (11.5.2012 14:04:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Јас немам проблем со фаќање, растурање,никогаш не ми смета кога ми доаѓаат со дечиња, нека фаќаат нека растураат...

се дур не се дојде до стаклени предмети, вредни ствари и штекери, другото не ми смета... па на се ако му викам НЕ, ќе треба фикус да биде... нешто што се поправа, нема потреба да се забранува...


..баш така. Понекогаш ми требало еден саат да средам после дома ама никогаш тоа не ми било проблем и никогаш не сум пререкла никому за тоа. Се што не треба да дојде во рацете на децата тргам пред да дојдат и се е дозволено доколку не е опасно по нив. Затоа и многу не се тревожам ако Никола кога сме на гости нешто подрастури. Додуше тој уште повеќе трча по куќи откоку што фаќа, ама и да подрастури нема да се притресам. Е сега дека јас поголем дел стојам во негова близина и контролирам што прави, тоа си стои, хи,хи, ама пак јас и онака и пред да се роди Никола, кога идевме на гости кај што имаше деца, бев повеќе од времето со децата отколку со возрасните, хи,хи.




Pepelaska * -> RE: однесувањето на децата на гости (11.5.2012 14:26:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR


Исто пред една недела бевме на гости кај едни друагари. Нивното дете беше скороз збеснато. Ги истураше тањирите од маса, телефоните ги фрлаше на земја, чаршафот го фрли со сите тањири и чаши, се качуваше по кревети и воопшто не го искараа. И тоа седи со баба му нон стоп па мајка му ми вика е кога да го кара, го гледам по два сата во денот.

Незнам каков ќе биде Мартин ама не дозволувам да беснее на гости и дома кога има гости.


Ова сум го напишала кога сме имале 3 месеци [sm=smiley36.gif], е сега успехот ми е што не сме толку немирни, значи не префаќа, не растура, не е агресивен ама со ова на маса не можам да се справам, мора да префати и да си мезне од се што е поставено, незнам како да се справам со тоа, а за другото сме супер фала богу да не е за подрек




vezilka RR -> RE: однесувањето на децата на гости (11.5.2012 15:27:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

мора да префати и да си мезне од се што е поставено, незнам како да се справам со тоа,


А мене па тоа најмногу ме нервира, не ретко маса има нешто што не е за него, на пример чипс, не знам таму некои сувомеснати и слично, а тој сака баш од тоа што не треба. Кога ќе го напика тоа чипсот, си викам види го, кога му давам зеленчук, ако има парченца не го сака, ми се закашлува демек се задавува, а чипс меле на велико, нема проблем. Е со тоа имам проблем, да му објаснам дека нешто од тоа не смее да јаде [sm=zmeden.gif]




JovanaJ -> RE: однесувањето на децата на гости (11.5.2012 15:55:05)

Sin mi e primeren vo ovoj pogled. Koga odime na gosti nemam problemi so nego. Isto taka ne mu zabranuvam da jade od toa sto ima na masa. Neznam zosto bi mu zabranuvala, nema potreba. Seto toa e za jadenje i ne e nisto opasno za da bide zabraneto.
No mi preci koga deca koi doagaat kaj nas se odnesuvaat agresivno. Znaci frlaat, krsat, otvaraat fioki i skafovi ...navistina mi preci i tuka gi gledam samo roditelite vinovni za osnovnoto vospituvanje na decata. Razbiram deka ima po temperamentni deca, ama tie vrojatno ke trcaat, galamat i sl...a nema da otvaraat i fakaat sve sto ne treba. Toa nemozam da go razberam.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>