RE: Опремување на детска соба (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


happy mommy -> RE: Опремување на детска соба (13.10.2009 16:49:46)

Еве некои од детските кои сурфајќи ги најдов и ми фатија око

http://farm4.static.flickr.com/3097/2786435526_23bd526eb1.jpg

http://farm4.static.flickr.com/3208/2785584059_7028078090.jpg

http://farm4.static.flickr.com/3077/2785587419_0b0e4a04f3.jpg

http://farm4.static.flickr.com/3045/2786430426_53d564460d.jpg





elle -> RE: Опремување на детска соба (13.10.2009 18:30:37)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image] ауууууууууу сатурн каде ја најде таа страна цел саат зјапам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Опремување на детска соба (14.10.2009 10:59:23)

мнгоу сакам детски соби и дефинитивно кога ќе потпорасне Дамјан ќе уредам некоја како на некоја од приложениве слики, а до тогаш ќе си уживка во неговата бебешки уредена соба со еден куп играчки.




Saturn -> RE: Опремување на детска соба (20.10.2009 18:33:30)

 [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Кога дојде време да бараме завеси или драперии почнав да пребарувам по  интернет и икочи pottery barn, ми текна дек во серијата Friends купуваа од тоа место. И јас окапав гледајќи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley23.gif[/image] очи ми отпаднаа.




profesorica -> RE: Опремување на детска соба (12.11.2009 8:00:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]   pottery barn, ми текна дек во серијата Friends купуваа од тоа место. И јас окапав гледајќи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley23.gif[/image]  очи ми отпаднаа.


еее да ептен добри работи имаат!!!

но ајде еве вака:

без оглед на прекрасните слики од детски соби што се поставени, кажете како изгледа собата на вашето дете?? дали претеравте при уредувањето или се е нормално со најнеопходните работи?




mami -> RE: Опремување на детска соба (12.11.2009 9:47:41)

Сеуште нема своја соба..ке има кога ке бидеме некаде сами, во наш стан, сега во оваа ситуација нема шанса за своја соба




niki -> RE: Опремување на детска соба (15.11.2009 14:29:52)

Еј луѓе помагајте, ако има некој стручњак да ми каже со какви бои да се слика на ѕидови?
Сакам во новата детска на керка ми да и насликам на ѕидовите некоја илустрација од сликовница или ликови кои ги сака од цртаните, но незнам со какви бои да го направам тоа, а да биде безбедно и нормално да не е скапо. Станов го варосувавме со некои еко бои кои се на база на вода и не мирисаат и многу брзо се сушат, па така ќе направиме и овој пат. Но за детската ми е бесмислено да купувам толку бои, а најмалото пакување е од 1 литар, што ќе ми се толку бои. Си мислев основата да ја направиме со еко боите а потоа да сликам со акрилни, или маслени бои или дури и на темпери помислив, но незнам дали се може со нив на ѕид и дали ќе стојат, да не биде да и се лепат на рачињата.
Ајде ако има некој кој знае, кој пробал да ми даде совет или да ми препорача какви бои за на ѕид.
Благодарам многу.




mami -> RE: Опремување на детска соба (15.11.2009 14:38:22)

братучетками му црташе на внук ми во собата, цел ѕид е со морски животни од цртаните, основата е поликолор бел, а црташе ако не се лажам со обични акрилни бои...досега не му останало ништо на рачињата, а наполни веќе 3години, самоне сум сигурна дали одозгора премачкуваше после со нешто безбојно, ама ке ја прашам па ке ти пишам..ианку не би требало да пушта, другарка моја црташе на цевки од канализација со обична темпера и после 9 години боите се како од вчера а не оставаат траги по рацете




niki -> RE: Опремување на детска соба (15.11.2009 14:44:10)

Фала мами[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Со акрилни и мене некако најдобро ми изгледа и тие многу бргу се сушат. Ај прашај и за премачкување одозгора ако треба па јави ми.
Супер, супер, колку си се радувам и колку си ја сакам рингераја одма некој со совет е тука секогаш кога треба.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mami -> RE: Опремување на детска соба (15.11.2009 14:49:46)

нели..и јас затоа си ја сакам..еве нервозата од утрово скоро и да ја нема[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ке прашам вечер и ке ти пишам за премачкувањето..




Еца -> RE: Опремување на детска соба (15.11.2009 15:12:00)

Од она што имам читано за детските соби и кои бои да преовладуваат, се дава совет тоа да биде, светло сина, зелена, жолтеникава или розе. Црвената никако да не се употребува, наводно создава нервоза кај децата, како и останати јаки бои. Е сега мали детали со црвена боја, мислам дека нема никаква штета да направат.




niki -> RE: Опремување на детска соба (15.11.2009 15:22:21)

Мене идејата ми е следна, како во цртаниот Пепа прасе, незнам дали сте го гледале, долу зелено ридови и падини, горе сино небо со бели облаци и жолто сонце, тоа е основата. На тоа сигурно ќе ја нацртаме фифи и не сум одлучила можеби ќе биде уште некоја принцеза и замок имаме ѕидни светилки во форма на буба мара и цвет па и тие ќе бидат дел од темата и така, некое дрво, некој цвет, еноставно не многу комплицирано, па ќе видиме што ќе испадне.




mami -> RE: Опремување на детска соба (30.11.2009 11:59:38)

Ники...значи- братучетка ми цртала со обични темперни бои, и не го премачкувала ѕидот после одозгора со ништо- и не и пушта боја..еве веќе 3 години и кусур и стои нацртано..се надевам ке ја видиш поракава пред да црташ во новата соба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




profesorica -> RE: Опремување на детска соба (7.12.2009 12:54:32)

Квалитетна организација на детската соба

Детската соба е прекрасно весело место, но доведувањето во ред често претставува “невозможна мисија”. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во организацијата и воведувањето ред во детското катче.

1. Спуштете се на нивно ниво.
Спуштете се на колена во нивната соба за да може да ги видите работите од нивна висина. Прикладноста на предметите за детето е важен фактор за добра организација или за отстранување на непотребните работи. Спуштете ги полиците во шкафот со облека. Ставете ги најчесто употребуваните предмети на најниските полици и во најниските фиоки. Поставете декоративни кантички, кутии, корпи и слично во аглите на собата, на дното на шкафот или покрај креветот.

2.Сокријте ги предметите под кревет. Употребете тенка, правоаголна кутија со тркалца што ќе служи за чување на предмети под креветот. Подгответе една таква за кукли, а друга за автомобили. Исто така, детските цртежи, хартии и боички ставете ги во ваква кутија. Повозрасните деца во ваква кутија може да чуваат тетратки или ЦД-а.

3.Нека организацијата стане забава. Организирањето може да биде напорно дури и за возрасните. Помислете како се чувствува детето при помислата за раздигање на играчките, облеката, учебниците и тетратките. Затоа вклучете ги децата, допуштајки им, на пример, да изработат креативни налепници за своите фиоки и кутии. Исто така, може да направите фотографија од вашето дете со одреден предмет кој е наменет за одредена фиока и да ја залепите на предната страна на фиоката или кутијата.

4. Фиоките нека бидат плитки. Што е подлабока фиоката, толку повеќе предмети ќе може детето да стави во неа, што ја отежнува организацијата. Со исклучок на фиоки кои се исклучиво наменети за поголемите предмети, користете плитки фиоки.

Наполнете ги подлабоките фиоки со мини-организери, кутиички, кутии и разни прегради за одвојување на предметите во фиоката. Фиоките нека бидат поставени на тркала, што ќе овозможи лесно да бидат внесени во шкафот или поставени до ѕидот.

5. Кодирајте ја организацијата со бои. Купете сини кутии за Барбиките, а црвени за количките. Летната гардероба закачете ја на зелени закачалки, а свечената на сини. Или пак, користете една боја за едно дете, ако имате повеќе деца.

6.Закачувајте. Вашите деца би можеле да ја разгледуваат колекцијата на лични ракотворби на ист начин како што вие ја разгледувате вашата колекција. Купете исти рамки и закачете ги сликите во неодреден ред на едниот ѕид во детската соба. Тоа дава декоративен и личен елемент.

Поставете плоча од плута на која децата можат да ги закачат училишните слики, разгледниците од патувањата, медалите и наградите освоени на натпревари. Или пак, закачете правоаголен организер со џепови кои сами сте ги сошиле во кои ќе се чуваат слики, разгледници и роденденски честитки кои ќе се собираат преку целата година.

7. Поставете ги основните правила. Пред да се планира играње на друштвените игри во собата, треба да определи место каде што ќе се одложат предметите по играњето. Во собата задржете ги само предметите кои ќе имаат свое место. Ако фиоката е полна, исфрлете ги најмалку потребните предмети.





ripce -> RE: Опремување на детска соба (6.2.2010 11:36:20)

Предметите зборуваат во детската соба

Напомена: Драги деца, чувајте ги своите предмети во ред. Не е тешко тие да се суредат, но вам ќе ви биде непријатно ако околу вас е неред и хаос. Затоа, грижете се за вашите работи, како и за себе!

[image]http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/clock.jpg[/image]

Мартин со татко му дојде кај Сашко дома на гости. И додека постарите зборуваа нешто многу сериозно во дневната, Мартин му досадуваше на Сашко во детската соба. Овој нејќеше да се игра со него, но детенцето упорно го следеше. Кога виде дека во собата на Сашко е растурено, му рече:

-Учителката во градинка ни читаше дека предметите навечер зборуваат.

-И јас сум ја читал таа приказна - луто одговори Сашко.

-Зошто тогаш кај тебе не е суредено?

Сашко бесно го одвлечка Мартин кај возрасните. Малку подоцна тој и татко му си отидоа. По пат тој замислен го праша татка си:

-Дали предметите навистина можат да зборуваат?

Кога тој заинтересирано го погледна, му раскажа дека има едно четиво во кое предметите во една детска соба се побуниле и побарале од детето да ги држи во ред.

-Одлично - рече татко му. - Значи треба да си ја суредиш собата! Сега нема кој да оди по тебе, ти треба самиот да ги направиш тоа.

Мартин долго ја средуваше собата и сите предмети и парчиња облека ги стави на свое место. Малку плачеше по мајка му и сестра му кои отидоа на гости во друг град и многу му недостигаа. Кога си легна, предметите веќе не се бунтуваа и тој спиеше мирно, уморен, ама и задоволен.

Нештата за секојдневна употреба треба да стојат на своето место. Најубаво е кога кај човекот се е во ред - кога е измиен, дотеран, исчешлан, кога облеката му е чиста (и закрпена ако треба), кога чевлите му светат, ноктите му се чисти и исечени. Такви треба да бидат и децата. Кај нив уредни треба да бидат и училишната чанта или ранецот, учебниците треба да им се завиткани и здрави, бирото уредно, во шкафчето се да е на свое место...

Дома, исто така треба се да биде чисто, а сите предметите да се оставаат на своето место. Тоа не е потребно само за да видат гостите кога ќе дојдат. За самите домаќини е најубаво да живеат во уредни и чисти простории. Чистотата и уредноста се најпотребни за детската соба или за детското катче. Ако таму не е средено, детето ќе се плаши од нередот.

Сеедно дали предметите зборуваат или не, тие треба секогаш да бидат на своето место,за да може детето да живее, да учи и да спие мирно и комотно. Ако ги растури во текот на денот, пред да си легне тоа треба се да спастри. Секој сам треба да се грижи за своите потреби. Тоа ја прави детската личност заинтересирана, вредна и спокојна.      

Автор: проф. д-р Кирил Темков




mis. -> RE: Опремување на детска соба (24.3.2010 22:08:22)

Мене ми е потребен единечен кревет за Мартин па утре се спремам за саем.Има некој идеа или купил наскоро?Се мислам дали да биде со фиока или не,дали да има оградица од трите страни или само од страната по ширина.На саем има нешто?По која цена се?




jovanka -> RE: Опремување на детска соба (24.3.2010 22:11:44)

denes gledav reklami na tv i stvarno imas dobri izlagaci i ponudi a ima i materijali koi po merka ke mozes da si dizajniras ili nivna idea ili svoja zamisla.




miana -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 16:13:01)

Nie sme vo podgotovki za detskata soba..
bevme vo tehnokoop i ni pobaraa 73.000 denari
Dimenziite na sobata 3.5x3.5
Imame dve krevetcinja na sprat vo Г imame edne plakar imame biro na Г  fiocara,pod krevetceto plakarce,i elekemnce so fioki i so polici...Plakarot e so policki i od nadvor i so fioki..Tehnokooop za mnogu pomalce od ova ni gi pobaraa tie pari  a stolar privatno ni bara 52.500 za ova sto vi nabrojav...Na nas ke ostane tepih,zavesa,racki ( zosto sakam sama da si biram)  i stekeri...
Boja izbrav lila so bela kombinacija i posle ke dodavam rozevi detali  (lusteri,zavesi i sl)
Varijantata so privaten stolar mi dojde mnogu poeftino i dobiv mnogu poveke....Koga ke bide gotova sobata ke vi ja pustam da ja vidite..Inaku ke bide gotova za 15 dena...




Annet -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 19:38:40)

eee nasata detska soba na Iva si ja smislivme sami,fala bogu sestra mu e inzenjer po drvna industrija pa ona se ni nacrta izmeri....
,a mm se izrabiti sam uste pred da se rodi bebeto;-)))
imame most so eden red vratnicki a dole polici,vo G e i od drugata strana 4 plakarcinja,vo svetlo kremova do bela boja e ,i posebno fiokara so 6 fioki,

tepihot ni e zeleno-potokalovo -kremovo o zoltko,so krugovi,perdeto e zeleno so prtokalovi cvetcinja jas go ukrasiv..

prekrivka zelena i pernici potokalovi,
izleze mnogu ubava,sega i krevetceto e tamu i site sme na broj hahahahaha ,mnogu e ubavo koga sam ke si napravis,inaku mm ne ee stolar po profesija,no mi rece ke go napravam jas i go napravi........subavko,neli?? :)




kikicka -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 21:09:41)

Давај сликаа анет да видиме....ние сега ја опремуваме цидови,под,завеси лустери а намештај после кога ќе спие сама ќе набавиме кога ќе биде готово ќе ви ставам слика.




Annet -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 21:54:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Давај сликаа анет да видиме....ние сега ја опремуваме цидови,под,завеси лустери а намештај после кога ќе спие сама ќе набавиме кога ќе биде готово ќе ви ставам слика.

[img]http://www4.slikomat.com/11/1107/haq-ALIM50.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/11/1107/2ub-ALIM50.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/11/1107/nau-ALIM50.jpg[/img]
sega ovaa soba e prepolna so igracki raznorazni bebeski ukrasi,ova e slikano vo Maj.....koga ke porasne ke i napravime krevet so fioka i biro o masice;-)) a sega site spieme tamu,jas i mm i Iva vo krevetceto eve go nejzinoto krevetce[img]http://www4.slikomat.com/11/1107/1f6-ALIM54.jpg[/img]




lilicka -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 21:57:05)

Ние сме во подготовки со нашата соба.....до пролет ќе биде целосно готова....ќе биде цела Hello Kitty.....едвај чекам да се доправи многу и се радувам[sm=smiley1.gif]
Па кога ке биде готова ќе ставиме и слики[sm=metulj.gif]




kikicka -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 22:06:10)

Ahhh helloo kitty jas se odlučiv za Disney Princesses ovde svashta ima hello kitty vo Hr meraciii




taisa -> RE: Опремување на детска соба (7.11.2011 23:09:54)

jas koristev temperni i toa mnogu razvodneti na polikolor osnova zosto koristev pastelni mnogu nezni i svetli nijansi a prethodno razmisluvav za akrilni i tie se na vodena baza nema da zgresis neznam kako se stava slika ke ti pokazev ama ke probam vo album da stavam




kikicka -> RE: Опремување на детска соба (8.11.2011 11:51:56)

Анет мнг убаво едноставно а башка и ке користии доста времее




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>