RE: Опремување на детска соба (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Детска опрема



Порака


Martins mom -> RE: Опремување на детска соба (4.1.2014 15:40:22)

Уште пред да се роди Ана , ја уредивме детската соба, затоа што потребно беше Мартин да го ослободи креветчето[sm=smiley36.gif] Сега тој спие сам во детска[sm=bravo.gif] Боите се зелена со циклама. Мене тоа ми е совршен спој на бои за машко - женска соба. Плакари за двајцата, кревет еден во друг (мислам едниот кревет се извлекува одоздола по потреба, а може и како голема фиока да го користите) и биро. Ми требаат полици за на ѕид, перде, тепиче и лустер. Се породив и не стигнав да си набавам[sm=smiley36.gif] Не се брзаме, ќе ви пуштам и фотки да видите




Felly RR -> RE: Опремување на детска соба (5.1.2014 15:16:20)

Ајде Мартинс мам, чекаме. Не се сомневам во тебе, сигурна сум дека ќе биде одлична собата. А и Михаела ни остана должна за фотка. Јас се надевам на пролет да ја средиме.




Mihaela 2010 -> RE: Опремување на детска соба (5.1.2014 15:42:21)

Aaa pamtam i ke stavam ama bidejki ne stasa zimava ostanaa uste nekoi sitnici da se dokupat za da bide kompletna i momentalno ne ja toplime bidejki M spie u spalna. taka da na prolet stavam sliki




Snowhite RR -> RE: Опремување на детска соба (12.4.2015 12:15:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Ме интересира ваше мислење од која возраст детето треба да добие своја соба, според вас која е идеална големина широчина.... Природното осветлување какво треба да биде, со поголеми или помали прозорци... Што мислите вие?





elenak -> RE: Опремување на детска соба (14.4.2015 15:13:59)

Марчи, еве ќе пробам јас стручно да ти одговорам.[sm=smiley1.gif] Од која возраст, не знам, најдобро е доколку е возможно уште од раѓање да си има своја соба, ама за спиење само во соба јас не би уште од толку мало. Ќерка ми има 3,5 години и сега летово сакам да и направиме соба, т.е да и ја уредиме (соба имаме) и да почнеме да ја навикнуваме да спие таму. Ќе биде тешко сигурно а и мене ќе ми биде шубе, се навикнав да биде до мене, некогаш ноќе се буди и го пушта рачето од креветчето само да ме допре, да знае дека сум тука до неа. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, за тоа ќе пишувам искуства понатаму.
Е сега, големината на собата зависи и од просторот со кој располагате, инаку 12-16 м2 е идеалната големина. Осветлувањето треба да доаѓа бочно на креветот, значи или од лева или од десна страна. На работната маса светлото треба да паѓа од лева страна. Прозорците треба да се со стандарден парапет (тоа е висината на ѕидот под прозорецот) од 90см, што значи висината на прозорецот треба да е 130-140см, и најчесто се предвидува двокрилен прозорец. Доколку имате парно греење радијаторот се поставува под прозорецот. И тоа се воглавно тие некои стандарди и нормативи кои треба да бидат запазени. Нормално ако се нема услови се прават и отстапувања, но сепак треба да се внимава на она што се min и max димензии за просторот и за елементите.
Се надевам ти помогнав, ако те интересира уште нешто слободно прашај.




bucko mal -> RE: Опремување на детска соба (23.5.2015 13:31:24)


Da se nadovrzam na muabetot od drugata tema.Krevetcheto za M skoro go kupivme I sakav da vi go pokazam.Eve vakvo mu zemavme samo belo:

[img]http://www4.slikomat.com/13/0523/5uk-Bailey.png[/img]




Felly RR -> RE: Опремување на детска соба (26.5.2015 19:18:24)

Јас имам дилема околу осветлувањето на работната маса. Знам, како што пишала и еленак, дека осветлувањето на работната маса треба да доаѓа од лева страна, но кај нас просторот за работна маса е директно под прозорецот, и продолжува на Г, така што би дошло осветлувањето од десна страна, и мајсторот ни вика дека би требало и да го направиме подолг тој дел, а баш ме збуни, ако е тој поодолг дел, значи кога ќе пишува ќе си држи сенка со раката, бидејќи светлината би и идела од десно. Зарем не е попрактичнмо подолгиот дел на работната маса да биде тој што е директно под прозорецот? БИдејќи и прозорецот е северен и не би имало директно сочева светлина, па да и смета додека работи на биро. Плус и има должина повеќе од 1,5 м под прозорецот,па овој дел штопродолжува под агол, би требало да биде пократок. Што мислите?

Друга дилема - дали плахар од 2м е доволен за во детска соба? Се што е пошироко ми се чини преголемо за во детска соба.[sm=zmeden.gif]

Еленке, чекам и твое стручно мислење, ако прочиташ.[sm=smiley1.gif]




Боцко -> RE: Опремување на детска соба (31.5.2015 23:47:24)

Стефан има своја соба од раѓање, но на негови 6,5 години целосно му ја преуредивме за ученик. Пред тоа сите ѕидови беа испочкртани и излепени со „креативности“.
Сега има 8,5 години многу си ја сака собата и често знае да држи затворена врата и да не брка надвор за да си слуша музика или слично. [sm=smiley36.gif]
Во некоја прилика ќе поставам и слика. Сите негови спортски достигнувања се закачени на ѕид.




Felly RR -> RE: Опремување на детска соба (1.7.2015 21:12:03)

Ние сега за сега и го преместивме само креветот, кој го имаме од лани, и сите играчки, си има и мала масичка со столче, а до крајот на месецов се надевам ќе и стигнат и др елементи - веќе се порачани.
Ептен беше радосна што конечно има нејзина соба, а и со спиењето до сега поминуваме супер, да не ја подречам.
Прв ден - лежев со неа дури не заспа, се разбуди во 5:30 и дојде в спална, па си поспа со нас уште 2 саати и кога се разбуди одма си појде пак в детска.
Втор ден - пак лежев со неа дури не заспа, па таа ноќ се разбуди некаде околу 3 за во тоалет, и само ме викна па пак без проблем си заспа сама в соба.
Трет ден - си ставила под перница една тетратка, и кога си легнавме вечерта, ми кажува дека си скрила под перница таен дневник, кај што ќе си пишува што и се случило секој ден на училиште кога ќе биде прваче или втораче. Па дури и со рака проверуваше дали и е сеуште тука дури лежев до неа. И си спиеше цела вечер без проблем.
Ми пораснала мојава девојка[sm=smiley27.gif]




marchi -> RE: Опремување на детска соба (20.1.2016 22:07:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal


Da se nadovrzam na muabetot od drugata tema.Krevetcheto za M skoro go kupivme I sakav da vi go pokazam.Eve vakvo mu zemavme samo belo:

[img]http://www4.slikomat.com/13/0523/5uk-Bailey.png[/img]

ova kolku sto mozam da zabelezam moze da e krevetce za dvajca taka?kako i da e mene epten mi se dopagja i ke planiram nesto slicno koga bi imale uste eden clen




miana -> RE: Опремување на детска соба (23.1.2016 13:28:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal


Da se nadovrzam na muabetot od drugata tema.Krevetcheto za M skoro go kupivme I sakav da vi go pokazam.Eve vakvo mu zemavme samo belo:

[img]http://www4.slikomat.com/13/0523/5uk-Bailey.png[/img]


Не да е добро креветчево, топ е значи!!!! Како не сум видела кога ние ја опремувавме собата.. Колку убаво со фиокички!! Браво, ептен добро




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]