Octavia -> RE: Сакаме две црти (17.10.2010 23:18:46)
|
Јас кога останав бремена првиот пат пукнав колку ме болеа јајниците, мислев дека сум настината или слично, бидејќи имав болки, а не добивав. А не помислив дека сум бремена, затоа што два месеца претходно одлучивме веќе да не правиме бебе, идеше лето и сакав да се опуштиме со еден убав одмор, па после да продолжиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. И ова е совет кој сигурно сте го слушале, ама навистина, кога навистина престанав да мислам на тоа, забременив. А за тест, сите тестови се ОК, јас првите месеци кога пробувавме, купував од скапите, а кога останав бремена, затоа што не ни помислив дека сум, купив некој евтин, 80 ден. мислам, и тој си покажа веднаш, за неколку секунди, самоо што го ставив во чашката со урина, тргна нагоре, се појави тест лентата и веднаш, ама баш веднаш и втората цртка. Значи, не мора многу пари да давате [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. На сите кои се надеваат ви држам среќа и се надевам наскоро ќе бидете благословени. Само опуштете се[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image].
|
|
|
|