Весна -> RE: Полот на бебето (28.9.2009 22:06:01)
|
Не знам баш која недела, ама матичниот навести дека по се’ е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image]. Јас и мм цели радости, и двајцата повеќе си сакавме машкичко. Е неколку недели подоцна др. Димчев вика: „абе, еве од оваа страна ми се гледа машко, ама па од другава женско“. И така си бевме уште некоја недела во неизвесност. Е на следната контрола, цели во уши и буљиме во мониторот, и само те ти го матичниот со сигурност констатира дека е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]. Јас изненадена дури, неочекувано. Демек од можните две ([image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image] или [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]) јас да не ќе чуев нешто трето дека е. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Блесава. Ама уф, самата си се изненадив колку се израдував, бликав од радости. А матичниов фати мајтап да му тера на мм. Сакаше притисок да му мери [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Ех, колку сум си задоволна што е женско. Мешљачка на мама, уф колку си ја сакам (еве ја, мрда ли мрда [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image])
|
|
|
|