Snowhite RR
|
Зависи од гостите и поводот, може да се помине со кафе или чај, сок и ако имам нешто дома купечко благо или солено. Ако се гости кои идат поретко и со некаков повод, тогаш може лиснато да испечам, ордевер, нешто за грицкање, ако пијат ракија може сезонска салата. Кога ми идеа гости за повојница правев некоја солена торта или солени мафини, значи нешто ептен брзинско, без месење и сукање и некоја салата руска на пример од тие со павлака, мајонез и сл. Ама тогаш не одев на работа, нели бев на породилно и имав време, а сега нема шанси да спремам така. А за благо од Кам има едно готово тесто за мафини со калапи, само се додава јајца мислам и така нешто и се полнат калапчината и за 10 мин имаш готови слатки Е сега летово беше тетка ми дојдена од Германија, кај мајка ми беше ситуирана, ама сакав да ја викнам на ручек, а немав време да спремам. Се мислев што да спремам и како и се решив да земам увијачи и колбаси некои убави и на работа, летото работеше базенот и скарата беше нон стоп запалена и му ги дадов да ми ги направат на скара и дома кога си отидов имав готов ручек, само салата направив свежа и компирчина. И така ем на работа бев, ем гости пречекав. Инаку сношти бев на роденден и сега ми дојде идеја за следен пат кога ќе имам гости посебни или посебен повод, да спремам комбинација од похован кашкавал, похована зденка, поховано биено сирење, пирошки, пилешки прсти, салата од свеж зеленчук, зелка, краставица, домат, цвекло, морков, рендано. А ако треба и главно јадење, мешана скара, сечена на помали парченца, се разбира сето тоа убаво сервирано и декорирано. Ама ова само за некоја посебна прилика, инаку не би трошела толку време
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|