Defne90 RR
|
Еве неколку мезиња што успеав да ги пронајдам па може и за некоја од вас ќе се најдат за некои гости. Ладна салата од грав Потребни продукти: - 500 г. грав - 4 главички кромид - сол - дафинов лист - неколку страка млад кромид - неколку чешниња лук - масло - оцет - гранче нане Начин на приготвување: Гравот се вари, но зрната да останат цели. Потоа се цеди од водата и се меша со сечениот кромид (стариот и младиот) на што се додава ситно сецканиот лук, малку црвен пипер, масло и оцет. Се служи украсено со листови нане, предходно добро изладена. На здравје! Шарпланински двојник Потребни продукти: - 120 г. свинско месо - 80 г. мелено месо - 1 парче сланина - 50 г. кашкавал - 50 г. шунка - малку рендано сирење - 1 парче кисела краставичка - зачини по потреба Начин на приготвување: Свинското месо се толчи и врз него се редат кашкавалот, шунката и киселата краставичка кои предходно се сецкаат на листови. Откако месото ќе се наполни со материјалот, добро се затвора и се пече на скара. Потоа од меленото месо со зачините се формира ќофте во јајчеста форма и се завиткува во парчето сланина. Сето ова се пече, а врз двојникот се ренда малку сирење. На здравје и добар апетит! Солен ролат со паштета Потребни продукти: - 1 долг француски леб - 2 jajцa - 1 поголема паштета (100 г.) - 2-3 кисели краставички - 2-3 мали моркови Начин на приготвување: Најпрво се сечат краивчињата на лебот. Краивчињата се оставаат на страна затоа што не се употребуваат. Потоа лебот се сече на 3 еднакви дела и со нож се вдлабува за да се извади средата и 3-те дела да останат скоро на корка. Се варат јајцата тврдо. Морковите се обаруваат колку да омекнат. Кога се сварени се сечат на ситно јајцата, морковите и краставичките. Во вангла се дроби средата од лебот, и се додаваат паштетата, морковите, jajцaта и краставичките. Се’ се меша убаво. Потоа со лажица се пополнува корката од лебот со направената смеса. Се завиткува во целофан и се става во фридижер. Пред да се сервира, се сече на парчиња кои изгледаат како кругови. Пријатен апетит. Пирошки Потребни продукти: - 50 г. квасец - 1 лажица брашно - 2 жолчки - 50 г. маргарин - 1 лажиче сол - половина литар млеко - малку сол - малку шеќер За филот: - 500 г. рендан кашкавал - 500 г. салама (мартадела) сецкана на мали коцки - 500 г. кечап, или сос за шпагети По желба можат да се додадат и други работи како: печурки, сирење, маслинки итн. (Сите овие состојки се мешаат во еден длабок сад). Начин на приготвување: Квасецот се раствора со 3 лажици топло млеко, малку сол, малку шеќер. Се бијат две жолчки со 1 лажиче шеќер, се додава стасаниот квасец, размешаниот маргарин, па му се додава млако млеко и брашно. Тестото се меша со лажица додека се појават меурчиња, потоа се меша со раце и се остава на топло да скисне тестото. Кога се’ е готово, на масата која е попрскана со брашно се тура тестото и се меша повторно и се шири со сукало (или оклагија дебела половина см). Тестото се сече со чаша или со калапчиња за пирошки, кои се полнат со филот. По 1 голема лажица не преполнета од филот (ако ги сечете со чаша тогаш ќе го преклопите тестото да добиете месечина и со вилјушка ќе ги притискате краевите). Потоа се пржат во врело масло (потребно е масло исто како за пржење компири). Се пржат од двете страни додека не заруменат, се вадат, се цедат од маслото и се сервираат по избор, топли или ладни. Пица-пита Потребни продукти: - 500 г. кори за пита - 300 г. ситно исецкана салама - 200 г. рендано овчо сирење (не многу солено) - 150 г. сецкани шампињони - Кечап - Оригано - Сусам Начин на приготвување: Корите се делат на два дела за да се добијат два ролата. Секоја кора се премачкува со малку кечап и врз кечапот се става по мала количина од претходно направената смеса од сецкана салама, сирење, шампињони и оригано. Кога ќе се направи истото со сите кори, сето тоа се замотува во ролат, кој од горе се премачкува со многу тенок слој кечап, а потоа се попрскува и со сусам. Истата постапка се применува и со другата половина од корите. Ролатите се печат во добро загреана рерна и кога ќе бидат готови се сечат на малку подебели кругови. Тавче гравче Потребни продукти: - Тетовски грав - Кромид - Масло - Брашно - Црвени суви пиперки - Сол - Црн бибер - Нане - Магданос - Лук (по желба) Начин на приготвување: Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари (зрната треба да останат цели. Исцедете го (но не сосем, треба да остане малку вода), потоа додајте сол и малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло, во кој сте ставиле црвен пипер. Вака приготвениот грав ставете го во тава (најдобро е земјена), залејте го со малку масло, посипете малку брашно, ситно исецкан магданос и нане и наредете неколку црвени суви пиперки. Додајте црн бибер и по желба неколку чешниња лук. Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече. Во летна сезона можете од горе да наредите по малку тркалца домати и зелени пиперки.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
(Одговор на членот miana)
|