RE: Ручек/мезе за гости (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


Bethany -> RE: Ручек/мезе за гости (30.10.2013 14:10:49)

Миана, еве тука имаш тема Салата-рецепти, ќе најдеш некоја лесна и вкусна сигурно.
Јас ја неодамна правев оваа последната на Анелав, со пченка, и многу ми се допадна.
Со таа можеш лиснато, кифлички, пица што и да сакаш.




elenak -> RE: Ручек/мезе за гости (30.10.2013 15:02:58)

Миана јас денес требаше да имам гости ама откажаа. Имав намера да поховам карфиол и брокула за мезе, да испечам лиснати погачици од Кам, таратор салата или француска, сирење, од зимницата - лутеница и нешто благо. Мене тоа ми падна на ум ама гости нема.[sm=smiley36.gif] Менито го оставам тука да ми стои за да се потсетам кога ќе можат да дојдат да им го спремам.




miana -> RE: Ручек/мезе за гости (31.10.2013 12:17:16)

Епа ајде јас да пишам што спремив

- Солени бомбици ( варен компир,пржен сусам,сенф,сирење)
- Салатата на Анелав што ми ја предложи Бетани ( децата ептен ми ја бендисаа)
- Фурнаринки домашни
- Брускети домашни
- Ордевер ( св.врат,печеница,чајна,кашкавал)
- Пилешки медаљони поховани ( од Кам ,на Цекин )
- Сос со сенф и мед
- Апетисани (бадем,лешник )
- Палачинки со чоколаден крем и банани.

Супер поминавме




miana -> RE: Ручек/мезе за гости (12.3.2014 9:53:06)

Девојки, утре ке имам гости.
Дајте некоја идеја што да спремам посно а и мрсно?
Во план сум некоја риба - пастрмка на пример на скара, компир салата, а нешто друго?
И кажете нешто мрничко, дел од гостите не постат. Досадна сум јас веке со похованиве работи, па кажете некој предлог? Има ли некоја посна салата да се спреми или нешто благо а лесно и брзо за правенје?




Defne90 RR -> RE: Ручек/мезе за гости (13.3.2014 2:42:52)

Еве неколку мезиња што успеав да ги пронајдам па може и за некоја од вас ќе се најдат за некои гости.

Ладна салата од грав

Потребни продукти:

- 500 г. грав
- 4 главички кромид
- сол
- дафинов лист
- неколку страка млад кромид
- неколку чешниња лук
- масло
- оцет
- гранче нане

Начин на приготвување:

Гравот се вари, но зрната да останат цели. Потоа се цеди од водата и се меша со сечениот кромид (стариот и младиот) на што се додава ситно сецканиот лук, малку црвен пипер, масло и оцет. Се служи украсено со листови нане, предходно добро изладена. На здравје!




Шарпланински двојник

Потребни продукти:

- 120 г. свинско месо
- 80 г. мелено месо
- 1 парче сланина
- 50 г. кашкавал
- 50 г. шунка
- малку рендано сирење
- 1 парче кисела краставичка
- зачини по потреба

Начин на приготвување:

Свинското месо се толчи и врз него се редат кашкавалот, шунката и киселата краставичка кои предходно се сецкаат на листови. Откако месото ќе се наполни со материјалот, добро се затвора и се пече на скара. Потоа од меленото месо со зачините се формира ќофте во јајчеста форма и се завиткува во парчето сланина. Сето ова се пече, а врз двојникот се ренда малку сирење. На здравје и добар апетит!




Солен ролат со паштета

Потребни продукти:

- 1 долг француски леб
- 2 jajцa
- 1 поголема паштета (100 г.)
- 2-3 кисели краставички
- 2-3 мали моркови

Начин на приготвување:

Најпрво се сечат краивчињата на лебот. Краивчињата се оставаат на страна затоа што не се употребуваат. Потоа лебот се сече на 3 еднакви дела и со нож се вдлабува за да се извади средата и 3-те дела да останат скоро на корка.
Се варат јајцата тврдо. Морковите се обаруваат колку да омекнат. Кога се сварени се сечат на ситно јајцата, морковите и краставичките.
Во вангла се дроби средата од лебот, и се додаваат паштетата, морковите, jajцaта и краставичките. Се’ се меша убаво. Потоа со лажица се пополнува корката од лебот со направената смеса.
Се завиткува во целофан и се става во фридижер.
Пред да се сервира, се сече на парчиња кои изгледаат како кругови.
Пријатен апетит.



Пирошки

Потребни продукти:

- 50 г. квасец
- 1 лажица брашно
- 2 жолчки
- 50 г. маргарин
- 1 лажиче сол
- половина литар млеко
- малку сол
- малку шеќер

За филот:
- 500 г. рендан кашкавал
- 500 г. салама (мартадела) сецкана на мали коцки
- 500 г. кечап, или сос за шпагети
По желба можат да се додадат и други работи како: печурки, сирење, маслинки итн.
(Сите овие состојки се мешаат во еден длабок сад).

Начин на приготвување:

Квасецот се раствора со 3 лажици топло млеко, малку сол, малку шеќер.
Се бијат две жолчки со 1 лажиче шеќер, се додава стасаниот квасец, размешаниот маргарин, па му се додава млако млеко и брашно.
Тестото се меша со лажица додека се појават меурчиња, потоа се меша со раце и се остава на топло да скисне тестото.
Кога се’ е готово, на масата која е попрскана со брашно се тура тестото и се меша повторно и се шири со сукало (или оклагија дебела половина см).
Тестото се сече со чаша или со калапчиња за пирошки, кои се полнат со филот.
По 1 голема лажица не преполнета од филот (ако ги сечете со чаша тогаш ќе го преклопите тестото да добиете месечина и со вилјушка ќе ги притискате краевите).
Потоа се пржат во врело масло (потребно е масло исто како за пржење компири).
Се пржат од двете страни додека не заруменат, се вадат, се цедат од маслото и се сервираат по избор, топли или ладни.



Пица-пита

Потребни продукти:

- 500 г. кори за пита
- 300 г. ситно исецкана салама
- 200 г. рендано овчо сирење (не многу солено)
- 150 г. сецкани шампињони
- Кечап
- Оригано
- Сусам

Начин на приготвување:

Корите се делат на два дела за да се добијат два ролата.
Секоја кора се премачкува со малку кечап и врз кечапот се става по мала количина од претходно направената смеса од сецкана салама, сирење, шампињони и оригано. Кога ќе се направи истото со сите кори, сето тоа се замотува во ролат, кој од горе се премачкува со многу тенок слој кечап, а потоа се попрскува и со сусам.
Истата постапка се применува и со другата половина од корите.
Ролатите се печат во добро загреана рерна и кога ќе бидат готови се сечат на малку подебели кругови.



Тавче гравче

Потребни продукти:

- Тетовски грав
- Кромид
- Масло
- Брашно
- Црвени суви пиперки
- Сол
- Црн бибер
- Нане
- Магданос
- Лук (по желба)

Начин на приготвување:

Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари (зрната треба да останат цели. Исцедете го (но не сосем, треба да остане малку вода), потоа додајте сол и малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло, во кој сте ставиле црвен пипер.
Вака приготвениот грав ставете го во тава (најдобро е земјена), залејте го со малку масло, посипете малку брашно, ситно исецкан магданос и нане и наредете неколку црвени суви пиперки. Додајте црн бибер и по желба неколку чешниња лук.
Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече.
Во летна сезона можете од горе да наредите по малку тркалца домати и зелени пиперки.





bebence19 -> RE: Ручек/мезе за гости (13.3.2014 9:53:19)

Dafne 90 sakam da te prasam dali vo piroskite ti e tocna receptata za testoto za piroski deka se stava samo edna lazica brasno?????




Defne90 RR -> RE: Ручек/мезе за гости (13.3.2014 20:41:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90




Пирошки

Потребни продукти:

- 50 г. квасец
- 1 лажица брашно
- 2 жолчки
- 50 г. маргарин
- 1 лажиче сол
- половина литар млеко
- малку сол
- малку шеќер

За филот:
- 500 г. рендан кашкавал
- 500 г. салама (мартадела) сецкана на мали коцки
- 500 г. кечап, или сос за шпагети
По желба можат да се додадат и други работи како: печурки, сирење, маслинки итн.
(Сите овие состојки се мешаат во еден длабок сад).

Начин на приготвување:

Квасецот се раствора со 3 лажици топло млеко, малку сол, малку шеќер.
Се бијат две жолчки со 1 лажиче шеќер, се додава стасаниот квасец, размешаниот маргарин, па му се додава млако млеко и брашно.
Тестото се меша со лажица додека се појават меурчиња, потоа се меша со раце и се остава на топло да скисне тестото.
Кога се’ е готово, на масата која е попрскана со брашно се тура тестото и се меша повторно и се шири со сукало (или оклагија дебела половина см).
Тестото се сече со чаша или со калапчиња за пирошки, кои се полнат со филот.
По 1 голема лажица не преполнета од филот (ако ги сечете со чаша тогаш ќе го преклопите тестото да добиете месечина и со вилјушка ќе ги притискате краевите).
Потоа се пржат во врело масло (потребно е масло исто како за пржење компири).
Се пржат од двете страни додека не заруменат, се вадат, се цедат од маслото и се сервираат по избор, топли или ладни.





Јас овој рецепт го најдов од интернет и таму пишуваше 1 лажица ама јас ги правам со 300 грама брашно за овие состојки.А чисто заборавив да поправам наместо 1 лажица 300 грама брашно.И ми испаѓаат ептен убави,сите ние по дома ептен ги јадеме.




nataly86 -> RE: Ручек/мезе за гости (2.5.2014 15:52:24)

Девојки имам леб цел и веќе е сув... Барав по нет ама немозам да најдам тоа што ми треба[sm=smiley36.gif]

Ме интересира дали некој има правено полнет леб мислам дека се полнеше со кашкавал, сувомеснато, маргарин и сл...незнам прелив од јајца дали се ставаше...

Обично го имаше по слики за креагивни идеи за храна...цел леб сечен како на коцки и измегу полнет...Ајде ве молам дали имате правено вакво или нешто слично да не го фрламе лебот




kapina -> RE: Ручек/мезе за гости (4.5.2014 13:47:43)

Sprzi go jas go przam so jajca I jogurt za vecera e super




Felly RR -> RE: Ручек/мезе за гости (4.5.2014 17:42:53)

Натали, јас правам еве вакви пица лепчиња. А можеш да пробаш и брускети, немам правено, ама одамна им се мислам. Исечи го лебот на парчиња, и секое го премачкуваш со маслиново масло, од двете страни, па ги потпекуваш во рерна 5 минути само лепчињата, ги вадиш и ставаш одозгора на пр. кечап, кашкавал, и сл. по желба, па печиш уште некоја минута.
Ако направиш ти, пиши какви се. [sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Ручек/мезе за гости (5.5.2014 12:16:30)

е интересира дали некој има правено полнет леб мислам дека се полнеше со кашкавал, сувомеснато, маргарин и сл...незнам прелив од јајца дали се ставаше...

Обично го имаше по слики за креагивни идеи за храна...цел леб сечен како на коцки и измегу полнет...Ајде ве молам дали имате правено вакво или нешто слично да не го фрламе лебот

nataly, еве ја верзијата што ја спрема наша AnaMolly, и е испробано ''делишес" [sm=smiley36.gif]
Расцветан леб Еден округол леб се сече на парчиња, ама не сосема до крај. Се ренда кашкавал, биено сирење или обично, по желба. Се сечкаат 3 млади кромитчиња сосе перцата и се мешаат во чинија со малку масло или 3-4 лажички стопен путер. Се полнат засеците, лебот се витка во фолија и се пече 15 минути на 175 степени, потоа се вади фолијата и се пече уште 5 до 10 минути.
[img]http://www4.slikomat.com/13/0505/nkl-190762.jpg[/img]




nataly86 -> RE: Ручек/мезе за гости (6.5.2014 14:17:47)

e ova e toa sto barav[sm=smiley36.gif] napraviv i jas vaka slicno po moe..rastopiv puter mu staviv zacini (lukce sol) i stavav izmegi prazninite, vo zasecite mu stavuv i parcinja suvomesnato i odozgora go poleav so mateni jajca pavlaka i rendan kaskaval vo rerna na pecenje bese super za jadenje samo ne se rascveta ubavo lebot i posle za jadenje jas go secev so noz...kako sto imav gledano na intrenet deka samo so raka se jadi i izleguvaaat parcinja kaj mene ne izleguvaa...nareden pet ke probam po vasiot recept i mozebi poveke treba da go zasecam lebot...sepak fala mnoguuu




elenak -> RE: Ручек/мезе за гости (14.11.2014 0:03:49)

Ме бендисува лепчето ептен, не сум го знаела овој рецепт досега, мх мх.
Јас имав гости во неделата, кумовите дојдоа ама сабајлечки на чајче, и така се мислев што би било соодветно да спремам дека терминот не беше баш за ордевер а и тие се така специфични(внимаваат што јадат). Па направив проја со спанаќ за појадок, прилог кисело млеко, павлака, домашенн ајвар, а за децата место грицки корнфлекс и микс од суво овошје со лешничиња и оревчиња. На крај јадеа торта бидејќи имавме повод, нашата годишнина од брак, ама сепак толку убаво си поминавме, многу лесно и за спремање и за јадење.




bucko mal -> RE: Ручек/мезе за гости (15.11.2014 12:09:35)

Jas na 30 Noemvri imam pokaneto dve prijatelki so nivnite familii ke doajgaat ne vecere. Me prasuvaat dali ke sum pravela makedonski jadenja.
Sekako,prvo sto ke im napravam ke bide grav, sarma I pita. Umiraat po moive meseni raboti. Meso samo pilesko jadat I riba. I tolku.
Slatko baklava ke napravam, ama tesko deka ke mozat da ja jadat. Revanija odnesov na skolo nemozea da ja jadat,mnogu blaga mu bila.
Mene pa najuba mi e[sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Ручек/мезе за гости (28.11.2014 21:51:07)

Обично месам кифлички, ќе направам малце руска салата, ордевер, ако се повеќе души похувам сирење, зденки . Нешто благо, грицки и тоа е тоа [sm=smiley1.gif]




Ki4iko -> RE: Ручек/мезе за гости (28.11.2014 22:23:29)

Кикири како најубаво мезе, костени во зимо,таратур салата.




lukajana RR -> RE: Ручек/мезе за гости (7.2.2016 17:33:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Еве драга моја ќе ти напишам еден рецепт, кој јас и маж ми го обжаваме и многу често го правам (само доколку печурките ви се омилени за јадење)[sm=smiley36.gif]

Полнети печурки (еве за двајца нека биде,но за овој рецепт и не ти требаат мерки, зошто еднаш кога ќе го направиш, од наредниот пат сама ќе комбинираш):
500 гр. шампињони (ги миесш и им ја вадшс дршкичката за да остане внатре во нив празно, ги ставаш на салфета да ти се исцедат и потоа на секоја во дупчето и прскаш по малку сол.
Фил: едно мало пакување крем сирење(можеш и на дукатела со вкус на лук),неколку лукчиња, две до три крукчиња чајна, малку изрендано сирење,малку изрендана салама (по свој избор,можеш пилешки гради, шунка, посебна, ма што има во фрижидерот[sm=smiley2.gif] ). Се убаво ќе исецкаш на ситно ќе додадеш малку сол, бибер и печурките се спремни за полнење. Ги поставуваш на подмачкано тавче ,во загреана рерна едно 15 до 20 мин, а потоа ги вадиш и на секоја печурка и ставаш парченце кашкавал (претходно ќе си изброиш колку печурки имаш и ќе си исечеш толку кашкавал колку да прекрие една печурка) и тавата ја враќаш уште 5 мин.
Пробај и нема да погрешиш, а потоа сама веќе ќе си правиш свои комбинации што и како да ставаш, но запомни крем сирењето обавезно го ставаш, а се друго може да одземаш, додаваш, ма што ти е по ќеф.
И чекам коментар[sm=jezicek.gif] [sm=smiley36.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

еј за вечер планирам да ги направам полнетите печурки, па ке ви пишам како испаднале...
а знаете колку е вкусно кога ке искомбинирате чипс Доиос со оној црвениот сос за тестенини од Кам маркет? веќе пробано, ем убаво изгледа ем е вкусно а лесно се поставува на маса..потребни ви се еден голем рамен сад, и послужавник може да ви послужи и еден помал длабок сад во кој ке го сатвите сосот..го ставате малиот сад во средината на големиот и околу него распоредувате од чипсот и мезето е готово






AnnaMolly RR -> RE: Ручек/мезе за гости (8.2.2016 12:43:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

е интересира дали некој има правено полнет леб мислам дека се полнеше со кашкавал, сувомеснато, маргарин и сл...незнам прелив од јајца дали се ставаше...

Обично го имаше по слики за креагивни идеи за храна...цел леб сечен како на коцки и измегу полнет...Ајде ве молам дали имате правено вакво или нешто слично да не го фрламе лебот

nataly, еве ја верзијата што ја спрема наша AnaMolly, и е испробано ''делишес" [sm=smiley36.gif]
Расцветан леб Еден округол леб се сече на парчиња, ама не сосема до крај. Се ренда кашкавал, биено сирење или обично, по желба. Се сечкаат 3 млади кромитчиња сосе перцата и се мешаат во чинија со малку масло или 3-4 лажички стопен путер. Се полнат засеците, лебот се витка во фолија и се пече 15 минути на 175 степени, потоа се вади фолијата и се пече уште 5 до 10 минути.
[img]http://www4.slikomat.com/13/0505/nkl-190762.jpg[/img]

ееееј, моето полнето лепче! Од кога не сум правела! Е утре ќе ми дојдат две пријателки на гости, па ќе го направам :)




lukajana RR -> RE: Ручек/мезе за гости (8.2.2016 17:00:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna_kr

ПИЛЕШКИ ПРСТИ

Потребно е:
1. 500гр пилешки гради
2. 50мл пиво
3. 3-4 јајца
4. сол
5.презла
6. зејтин за пржење

Подготовка:

Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см. Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото. Посолете по вкус.

Во подлабок сад загрејте зејтин. Стапчињата валкајте ги прво во подготвената смеса, па во презла и пржете ги додека не поруменат од двете страни.
Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин.

Сервирајте со тартар сос или со сос од сенф и мед.
Ммммм, многу се вкусни. Добри се за со пиво,бар маж ми за со тоа ги спрема[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. 



ИЗВОРНА ПОРАКА: kati









Пиле печено во морска сол ...
1 пиле,1 јајце,1 кг морска сол(крупна) ,компири 3-4 со средна големина (не лупени по можност стари) ...
Еве вака : се спрема пилето како за печење значи се зачинува од сите страни и внатре ... Во сад се мешаат јајцето , солта ...
се става во тавата прво пилето и компирите ... после се посипуваат со смесата ама многу добро да се покријат комплетно [image]http://www.forum.zazabava.com/images/smiles/icon_lol.gif[/image] се ставаат да се печат на 200 степени ... кога ке почне солта да добива жолтеникава боја може да се раскрши (бидејки со текот на печењето се закоравува) да се зарумени пилето и компирите ...
п.с. Воопшто не упива пилето сол ... може слободно да се зачинува со каков зачин сакате




ИЗВОРНА ПОРАКА: kati

МАКЕДОНСКА ПЕЧЕНИЦА

килограм помрсно телешко месо, 4 чешна лук,100 гр. бело вино,малку магдонос,лажиче сенф,луга пиперка, црн пипер, масло, сол.

Месото измијте го и шпикувајте го со лукче. Намачкајте го со масло. Измешајте го виното, магдоносот, сенфот и сечканата лута пиперка со малку вода, посолете и ставете црн пипер. Ставете го месото во огноотпорен сад и прелијте го со приготвената течност. Печете го еден час. Печеното месо исчете го на резенки и прелијте го со сокот од печењето.



ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Stek so pecurki, kaskaval i maslinki

1 kg.pileski stek
400 gr.pecurki
100 gr. puter
100 gr. kaskaval a moze i poveke za da bide poubav
100 gr seckani maslinki
2 laz. brasno
1 pavlaka, maslo ,vegeta
Pileskiot stek go cukame od dvete strani.Vrz mesoto stavame vegeta. Gi przime vo zagreano maslo.Przenite parcinja gi redime vo ognootporen sad za pecenje.Vo meguvreme, vo zagreaniot puter dodavame brasno.So postojano mesenje dodavame voda.Koga smesata ke se izednaci(besamel sos) dodavame pecurki i seckani maslinki.Dinstame okolu 5 min.So ovaa smesa go polevame stekot.Odozgora stavame kaskaval vo listovi i pavlaka.Peceme vo zagreana rerna 20 min. na 220 stepeni.
Bon apetit
Nemojte i prstite da si gi izedete so stekot[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

ovoj recept mi e isproban i na pamet go znam da vi kazam

se vika przeni soleni oblandi

oblandite se motaat vo krpa mokra da omeknat.edna po edna...

na strana rendata se sto sakate [vas izbor ] jas rendam kaskaval i salamce.. stavam smesata vo oblandi motam kako rolat gi secam kako sakate secete gi.podolgi pokratki. gi lepam so zolcka od jajce od stranite.potoa pravam smesa za palacinki voda brasno jajce sol...gi mackam polnetite oblandi vo smesata za oblandi i na vrel zejtin se stavaat se vadat rumeni i krckavi.bon apetit i od mene ova bese napamet nemam recepta



ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85


Печено пилешко во саламура на наш начин :)
Потребни состојки: 1 кг пилешки стек, 2 лажици сенф, 1 шолја млеко, 3 лажичиња сусам, вегета или сол по желба
Подготовка:
Направете хомогена смеса од млекото и сенфот и во неа ставете го стекот. Колку повеќе стои во смесата, толку подобро ( може да го оставите до 24 часа)
Месото о...тстојано во смесата се пече во загреана рерна на температура од 200 степени околу час до час и половина. Пред да го ставите месото во рерна, измешајте го со сусамот и додадете зачин по желба.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85

Пилешко со печурки и бешамел сос

Пилешкото околу 400 гр за двајца се сецка на парченца.Се пржи.Одкога ќе порумени се вади и во истото тавче се пржи еден кромид и еден морков претходно исецкани.Кога убаво ќе се пропржет се враќа пак месото се става малку вода и се покрива со капак за да се динства месото.На страна се ставаат печурки уште на почеток со сенф и кари зачин да постојат малку.

Во меѓувреме се прави бешамел сосот.Кога е готово месото(водата извриена) се ставаат печурките и се пржат заедно со месото уште некое време.На крај се прелева со бешамел сос.

Ова за Лукас,ако има нејаснотии слободно прашај







lukajana RR -> RE: Ручек/мезе за гости (8.2.2016 17:44:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

pred nekoj den sednavme bev vo vero i sinot se zalaza po mcdonalds pileskoto

eve edna pocetnicka recepta za pileski kockicki ili [ nuggets ]

pileski stek go secete na kocki

pravite marinara od odnos primer edno jajce so dve lazici mleko

otstojuvaat vo marinarata [dovolno e pola saat ] .potoa se prepelkaat vo prezla i se redat vo pleh oblozen so mrsna hartija[ moze i da gi przite vo zagrean zejtin..bon apetit na site decinja [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

pc eve slikicka [img]http://rds.yahoo.com/_ylt=A0PDoX5JEl1N7jwA9zyjzbkF/SIG=1266riim5/EXP=1297973961/**http%3a//www.balkanika.is/en/images/menu/nuggets.jpg[/img]




ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

Мароканско пилешко

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

неколку парчиња пилешко месо. какво било. Се пржат додека да се подзацрвенат. И се тргаат на страна.

Се пропржуваат 2 големи кромида, 6 чешниња лук и ѓумбир 2 цм исецкани на парчиња.
Се додава и пилешкото и леблебијата претходно покисната во вода неколку саати.(150 г)
Се додава вода, да ги прелие барем еден сантим и се чека да проврие, потоа се намалува температурата и се одтава да се динста барем 20 минути.

Во купот се додаваат и 2 пиперки, 2 домати, 2 тиквички и по пола лажичка шафран, копар и кумин. (зачини) или мислам дека кој било зачин што го имате ако го шибнете нема да погрешите. Во оригиналната рецепта има и сушена кајсија, ама јас редовно ја прескокнувам.

Се додава вода и се заедно се динста плус околу 45 минути. Најубаво е да се комбинира со кус кус или која било тестенина во трошки како тарана. Може да се додаде и внатре ако остане многу водлесто.

мислам дека темава е промашена. ама касно ми текна











lukajana RR -> RE: Ручек/мезе за гости (8.2.2016 23:18:08)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Eve recept za pohovana zdenka ( barase kockicka )

edno pakovanje zdenka ( Vo kam ima edna cremy -40 denari e ,a moze i nekoja poubava )
Gi valkas zdenkite vo brasno,pa jajce,pa prezla i przis vo vrel zejtin.
Nema nisto komplicirano,isto kako se sto se pohova
Receptot za Milka torta ke vi go pisam utre ,sega sum na rabota a ne go znam na paamet..Znam od prilika deka se stavaat dve beli milka cokoladi i dve crni milka so celi lesnici ,se pravat dva fila,crn i bel..Pandispanot se pravi samo od belki,seker i meleni lesnici.
Se redi pandispan pa crn fil,pa bel fil ,pa pandispan i sl.

Se stava i puter,i puding od vanila.seker vo prav i zolcki od jajca ..
Ke vi pisam se potocno..PREUBAVA e tortava



ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Јас вчера ги правев палачинките со печурки за ручек.
Луѓе се изнајадовме со мм , толку убави ни беа.
А рецептот го најдов на сајтот за рецепти за УН диета, ама без разлика на диета или не секогаш ќе го правам:

Состојци за тесто:
3 шолји брашно,
2,5 шолји кисела вода
малку прашок за пециво,
малку сол
малку зејтин

Состојци за фил:
1 крумид
500 гр. свежи шампињони
1 лажица пире од патлиџан (мада јас ставив пола тегла и тоа од сосот со шампињони од Подравка)
бибер, сол

1.се меша брашното со кис.вода и малку сол
2. се мати со миксер додека да се добие глатка маса, потоа се додава лажица зејтин и уште малку промешува
3. Во тефлонско тавче се печат палачинките (без додавања масло)
4. На малку зејтин се пропржува крумид и се додаваат шампињоните сечени на листови
5. Кога шампињоните омекнат се додаваат зачини
6. Потоа се додава од пирето од патлиџан и се остава на тивок огин да се прокрчка се заедно неколку минути
7. Палачинките се филуваат [sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal


Zelencuk na skara
Piperki, modar patlizan, tikvicki(se secat na dolgi tenke stapcinja) crven patlizan(se sece na pola), pecurki(seceni na pola) kompir- prethodno izlupen, isecen na kocki I svaren.
Seto ova se zacinuva so mas. maslo, biber I vegeta. Se przi na skara mmmmmm nesto preubavo. Posebno pred nego ako se pecelo nekoja slaninka [sm=smiley36.gif]


Meksikanski nachos
Vrz ognootporen sad isturame pcenkaren cips vrz nego rendame kaskaval, go stavame vo rerna da se stopi kaskavalot. Go vadime, stavame domatno pire, pak cips I rendan kaskaval. Se vraka vo rerna da se stopi kaskavalot. Se servira so pavlaka.









bucko mal -> RE: Ручек/мезе за гости (15.2.2016 12:05:06)


Koga se pravi ruchek/vechera za gosti obicno se pravi skara so salati. Mesenite raboti, domasni slatki gi pravam samo za nashi dusha. Za gosti nema veke takvi raboti [sm=smiley1.gif]
Za meze pravam daska so nekolku vrsti sirenje, suvomesnati, dip. Chips I krekeri za mackanje. Engleski system, sto mi odgovara odma prifajkam[sm=jezicek.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]